Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во животот сè се враќа, сè се плаќа

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 15 јануари 2016.

  1. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Mnogu posakuva da e taka inaku sto znam mozebi nekogas a mozebi i nikogas!.
    Primer za moja tetka koja pocina oti mazoti bese pijanica parite gi davase za kurvi i zenata od nervi si pocina :( od den i dens si seta si uziva jade pie sto saka si pravi :( hm nema nisto tuka od toa da mu se vrati.
     
  2. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    негледам шо има лошо у трудноча поготово кога владата дава субвенции за трето дете
    а како што тргнале твојте братучедки на добар пат се да станат херои на македонскиот народ и како такви да добијат соодветна улога у емисијата на драган вучич !
     
    На eloves, ku4ence, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    436
    Пол:
    Женски
    Ете нонстоп ме мава... ме кубеа за коса кога бев помала .. ама ете се се враќа се се плаќа.. Кога ќе им одам на свадба сега и на двете ќе ги потсетам.. што ми правеа
     
  4. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Јас мислам се се враќа кога тогаш но најчесто не на тој што заслужува туку патат неговите најблиски (деца,внуци) бидејќи нема поболно од тоа да го гледаш детето како пати..
     
    На Victorian и presiosaP им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.539
    Пол:
    Женски
    Дотичниве фрази од семе синапово ќе не докрајчат богами еден ден.
    Луѓе абе бидете реални, зошто живеете и упорно верувате во заблуди, ако јас сакам да си купам розеви ноочари и да си гледам и мечтаам мој замислен свет тогаш океј, сите ќе ги казнам јас еден ден, аха да, само и само во моите мисли, но реалноста е сосема друга од дотичниве изреки и поговорки без смисла. Реалноста не е фер, правда скоро никогаш.
    Во самата животна пракса се вели "бори се да успееш", "предаторот секогаш трча и го распарчува потенцијалниот плен".
    Кога куќата на комшијата гори, комшиите се крстат и благословуваат што не била нејзината на повидок до катастрофа.
    Јас да се раководев и надевав по "семе синапово" досега рози требаше да ми цутат.
    Ама ги нема ете овенале кутрите од чекање "правда".
     
    Последна измена: 17 јануари 2016
    На eloves, Lella, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    Ако некоја изрека останала генерации и генереации пред нас и после нас, веројатно колективната свест е малку барем попаметна од нас. А да не зборувам за работи на кои денешните генерации се сведоци, постои таа рамнотежа, не за џабе некој е сиромав и се мачи секој ден, не за џабе секој од нас поминува низ различни фази во животот. Ова не значи дека не треба да се бориме но, не како Макијавели, а оваа тема најверојатно е токму за тие методи, а не дека од небото ќе падне нешто, тоа начин на кој се ослободувате од лошата мисла и оставате времето и Бог да ги дотера работите (како Бог враќа човек не може ни да замисли, ни на најголемиот душаман, што би се рекло) зш никој од нас не е Бог и не гледа напред и назад и не знае што го чека, ниту знае што е апсолутна вистина. А што е ова со семе синапово не ми е јасно.
     
    На galapce и Ethrnity им се допаѓа ова.
  7. Френки Далавера

    Френки Далавера Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2015
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    323
    И јас како @Outlook се прашувам што ти е штосот со Семе синапово, па во четири различни теми мрчиш за него.

    Како и да е, не се согласувам дека е тоа бесмислена поговорка и дека луѓето ја користат да си го зголемат егото (wtf?!).
    Не дека сум 100% уверен дека се' се враќа, ама убаво е човек да се надева дека НЕКОГАШ, не секогаш, Бог ќе ги израмни сметките наместо него.
    И тоа не значи дека чекам нешто од небо да ми падне, ама ете сум оптимист и верувам во Божја правда.
    Така сум посреќен и поисполнет во животот.
    Наместо пола живот во депресии и разочарувања да ми помине, оставам на Господ да интервенира наместо мене понекогаш :lol:.
    Оти како викаат: Дај ми Боже мудрост (па нека е и од Семе синапово :lol:), оти ако ми дадеш сила ќе сокршам се' живо и диво (така нешто беше) :D
     
    На rose60 и Outlook им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.063
    Допаѓања:
    12.800
    Мислата не ја извадив ос Семе Синапово, туку онака ми текна да дискутираме на оваа тема. Јас имам роднина која цел живот на сите што имаа мака им се смееше, им се ситеше иако ништо не и згрешиле и се на што се смееше сега има, па дури и бетер. Едноставно животот ја казни за сите навреди и потценување на други луѓе. Таа е несреќна и нејзините деца се несреќни. Негативната енергија се враќа.
     
