Видов дека нема тема за овој филм , па си викам ај да напраам бидејќи деф. заслужува. Најпрво извинете на насловот зашто ств не знам како да го преведам, се работи за некој нивен израз. Нов филм е сеа излезе , но ако го немате гледано, ви го препорачувам. Главните улоги ги толкуваат Бредли Купер кој глуми лик кој има биполарно растројство и една од моите омилени Џенифер Лоренс која исто така е во депресија по смртта на својот маж. Одлична глума, одлична приказна, а исто така и филмов е номиниран за овогодинешните оскари, како и главните глумци .. Па како ви се чини?
Silver linings playbook По долго гледање на реклами за филмов синока се одлучив да го гледам, преводот е 'ВО ДОБРО И ВО ЗЛО' така барем го преваедуваат српските портали, а и нашиве телевизии. Одамна не сум седнала да гледам онлине филм, а и одамна немало вака добра драма комедија, ме разнежни, се нешто исти тематики се вртеа во последно време. Спојлер Интересен ми е и психолошкиот карактер на филмот, прво што очигледно ако ги изанализираш добро сите во тој свет што ги имаат таму представено се со некое растројство да речам,но го потиснуваат(а не ни се свесни), овие двајца баш се искрени со целата околина, но еден дел им е загалавен поради траумата која ја доживеале, али поради наметнатнатите дефиниции за морални и неморални вредности, тие се лудите. А и двајцата имаат пост трамуален синдором, за кој се свесни до некој степен,за разлика од другите мене ми се многу понормални.. :geek: Другиот дел кој мене посебно ми беше интересен бидејки работев во казино и ги знам тие коцкарски психолошки елементи - опсесивното кумлусивно однесување(ОЦД) од кое пати татко му Роберт Де Ниро(одличен избор). Интересен дел е ривалството помегу браката, многу често може да се види денес како резултат на поделбата која ја прарават родителите, односно повеке му се посветуваат на едното дете.Баш сцена која ми се приврза за срце беше каде што му вели на брат му "Не чуствувам ништо освен љубов за тебе брате" Најмсешна блиц сцена ми е каде му вели пик ми ет севен трти, уште од рекламите многу сум се смеела, актерката е лудници, баш природно откачена е А Куперче е сон.. има невидена харизма, омилен ми е од овие од поновата генерација да речам..
Silver linings playbook http://kat.ph/silver-linings-playbook-2 ... 76812.html Само што го симнав и проверив, супер е снимката, а филмот вечер ќе го гледам
ОДЛИЧЕН ФИЛМ! Морам со големи букви за да го доловам моментот Многу ми се допадна, и приказната и глумците и се. Еден од омилените филмови ми е Го препорачувам на сите што сакаат романтични драми, со некои комични делови.
До пола го изгледав, уште пола ми остана. Јас ќе кажам дека не е толку до приказната во филмот, која не е нешто којзнае колку оригинална, колку што е до самите главни ликови и нивната глума. Бредли Купер и Џенифер Лоренс се ОДЛИЧНИ, потполно се соживуваат со ментално пореметените ликови и доста природно глумат, сосема заслужен оскар за Џенифер. Но треба до крај да го догледам за да добијам целосен впечаток, иако не е некој филм што не можеш да погодиш како ќе заврши и слично.
Еден од ретките филмови кои сум ги гледала и скоро на ништо не се сеќавам освен на глумците. Не ми се допадна филмот и брзо ми избледи сеќавањето на сторијата
Го гледав пред неколку години и искрено ич не се сеќавам на настаните. Ми текнува само дека се спремаа Бредли и Џенифер да се натпреваруваат во танцување (ако е воопшто од овој филм ова ). Памтам дека ми беше малку чуден филмов и искрено не ги разбирав баш добро ни дејствието, ни ликовите. Беше доста популарен, па ајде реков да видам што се работи. Можда сега можам да дадам уште една шанса да го гледам, па ќе сменам мислење.
За таа глума Џенифер зеде оскар, ако ти текнува на моментот носеше раскошен фустан и падна на скалите
Има филмот добра поента дека целото општество е ненормално, додека само ретки поединци поради нивната чувствителност заглавуваат со етикета, ама љубовната приказна беше преполна со досадни клишеа, што ми го одвлекуваше вниманието и едвај догледав.