Во врска сум со женет човек, и имаме проблеми

Дискусија во 'Канта' започната од secret...love, 23 јануари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. secret...love

    secret...love Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Jas sum 19 godini i vo vrska sum so 28 godisen decko koj e zenet i ima dve deca...Prvo na zafrknacijaa izleguvavme no veke godina ipol sme zaedno se krievme od site ama mnogu luge doznaa za nas sega sve stana seriozno toj e mnogu ljubomoren ne mi dozvoluva nisto...Mene veke pocna da me izmacuva toa deka se custvuvam odvratno koga sum so nego bidejki jas nevinosta ja izgubiv so nego a znam deka toj ima zena..Mnogu mi e tesko i imame mnogu problemi ama toj ne se otkazuva od mene mi se kolni deka spie vo dnevnata i deka nema nisto so nea sekogas pred da odi doma mi se javuva za da se zakolni,non stop e po mene i sekogas se kara so nea zasto nemozel da ja podnese i za da mi dokaze deka me saka,i vo poslednive meseci mi tvrdi deka ceka moment za da ja ostavi za da sme zaedno na raat.Jas navistina go sakam zatoa i bas na nego mu se predadov ama sega se izgubiv veke..Ve molam pomognete mi dali da mu veruvam???
     
  2. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    521
    Ve molam za sovetii

    Девојче ти самата се запраша нормална ли е ситуацијава моја пред да бараш совети на форум дали да му верувам на некој женет кој ми кажува дека ме сака?!?!

    Ма дај! Не! не му верувај, ццц :fubar: :fubar: . Спремај си ги испитети таму, ако студираш
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.318
    Ве молам за совети

    Има милион причини зашто да не си дечково-дел од нив се разликата во години, тоа што е женет, што веќе има деца и ќе ги има цел живот,што ти забранува работи.Е сега детално :D
    Самото тоа што е женет, значи дека ти е забранет, дека тоа е место кај што не треба да се плеткаш, па не знам колку да го сакаш.Во неговиот живот има веќе една жена. И не паѓај на тие финти дали спиел во дневна или на тераса,може и лаже, а и да е вистина што тебе ти менува?И не знам каков е тој момент кога чека да ја остави?Ако сакал да се раздели со неа навистина, одамна ќе го направел тоа.
    Ти имаш 19 години и претпоставувам дека не ја замислуваш блиската иднина гледајќи деца, па уште и туѓи.Секогаш ќе бидат пред тебе, што е нормално,а тебе тоа ќе те вади од такт, особено зашто уште не си дозреана.
    Штом се однесува така посесивно и арогантно за да ти забранува работи, значи дека не е за тебе, без разлика дали е слободен, женет, разведен, 90 или 20 годишен.Па уште ти забранува работи во најубавите години, додека он дели стан со друга жена(извини, ти си другата, оваа друга спомната е прва ;) )
    Ти бил прв, си ја направила грешката, не прави уште милион, туку сместа остави го и договори се со твое друштво да искочиш, да не ти отиде младоста.Или сакаш уште една саботна вечер да ни пишуваш тука проблеми, наместо да се забавуваш како што ти личи на годините :^)
     
    На Froshinka и lackygirl им се допаѓа ова.
  4. lackygirl

    lackygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    13.918
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совети

    За ова ли се бара совет. Потполно се согласувам со фемина90 значи неможам да поверувам во ова што го прочитав катастофа :x :x
     
  5. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.341
    Ве молам за совети

    Добро ко мали што ве учеа мајките дома? Со женети да одите да растурате фамилии? :x
    Тргај се настрана, може сеуште има надеж за тебе да се промажиш за некој нормален, неженет.
    Секој прави грешки, али грешкава твоја богами трае и трае. Кој би поверувал бе дека во дневна спие? Нека не те лаже тој година и пол не ја оставил па сега. така се остава жена, фамилии смешани се и сешто,немој да се лади со тебе. Прошетај види свет, кој е тој да ти забранува? Гревота си. Многу си мала за вакви глупости, има случаи кај што навистина се згрешило, ке се раздели ке бидат заедно, али ова мене ми изгледа дека ке ти го запусти животот ако продолжиш. Што ако ти бил прв? Глава горе и настрана од него, па да си таква и полиција да му викнеш ако те малтретира ептен убаво ке направиш. Свести се девојче, не е на арно работата.
     
