Јас не би носела бел на туѓа сведба, иако можеби и за мојата нема да носам бел Премногу се ставени во рамка работиве. Премногу врева за ништо. Морало само невестата да носи бело, никој друг. И не смеело црно. Епа ај нека дојде нека ми одбере нешто што нејзе и се свиѓа, па јас како на макембал да одам. Ова ми е како невестата да ги тера другарките да и дојдат у исти фустани на свадба, а таа да не им ги плати. Дебилизам е сето тоа. Секако на свадба нема да ми дојдат луѓе кои не ме знаат, па не верувам дека некој ке ме смеша или што и да е. Која сака нека дојде на мојата свадба, само да не биде хетер и да бара маани и да биде пластична коо да дошла на продавање - мислам да не биде дама из Париза, кога не е. Инаку, во сабота сум на свадба и ке одам со црно чипкено фустанче. Белки никој нема да ме помеша со свекрвата.
Јас прв пат слушам за ова и еве јас лани бев на свадба кај братучед ми и си носев бело летно фустанче нешто вака Инаку лани исто бев на една друга свадба што невестата и малдоженецот носеа црвена облека , невестава носеше долг црвен фустан со некакви циркони и имаше уште 4-5 други што носеа исто сличен црвен. И сега? јас се уште не сум правела свадба па ако некоја ми дојде со бел фустан нема да ми смета па и на крај краева од кај ќе знаат другиве каков фустан ќе облечам
Прво Денеска се нема култура, морал, етика, бон тон ама баш ич ! И ништо чудно секој ден да слушаме што се случува наоколу. Луѓе без осет - колку сакаш ги има. Од памтивек се знае, невестата е во бело. Таа е најубава. Тоа е нејзин ден. Толку ли е тешко да ја испочитувате невестата на свадбата на која сте поканети ? Зошто, ако не ја почитувате, не бидете лицемерни, не ни одите ! Кој е тој инает, глупирање, ајде ќе облечам бело, ми е гајле ! Абе не изигравајте смешни и некултурни. Ако вас не ви пречи да ви дојдат во бело, на некоја и пречи. Имајте разбирање за неа. Сепак се работи за еден ден во животот, толку ли е тешко? Второ Се работи за вкус, можеби не треба да коментирам, но што е тоа со некои девојки кои од сите места каде шетаат (дискотеки, итн) баш на свадба мора да ги промовираат своите најкратки и најзалепени фустанчиња? (не е важно дали биле слаби или целите со спојлери на нив) Играат на оро и само тегнат на фустанчето, одвај газот си го покрива. Гледав слика од една невеста со колешките и сите колешки беа во прекратко (да не се навреди некоја, ама смешна слика, изгледаа како невеста со 5-6 ку*вичиња околу неа) И јас сакам кратко, ама овие фустанчиња ми се многу преефтини и без стил. Трето За црното се фативме, зошто и текнало на некоја. Црната боја секогаш била основна за било која свечаност и се вели, ако не знаеш што да облечиш, облечи црно, нема да згрешиш. Затоа тука ми се излишни коментарите.
Дополнително насочување на вниманието кон невестата ??? втф ??? Кога ќе бидиш/ бидам здравје боже невеста, зарем некој ќе треба дополнително вниманието да го насочува кон тебе??? Секоја невеста на свадбата е најубава фала богу, па тоа е нејзин ден бе, кој може да и го наруши со облакање на едно бело фустанче????? Мислам стварно темава ја однесовте од крајност во крајност, па се карате, си префрлувате , зошто ? за фустанот бел . Никој на никому неможе да му забрани ништо апсолутно, а посебно не што да му облече на свадбата. На поканите не пишува ,,Забрането е носење на бел фустан,, Па така да кој сака си носи. Ете читате низ темава полно примери како и свекрвите дури носеле бел фустан, и што ? Па за нејзиниот сигурно и невестата знае и ќе и рече да не го носи? СИгурно дека ќе и речи. Не планирам да изгледам како елка, но сигурно како оној фустан што јас го сакам невестински, нема ниту една друга да има на мојата свадба! Невестинскиот го носи само невестата. Обичен бел фустан носат гостите
Во ова време ни гостите ни невестите се салам.Носете што сакате. Поконкретно за мојата свадба : Неможев да се одлучам дефинитивно, преку целиот ден носев долг масивен фустан со огромна опашка и заклучив ќе ми е тешко и вечерта да ја поминам во него.Носев уште други два. Во пакет со неодлучноста си купив и неколку пара чевли од кои само 3 искористив за на крај до вечерта да играм во четврти пар кој мајка ми случајно го понела од дома.Моментот кога золва ми му залепи солидна десна на брат и зошто свирна во DAmmmmmmN !!! стил кога ме виде во вториот фустан, а таа не сфати дека сум јас И во третиот ме барале, такви мислења слушнав, постојано биле збунети и ме барале низ салата во нова комбинација.Да спомнам дека трите фустани беа крајно невестински.Немаше некој во покласичен стил.
