Така кога ќе видам некоја облекла бел фустан на туѓа свадба си помислувам-Баш тогаш ти дојде до бело и немаше што друго да облечеш или пак финтата е да привлечеш внимание. Мене ова ми е крајно навредливо.Никакво почитување спрема невестата.Сите знаеме дека тој ден со душа го чекаме и сакаме да бидеме најубави,најсреќни итн.Не е потребно некој да дојде и да ви го расипе тоа за само неколку минути. Некој па го прави тоа од инает,но колку и да го прави тоа и колку и да мисли дека успеал да постигне нешто-се лаже!Невестата сепак си е невеста и се си прави свое. Јас никогаш не би носела бело на туѓа свадба,ниту пак сакам да носи некој бело на мојата свадба,а ако некој го направи тоа едноставно ќе го игнорирам.Не вреди на таквите да им се потресувате,бидејки ништо нема да постигнете,туку само ќе си го уништите денот.
Јооој.... Ова воопшто во животов не ми паднало на памет,а сега читам баш активна темава... Логички јас не би носела бел фустан на свадба од причина што сум бре многу трапава.Одма ќе се исфлекам.Друго за да носиш бел фустан,кој може да има илјада замки ,наместо да изгледаш спектакуларно ќе изгледаш како....дамите од улица...трето изгледа впечатливо а јас не сакам да бидам приметна...има многу причини да не се носи бел фустан на свадба, визуелни и практични ... И да, не чини да се поистоветуваш со невестата...сепак невеста е таа ВО БЕЛО...
Порано сум слушала од постарите за црното, ама не сум им придавала нив многу значење, старински муабети. Ама пред некое време прочитав една статија за кои бои не било препорачливо да ги облечеш за на свадба, меѓу кои беше и црната. А за белото дефинитивно не е во ред, само не знам како ми се погодило на сите познаници, другарки, па дури и мајка ми, кога и да сум им спомнала нешто околу тоа, ми се чудат и ме прават дури ненормална, зашто бело да не се носело на свадба.
Ту, ту, ту... ако дошла некоја на свадба со бел фустан ќе ме засенела. Де бре, толку ли сакате центар на вниманието да бидете. И после се чудам како темата "Свекрвите и снаите" е полна со глупости. Епа зошто се замарате со глупости, затоа. Нема да ме чуди после ова да прочитаме дека некоја невеста се скарала со свекрвата заради битнава проблематика што ја истражува темава. Сега сериозно. Јас лично под зборот "некултура" подразбирам нешто сосема друго ама ај... А за фустанов што на свадба не се носи во фамозна бела боја најискрено прв пат слушнав на форумов. Сум била на многу свадби, имало девојки во бели фустани и никој ама баш никој, ни постар, ни помлад, ни невеста, ни свекрва, ни другарки не искоментирале нешто во врска со тоа, ниту за време на свадбата, ниту пред свадбата, ниту после свадбата. Од каде излезе сега ова стварно не ми е јасно... А и да напоменам, не сум била до сега на свадба со бел фустан, од чиста случајност. Е сега дека некој може невестата да ја засени или ќе ја помешале искрено ми е смешно. Јас уште одамна се имам изјаснето дека 99 % свадба нема да правам АМА доколку ете тој 1% сепак на крај победи прво и основно нема ни да поканам луѓе кои ме виделе еднаш во животот, па со тоа веднаш се исклучува можноста да ме помешаат со некоја друга девојка. А и да ме помешаат, што има врска? Се случува, големата работа. Да не треба во несвест да припаѓувам ако некој ме помеша, а и не знам од каде го извадивте примеров и дали воопшто се случило некаде. Друга работа, невозможно е некој, било кој да ја засени невестата на свадбата дури и да сака. Самиот ден ја прави да изгледа посебно. А и сигурно јас нема да бидам најубавата, најпрекрасната, најблескавата принцеза на тој ден. Може само јас лично така да си се чувствувам. Какви сте, такви сте, дали на свадба, дали на роденден, дали на матура, дали на вашата сопствена свадба исто ви се фаќа. Ако имате другарка или братучедка што е поубава од вас или има поубава коса од вас тоа така ќе биде и на вашата свадба. Не можете против тоа. Не знам, мене ова ми е толку самобендисано до немај каде што излегло целосно од контрола. Дури па читам сценарија од типот полевање со вино? Мислам, колку треба да си искомплексиран и со ниска самодоверба, да сакаш да бидеш центар на случувањата па да го направиш тоа. Страшно. За мене, тотално небитна работа. Реков, доколку по некоја случајност правам свадба ич не ме занима која ќе дошла во бел фустан. Ако сака ист како мојот нека има. Јас тој ден ќе си ја прославам мојата љубов, се друго е во втор план. А најмалку па планирам моден критичар да изигравам. Сега нешто друго ми текна. Зошто тогаш Пипа Мидлтон на свадбата на нејзината сестра носеше долг, бел фустан? Ете тие се луѓе кои одат по протокол, кои се внимателни посебно на такви церемонии, дрес кодот за нив е најбитна работа, па ете дозволено било ова. Сепак стојам на тоа дека е само измислица на современата жена, и да, нема никаква врска со некултура.
