Јас искрено не знаев дека постои вакво правило или можеби сум знаела, ама сум заборавила Како и да е, и на свадби бев, и јас правев, и никогаш не ми текнало да гледам дали е некоја во бело облечена. Искрено, ИЧ не ми е/беше битно, дури и сега, откако ја видов темава, земав да размислувам дали некоја ми дошла во бело на свадбата, и пак појма немам Не мора невестите да се плашат дека некоја друга во бело ќе ги засени, зошто тоа може да биде и некоја во обичен црн коктел фустан - убавината не се ограничува на боја. И најмалце е битно, аман, 1 вечер е и секако е МОЈА вечер, без разлика дали ќе има некоја поубава од мене или не. Всушност, кога ќе размислам, и ИМАШЕ поубави од мене (не сум јас мис МК фала Богу), а кои замислете - не ни беа во бело. Сепак, ЈАС бев таа која беше најсреќна тој ден, и ниту еден фустан, нит боја, можеа да го променат тоа. И што мислете, зошто се сликаме на влез? Се знае која е невестата, една и единствена, само со неа слика дома ќе си однесете
Од толку бои на палетата, мора баш бела да изберете? Баш бела, ко за инат ми делуваат некои со коментарите жими се, ко на мало дете кога ќе му речеш немој тоа и тоа за инат ќе го сака забранетото. Што знам дали јас би се налутила или не, јас додуша не би носела бело, туку шампањ-крем боја, но тоа е веќе прашање на вкус. Реално гледано од страна е глупаво, мене и глупаво ми е кога на невестата сестрата носеше на една свадба ист модел на фустан ко сестрата само у друга боја, ама сосема ист модел кај истата шивачка од ист материјал. Али тоа е тоа што го прави нашата малодушност и никаква иновативност, замисла и стил за облекување. Копи пејст сите еден на друг. Мислам дека може да се избегне бело на туѓа свадба, само од почит спрема таа некоја наша традиција за бело дека симболизира свадбен фустан, и треба да се стават на страна останатите ставови и мислења. Мочани 3-4 часа се, не е униформа за живот. Башка тие па посебно што се трескаат по свадби посебно традиционални и се многу почитувачи на традиција треба да го почитуват ова правило.
Хипстерке, ако одиме по старите традиции за симболиката на белото на свадба, тогаш скоро 99% од невестите (а посебно трудните) не би требало да се дрзнат да го носат, така? Тоа претставувало симболика порано, сега не се следат тие обичаи правилно....која невеста невина и чиста влегува во брак? Како и да е, нормално дека ќе почитувам ако некоја знам дека не сака бело на нејзината свадба. Јас кажав за мене и мојот став, а тоа нема врска со мојата самобендисаност и желба за експонирање на туѓи свадби. Јас таму се истакнувам со играње ко мрдната, облеката ич не ми е битна
Ама го носат, сум видела трудни и во 6ти месец носат бело, нивна желба, што да кажам поише. Ако е за така извини ама никој не треба да носи бело, зашто никој скоро не бил невин кога влегол,ама тоа не значи не смеат да го носат. Јас се искажав дека јас бело не би носела ни на моја свадба, не од тоа дека не сум невина туку не ми се допаѓа снежно бела боја за фустан, посебно кога има крем. Не знам зашто е толкав проблем да се испошува едно обично правило, стварно не знам. Aбе јас не реков лично за тебе, не требаше толку лично да го сфатиш. Искрено одбивам да верувам дека некој оди на свадба за да експонира облека и општо било каде оди да се екпонира себе и својот плакар, ако некој тоа го прави намерно, едноставно нека се замисли убаво. Точно се иде убаво да се помине а не кој како е облечен, ама мене ми паѓа тоа у очи и не ми би е пријатно. Додуша јас најдов да зборам за свадби на 10 свадби сум била у животов, и тоа ми е многу зш не ги сакам ич, од причина што свадвите се се само едноа убава интимна веселба не, али тоа е тема за друга дискусија.
Па истото го велам де затоа не ми е верна оваа опсесија со белата боја, кога никој нема ексклузивитет на неа, посебно не кога се оправдува со некакви традиции и обичаи.