Па постои некое непишано правило дека во бел фустан на туѓа свадба не се оди... И не се сите невестински фустани нападни, за да речете дека не може да се утне која е невестата. Па мене лично најмногу ми се допаѓаат невестински фустани онака, со некоја смирена елеганција, не како кич реклама за невеста која од мала сонувала да биде принцеза на својата свадба . Едноставно, мислам дека кога некоја ќе запне да носи бел фустан на туѓа свадба тоа го прави, дури можеби и потсвесно, од некој пркос, инает или некоја слична, не баш позитивна емоција. Или е толку преокупирана со себе, што на памет не и е да помисли на некој друг, на пример, на невестата. Да не зборувам за оние кои сѐ ќе направат за да бидат забележани, а тек за оние кои буквално патат од она „мене ме гледаа, не невестата“ или „лееелееее мааа, мислеа јас сум невеста“. Е сега, ако невестата е прашана и рече дека не ѝ е важно, тогаш ОК. Ако не можете да ја прашате (не сте блиски, не ја познавате зашто сте од „другата“ страна) тогаш нема зошто да се однесувате непристојно. ВИЕ може не се замарате со дрес код за нечија свадба, ама па тие што ја прават може се замараат...
Ова ми е глупо мене. Ша што ако е невестата во бело па ајде да не носи никоја девојка бел фустан кој секако ќе биде обичен , ќе нема врска со невестинскиот ајко е за тоа ајде и мажите нека не носат бели кошули кои се стандард боја за мажите секој нека носи што сака бидејќи има невести кои не носат бел фустан туку црвен црн на пример. А добро знаеме колку девојки носат црн фустан бидејќи е универзална црната боја па ај да не носат ни црна сега ова се некои правила кои произлегуваат од народот само и ништо друго.
Немојте да се лажете дека непишаните правила за добро однесување не важат за вас, бидејќи сте единствени. Важат за сите, без исклучок. А оној кој не ги почитува, колку ниско може да падне во очите на другите... џабе надуваното его поради погледите што ги привлекува, занесувајќи се дека е убава... а всушност ја жалат што не знае да биде дама...
Значи сериозно така буквално за секој збор се фаќаш? Белото е за невестата, а не твојот вкус за кичести венчаници што, цитирам, се познавале на километри. Може јас како невеста, на мојот ден сакам да носам скрос обичен, најобичен бел фустан. И треба да ми се рашетаваат некои со вакво размислување што морале да се стават во бело баш на мојата свадба? Имаше некој пишано тука дека не е до боите, до намерата е, и потполно се согласувам. Кој сака, тоа си носи? Па по таа логика зашто не идат луѓето на свадби по фармерки и патики? Значи сепак има некое правило и штом знаеш дека треба да си го напудриш носот и дрвофиксираш фризурата, треба да го имаш чувството за осет да не се појавуваш во бел фустан на денот на нечиј туѓ ден за таков.
