Во бел фустан на туѓа свадба

Discussion in 'Мода и стил' started by Neytiri, Oct 30, 2013.

  1. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Joined:
    Jun 12, 2013
    Messages:
    1,109
    Likes Received:
    3,804
    И мене тој дел ме збуни, кога одиш на свадба, пред се треба да ги знаеш младоженците- да не случајно ги помешаш, не за друго...
    А за бројот на гостите во право си- ама тоа веќе е друга тема, нашиот менталитет: кога веќе ги викнавме "тие и тие" нема смисла а да не ги викнеме "тие и тие"...

    И навистина, да се надополнам од претходно, не гледам зошто бело фустанче кое ни најмалку не потсетува на венчаница би ми претставувало проблем? Друг е муабетот за некоја раскошна тоалета која наликува на венчаница, ама белата како боја не би ме предизвикала до таа мера да расипам црвено вино или да избркам некоја девојка од свадба... :)
    Всушност во сета таа еуфорија, најмалку битно ќе ми биде кој што облекол и во која боја, битна е намерата со која тие доаѓаат- дали да слават со мене- облечени во бело или да ми донесат кутија со цигли како поклон (а за жал и тоа се има случувано)- облечени во зелено... :^)
     
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Joined:
    Jul 30, 2012
    Messages:
    2,893
    Likes Received:
    11,286
    Gender:
    Female
    Ех па сега се запнавте со филозофии и монолози , што значи брак , зрелост и тако даље .
    Па се до трагикомични ситуации со поливање вино , со невести болни за внимание , искомплексирани принцези , па до поклони , па до бројот на гостите .
    А правилото е просто и едноставно .Не носи бело на туѓа свадба .
     
    Neytiri and tinkerbelll like this.
  3. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Joined:
    Oct 17, 2012
    Messages:
    248
    Likes Received:
    266
    Значи за сите вие што се чудите како тоа бело не требало да се носи на туѓа свадба, ве молам одговорете ми, од сите можни бои во светов, дезени и шари, зашто баш на нечија свадба, значи ЗАШТО баш бело би облекле? Не ми е јасна таа ваша потреба, стварно не можам да се изначудам.
     
  4. elanor

    elanor Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    526
    Likes Received:
    1,047
    Gender:
    Female
    Погоре прочитав дека била вековна традиција невестата да носи бело. Тоа воопшто не е точно. Првата невеста која носела бело е кралицата Викторија во 1840 година. Оттогаш е и терминот white wedding кој подразбира не само фустан, туку и церемонија според одредени правила. Инаку белата венчаница станува помејнстрим после Првата Светска Војна. И тоа во Западна Европа и Америка.
    На нашиве простори најверојатно и подоцна. А со оглед на фактот дека белата боја е најзастапена во нашата народна носија, тешко дека ова било табу во минатото.
    Инаку според новиот бон-тон за свадби, белата боја е дозволена на туѓа свадба, но само како дел од облеката (кошула, сако, корсет и сл.). Од глава до пети да се биде облечен во бела боја е сеуште big NO NO. :shake: А за жените е дозволено и фустан со бела позадина, доколку на него има други шари.
     
  5. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Joined:
    Jun 12, 2013
    Messages:
    1,109
    Likes Received:
    3,804

    Јас воопшто не се чудам, го знам тоа правило одамна, и го почитувам, секогаш одбирам некои повесели, појаки бои.
    Ама пак, од друга страна, не ги осудувам до толку и тие што носат, можам да толерирам комбинација со бело- ако тоа не наликува на венчаница. Еве за конкретен пример ќе ја земам Lara.Solare. Таа одбрала фустан кој навистина добро и стои, и кој секако не наликува на венчаница- бел фустан со сиви монистри, сива нараквица и сиви/ бели чевли, не гледам како би ја засенила невестата и целото внимание би го привлекла на себе, или пак некој би помислил дека таа е невестата?
    Не велам дека не, крајно е невкусно да носиш раскошна тоалета, како што и веќе напишав, тоа дефинитивно никако не го оправдувам и толерирам...
     