Хех. Да, отстрана веројатно сите личиме на наапани кокошки. Е затоа е добро што за ова се расправаме на женски форум. Најубаво не ризикувајте со ова белово, гледате какви случаеви има. Или сите ќе ве оговараат позади грб, види ја оваа, како не и било срам бело да облече, па колку е невкусно, па тинтири минтири, или ќе завршите полиени со вино, упс, грешка мала (ова стварно е претеризам) или ќе бидете културно замолени да се вратите од каде што сте дошле, или да појдете на друго место да си го прошетате белиот фустан. Во секој случај, нема да биде убаво. Има девојки што уште од мали си го замислувале настанот, па фустанот, па фрлиле толку пари на него и на крај некоја друга се појавува во бел фустан. На што личи тоа, ајде? Глупаво е така да се расипе нечиј толку долго планиран ден.
Се заебавате за ова со крадењето мажи нели? Бидејќи ве гледам од прееска не знам веќе кој е сериозен кој лади муда . Ај една проста споредба, влегувате во продавница за венчаници, и оп, сите фустани бели (или беж, крем, розе, како и да е) и ретко некој во друга појака боја, или пак бел во комбинација, детал од друга боја. Значи најчести се белите фустани. Потоа, влегувате во продавница за свечени фустани, и гледате фустани во разни бои (меѓу кои и црна, погреб мора да е многу свечена прослава значи) и продавачката ви предлага некој убав модел ама бел, и вие и викате е како да не ко невеста. И така. Нема врска со суеверие, со крадење мажи, со љубомора, со глупачи, освен секако чест на исклучоци психопатки, туку општ дојам и култура дека бело е невестинска боја. За црното, типично суеверие, исто како тоа дека треба да се носи 40 дена црно после смрт на близок. Не се жали со боја, не се слави со боја, ама има некои исклучоци или правила ајде, како што пиша некој претходно, како што не би облекле дреч боја на погреб така не би требало да облечете и бело на свадба.
Чекав Пипа да ја спомнете. Затоа беше Пипа предмет на критика и планерите на свадбата биле запрепастени од изборот,па и на кралицата не и било најмило. Не беше малку фама околу изборот на фустанот де... та дури нели беше и самиот тој фустан венчаница сам по себе од не знам кој моден креатор... А што се тиче протоколот на кралското семејство, направија многу исклучоци од истиот. Од породување, до живење и крстење на бебето потоа. Не е аргумент. Каренин, сериозно, што сакаше да кажеш? Стварно не ми е јасно...
Дека ова е премногу нервоза за нешто кое не би требало да е така. Колку треба да ви значи кој како е облечен и зошто е така облечен? Кои се битните таа вечер и што претставува таа вечер за вас? Натпревар, психолошки евент кај што ќе оценувате кој колку е културен... Сигурно вие веќе до таа вечер сте оформиле мислење за таа некоја личност. Која потреба да се замарате за неа тогаш. Во брак треба да влезат само подготвени личности кои немаат потреба од било какви ситни испади и црни мисли. Сите други кои се нервираат за ваквите личности не знаат како да ги подредат важните приоритети во нивниот живот.