    На LUCERKA и Outlook им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Морам да кажам дека не се сложувам со ова. „Се се враќа, се се плаќа“, „Тркалото се врти“, „Што е мое ќе си дојде“, „Karma is a bitch“, „Господ гледа“ и тако даље, све се тоа само варијации на истата тема.

    А темата е неправдата која (несомнено) владее на светов и механизмите за справување со истата кои луѓето си ги измислиле, за да се натераат да станат секое сабајле од кревет.

    Ова е само начин на кој луѓето се справуваат со неправдите кои им се случуваат во животот и за кои се немоќни да направат нешто. И не само тоа – кармата, Божјата казна или што и да е, се и начин присилно да натераме некој да биде добар или во најмала рака да не прави лоши работи, поради страв од последиците на своите недела.

    Но, според мене вистината е малку поедноставна и многу посурова – едноставно, често пати во животот, на добри луѓе им се случуваат лоши работи – и обратно. За многумина ништо нити се враќа нити се плаќа, а тркалото останува несвртено. И во повеќето случаи, речиси никој не го добива она што го „заслужува“, сеедно дали е тоа добро или лошо. И тоа е тоа. Нема правила.

    Сепак, сосема ми е јасно зошто повеќето луѓе веруваат во овие изреки. Затоа што сакаат тие да се вистина, затоа што доколку би се соочиле со суровата реалност и со неправдите на светов, животот за нив би бил неподнослив.

    Но, многумина како доказ во прилог на тезата „се се враќа, се се плаќа“ даваат примери од своето секојдневие. „Еве, овој се однесуваше вака или онака, а сега го снајде тоа-и-тоа, што значи, правда на светов постои и секој го добива она што го заслужува“. Според мене, не е баш така.

    Она што на многумина им личи на карма или космичка правда, за мене е едноставно причина и последица. На што мислам поточно?

    Ако некој е, условно речено, лош човек, да речеме лопов (или по современава терминологија, бизнисмен или тајкун) и детето му почине релативно младо, како резултат на употреба на дрога, многумина ќе речат – „Детето платило за гревовите на родителот“ или „Го стигна казната, му се врати на најмилото“. Хм, можно е. Но, постои и друга, многу пореална и поверојатна можност.

    Е, вака сега.

    Ако нашиов тајкун до своето богатство дошол незаконски, со матни зделки или едноставно со крадење, или па зарабтува бескрупулозно, на сметката на своите вработени, на кои им дава минимални плати, ги тера да работат прекувремено и да потпишат дека се откажуваат од К-15, шансите таквиот човек да отсуствува поголем дел од денот од семејниот дом се големи (пошто нели, кафански бизнис-зделки, подмитувања, частења, партиски состаноци итн.).

    Ваквиот човек не е добар родител – не е воопшто ни присутен во животот на своето дете. Во ваква ситуација, големи се шансите и сопругата да не е многу поарна – или е во истиот бизнис-свет, или неуморно работи на трошење на парите кои маж и ги украл (заработил, де) – со прошетки, патувања, шопинг, итн.

    Детево е препуштено само на себе – со попустливи баба и дедо или жена за чување, а родителите недостатокот на внимание и љубов му го надокнадуваат со пари и подароци.

    Ваквото, емоционално дисфункционално дете станува уште подисфункционален тинејџер. Има многу пари, но недоволно љубов и внимание. Парите ги користи за „купување“ на другари – а какви другари може да се најдат со пари? – секако не добри и вистински. Запаѓа во лошо друштво, и конечно во дрогата наоѓа некаков спас и бегство од реалноста, во која има се, освен она што најмногу му треба, а тоа е вистинска љубов и внимание.