    На Froshinka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Froshinka

    Froshinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    13
    Ве молам за совети

    Оф леле .. Шо нема да се сретне у денешцава ... :Ѕ
     
  7. secret...love

    secret...love Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ве молам за совети

    Свесна сум дека не на арно ама многу сме поврзани секој ден сме заедно ;(
    Јас не побарав од него да ја остави или да е со мене тој сам го увиде тоа дека таа што е со него е хистерична особа нејзе ја земал поради тоа што останала бремена од него бидејки девојката спиела со 100 души ама накрај на него му се акнала...А таа што му е зена да беше нормална немаше да оди тој по мене и да не ја примеќа...Инаку заради неа умре еден дечко а друѓиот гние во затвор таа е проколната од две фамилли и нормално е господ да и враќа вака
    само што и на мене ми се уништува животот ;( незнам како да постапам веќе
     
  8. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    352
    Ве молам за совети

    Мислев дека можам да се справам со ситуацијата, но очигледно ми треба совет! :| Како почна се (нема да должам многу во кратки црти ќе ви кажам) : Се знаевме само на видување низ град. Една вечер, летото кога отидов да се поздравам на масата на која седеа мои познаници, таму беше и ТОЈ. Нормално се поздравив со него. По два дена ме додава на фамозната социјална мрежа :lol: фб. По некое време (не знам дали беше 1 месец :?: ) ми пишува. Јас не се позамарав со него тогаш. По извесно врме пак ми пиша, за да потоа дојде до тој степен ние деноноќно интензивно да си пишуваме. И за време на тоа пишување што се случува - беше 1 часот по полноќ и ние како и по обичај се зафркаваме на чат и ми вели дека е гладен јас му велам ајде да одеме да јадеме бурек (значи јас цело време мислам дека е зафрканција). Ми вели ајде за 10 мин сум готов дај ми моб. ќе ти титнам излези ти (а си знаеме дека живееме). Јас му давам број од т-мобиле :) што ми е недостапен. И јас цело време зафрканција и фино лепо си легнувам и спијам :o Утредента ми вели фала за бомбата. :!: ТОЈ излегол, искористил да ми го „дознае“ бројот, јас му ја удрив бомбата. Е од тогаш веќе не е исто. Ретко си пишуваме. Неколку пати му велам да надокнадам за „бомбата“ а ТОЈ го менува муабетот. Помагајте женски, што да се прави сега??? :$
     
  9. secret...love

    secret...love Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ве молам за совети

    Јас дојдов во нов град да живеам и не познавав тука никој а се запознавме на работа заедно работевме
    Едно 6 месеца по мене се влечеше секаде а мојот број го имаше затоа што работиме на исто место во мала фирма...ама јас не верував дека ке излезе ова вака обично сум слободно девојче комуникативна и имам мила ѕвезда така да со него разговарвме како другари...Ама незнам ни како му дозволив да ме придобие и зашто ;( Пробав да се откачам од него многу пати ама и на работа ми правеше скандали и цел град ме разбра ;( сега и сама себе немозам веке да се познаам
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.318
    Ве молам за совети

    Сикрет, ако првото дете е ете по "грешка", како се направило второто?Или штркот го донел?Ако така ти каже веројатно ќе му поверуваш. :x
    А за девојката над мене, јас мислам да му се јавиш или овојпат ти да отидеш докај него и објасни му како што ни објасни нам, дека не си сфатила дека е сериозен, извини му се и слично.Само не мораш до крај да си искрена и да кажеш дека свесно си дала недостапен број, речи дека си немала батерија, па си дала од брат сестра смисли нешто, да не си помисли дека не си по него, па не си сакала дури ни број да му дадеш :D
    Ако се најдете, однеси му цела тепсија бурек и литар јогурт :D
     