Ако не сте слушнале за нешто , не значи дека не влегува во бон-тон . И не е тема на дискусија што е целта на бракот и свадбата , туку дрес кодот на гостите . А црн фустан , всушност се препорачува за вечерни свадби .
Каренин...ништо лично, ама повеќе пати имам забележано дека мешаш брзини на форумов сакајќи да кажеш нешто, а се губиш во поентата... Не знам, можеби и некој друг тоа го забележал. Често пишуваш конфузно и неповрзано. Свадбата е еден кичерајски џумбус сам по себе, не знам која важна поента би требало да се гледа во сето ова. Ако се прашувам јас, би сакала да се забранат. Додаваш некои работи кои би требало да извадат поента...а уствари, немаат. Прво, ова не е мерило колку некој е зрел, подготвен или обратно, второ, од каде си сигурна дека сите кои влегуваат во брак се подготвени личности кои не прават ситни испади (не е муабетот за хистеричен испад, туку култура...да потенцирам, зошто сакаш да го изобличиш гледам), а поголемиот дел се мажат ради бременост, пари или затоа што дошло време, со огромна чест кон ретките исклучоци во ова време. Зборуваш за психолошки анализи, а токму ти направи една неумешна. Никој нема пресериозно да ја земе целата работа, ама фактот е тој, некултура, бонтон, желба за внимание... точка.
Што дискусија се разви на темава, чиниш за нуклеарна физика дискутирате. Ама, бидејќи ние како народ сме како овци, каде еден, таму и другите, па и јас да си кажам мислење на темава. Ниту сум знаела за ова правило или бон-тон сеедно (за срамота сум, знам) ниту пак ме засега истото. Среќа што не носам бела боја, инаку ќе добиев некоја чаша вино од растревожената принцезичка, пардон невестичка, како сум и го упропастила единствениоооот и најубавиоооот ден во нејзиниот живооот
Читај меѓу редови. Не морам се да потенцирам јасно и гласно. Тоа кое сметам дека треба да го кажам јасно го кажувам неконфузно. А за тоа за кое сметам дека треба некој малку да се потруди и да размисли си го кажувам баш така неповрзано. За да му зуи тоа нешто во ушите на некој и да почне да размислува. Абе баш убаво си кажа - тоа е свеченост кадешто има најчесто светкави и кичерајско сатенски фустани. И која е потребата јас да ги перцепирам таквите. Секој е различен. И секој прави свадба поради различни побуди. А за подготвеноста не се секирај, знам дека секакви влегуваат во брачна заедница. Кој како сака и зашто сака нека си ја прави свадбата. Но клучното е што треба ти како единка да се поштедиш од таквите размислувања. И да зрелоста е битна работа. Само доколку сакаш да имаш пријатен и добар живот. А доколку сеуште се нервираш и мислиш и се думаш дали некој е некултурен бидејќи има одреден стил на облекување, верувај дека ќе ти биде потешко да поминеш низ некои работи. * А за психолошките анализирања, секако дека не им е место да се разглабаат на ден каков што е свадбата!
Сметам дека не би требало да се облака бело. И реално би ми сметало доколку некоја кај мене дојде во бел фустан облечена. Која е поентата да облечеш бело на туѓа свадба? Вероватно зошто така знаеш дека со сигурност ќе бидеш видена зошто сите ќе те погледнуваат и ќе велат види ја оваа облекла бело. Имам видено вакво нешто на свадба и ептен е невкусно кога гледаш од страна. Уште полошо е што не секој пат знаеш каков вкус има невестата и каква ќе биде, па може таа да е во најобичен бел фустан а ти да се појавиш со некој пораскошен. Но, во ред, секој има свој стил на облакање, секој си знае за себе и мисли за себе.