    Сето ова води кон неминовната разврска на оваа семејна приказна – а тоа е смртта на детето на бизнисменот од предозирање. Или фатална сообраќајка со бесната кола на татко му. Или што и да е.

    Од мојов банален пример лесно е да се заклучи како на некој кој ја гледа ситуацијава од страна – на пример, на вработен кај „газдава“ кој не примил плата 3 месеци, сето ова може да му изгледа како карма, Божја казна, космичко тркало или плаќање за гревовите.

    Но, тука се работи за најобична причинско-последична релација. Секоја одлука што ја носиме во животот носи и свои последици – некои се очигледи и настапуваат веднаш, некои не можеме ни да ги замислиме и се појавуваат многу подоцна во животот, кога нема ни да текне дека се резутат на некоја наша одлука или избор.

    Секако, постојат и работи кои ни се случуваат, а се надвор од наша контрола. Но, за повеќето работи кои го снаоѓаат човека во текот на животот (добри или лоши, сеедно е) сме одговорни ние самите, и никој друг.

    Токму и поради тоа не секогаш луѓето го добиваат она што го заслужуваат – затоа што не е у прашање некоја уневерзална, вселенска правда која по секоја цена мора да биде задоволена, за да се воспостави рамнотежа во универзумот, туку едноставно – одлука и последица на истата. И ништо повеќе од тоа.

    Претпоставувам дека нема ништо лошо и во тоа да се верува дека позади ова што се обидов да го објаснам стои некоја „виша сила“, карма, Бог или нешто друго – ако така ви е полесно или поубаво за верување.

    Но, ако веруваме во апсолутизмот и неприкосновеноста на изреката „Се се враќа, се се плаќа“, односно дека важи секогаш, за сите и без исклучок, постои можноста да бидеме разочарани во животот и нашите верувања, бидејќи, како што сите знаеме – правдата многу пати останува незадоволена.
     
    На eloves, tirkenbal, Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez аналитички пристап имаш и држи место и тоа многу, да разговаравме на темава пред повеќе од 10 години 100% ќе се сложев, но од оваа дистанца не можам. Дека кармата и сите овие поговорки звучат заканувачки, точно ама кој толку би се исплашил камо да се плашевеме сите ако е тоа лекот. Мене сево ова не ми е утеха, некое школо на некој начин од туѓа кожа што би се рекло. Што вика Витамина, трча предаторот и го фаќа пленот, ете, така се трчаше пред 10год. не се мислеше на ништо и на никого. Затворив се' од тој вид во моја околина и пуштив, како Господ никој не е. За овие 10год. застанав на нозе и ред др работи и никогаш не помислив предаторот што го фатли пленот (не се однесува на пари) дека така ќе заврши тоа, и не ми е мило, џабе ми е мене тоа во животов ништо не ми менува и такво нешто никому не посакувам, не ми го враќа времето назад ниту поправа нешто ама не е лошо да се има ум што се прави, ЦЕЛТА НЕ ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА.
     
    На Tanjamm и daylight им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Искрено да ви кажам, зависи од кој поглед на нештата е реченицава.
    Така да, јас верувам во тоа.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Добро би било да е така,ама не е!Колку лошотии си го тераат животот како им чини,па ништо не им се враќа,а колку добри луѓе пак, од патење глава неможат да кренат.
     
    На Glasna и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    Зборот ми е дека на лошотиите ниш не им с еслучува туку на некои невини од нивната фамилија имам доста примери така да јас верувам...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Се согласувам со поговорката. Сè се враќа, сè се плаќа... порано или подоцна. Секој плаќа исклучиво за своите грешки - освен ако правовремено не ги препознал и не ги поправил додека сè уште не пристигнала „сметката„ за плаќање.

    Но за да се разбере докрај оваа поговорка, мора да се постават и одговорат некои други прашања, а кои произлегуваат од зборовите кои оваа поговорка ги содржи, имено:

    - Што е тоа животот?
    - Почнува ли тој со раѓањето и завршува ли со смртта?
    - Што подразбираме под поимот луѓе?
    - Што ако телата на луѓето се само обвивки, вид облеки т.е. возила на нематеријалната душа?
    - Живееме ли само еднаш?