    На peperutkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.833
    Допаѓања:
    29.860
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совети

    Прво, велиш во врска сум со дечко?!? Па тој е маж, татко, сопруг! Ама на тебе ти е дечко :o :fubar: Пишуваш сте почнале на зафрканција, баш убаво, со многу интересна работа си нашла да се зафркаваш :clap: Со нечиј брак (каков - таков небитно) и со судбината на две деца :clap:
    Незнам каков совет мислиш бараш, но најдобар совет кој јас би можела да ти го дадам е да се тргнеш од тој човек и да си најдеш ДЕЧКО каков што ти доликува, а не на 19 години со женети мажи да одиш.

    И за крај од колку години почна да работиш? Зошто пишуваш дека имаш 19, а со него си во врска година ипол, а сте се запознале зошто ти си отишла во дрг град да работиш?!? На 17 години почна да работиш? Чудно. |(
     
  12. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.341
    Ве молам за совети

    СикретЛов, мене дечково не ми изгледа како ок искрено, со скандаливе, и тој е некој неарен, со таа убаво се нашле, а ти штом си дозволила да се заплеткаш во ова не ни подобра. Деца невини има две, уште повеќе што комплицира. Јас мислам најубаво е да се тргнеш на страна, и се ке тргне нагоре. Вака зошто и тебе да те колнат? Ако ти прави било какви проблеми, 192 и готово. Галје да ти е за цел град, и за цела фирма, ова не е нивни живот туку твој. Батали ти блискости, многу е ова комплицирано, и до сега да не му било погодено ке ја оставел 100 пати. Остави што сте блиски, се остави замини некаде, зошто ке се запустиш. Јас имав една другарка, мила срце вака како што кажуваш би требало да е како тебе, со еден се заглави женет, косата ке и ја искорнев. И неа ја остави само да ти кажам уште на почеток, и рече абе ке се земеме ке ја оставам, сите дознаа се остави со жената, ја зеде да живее со него исто 10 години помала, за една недела се испокараа и ја избрка, сите со прст ја покажуваа, ништо не вреди верувај. Затоа тргни се настрана има многу машки, ке се заљубиш се ке си дојде на место. Сум кажувала и порано и сега ке ти кажам Бракот е свето нешто, таму ако чепнеш ке си добиеш по капата.
     
    На lolyta777 и julie77 им се допаѓа ова.
  13. Konfetka

    Konfetka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    32
    Ве молам за совети

    Е да бе заради тебе ќе ја остава и ќе си расипува брак. :fubar:. Замисли се малку што правиш. Еден ден сето тоа може да ти се врати како бумеранг. Еве јас имам еден предлог: нека те здоми тебе пошто не мислам дека е толку будала да си ја остави жената за некоја како тебе. И онака си девет години помала од него нека те посвои.|(
     
  14. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    80
    Ве молам за совети

    И мене не ми е јасно зошто бараш совет Сикрет :?: :?: Најдобар совет со мозам да ти дадам е иди утепај се со тој ум што го имаш ама ај да не сум ептен некултурна еве ти ги и овие:
    1.Па на 19 години не вреди да се замараш за некој ОЖЕНЕТ кога надвор врие од убави слободни дечки.
    2. Немој да ја обвинуваш жена му, ти не си таа што треба да и суди и да и врака за тоа што го направила.
    3. Ај прочитај си го неколку пати тоа горе што си го напишала за тоа што ти зборувал тој ама без да се насмееш ( јас не успеав се скинав од смеење од тие лаги). :rofl: :rofl: :rofl:
    4.Како ке ти биде тебе ако некоја девојка оди со твој маж.
    5. Ако тој тебе ти се заканува, закани му се и ти дека ако не престане ќе кажеш ( на твоите, на жена му, на полиција) дека те малтретира.
    6.Размисли каде оди врската (ако може да се нарече врска) и како ке влијае таа на твојот живот, авторитет, иднина, на образот на родителите...
     