    LaraSolare likes this.
  6. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Joined:
    Oct 17, 2012
    Messages:
    248
    Likes Received:
    266
    Не станува збор само за засенување на невестата, туку за впечатокот што го остава личноста за одлуката на туѓа свадба да облече бел фустан. И да, ако е краток, со шари и монистри и слично, најверојатно е ок.. Ама еве баш на свадба кај моја најдобра другарка, две девојки беа во долги, бели, тесни хаЉини. Стварно беше невкусно. Дури и безобразно.
     
    Neytiri likes this.
  7. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Joined:
    Jun 13, 2012
    Messages:
    1,524
    Likes Received:
    1,738
    Gender:
    Female
    Јас сум против носење бело на свадба,од проста причина-сметам дека само невестата е таа што е во бело и таа треба да е во центар на внимание.Белата боја е резервирана само за нејзе,зошто од сите бои да земам бел фустан?Не ми иде.Не е културно.
    Оправдувам само накит во бела боја,нешто ситно,друго не.
     
    BlackMarket and Neytiri like this.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Joined:
    May 7, 2010
    Messages:
    6,488
    Likes Received:
    24,077
    Сите вие што прв пат дознавте на форумот дека постои непишано правило да не се носи бело на туѓа свадба најсериозно преиспитајте се и купете и бон тон книга, ко таа што ни ја поклонуваа на сите у 1во одделение.
     
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Joined:
    Jul 5, 2011
    Messages:
    8,625
    Likes Received:
    40,114
    Gender:
    Female
    Добро гледам тука почнал муабет за култура, бон тон и други навреди.

    Да некултурно е кога ќе отиде девојка или жена во бела долга хаљина или во кратко фустанче кое наликува на венчаница. Имаше погоре коктел фустанчиња кои наликуваа на венчаница, без ниедна друга боја на нив.
    Е тоа е некултурно.
    Ама фустанчињата каде што има други детали и кои воопшто не наликуваат на венчаница- дали со принтови, точки, риги, птици незнам си таму што, зошто да не?
    Не ги кривам така ниту ги сметам за некултурни, ниту јас би се чувствувала лошо да облечам такво нешто.

    Па имаме сите очи да видиме што ќе наликува на венчаница, а што не.

    Пр. имаше една девојка ставено слика од себе во летно бело фустанче на свадба. Беше убаво искомбинирано.

    Можеби би ми сметало да видам така облечена девојка кај мене на свадба- незнам, треба да се најдам во таква ситуација за да знам, ама сигурно не би ја вратила, полила.

    Јас лично не би носела бел фустан (освен со бели детали) од причина што сум крупна и во бело би изгледала како шифоњер и што можеби би се чувствувала непријатно.
    А за црн фустан незнам, ама по свадби мноооогу често гледам девојки во црно.
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    1,623
    Likes Received:
    10,359
    Каква боја не смеам да носам, ако има таква, сум прашала само за на свадба од азиска држава, оти не им знам култура, и по различни се свадбите од овие нашите. Така да во наша култура тоа ја прашав невестава и нејзе не и пречи ми е тапа, кога очигледно си знаела дека бело не иде, зошто инаку би барала палец нагоре од невестата баш за белата боја?
    И не е тука работа уф несигурна невеста, па немој некој да ја засени. Видете како од ништо се испишаа толку страни. Отидете во бело на свадба, ич ама ич да не и е галје на невестата, навистина ли не би ви било гајле кога повеќе од половина од гостите ќе ве искоментираат како себебендисана некултурна и не знам каква, па не знам колку убаво нека ви стои тој бел фустан :!:

    Остајте ја Пипа на страна. Да, и тука е непишано правило, сите го знаат, бел фустан на туѓа свадба не се носи. Тоа што има една деверуша во бело или повеќе деверуши кај некои во бело, тоа е е во склоп од големиот план на самата невеста, оти така невестата ја испланирала свадбата и се дел од целиот декор, како завесите, крпите на маса и салфетките, а не гостинка канета на свадбата да се дотресе во бело.
     