Лелеее.... Како бе девојки вака ? зошто да не се облакало бело на свадба кога одиш ? Уште ова го немав чуено, а па да ме потури невестата со вино.... па не знам што ќе направам Да го платам некој фустан (реално сите си купуваме по некој екстра некогаш) подебело, Невестински фустан се знае и се познава од килооометри, се познава гостин на свадба Не сум носела, не знам ни некој пример не ми текнува некоја да носела, но сепак ова се предрасуди што само жени за жени можат да дадат Како и секогаш Чудна тема во секој случај Двосмислена според мене Дали би ми сметало некоја на мојата свадба да би носела ? не
Прво, ова не се женски предрасуди, туку некаков начин на дополнително насочување на вниманието кон невестата со тоа што ќе се издвојува во бело... А па потребата на некоја госпожа баш тој ден да носи бел фустан, па ич па не ми е јасна. Друга работа, за ова болдираново, секој со својот вкус, ама има невести што не сакаат да носат торта со ролна тул и шљокици за да бидат впечатливи на својата свадба. Затоа да се надоврзам, другарка ми на нејзината свадба си носеше многу едноставен и елегантен фустан, а исто така уште 2 туфли, па цела вечер мислевме дека има 3 невести и не беше многу пријатно. Така да, не знам, ако не планираш да изгледаш како снежна новогодишна елка, мислам дека не би ти било пријатно да ти се мота уште некоја во бел фустан.
A shto da kaze mladozhenjata ...site (mashki) gosti taka kostumosani.Kutroto nevestulche cel den ke se otepa od objasnuvanja koj e mladozhenjata
Какви сте бе, а на албанските невести како им е? Ако има некоја млада што се мажела тазе, и таа се појавува на свадбата во невестинскиот фустан Баш бев на една свадба, во дворот играше една невеста, а од куќата излезе друга, онаа за тој ден невеста што беше Ми раскажуваа и за свадби каде се случувало да има и по 3,4 такви невести. Парада на невестите Иначе, шега на страна, јас имам слушнато за ова правило, а и да не, не сум по белата боја па никогаш не би ја облекла за на нечија свадба. Мене самото тоа кога ќе ми пројде низ ум ми е некако глупо, ми нема логика, да купам бел фустан за на свадба Сигурно не би ми било тешко на срце ако ми дојде некоја во бело на мојата, ама јас не сум и не би отишла на нечија во бело. Тоа е... што знам, така треба да биде Гледав едни слики пред некое време од една свадба и идната ти снаа на невестата носеше бел фустан, свекрвата носеше бел фустан, а и мајката на невестата преку ден носела бел фустан. Изгледа кај нив ниту слушнале ниту разбрале за правилово, ниту се налутиле... валјда Кај моја блиска роднина на свадба па кумата носеше бел фустан Би рекла да не се чудите затоа што некој прв пат слуша за ова, ете кај некои луѓе е сосема нормално и прифатливо. Дека е универзално правило... не сум сигурна. Јас само знам дека Јас не би купила бело за да појдам кај друга невеста Може има исфрустрирани невести, може има и исфрустрирани девојки кои намерно носат бело, нивни проблем. И да, јас сакам да бидам во центар на внимание на мојата свадба и ќе бидам, и најубава ќе бидам и сите во мене ќе гледаат
A shto ako nevestata se odluchila za shampanj boja i po nekakva koincidencija nekoja gostinka se pojavi vo fustanche ili toaleta vo istata taa boja?Togash shto???
На последната свадба кај што бев, сестрата на невестата, помеѓу неколкуте фустани кои ги промени имаше нешто накај бел фустан, не беше толку бел имаше некоја нијанса на крем или шампањ боја. Ама на оваа свадба многу постапки и луѓе ми беа чудни, па не обрнав внимание толку. Со оглед што ми помина свадбата, не би сакала некоја да ми се појавела во бел фустан, не дека толку ми сметаат боите, туку намерата. Па и мојот фустан не беше целосно бел, имаше сребрени делови И така, не верувам дека ќе сум приметела која каков фустан имала, јас и сега не се сеќавам да не беа сликите а снимката од "настанот" уште не ja гледав ( )