    Без да се вклучи знаењето за реинкарнацијата (можноста за повторно отелотворување на човечките души) и други духовно-космички меѓузависности, кога ќе се погледне во секојдневието на луѓето оваа поговорка звучи бесмислено или само делумно точно, бидејќи секојдневно слушаме сведоштва за оние лошите кои се извлекле среќно - но тоа е само привид кој произлегува од нашето непознавање на духовните законитисти и како тие функционираат.

    За ова имаме разглабано во темите Реинкарнација (во подфорумот Другата Наука) и темата Карма.
    па можеби темава треба да се спои со таа за кармата бидејќи по смисла и поговорката и зборот означуваат едно те исто.
    Во народот уште се вели и „Што си дробел, тоа ќе сркаш„. На христијаните оваа изрека им е позната како Исусовата изјава од евангелијата: „Што човек сее, тоа и ќе жнее!„. Во хиндузимот и будизмот го нарекуваат ова карма, а физиката зборува за тоа дека на секоја акција и следи соодветна реакција бидејќи ниту една енергија не се губи.
     
    На theowndemon, Dreams11, Bridget и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. mila1111

    mila1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Се се враќа, се се плаќа !!!

    Еден ден магарето на селанецот паднало во бунар. Сирото, со часови жално викало додека селанецот се мислел што да направи. Конечно се одлучил.
    Бидејќи животното било старо, а бунарот и онака требало да се покрие, не било вредно да се труди да го спаси магарето.

    [​IMG]

    Ги повикал сите соседи да му помогнат. Сите ги зеле лопатите и почнале да фрлаат земја во бунарот. На почетокот магарето сфатило што се случило и почнало очајнички да плаче. Но, по некое време, на чудо на сите се смирило.
    После некое време селанецот погледнал во бунарот и се вчудоневидел што гледа. Со секоја лопата земја која го погодила неговиот грб, магарето се искачувало нагоре. Го тресело грбот и се качувало по една скала нагоре.
    Наскоро сите воодушевено го гледале магарето кое зачекорило на врвот на бунарот и среќно излегло.

    Животот на тебе ќе истресе ѓубре и разни видови нечистотии. Трикот се состои во тоа да се истресеш и да поминеш преку тоа, да се искачиш една скала нагоре.

    Никогаш не се откажувајте.

    Запомнете ги овие 5 едноставни правила за среќа:

    1. Ослободи го срцето од омразата – Прости.

    2. Ослободи го умот од грижи – повеќето никогаш не се остваруваат

    3. Живеј едноставно и цени го она што го имаш

    4. Давај повеќе

    5. Очекувај помалку

    И... крајот на приказната. Магарето подоцна се вратило и го гризнало селанецот. Раната се инфицирала и со тек на време селанецот умрел од труење. Го закопале во бунарот.

    Наравоучение: Кога ќе направиш нешто лошо и се обидеш да си го сочуваш задникот, тоа ќе се врати и ќе те гризне.