  11. ilipili

    ilipili Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2012
    Messages:
    1,310
    Likes Received:
    4,992
    Хмм јас дур да пишам вие 10 страни сте изнапишале :D.
    Големо категорично Не за бел фустан на туѓа свадба.Па зарем од толку нијанси на бои,зошто мора баш тогаш бело да се облече. Ако некој на мојата свадба ја видам облечена во долг бел фустан сигурно дека нема да ми биде сеедно, но нема да дозволам да ми ја расипе вечерта бидејќи ЈАС ќе сум невестата,а не таа.
    Вие кои што велите дека нема ништо лошо во тоа и дека не би ви сметало да видите некој друга облечена во бело,но ако ве смешаат со неа ќе видам колку нема да ви биде важно тоа.Јас никогаш не би облекла бел фустан за туѓа свадба и максимално би ја испочитувала невестата како што очекувам да ме испочитуваат и мене дека за мене тоа е знак на непочит,дрскост и патење за внимание.
    Треба да се има бон тон и култура за секој настан ако барем малку имаат осет ,а по оваа постапка не верувам дека имаат тие што би облекле тогаш барем би размислиле за таков чекор,а не пак да облечат. Зборувам за долг бел фустан,а не за фустан како што облече Лара бидејќи тoј не беше целосно бел,имаше сребрено колку што се сеќавам и го имаше искомбинирано со друга боја на чевли и чантичка. Црното во спротива на белото од секогаш ми било елегантно за на свадба и не гледам тука ништо лошо ако некој стави црно за кај мене на свадба или за било каде :).
     
    BlackMarket and Neytiri like this.
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    1,972
    Likes Received:
    4,101
    ^
    Штом не ти смета фустанот на Лара тогаш ти немаш проблем некој да носи бело на свадба, само да тоа не е долг свечен целосно бел фустан. Бидејќи ние што сме ЗА, за такви и фустани збориме...
     
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,276
    Ако ти немаш проблем, значи другите имаат проблем ? |(
    Ај, оди на погреб во бело да те видам ? :) Па, зош да не ? Ма каков бон тон.. Е, зошто мртовецот да е главен ? Биди ти со белиот фустан или костумче.. :emo:
     
    imelda and Veki4kaa like this.
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    1,972
    Likes Received:
    4,101
    ^
    Ок, многу си духовита, ха ха.
     
    simoncelicius and Emotional123 like this.
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Joined:
    Jul 5, 2011
    Messages:
    8,625
    Likes Received:
    40,114
    Gender:
    Female
    Добро стварно не разбирате за какви фустани збори скорпионка?

    На сите што не им смета фустанот на Лара и на уште едно девојче незнам како се викаше, е за такви фустани збори.

    Е сега ако на неа не и сметаат бели фустани сите ќе и тупите да почнат да и сметаат?

    Не, како што да некои им сметаат, на некои не им сметаат, на некои им е сеедно, а за некои зависи од моделот и дезенот (пр мене) и сите си го искажавме мислењето, така и она.
     
    MSkorpionka likes this.
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Joined:
    Apr 13, 2010
    Messages:
    4,160
    Likes Received:
    15,289
    Охооооо па вие сте се расприкажале тука. Па што не викате бе? :D

    Малце морбидни споредби имате да ви кажам право. Во тема за облека на свадба после терминот бело, па невеста, следи терминот погреб по застапеност |(

    Мене страв ми е на покана да пишам НЕ НОСИ БЕЛО! Зашо и онака малку глуп народ сме па нема да го прочита она НЕ, па ќе ми дојдат пола у бело сигурно. Па ќе исхистеришам :D

    Видете ја Кардашианка. Не е како нас нервозна невеста. Си ги облекла сите у бел фустан.
    [​IMG]

    Баталете ја и неа и Пипа и тако даље.
    Темава е многу убава зашто гледате колку девојките не почитуваат да носи друг бел свечен фустан на нивната свадба.
    Нема везе што не си знаелa дека не е убаво да носиш бел фустан на туѓа свадба, што имаш вакво или такво мислење, нема везе и ако си носелa досега некогаш бел фустан било и прошло.

    Едноставно ако и после оваа тема вие носите бел фустан на некоја свадба значи стварно ние жените сме без осет и точка.
    Почитувајте туѓо мислење и бар една вечер која и е битна на некоја девојка не и ја уништувајте само поради еден ваш бел фустан. Бидејки постојат милион останати бои во спектарот и бидејки вие имате уште многу други фустани во плакар, а таа со години сонувала за својот бел невестински фустан за кој таа изгубила милијарда секунди време, внимание, нерви, материјали, шнајдери итн.
    Не уништувајте невестински соништа.


