Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во бел фустан на туѓа свадба

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Neytiri, 30 октомври 2013.

  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    Оф топик за свадбиве,на малкуте погреби што сум била во мојот живот НИКОГАШ не сум била облечена во црно бидејки до скоро црна боја ни како рамбовка не фигурираше во мојот плакар. Али да ,со тоа ми беше намерата да ги земам 5те мин слава на починатиот(се прашувам каква слава би имала една почината личност на сопственот погреб) со тоа што сите ке коментираат-Еј како не и е срам на С што не е облечена во црно.

    Забегувате со некои муабети,ептен забегувате.
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Јас вака ќе сумирам. Па кој се налути не сум му крива, до неговата несигурност е :D

    На свадба во бело само невестата е лебед, сите други жени во бело се г . . . и ;)

    гости
     
    На livert, Chica.Loca, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Силвер, црниов хумор ти зарѓал. Не знам колку си свесна за глупостиве што ги изнатресе, како ти дојде на памет таа идеја да споредиш аутфит за на свадба со таков настан.
     
    На tinkerbelll и mimiiiii им се допаѓа ова.
  4. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Доколку фустанот е краток немам ништо против.
    А доколку е долг, раскошен, не личи за на свадба.
    Воопшто не би ми претставувало проблем некоја девојка да дојде во бело кратко фустанче.
    Јесте дека има многу други бои, али зошто не и бело.
    Овој ден е битен на невестата, за како ке си помине, бидејки сепак е нејзин ден, а не да гледа и да лови дали некој ке дошол во бело за да ја засени.
     
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не лути се, се нафрлив, нешто изнервирана бев. :lol:
    Ама, ме нервира тоа кога некои девојки во желба за внимание забораваат каде одат и како се облекуваат. Сепак е главен ден на невестата, редно е таа да е главна. :)

    Абе злато, и унапред се пишело за погреби, зошто нив не им реплицираше ? Или изгледа не ги имаш прочитано... ;)
    А, хумор, како хумор, сите го имаме различен. :)
     
  6. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Кратко мало фустанче не е проблем и во никој случај нема да ја засени невестата, сепак секоја невеста носи долг фустан. Барем јас кога ќе отидам на свадба и ќе видам девојка во краток бел фустан сигурно нема да мислам дека е невеста или пак на мојата свадба ако видам таква гостинка нема да се навредам.Вакви фустани воопшто не потсетуваат на навестински..

    Додека вакви долги фустани навистина не е во ред да се носат на свадба, дефинитивно потсетуваат на невеста..
     

    Прикачени фајлови:

  7. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Алал да ти е за ова болдираното што го кажа, вистината е тоа нема што да се лутиме :D . Иначе ние луѓето сме си такви по природа, го почитуваме она што нас ни одговара, а она што не ни е по кеиф, си го менуваме така како што ни одговара.

    Инаку за муабетов, јас никогаш и никаде немам носено бел фустан, и никогаш и не ми текнало да облечам, поготово не за на нечија свадба. Што знам, бел фустан секогаш ми бил како за невеста. А и од толку бои па баш ли бело мора да се носи за на туѓа свадба. Девојки имаме избор и тоа голем!
     
    На zhap4e и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.483
    Допаѓања:
    13.565
    Пол:
    Женски
    Веќе искоментирав на темава дека дефинитивно НЕ сум за бело на свадба, ама во контекст на муабетот како гостинка во бел фустан привлекува (непожелно) внимание, сакав да споделам случка од свадба на која сум била. Невестата во бел фустан, наједноставен што може, се гледаше дека е скромно девојче. Мајка и во сив фустан со шљокици од главе до пете, сестра и во црн фустан со долен дел од тул што беше толку голем што и се влечеше цела вечер. Ете не беа во бело, и да ги видам само на слика беа (според мој вкус) симпатични свечени фустани, ама срамота беше најблиските на невестата толку подраматични да бидат од неа. Ама прашање на карактер е. Така сакале да бидат облечени (читај: уживаат да бидат во центар на внимание), и дури се осеќав криво за невестата, си викав зашто не се дотерала поише... :?: А невестата е убава девојка, фустанот и беше убав, ама ете ради овие две изгледаше како да е гостинка на сопствената свадба, а не личноста заради која сите воопшто и дошле на свадбата.
    Можеби и јас претерувам со моето мислење, ама кога толку ми беше жал за таа невеста заради фустаните на нејзините најблиски, па не дај боже некоја да ми напраи јас така да се осеќам на сопствената свадба. Знам дека не би направила сцена, ама сигурно би си замерила со неа за цел живот. Па речете ако сакате дека сум желна за внимание. Во секојдневен живот не сум ни најмалце таква, ама на мојата свадба сакам да се чувствувам најдобро што може. Не дека се секирам некој да ме смеша со некоја гостинка, и не би рекла дека некоја би ми го направила тоа за инат. Едноставно го доживувам како непочитување. Дури и да има мислење "што има везе ако сум во бело", треба да размисли дека можеби ќе навреди некого.
    Јас на роденден на другарка не би одела во иста боја фустан како неа, а камоли на свадба. :fubar:
     
  9. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Премногу далеку отидовте, со погреби и глупости, а ниедна од тие што се ЗА бело на туѓа свадба не одговори на прашањето зошто баш бел фустан за на свадба? И немојте ве молам да кажите дека можеби немате друга боја и слично.