    Јас верувам во карма, се се враќа, се се плаќа во животот !!! Некогаш порано, некогаш подоцна но нема да те заборави :) Понекогаш така ќе те удри од земја што не ќе знаеш накај да тераш. Лично знам, многу случки и приказни, каде се покажало и докажало дека навистина се се враќа, се се плаќа, кармата е кучка :D Затоа, правете добрина, имајте убави и чисти мисли не му посакувајте на никого лошо да не стигне лошото до вас, не ги потценувајте луѓето и не ги исмејувајте, ако можете некому подадете му рака за и вас кога ќе ви биде најпотребно некој да ве фати за рака и помогне да станете на нозе, животот е круг и не бидете себични не барајте возврат за добрината што сте ја направиле, направете го тоа од срце и душа. Имам многу примери што знам, еве ќе кажам два, Марија беше слаба девојка и постојано ја исмејуваше Дијана дека е дебела и грда, Дијана не беше дебела ни грда но не беше ни слаба како Марија по неколку години Дијана ослабе а Марија толку многу се здебели што повеќе не личеше на човек :) Втор пример, Најдобрата другарка и го презема дечкото на другарка и, на девојката и се сруши цел свет, човекот кој најмногу го сакаше отиде во прегратките на нејзината другарка, плачеше, тагуваше, изгуби во исто време две личности кои премногу ги сакаше и им веруваше, премногу разочарана, со тек на време запознава нова другарка, ново друштво, и ново момче кое премногу ја сака, цени и чува имаат прекрасна врска, а девојкава што и го презема дечкото фати по некое време нов дечко идеше со типот две години, се заљуби до уши, и на крај истото и се врати, и го презема нејзина другарка дечкото, и се врати со иста мера, сега најдобро си знае како е и колку боли кога најдобрата другарка ќе те изневери, нема бегање, поминаа две години али и се врати, затоа не правете лошо никому како викаат не го прави она што несакаш тебе да ти го прават, зашто кога најубаво ќе ви биде и кога нема да очекувате ќе ви се врати, затоа пазете што правите и што посакувате за да не ги плаќате грешките од минатото во вашата иднината :)
     
    На galapce, mami blue, Outlook и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Proved!

    Со други зборови КАРМА..
    Има карма, наједноставно кажано тоа е енергија, и квантната физика дури успеа да ја објасни како функционира. Чувствата и мислите имаат фреквенција и вибрации, она што го предизвикуваш кај другите било да е болка, тага или среќа се одбива и враќа како бумеранг.
     
    На Tanjamm, Outlook и Perdedorita им се допаѓа ова.
  17. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски

    Така мислиш затоа што сите прво ги
    забележуваат туѓите грешки а ги забораваат сопствените постапки и дали тие згрешиле некому.
     
    Последна измена: 19 јануари 2016
  18. jupiter1

    jupiter1 Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Не верувам има многу случки за кои сум слушнала и ништо лошо не им се вратило на тие што се лоши и злобни луге туку напротив изгледа дека баш уживаат во животот а на тие што им упропастија животот да речам и тоа за ништо за нив остануваат нервозите. Кога правис добро и ке ти биде добро но не заради тоа што ти се вратило туку заради тоа што си добар а доброто ти помага да се чуствуваш поубаво и срекно.
    Се да се вракаше лошите одамна ке ги немаше, а реално се повеке се лоши.но незнам барем така мислам, но нема вистина во таа поговорка или што и да е.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    @Bender Rodriguez секогаш се сложувам со твоите мислења, ќе се сложам и овој пат. Вистина е дека некои луѓе си ја добиваат "казната подоцна во животот", но тоа е само чиста случајност или како што беше кажано, причина и последица. Нема правила дека тој што направил злодела треба да се плаши подоцна дека ќе плати или од Божја казна. Некој цел живот ќе се занимава со криминал, шверц и кога ќе се свести, се плаши дека ќе плати. Но кој може да му наплати? Господ? Судбината? Треба единствено да дојде некој да го убие на пример, или судија да му одреди затвор, што е резултат на совеста на луѓето, а не игра и правило на судбината дека тој како криминалец ќе си го добие еден ден.
    Сакам да кажам, не може да се одреди колкави се шансите некој што бил лош дали ќе му се врати или не, и да му се врати или не, затоа што плаќањето на грешките не е строго правило. Има една причина, има и една последица на тоа. И не може на тој човек да му наплати "животот" или "судбината". Просто речено, ако си наплати, самиот ќе си наплати, кога веќе тој човек си го крои својот живот.
    Се што се случува е чиста случајност, без ред и правила.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Od zhivotnoto iskustvo, nemam nekoj primer da posocham taka da... ne znam, povekje mi odi nakaj ne. Ili se vrakja ponekogash i po neshto. Mojot koncept mozhebi nema vrska so realnosta, ama e sleden. Veruvam vo neshto, karma narechete go ako sakate, samo shto ne smetam deka e mnogu samosvesna sila, dejstvuva povremeno. I mislam deka chovek so silna volja i energija mozhe da ja odbie od sebe.
     
    Последна измена: 19 јануари 2016