И самите сте свесни колку избезумени невести сте сретнале во секојдневието на коишто им е мерак да изорганизираат се до перфекција, од салфетки до бонбони и други слични ситници. Без разлика дали тоа за мене или вас има смисла и без разлика дали јас утре би го направила тоа, во најголем број случаи тоа е така. Бело ќе се носи и покрај тоа што симболиката најчесто нема значење во денешницата. Не гледам причина зошто да се оптеретувам и да и правам психоанализи на невестата што точно мисли и да замислувам каква невеста сакала да биде. Како вие сте се чувствувале на вашата свадба, дали јас утре планирам да носам пантолони, или дали некоја сака да биде облечена во црвено наместо во бело им е ама баш апсолутно небитно на невестите. На повеќето ќе им смета, се приметува и во темава, а богами и во темите за свадби ако отворите. И според тоа која сум јас да уништам нечив ден што некој си го замислувал и планирал, без разлика на тоа каков став имам јас во врска со свадбите и се поврзано со нив?
А како инаку се гледа на белиот фустан освен на свадбен? Jaс само така го гледам, и не носам ЧИСТО бел фустан, малку сељачки ми е , посебно ако се накитам со бела ташна и бели чевли, ај кент хелп ит мене тоа ми е невеста, или вана бе невеста. Јас не гледам никаков моден и тренд фустан за бел фустан освен за свадбарски и оние летни ленени фустани за на плажа. Нарачајте го ексклузивитет, постои тоа и во многу други ситуации, не гледам зашто овде да не се применува. Го знаеш ова http://www.youtube.com/watch?v=XsYJyVEUaC4 Па така и невестиве нивна свадба, вајда само они имаат право да носат обично снежно бело, сосема обично и елегатен бел фустан. Мене визуелно никако не ми оди, никако не ми личи и тоа е тоа,гледам не е само мое мислење и став. Според мене има правила па дури и во модата и во вакви ситуации, и фино би било да се испоштуваат. Али сепак ве неед то агрее то дисагри, ниту јас тебе ќе те убедам ниту ти мене.
^ Малку оф топик, ама белите фустани беа и те каков тренд во последниве години на црвениот тепих по разно разни манифестации. Лани за доделување на златен глобус мислам дека беше, две третини од присутните мислам дека беа облечени во бело.
Мене ова правило ми е повеќе за поинаков вид на свадби од овие нашите, за свадби каде задолжително или очекувано е да се носат долги елегантни фустани па не би било ок да е бел затоа што не би се разликувал од венчаница. Па ова со бон тон мислам што да кажам, ниту некој знае дали вистина по бон тон бело не се носи на свадба, или има врска должината, материјалот и дезенот на фустанот ама како ни одговара така си толкуваме. И што е најбитно не е затоа што многу се почитуваат правилата на однесување...туку да се оправда нешто што од себични причини не ти одговара.
Денешно време и невестите понекогаш не носат бел фустан, па да се устручавамe. Па ја нема ни истата симболика веќе (едино ако не се чуваш за прва брачна ноќ). Ако е убаво парче, ако ми стои убаво, па зашто да не? А ако носејќи бело, невестата мисли дека ќе ја засенам, тоа е веќе нејзин проблем, со нејзина самодоверба, со нејзини комплекси, повредени ега и слично.
Џована 8 жени не се 2/3 но нмв, а и последниот мене ми е сив, не бел. Плус ова се веќе кочур фустани, и знаеш што, сите освен на Гвинет и на Хајди ми се мене пак НЕВЕСТИНСКИ ФУСТАНИ, сум видела нешто слично ако не и исто по свадбиве и наши и холивудски. Ако некоја го носела на ред карпет не мора по дифолт да е тренд или да е нешто уау, мене ми беа ко невести, и ме асоцираа на невести. Кој да ми донесете а да бил облечен у толку свечен и елегантен фустан а е бел- свадбарски е и истото ќе го речам дека ми личи на невеста.
Премногу свечени и помпезни фустани и мене ми пречат на свадба ко гостин, не па на “домаќините“ па која сакаат боја нека се. На мене највише пошо, као мисис симпл се осеќам ко одметник и мислам во секој момент ќе ми побараат да донесам уште кисела вода на маса број седум. (карикирам не сум до толку ама во споредба со другите што сум ги гледала по скопскиве свадби, ептен сум стилски посталожена ). Нема правила. Не ретко сум среќавала свадби каде што невестата не била ни свечена во споредба со изгледот на другите гости, туку носела едноставно бело фустанче до колена (пример). Ја да праев свадба, за ваква работа пример, немаше уопште да замерев. За мене белото е само нијанса, ништо повеќе. И шо демек невестава голема фраерка испаднала. Си се покажала само во вистинско светло. Мислам до каде со љубоморава, несигурноста во себе и комплексите? Ако не, само мажи викајте, за секој случај.