Не дека како невеста би паднала во депресија или ќе сум нерасположена зашто некоја е во бел фустан, ама едноставно нема потреба. Секоја девојка во плакар има фустани во други бои што истовремено и супер и стојат, па нема зашто да се фати баш за белиот и така да привлекува внимание и коментари, позитивни или негативни. Скоро бев на свадба каде што добра другарка на невестата носеше бел тесен и краток фустан, девојката беше презгодна и стоеше одлично и беше повесела од невестата, не седна на стол. Ми падна во очи дефинитивно, ќе се распрашам повеќе какви им се односите
Бев на свадба каде невестата , мајка и и сестра и беа во бело. Луѓе не се знаеше која е невестата. Би ви прикачала и слика, ама немам право, да не се препознае некој. Јас сум за едно гооооолемо НЕ! Овде не се работи за носење црно од суеверие, ова е сосем спротивно, се работи за бон-тон, за основна култура. Јас сум се изјаснила несакам во бело на мојата свадба, и не ,не патам по внимани и комплекси, само се знае дека бело на свадба е за невеста. Секоја невеста за својот голем ден се спрема на големо, внимателно бира фустани, и е нејзин ден! Додека за гостите е само уште една свадба, и нема да ти биде ништо ако облечеш друга боја.
Јасно ни е , вие сте посебни и нема што да се замарате со правила и глупости . И многу ви е гајле и невеста што мисли и сите останати .. Него ја за Пипа да спомнам , скоро прочитав дека таму имало таква традиција ,суеверие деверушите да носат бел фустан - со цел ги збунат злите духови за да не знаат која е невестата.
Од мене едно огромно НЕ! Нека сфати кој како сака, ама да отидеш во бел фустан на свадба мене ми е непочитување кон невестата. И навистина има свадби каде што дошло до забуна баш поради бел фустан, посебно сега, кога многу од невестите не носат класична венчаница туку пеплум, кратка венчаница, асиметрична итн. Има и други поводи, каде што можете да си ги износите белите фустанчиња, родендени, крштевки, матури, вечери, бла бла, баш за свабда морало да биде? Ете дека испаѓа како за инает да го правите тоа! Ок, и да побарате дозвола од невестата, пак ретко која ќе ви рече дека не може. На 99% од невестите ќе им биде непријатно да ви преправаат. А и самите треба да бидеме свесни. Јас имам голем мерак да си најдам убаво, слатко, бело фустанче, баш како за мене кроено и душата да му ја извадам. Ама никогаш не би го облекла за на свадба, исто како што не сакам ни на мојата некој да дојде. Признавам само мали снашчиња, дечиња... И жими се како почнаа младите да пишуваат на поканите поклон во плико, јас ќе си напишам во бело никако! На поблиските веќе им кажав. Инаку не знам кој напиша во модни критики дека ако не требало бело, тогаш не треба ни црно бидејќи е за на погреб. Нека ми прости кој и да е, ама поголема глупост немам прочитано. Зборуваме за фустани, а на погреб сигурно никој не оди во црно фустанче (допичњак), со гради ставени на послужавник. А ако некој оди, секоја чест! И за крај, женски сме, толку убави слики ставаме во модни критики, креативни сме, комбинираме, зарем од волку бои и нијанси баш белото го бирате за свабда?! Не бе не, ич не сум шмизла у центар пажње!!!
Никогаш не носам ни бела ни шампањ боја на фустан на свадба, не би сакала ноктите на невестата да ми бидат во очи А и јас искрено не би сакала на моја свадба да има облечени во таква боја на фустан
Tоа е најгрозно нешто да облечеш бело на туѓо свадба во најмала рака ќе изгледа како ти да сакаш да си невеста мислам ептен грозно звучи а камоли да видиш таква глетка ,на една свадба на блиска роднина золва и беше облечена во бело луѓе и беше одвратно
Епа очигледно на таквите како вас ќе треба да ви донесе некој покана со забрана за бел фустан,тууу па тогаш ќе нема што да облечете зашто нели на свадба најубаво е бело да носиш Го отупевте со тоа лелееееееееееее прв пат на форумов слушааааммм,така ви чини. И многу антипатично звучите со тоа дека невестичето јадно чекало свадба за 5 мин слава,ако вас не ви е филм да се мажите и ако за вас е сељачко незначи дека на сите им е.И само да ви појаснам дека не е секоја свадба со шљокици,светки,круни и џавајри има луѓе што под поимот свадба подразбираат елегантна,отмена свадбена прослава.И доколку една девојка сака да си направи свадба тоа не значи дека и е тоа најголемото постигнување во животот за 5 мин слава.Значи премногу деградирате и вреѓате,немате никаква почит. Реков и пак ќе речам без осет луѓе,ѓон ете тоа е.
