Мене да ме прашаш ќе ти речам -абе не се замарај па ти како сакаш дојди облечена , не мора и поклон Ама дали го мислам тоа Очекувам од луѓето да знаат некои работи без да им кажувам .
А ако навистина дојдам во бел фустан и без поклон, дали ќе значи дека лечам комплекси и си умислувам дека пак сум невеста? Шала на страна - баш ќе ги прашам, чисто онака за инфо ме интересира.
Moирче, па млади моми има тука, намажени(натажена немажена што би рекле к-15), па како гледам се потресуваат од китенки до бомбони на масите па за ова, верувам дека ќе се потресуваат. Кој правел класична свадба а носел фустан кој не е бел кај нас бре, кој сакам да ми кажете. Јас искрено не би носела никогаш од чист почит кон госпожата која се жени(мужи де, мужи), толку. A навистина се чудам како не сте го чуле ова, стварно мене ми е дури и логично. Не само на мене бре луѓе, од 14 страни 10 страни го знаат ова и го искажаа мислењето, да не се повторувам со тоа колку стварно може да се измешаат двете бели фустана со две невести. И ова ако ви личи на океј, нависитна не знам, носете бело што да ви кажам Што е најтрагично сестра и е.
Искрено , ќе те оговарам ама само малку Нема што да се правам многу фина кога не сум Шала настрана јас сметам дека не е ок , нема што да правиме дебати и филозофии и да правиме психолшки профил на гостинката во бело . Не знам какви замисли си има невестата за нејзината свадба , јас како гостин ќе гледам да и го испочитувам денот . А спомнав дека Пипа носела бело оти било кај нив суеверие - деверушите да носат бело за да ги збунат злите духови .. Гледате и духовите се бунат не па гостите А инаку фустанот на Пипа е многу убав , и слично нешто би носела и на мојата свадба .
Не знам,еве наречете ме смотана, модно неинформирана, затуцана и сличне ствари, ама јас не гледам ништо чудно (конкретно) за Кејт и сестра и`....и слеп да си, само на допир да ги фаќаш за да познаеш невеста, ќе ја погодиш заради велот (ако ништо друго ). Не ми се верува дека некоја на наша свадба би се појавила во ваков бел, тесен сатенски фустан...значи пак збориме за некакви варијации кои, повеќе или помалце, ќе се ептен различни од невестинските фустани наши, па не го гледам проблемот. Ааааа, и сега ми текна! Свеки за нашата свадба не сакаше да направи ЦРН фустан, не било во ред, како да жали!! Јас бев првата што и` реков: Жено, не се будали, направи си каков сакаш,ич уво да не те боли! На крај одбра материјал црн со цветови, демек да не бил цел црн....лејка
Хипстер не го вадам ова од ракав. Во моментов ја подготвувам мојата свадба во странска држава каде многу, многу се внимава на бон-тон. Мојата идна свекрва со цел да ми помогне поради тоа што не се разбирам од обичаите и правилата во нивната земја, покрај совети ми купи и неколку weding etiquette книги. Информацијата ми е оттаму. Спојлер - If it's a very non-traditional wedding, and you've spoken to the bride to make sure she's truly okay with you wearing white. - If your dress is only partially white - for example a white bodice with a colored skirt. - If your dress has a white background with an all-over print of a different color. - And of course, every once in a while, a couple will request that their wedding guests all wear white. Значи во секое правило, макар и непишано, има исклучоци. п.с. инаку бело на свадба е во христијанскиот свет. Тешко дека тоа е 95% од светот. Кај Кинезите на пример белото е симбол на жалост и се носи на погреби.
Ами сега селекција да правиме, која невеста е невина, бел фустан, која не е, друга боја? Ја може невина сум бе ! Не станува збор за матура, дипломирање, крштевка, роденден, оскари, приредби, туку за СВАДБА. Што е потрагично позгодна беше и поубаво изгледаше. И јас се прашав, абе која е оваа ??? И кога случнав дека сите тв коментирале, ми олесна дека не ми паднало само мене чудно.
Абе ништо, невестиве на кои што им пречи, фино лепо у покана да си пишат. Не` има и такви, небонтонисани и неинформисани ко мене и Моира што навистина не се замараме со такви работи па да си знаеме од старт, ич да не планираме да одиме на свадба каде нема да им е битно да се собере фамилијата на еден куп, туку невестата да не биде засенета...мислам... Кај таква никад нема да отидам на свадба и покрај тоа што неам ниту еден бел фустан у гардеробер. Ете така. Покана, блаблабла, некоја срцепарајуча, семесинаповска мисла за сплотување на семејството, ве покануваме дрн дрн и на крај нека си има подточки: 1) Пари во плик (сума која БАРЕМ ја покрива порцијата) 2) Цена на порција ****** денари (баш ни` е гајле ако не ја изедете) 3) Носење бела боја и какво било засенување на невестата е забрането за гостите. Во спротивно ќе следат благи санкции кои ќе завршат со смеење и малку оговарање отпосле, а во случај на крајно безобразие (доколку сте во бел фустан и згора па изгледате и поубаво од невестата), клоцата у седалото и надворишка. Дојдете ако смеете! Со нетрпение ве очекуваме! Семејствата тие и тие.