Мислам дека темава отиде предалеку...нека се стави клуч пред да се случи виртуелна тепачка Јас нкако не поддржувам носење на бел фустан на туѓа свадба,ама...! На мојата свадба имаше две со бел фустан,на едната и беше долг со црни цветови на другата и беше краток глок фустан со жолт каиш,ама беа подалечни роднини. Е сега имам едно прашање до вас,едната од нив сега ке прави свадба дали треба и јас да облечам бел фустан на нејзината свадба да и вратам за тоа или не? Не сум злопамтило и воопшто немав намера да се оптоварувам со вакви работи(дури и фустанот ми е на шиење,циклама боја) ама поттикната од темава ми дојде таа идеја.
^^ ^Да не ја реметиме темата, ама премногу буквално ме сфати. Ти тргна да збориш како чисто бело никогаш не било во тренд, а мене само ми текна на една ситуација каде што премногу голем број од ѕвездите беа во бели фустани. Нормално нема да редам слики од сите присутни за да докажам поента и онака сме надвор од темата. И мене некои трендови не ми се по вкус па не одрекувам дека постоеле. И пак мислам дека нашите гледишта треба да ги тргнеме на страна кога станува збор за вакви работи пред се од почит. И се одјавувам од темава затоа што уште еднаш ако се повторам ќе почнам да си се смеам
Извини вака Хипстер ама која наша традиција за носење бело на свадба? Малку погоре ви напишав откога датира носењето бела венчаница. Се дотогаш невестата на свадбата го носела најсвечениот фустан кој го имала. И да, понекогаш тоа бил црн фустан. А овде на нашиве простори се носела свадбена носија. Шарена свадбена носија. И уште еднаш ќе напомнам дека носењето бело на свадба не е проблем, се додека не се облечете од глава до пети во бело.
Епа глупаво е гостинка на свадба од глава до пети во бело. Јас па ич не ја сакам оваа боја. Ташна бела, аааууу ич не ми се допаѓа. исто и чевли бели само на невеста ме асоцираат. Ми се чини дека во последно време гостите (мислам на жени) се облекуваат во црно, розево, тегет можеби ама па до толку во бело. Мора жената да нема вкус да се облече во бело од глава до пети.
Eленор, а кажи ми ти се видела некоја МОДЕРНА невеста, у задљи 50 години у венчаница која не е бела и у шампањ или валкано бело, не кај нас у 95 посто од светот се се носи бело. Добро бре озбилно ме прашавте која е традиција на бела венчаница, мајките ваши у црно да не се мажеле? Ме заебавате со муабетиве жими се, а ако вас 50 години не ви е некој терк или некоја традиција( а поише од 50 години се практикува бел фустан, но ајде) не знам тогаш што ви е а вас.Или женине не форумов што постираат у темата а венчаници се бели фустани се дрогираат ако не и они утре зелена венчаница ќе имаат. Убаво ви рече некој, ќе се мужите вие па ќе ве видам како ќе зборите и дали ќе ви биде сеедно дали некоја опнала хаљина ко она да се мужи а не вие. Ту опсесија по свадби и како да се облекувате како да мора да се најдотерани на свадба на братучет од мушка тетка, затоа и не идам на свадби...
А бе Хипстерке, па НИЕ (колку и да сме на форумов) веќе се омаживме, не треба да чекате да направиме свадба и да ви кажеме Секое наше мислење е од лично искуство, и не знам зошто не се земаат како такви за релевантни, туку само им се префрла на немажените кои велат дека немаат проблем со бел фустан на свадба....па и тие, исто како вас (другиот табор) хипотетички кажуваат, сите сте хипотези Ај озбилно сега....да не ја отворевте темата, жими мајка немаше да знам дека ова може да е толку голем проблем на некоја невеста....ми следуваат 2 свадби, баш ќе ги прашам невестите дали ќе имаат проблем ако им се појавам во бело
Малку оф топик. Кај баба ми и дедо ми дома има една ѕидна слика од пред точно 45 години. Тоа е денот на нивната свадба и баба ми е облечена во бел невестински фустан. Исто така пак во старата куќа каде што израснал дедо ми има ѕидна слика од неговите мајка и татко (мои прабаба и прадедо) каде што исто така прабаба ми е облечена во бел невестински фустан. Вторава не знам точно пред колку години е ама сигурно има повеќе од 65 години. Е сега за убавината, раскошот и елеганцијата на фустаните нема потреба да коментирам зошто се знае во тоа време какви носеле, ама битно се фустани и се бели и биле невестински. Ова беше за традицијата инаку, а конкретно за темава си се изјаснив поназад. И да, најсериозно без зафрканции од сега ќе внимавам што облекувам на свадба. Не знаев дека толку голем проблем било ова. Не сакам цела сала да ме гледа однопаку. Воопшто не сум личност што сака да биде центар на внимание па тоа навистина би ми пречело.