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.833
    Допаѓања:
    29.860
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совети

    Мене целата оваа приказна ми личи на лага. Напишав и погоре, девојката пишува дека има 19 год. Со типот е во врска 1,5 година. Се запознале на работно место, кога таа отишла во друг град да работи. Значи почнала да работи на 17,5 години. Уствари можда и порано, зошто на 17,5 се запознале, па сигурно не го запознала на првиот работен ден :lol:
    Еј луѓе без работа какви приказни пишуваат :)
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    122
    Ве молам за совети

    Сикрет јас никогаш нема да ги сфатам личностите како тебе кој растураат фамилии.
    Остави каква е жена му помисли на двете малечки дечиња, зарем тие заслужуваат така да живеат, само затоа што на тебе ти текнало така.
    И да тој тебе те сака, па уште очекуваш да ја остави. :^) Ај приземи се и побарај си некој како тебе!
     
  17. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Ве молам за совети

    Остави го и најди си соодветно момче на твоите години кој ќе биде секој ден со тебе како што е сега и овој. Можеби го сакаш но со оженет човек не се оди и плус е по стар од тебе. Тргни се настрана не растурај фамилија... Замисли си тебе некој да ти го прави некој ден тоа.. И не му верувај сепак е по искусен по стар од тебе знае како да залаже девојче. Зар тој се снима дома да ти докаже дека спие во дневната и нема ништо со жена му.. Незнам и немам што повеќе да додадам...
     
  18. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    352
    Ве молам за совети

    Девојки, а мене ме запоставивте? Но, сега гледам во погрешна тема сум пишала :lol: Ова е тема што е отворена вчера од девојката, а јас оп троп тражам совет :lol: Ајде па можеби и ќе ми одговорите. :*
     
  19. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.820
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совети

    Ќе коментирам без да ги прочитам претходните постови.
    Девојко кај ти бил паметот,да излегуваш со женет човек, едно е да расипеш врска а друго е да растураш брак, ајде за жената гледам дека не ти е гајле, ама тие две малолетни деца, зошто тие заслужуваат да им се мешаш во семејството. Размисли ти си сега љубовница, швалекра народно кажано, растурачка на брак. Си ја изгубила и невиноста со неги и тајно се гледате година и пол.
    Што си мослиш, дека навистина со жена му е без односи, дека таа ќе си седи и ќе го остави маж и да спие во дневна без да го праша ништо. Ако тој тебе те сакал до сега ќе се разведел и ќе сте биле заедно
    Друго како можеш да сакаш таков човек, дали воопшто размислуваш дека и тебе може истото да те снајде, еве и да те ожени ќе ти склепа некое детенци и тебе ќе те остави. Каква иднина имаш ти со него, знаеш дека ќе треба да си издржува децата, сигурно ќе посака и да се гледа со нив, што мислиш како тие тебе ќе те прифатат. Ти си таа која им го земала таткото, а децата што ќе ги имате, сите заедно ќе одите на излет.
    Трето, имаш ли ти родители, дали воопшто знаат за ова што го правиш, како мислиш еден ден да им кажеш-тато, мамо ќе се мажам а да тој е разведен!! И прашање е дали ќе се разведе, толку ли си сигурна дека не те мафта и си го пополнува времето со тебе. Едно ќе ти камам, бегај додека можеш, еднаш швалер-засекогаш швалер. Тој нема да се смени, немој да си се залажуваш дека ти си љубовта на неговиот живот.
    Јас имам ќерка и вакво нешто да направи, ќе ја избркам од дома како партал...Сега ти си знаеш.
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    Ве молам за совети

    мачофемале

    не сум некој експерт за совети, оти секогаш и мене кога ке ми згусти во љубовта и јас барам совет и помош :lol: барем сум си искрена :$

    не секогаш треба да ја кажуваш вистината, треба понекогаш да се снајдеш да излажеш(прозирна лагичка) како на пр дека не бил твој си го позајмила од некоја колешка /другарка/соседка братучедка, или пак си снемала кредит

    мисла дека е подобро искрено да поразговараш со типчево да ти објасни па да си се разберете најдобро
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.