Теси, па искрено подобро е така да напишат. Барем ќе си знаат сите, и оние кои не знаеле претходно за ова правило, а и оние исфрустрираните како што ги нарекоа погоре. И волкот сит и овците на број. Наместо да се глуми ладна ко шприцер, па после да се луфтираат фрустрации по форуми и да се оговараат гостите.
Добро бе луѓе сега се правите дека не сфаќате некои работи или убаво ви е да си се контрате или инает е во прашање не знам стварно...Значи направивте психолошки профили и на невестата и на гостинката во бело, па засенување не знам што. Значи не е целта да биде некоја најубава или поубава, од најубавата има поубава, па ако сака и партал нека стави. Секако дека на свадба ќе се појави можеби некоја девојка која е поубава од невестата во лице или во тело, па ако сака невестата најубавиот фустан нека го стави, а гостинката нека биди во каки боја, не е битно. Не е поентата дали ќе ја засени невестата со белиот фустан. Просто и едноставно НЕМА ПОТРЕБА И ПОЕНТА ДА СЕ ОДИ ВО БЕЛ ФУСТАН БАШ НА СВАДБА. И ве молам не се правете со сила дека не разбирате. Никој овде не зборува дека не смее некоја да стави шарено кратко фустанче кое има бела основа на пример, ете како што пишавте погоре дека некоја на свадба имала гостинка во бел фустан со црни цветови. Зборуваме како во случајот ете на Пипа и принцезата, уште па украси има во косата...не изгледа убаво. Плус има многу невести што не ни носат вел и сакаат поедноставни фустани, што тогаш? Денес повеќето одат и на фризер и на шминка за на свадба и уште бел свечен долг фустан и невестата да не носи вел и оди препознај која е невеста, ако не си близок...не е вкусно. И пак ќе прашам, ете некои не слушнале за правилото или слушнале ама не им смета, како и да е..ЗОШТО баш бел фустан? Ете, велите дека не е целта да се засени невестата или да се биде центар на внимание, не е инает...тогаш што е? Кога ја бирате гардеробата за туѓа свадба што е тоа што би ве натерало да изберите баш бел фустан? И навлегувате во традиции и не знам што...Сите знаеме што симболизирала белата боја порано, факт е дека нема никакво значење денес, но исто така факт е дека речиси секоја невеста носи бел фустан и тоа тешко дека ќе се промени биле тие невини или не. Од една наједноставна работа, отидовте далеку, до невиност, погреби и глупости.
Па мислам дека дрес кодот да не се носи бело не е баш за да не се засени невестата... И не е само заради невестинското его левел bridezilla . Непишано (а некаде и напишано) правило, како било кое правило кое ни говори за пристојноста, како, не џвакај со отворена уста, не зборувај додека џвакаш, стави рака на уста кога зеваш... Значи, нема светот да пропадне ако не се испочитува, ама не е пристојно. Е сега, нивото до каде сме запознати со пристојноста, и од друга страна, до кој степен ги применуваме тие знаења, се друга работа. На пример, ЗНАМ дека додека се јаде непристојно е да се потпираш со лакти на масата, ама во неформални ситуации, со блиски, си се потпирам. Во поофицијални ситуации, сепак, не го правам тоа. Почитувањето некое правило не е секогаш за да се заштити туѓото его, туку некогаш зборува за нас самите. Мислам, да бидам прозаична, ако на некоја свадба упорно го копате носот, веројатно ќе бидете забележани, може и ќе ја „засените“ невестата, ама дали тоа ќе биде затоа што сте поубави од неа?
Mожеби од истата поради која е баш син/розев/црвен... Можеби затоа што на некого едноставно убаво му стои, се чувствува убаво, пријатно и чисто во таа боја. Некој ја сака едноставно и е дел од неговиот стил, како што ми е мене сината. Чудно ми е толкаво припотресување за една обична БОЈА. Мене белата боја ми е мошне непрактична за носење, особено кога се веселби во прашање каде што има јадење, па шо се вели, се плашам од вода дамка да не ми се напраи и да изглеам ко подвижно пикадо, но јас не би имала ништо против некој кој носи бел фустан на туѓа свадба, нити пак би го мислела за непристоен. Едноставно 300 луѓе-300 табиети.