    [​IMG]

    Ете ваков фустан имам видено на свадба, само кај колената беше малку потесен и без прерамки. Значи, сирена, бел, со циркони. Не го личи, па кој сака што сака нека вели. И тоа овај на сликата е бледо розево и пак не личи, а не пак бел.
     
    На BlackMarket му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Пак коментари од типот 'ваков бел фустан не личи на невестински'...блаблабла.. А од кај знаете вие каков фустан ќе носи невестата? Може и краток да биде, може долг и тесен, може како балерина, којзнае, ама 90% ќе биде бел или некоја слична нијанса... Значи да, многу од белите фустани што сте ги ставиле за пример дека не личат на невестински, не личат воопшто, ама сепак се БЕЛИ и носете си ги на матури, вечери, дискотеки, крштевки, ама не мора баш на нечија свадба... Не мора, стварно.
     
  11. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Јас потенцирав и овде дека пред година дена слушнав , можеш да го прочиташ мислењето мислам на почетокот на темата беше, а на свадба бев пред неполн месец . Бидејки мене тоа не ми значи ништо и не ми смета од таа причина сум прашала , а луѓето немаа ништо против , се разбира да не ми биле блиски не би прашувала и не би ризикувала . И нема потреба да се плашам од тоа што некој ке помислел за мене , кај тие што сум била канета ме знаат цел живот и знаат каква личност сум и со каква намера им доаѓам и дека ги сакам и почитувам , а за останатите што ловеле кој во што е облечен и ме етикетирале како самобендисана или некултурна или без осет ни најмалку не ме интересира , јас си поминав прекрасно и не уништив ничиј најубав ден ниту пак сега имам влошени односи со таа фамилија .Само не сфакам вие кои сте застапници против белото зошто упорно се трудите да наметнете ваш став некому кому не му е битно . Мене не ми пречи , имаше овде невеста што не и пречело , јас кај што сум била не пречело и на икс други , правете си вас како што ви е убаво ама нема потреба да ни наметнувате , реков не би ризикувала да не сум блиска ама не ми пречи па сега ајде и на моја свадба да нема во бело пошто на вас ви пречи ? Се мислам дури во чест на правилово свадбата да си ја организирам како white sensation и задолжително да биде белото ! :D Па предизвик да ми е да се истакнам у таа маса :D :D
     
    На senza.parole, simoncelicius и Rama им се допаѓа ова.
  12. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ептен забегавте, сега вмешувате и други сосема непотребни работи како да пример чиј фустан бил пораскошен.
    За погребиве веќе немам збор, измешавте суеверни теми на тема за бон тон.

    Поентата е дека, бела е невестинска боја и нема потреба да ја носите на туѓа свадба. Дали ќе имате пораскошен фустан од невестата, или невестата ќе облече друга боја на фустан е грешка на невестата, не ваша. Поточно, не е грешка туку е личен избор на невестата со кој свесно се става во ситуација да не е во центар на внимание/да се оддалечи од првичната намена на венчаницата/како сакате свртете го, ама по нејзина вина/желба, не по ваша. Додека пак со бело фустанче или фустан, сакајќи или не, вие свесно правите огромен чекор кон можно расипување на нечиј момент.
    Разликата е таа, во првиот случај невестата сама се заебува, во вториот вие ја заебувате (во недостаток на термини сум, вклучете некоја мозочна клетка и разберете ме for the love of god).
     
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Се сложувам..

    Јас не сакам свадби и ако некогаш правам нешто, тоа би било премногу мала фамилијарна веселба и затоа не би носела раскошен фустан.
    Би одбрала некое едноставно бело фустанче (или евентуално некоја посветла боја), па според тоа голема е веројатноста некоја да ми дојди со ист или уште пораскошен фустан од мојот? :^)

    А, последнава година и општо се изнагледав преедноставни невестински фустани. Затоа најдобро е да не се носи бело.
    Јас обожавам бело. Ама не сакам да се избрукам негде или да ме гледаат накриво. :)
     
  14. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Зошто да не.Нормално да не е некој ептен свечен и да наликува на невестински.Бело едноставно,не пшремногу накитено супер би било.белата е убава боја ;)
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074

    Епа не ти пречи и не ти значи зашто си не си ти невестата, кога ќе бидеш и кога ќе осетиш тогаш коментирај како ти е сеедно. Не ми е јасно како си очекувала искрен одговор од невестата, нормално дека ќе ти рече дека не и преичи, сигурно нема да ти рече да ми смета, не ми иди во бело, тоа треба сама да го знаеш.
    Нема везе, после муебтов вчера колешка на работа носи слили од свадбата на брат и, замислете она у бел долг сирена фустан со минијатурна црвена трака под градите, невестава до неа исто у бел сирена фустан, само велот на невестава ги двоеше иначе.... две невести. Кај брат и на свадба се облекла така ејјјј....
    Тука се одма сите искоментиравме и она нормално никогаш не слушнала, класично глумење лудило, неможе да не ти текне дека на свадбата веќе ќе има некој облечен во бело, а тоа е та да та даааам - невестата. :x
     
    На eleni23, Neytiri, tinkerbelll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    ^^ Само што сакав истото да го пишам :)

    Не и смета, затоа што не е невеста. Кога ќе се најде од другата страна на приказната, ќе го смени мислењето.