    Поздрав
     
    rainlover, Neytiri, Spidy and 3 others like this.
  17. cecilia

    cecilia Популарен член

    Joined:
    Dec 9, 2009
    Messages:
    1,329
    Likes Received:
    1,196
    На туѓа свадба во бел фустан од мене едно големо НЕ!!!!!
    И јас носев едно многу убаво бело коктел фустанче на мојата свадба па ако дојдеше и друга девојка во слично баш немаше да ми биде мило (немаше да ги вратам ама ќе мрчев). Имаше во долги фустани ама само јас бев во бело така да муабетот за должината паѓа во вода, демек кратко ако само да не е долг. За моја среќа гостите беа воспитани и си носеа други бои.
    Јас обожавам свадби и тоа ми е прилика да облечам фустан во невообичаена боја: портокалов, виолетов, зелен, златен и на последната свадба жолт со сини птици (најубав).
    Воопшто не ги разбирам оние кои на свадба се облекуваат во бело покрај толку убави бои. ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=FHp2KgyQ ... aasJ44O5lI

    Абе Ким знае дека ќе има уште 5 или 6 шанси да биде невеста, на следната свадба сите во црвено ќе ги облече и така натаму.
    А за Пипа баш се збореше ееејј сестрата ја зесени невестата ако се сеќавате
     
  18. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2011
    Messages:
    2,039
    Likes Received:
    10,444
    Не заоѓајте со погребиве :^) Значи чудо како може да се испреврти тема.

    Мене искрено не ми прави разлика дали белиот фустан на гостинката ќе биде долг, балски, тесен, краток, со монистри. На денешниве свадби може да се забележат невести со чевли или накит во впечатлива боја, во фустани со поедноставен крој. Можеби утре некоја ќе облече баш ваква венчаница.
    [​IMG]

    Стварно не ми е јасно водењево инает, ко небаре последниот фустан што ви останал на закачалка ви е бел, па мора на свадба да се носи. А ако не ви е гајле за чувствата на невестата тоа за вас говори, не за неа. И потурање со вино не е начин, ама мислам ја сфативме поентата после толку страници.

    Ете во меѓувреме Росоњерка напишала слично мислење, да не се повторувам :)
     
    Neytiri likes this.
  19. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Joined:
    May 15, 2010
    Messages:
    2,096
    Likes Received:
    5,018
    Gender:
    Female
    Ми вика мајка ми дојди да видиш слика од една колешка што била на свадба,изгледа две невести се,така ми личи (демек дупла свадба).Одам да ја видам сликата и што ќе видам нашиов муабет од фемина :D Значи невестата и девојка во бел долг фустан ала божица ја држи за рака.Бидејќи мајка ми не ја интересираат многу многу вакви работи и не загледува на прв поглед и заличело на 2 невести.Ете како тоа изгледа од страна,и сакате да ми речете пак што има везе?Абе нема да ме убедите дека ако на ваша свадба се погоди вака и да слушнете коментар имаше уште една како невеста,дека ќе ви биде ват евер.Колку сакате правете се либерте и демек не ве интересира пак ќе ве погоди некое неугодно чувство.

    А и да убаво пиша и Имелда ,тоа девојчето од модни критики што никогаш не слушнала дека не се носи бел фустан на свадба,зошто ја прашала невестата дали ќе и смета? :angel:
     
    mims-89, Neytiri and Silver.E like this.
  20. principessa.oh

    principessa.oh Активен член

    Joined:
    Oct 21, 2013
    Messages:
    22
    Likes Received:
    4
    Другарками има лошо искуство :). Бевме заедно на свадба а таа имаше долг бел фустан и поминува еден дедо со.внукот и вели, внучко види ја невестата :) уба еее убаа :), после тоа одиме во хотелот, и на рецепција жената вели, собата за преслекување За невестат е на лева стр од вц то :) ... затоа мислам дека не :) има доволно бои за фустан