Тоа е како непишано правило. Чудно ми е што некои се изјаснивте дека на форумов првпат сте слушнале за тоа.Барем во мојот град се почитува тоа. До сега никогаш не сум била на свадба во бел фустан.И не би отишла никогаш,од причина што невкусно ми е тоа.Напротив,ми се допаѓа кога невестата е само во бело. А за црна боја..не се согласувам.Тоа е само суеверие.Обично преферирам на свадби да носам црн фустан-ем елагантен,ем можност да го искористам и понатака за други прилики. На последната свадба на кој бев,невестата носеше така по едноставен фустан,и кумата носеше долг бел фустан.Воопшто не ми се допадна.И дека таа си беше од повеселите гости,цела вечер не седна.И боде тоа во очи.
На поканите не пишува ниту да не се доаѓа по тренерки, па ете никој не оди така облечен - и ако отиде секако нема позитивно да го коментираат. Така и за белото. А ако веќе се спомнува Пипа и нејзиното негледање на протокол, зошто никој не ја спомна кралицата? Во Англија бон-тонот налага мајките на младенците да не носат иста боја, и дополнително, секогаш прва бира мајката на невестата. Е сега, на Кејт мајката сакала да биде во сино (инаку омилена боја на кралицата). И на тоа Елизабета не се инаетеше да рече дека тоа не е битно, или дека таа е кралица и таа ќе бира, туку одбра жолто. Кога може кралицата на Англија да почитува бон-тон, зошто тоа не би го правела јас како гостинка на свадба (и зошто не би почитувала бон-тон генерално)? На мојата свадба мислам дека никоја од гостинките не носеше бело - не сум сигурна ни дека во тој момент толку ќе ми паднеше во очи, но тоа секако не значи дека сметам дека се се може. Зошто тогаш сите чекаат младенците да го почнат првиот валцер? Никаде не пишува дека кога ќе почне музиката, другите не смеет веднаш да срипаат и да покажат што научиле во плесна школа.
Еве тука ќе ти одговорам. Малку ќе излезам од темата, ама веројатно нема да ми замерите. Првин да те прашам како си можела да одиш на свадба, а да не знаеш која е невестата??? Од моја гледна точка, кога одам на свадба јас знам која е снашката и кој е младоженецот... Ти си била на свадба и не си ја знаела невестата? Тоа доаѓа нешто слично на тоа да отидеш на роденден а да не знаеш кој е славеникот. Поправете ме ако грешам во врска со ова... И не се обидувај да ми речеш дека си била гостинка од машката страна, па затоа не ја знаеш невестата...
Што знам. Ете јас сум била на свадба во лесен летен памучен фустан, бел со шарени траки на половината и во долниот дел. Свадбата беше конципирана како журка со диџеј и жива свирка. Се беше лежерно и немаше свечени фустани. А тоа дека гостите ќе се збунеле и ќе и честитале на некоја друга жена, ме зезате така? Како бе луѓе одат на свадба каде не ги знаат младоженците :roll: Впрочем ништо чудно, кога се викаат на свадба 450 гости од кои 300 не знаат како изгледа барем едниот од младоженците, нормално дека нема да знаат која жена е невестата. А на свадбата секогаш ќе има некоја која ќе биде повитка, поубава, посекси, со подобра фризура итн. од мене. Дали тоа значи дека за да не ме засени некој на свадбата ќе морам да викам само погрди од мене луѓе? Џисус Крајст Освен ако не викнете A-list селебрити, никој ама никој нема да може да ја засени невестата Затоа што секогаш најубавата жена на свадбата е невестата п.с. нормално дека и цурите треба малку со усул да се. Едно е бело фустанче или некој комплет. Али ако некоја се појави у бел Elie Saab тип фустан на свадба, тоа ми е малку провокаторски. И што да правиш сега? Да се нервираш на твојата свадба? Како не бе. Тоа е вашиот најубав ден и не треба да си дозволите никој, ама баш никој да ви го расипе. Ко допичњнаците да се помалку непристојни. Или тетките со проѕирни маици. Ваш ден и уживајте! Никој нема да може да ви го украде