    Јас бев невеста пред 5 месеци. Освен мене, немаше друга девојка во бело. Но, се случи 2 девојки (што не се познаваат меѓусебно) да имаат иста боја фустан, сличен модел. Коментарот на едната беше: "Лелеее, како не си го зедов другиот фустан... погледни, колку се слични :( ".

    Епа ако на "обична" гостинка и смета сличноста на нејзиниот фустан со фустанот на друга девојка, замислете како би се чувствувала невестата :?: .
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Јас не носам ни фустан на свадба. :D
    Некои фармерчиња со посвечена маичка.
    Знам, морало фустан, но досадно е по правила... |(
     
  18. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Овде имаше и невеста што не и сметало и не се предомислила , а од каде знаете вие колку ми е блиска мене невестата , може ме исчувала , може сме израснале заедно , не можете вие подобро од мене да знаете какви ни се односите. И невеста кога ќе бидам нема преку ноќ да го сменам мислењето и да ми пречи . Ама тоа е проблемот со вас , јас прифакам што ви пречи , секој со своето , а вие едноставно не можете да сфатите дека на некои луге не им е битно тоа . Кога веке мајки на невестите и сестри одат во бело јасно е дека претходно на невестата и ги кажале фустаните или барем намерите што ќе облечат , а имало случаи кај што мајката , сестрата носеле бело , па тие ако не и мислат убаво на невестата кој ке и мисли? И нема врска она што ги знае цел живот од тој ден тие се самобендисани и некултурни за неа и се што и биле пропаѓа пошто нели бело облекле . Апсолутно нема никакво мислење да сменам и невеста кога ке бидам , јас си знам кој ме ценел и почитувал и сакал и што направил за мене , во што се чувствува убаво , нека си дојде облечен. Кој сака нека си полива со вино , нека враќа гости од свадба , јас на мојата сакам да уживам без разлика кој каква боја и што облекол .
     
    На simoncelicius, MSkorpionka и Daydream им се допаѓа ова.
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    А зошто мислите дека ако некој на темава се изјаснил дека не бил запознаен со "правилово" од претходно одма по дифолт глуми лудило?

    До сега не сум носела бел фустан на свадба, ама од сега жими се ќе се размислам и дали воопшто да одам на свадба. Случајно да не ја засенам невестата па да си расипам добри односи.
     
    На tessie, simoncelicius, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Женски памет разноразни ставови ќе создаде само за една бела хаљина на пример.
    Мене некако не ми иде шо знам, за време на свадба мозоците така ни се програмирани да женска единка во бела хаљина апропо е невеста, што и да се забели во таа толпа ќе си речеш "аха ене ја не невестата", во моментот баш и немаш време да го анализираш фустанот и целиот аутфит туку се ослањаш на првата констатација дека тоа е невестата.
    За мене, ваква постапка не е ништо повеќе од себе докажување пред родбината, "видете денес каква сум си цела убава а тек па кога јас ќе бидам невеста". На моја свадба ако ми дојде цура во бело знам дека нема да ја резонирам, од причина што мојата самодоверба нема да ми дозволи да си помислам дека таа е поубава, макар она носела Сааб фустан а јас коктел хаљинче од Алиекспрес. Гостите можда ќе ги буни, некому можда и ќе пречи ама мене ќе ми биде сеедно, таа гостинка ќе ми биде во истиот кош со сите други. Сценаријата од типот потурање со вино, исфрлање и слично, да ми простите, ама ми се одлика на не сигурни жени. Исто ко носењето на ист или сличен фустан. Мене не ми смета од причина што знам дека јас тој фустан ќе го износам на мој начин, дури може да и честитам за добриот избор на "близначката" а да се туфкам како ќе останам не забележана, не би во никој случај.

    И да разграничиме, го нема ова правило во бон-тон книгата, не е ни дел од домашната култура и воспитание туку некое непишано правило исто ко она дека на погреб се носат по загасити бои не дречливи, дека во парк и на Водно не се носат штикли и бунди, во продавница не се иде во пиџами и сл. Ако ете напраиш нешто од ова никој нема да те врати, но шансите да бидеш исмеан и озборуван се доста големи.
    Мене поголема брука ми беше онаа новинаркана со Угг чизмички на прием што се појави (а за такви ивенти убаво си постои протокол кој јасно опишува како треба да се изгледа) отколку било која кума, золва, старосватица или сваќа во бел фустан.

    Да резимирам за да нема забуни, бел фустан на туѓа свадба не ми смета но ми нема смисла.
     
    На ilipili, Neytiri, Annath и 2 други им се допаѓа ова.