Сара Дунант во овој роман толку сликовито го опишала животот во Ренесансна Италија. Во центарот на вниманието е куртизаната Фјамета Банкини и нејзиниот верен пријател и придружник, џуџето Бучино Теодолди. Тие двајцата бегаат од Рим кога бил нападнат од армијата на Светиот Римски Император во 1527 година, и одат во Венеција - царството на куртизаните. Со помош на Ла Драга, слепата жена која ја лекува, како и на нејзиниот верен придружник Бучино, тие започнуваат да ја развиваат стратегијата за да се пробијат и инфилтрираат во Венецијанското општество и да продолжат да го живеат животот како до тогаш - во сјај и раскош! Дунант напишала еден неверојатен роман испреплетен со историски настани кои го будат вашиот интерес и ја оживуваат Венеција од тој период пред вашите очи, но пред сѐ, ова е роман со една љубовна приказна. Таа вешто успеала да ги сплоти различните ликови почнувајќи од Турчинот кој бара нови и млади љубовници за својот султан, љубовникот на Фјамета, слепата девојка Ла Драга итн... Сѐ на сѐ ова е една неверојатна приказна за желбата и разочарувањето, гревот и религијата, лојалноста и пријателството и воедно нѝ дава портрет на еден од најубавите градови во светот - Венеција!!! Ја прочитав во еден здив, многу е интересна и самата книга те тера да ја дочиташ до крај, па девојки, најсрдечно ви препорачувам да ја прочитате и да споделите свои мислења