Не знам, некако тешко ми е да поверувам дека на некоја само бело и стои убаво и дека не носи други бои, па дури и да е така, може да стави бела кошула на пр со панталони или здолниште во друга боја или да не биди скроз бело. И пак ќе речам да се обрни внимание за какви фустани разговараме. Значи зборуваме за гардероба која асоцира на невеста.
Значи Еленор ти ќе носиш зелен фустан зашто не е традиција да се носи бел,јас така те разбрав сега. У Кина се мажат у тие кимоната, у индија у сари,а во целиот христијански и протестански свет у бело, цела Европа има традиција на бела венчаница.Јас сум христијанка и претежно на такви свадби сум била и сум гледала. Али Европа очигледно не е битна и нема традиција, контитент стар милиони години, нема традиција, Америка ај помалада е заедно со Австралија, али пак таму не се мажат у зелени фустани. Бел фустан е традиција, останал знаеме од што, ама без разлика на тоа жените не се невини кога влагаат у брак, пак се почитува и се применува, во најголем дел од случаите. Ти каде спремаш свадба не знам, ама дезинформација ти е тоа дека не е традиција да се мажи у бел фустан или тебе така ти одговара да не е.
Спојлер А што ми e нај најтрагично мене е тоа што ние коментираме како членови од кралски семејства не знаат за основни правила и се брукаат пред светот Може не слушнале за бон тон?
Дозволете ми да дадам еден друг пример. На нашата свадба мојот вереник ќе биде облечен во најсвечената униформа. Покрај него, во свечена униформа (која ќе се разликува само по еполетите кои го означуваат чинот, поставени на реверот и јаката) ќе бидат и свекор ми, девер ми и уште 23 други мажи. Дали некој ќе го утне младоженецот на свадбата? Не. И покрај тоа што ќе има уште 25 други мажи облечени како него. Бев на 3 воени свадби и никој на ниту една од нив не го утна младоженецот и да го замени со некој од гостите кој беше идентично облечен. Зашто тогаш некој би ја утнал и невестата? Не треба да се замараме со вакви работи. Треба да уживаме во нашиот посебен ден а не да пребројуваме кој како дошол и што носел. Дошол и ми направил чест. Дошол да ја сподели со мене радоста на овој чин. го сопругот и играјте дури ве држат нозете на подиумот со најблиските. Затоа што на крајот на краиштата најважен е човекот до вас (присутноста на саканите и добра музика и расположение)
Епа ако невестата не се засенува со тоа, зошто да не се носи на пример? Кога нема дадена конкретна причина ни од едната ни од другата страна, тогаш секогаш на тоа "Зошто?" има "А зошто да не?". Не се инатам далеку од тоа, и претходно се изјаснив дека откако ја препрочитав темава ни на крај памет нема ни да помислам на бел фустан на туѓа свадба, не па да го носам. Туку интересно ми стана тоа што сите што сте ЗА скокате цело време, а и вие како и ние што сме ПРОТИВ не кажувате конкретна причина за тоа зошто да не се носи бело на туѓа свадба. Освен една причина која цело време се провлекува низ темава, а тоа е дека ќе се засенела невестата, што јас мислам дека некоја ако сака да ја засени немора да облече бело па за да ја постигне целта. Може на пример да се распраша одоколу каква ќе биде невестата па да се дотера дупло повеќе од неа и сите во неа да гледаат, а не во невестата. И ете, пак ќе биде засенета. Белото е само боја и ништо повеќе.
Хипстер каде споменав дека не е традиција да се мажи во бел фустан. Те молам цитирај ме. Јас само споменав дека не е точен исказот што ти го даде дека во 95% од светот се носи бело на свадба. п.с. можеби Земјата е стара неколку милиони години ама најстарата култура на Европскиот континет е од пред 17,000/18,000 години.
Кога треба да се објаснуваат основни работи нема поента Не сум измислила јас дека не треба никој друг да носи бело освен невестата . Си има протокол и правила по кои се води едно општество . Ете имате и гугл прочитајте зошто . Значи си има традиција и дрес код за свадби . Што е толку тешко да се разбере
Еленор ти мене ме зафркаваш нели? Колку малку памтење имаш, ццц И сега ме праиш будала или самата себе, не ми е јасно што сакате да докажете, дека ние сме глупи, ве лажеме тука 20 жени сме будали што не носиме бело на туѓи свадби и згора на тоа ние сме некултурни? Шкорпионка па госпоицата не е член на кралството семејство, за Пипа заборам, сестра и е она не е, а и ја критикуваа многу познати светски стилисти и креатори и по културни и поупатени од тебе и од мене. Не сте ми јасни навистина со понатамошните коментари, толку не можете да прифатите едно правило или зашто не се согласуваме со вас сме ние во криво одма?