Mnogu povrsno razmisluvanje, nekoj ako pravi kriminal ili bilo kakvi drugi zl9dela koi ne se kazneti i ako ima pari mislis deka ja postignal celta u zivotot? Ne e se vo parite, prasaj go kako se cuvstvuva? Emocijata se vrakja. Dzabe pari da ima i lazen osmeh koga u sebe gine u sopstvenata bolka. Sve se vrakja samo ponekogas ne e tolku ocigledno.
Ohoo imam mn primeri za ovaa pogovorka ili kako da ja narecam,no nema mn da razlagam samo ke kazam: GOSPOD BAVA AMA NE ZABORAVA pozz
Јас нигде не спомнав дали тој е среќен или не, туку дека само подоцна ќе се плаши од казна. А додека е криминалец сигурно не го тера некој со сила да биде таков. Како прво и прво не ни можам да кажам дали е среќен, затоа што таквите луѓе сосема поинаку гледаат на работите, со поинаква перцепција, некои и немаат чувства. И не, не би го прашала како се чувствува, затоа што не ме интересира, за најголем дел воопшто не сакам да имам жал, зошто сами одлучиле да одат по тој пат. А ако веќе му е толку тешко и му проработела совеста, нека се предаде место да се мачи.
Во животот доброто со добро се враќа,лошото со лошо.Во овој свет лошото е понапредно од доброто.Сите живееме да се повредуваме,да си љубомориме едни на други,а мислам дека во помал процент постојат оние навистина добри,кои сакаат да помагаат,кои сакаат другите да бидат среќни(дури и тие да не се среќни).Сепак,јас мислам дека во животот се се плаќа,иако е неосетно.Господ бава,но не заборава..
Аутлук, разбрав дека не се сложуваш со моево мислење, но не сфатив со што точно не се сложуваш и зошто. Јас не реков дека оваа поговорка или идејата за кармата се толку страшни, за да ги спречат луѓето да постапуваат лошо. Сепак, постојат многумина чиј единствен мотив да не прават лошо е стравот од некакви последици, космички или овоземски. А уште поголем е бројот на оние кои прават добрини, само затоа што очекуваат дека ќе добијат нешто за возврат – што самото по себе е парадоксално. Мојата поента не беше дека нема последици за лошите постапки, па сега сите треба да бидеме бескрупулозни и да газиме врз другите. Едноставно, мојата констатација беше дека не е правило дека оние кои прават добро се секогаш наградени и обратно – оние кои прават лошо – секогаш казнети. Дополнителен проблем тука е тоа што концептите за „добро“ и „лошо“ се прилично апстрактни поими, кои за различни луѓе имаат различни значења – ова е уште еден аргумент против некаква универзална правда или рамнотежа. Јас можам да сметам дека сум направил некаква добрина и згора на тоа, уште да очекувам некаква награда за тоа (од универзумот или Бог, сеедно), додека некој друг за истата работа може да смета дека сум постапил лошо, па дека дури и ме следува казна за тоа. Ако концептите за „добро“ и „лошо“ не се универзални (а не се), тогаш не може да постои ни универзална награда и казна за истите. За мене, површно, дури и детски наивно би рекол, е размислувањето „Се се враќа, се се плаќа“. Да беше ова вистина, на светов ќе владееше правдина, хармонија и рамноправност. А дали всушност е така? И има ли воопшто некој кој ќе се сложи со ова? Пред некој ден прочитав дека богатството кое го има едниот процент на најбогатите луѓе на светов е поголемо од сите пари кои ги имаат останатите 99% од луѓето на земјава. Зошто не се сврти тоа проклето тркало така, за да сите луѓе на светов имаат подеднакво пари и конечно да нема сиромаштија? Но, ајде да го оставиме материјалното на страна. Колку деца во Африка се раѓаат со сида, која ја добиле од своите заразени мајки, а потоа трпат за храна и вода, за да по некоја година, на крај, умрат од глад. Каде е правдата за овие деца? Какви гревови или недела направило ова дете, за да животот или кармата му „вратат“ на овој начин? Што е со новороденчето родено во Сирија, кое само недела дена по раѓањето, го збришала експлозија од бомба – резултат од нашата храбра војна против теророт. Со што ова дете го заслужило ова? Вакви примери има дури и премногу. Секако, карма-ентузијастите тука можат да потегнат аргументи дека овие навидум невини афрички деца плаќаат за гревовите на своите претци, или пак дека сириското бебе во претходниот живот било сериски убиец и силувач, па сега треба да умре 9 пати, за да се искупи за гревовите. Или па, дека Господ „си ги земал“, како и дека ќе бидат наградени и ќе добијат правда на оној свет. Но, со вакви „аргументи“ не сакам ни да се занимавам. Мене ова повторно ми личи на нешто што човек си го кажува за да се утеши, односно на тапшање на сопственото рамо. Дали некој човек кој има пари „у себе гине од сопствената болка“ или е среќен и задоволен од животот, ние од страна можеме само да нагаѓаме. Се сложувам дека во најголем број на случаи оние кои трчаат по материјалното, го запоставуваат емоционалниот аспект, па се од таа страна нереализирани и незадоволни. Но, повторно, причината за тоа според мене е причинско-последична, а не некое универзално правило или виша сила. Со форсирање на еден аспект од животот, ги запоставуваме останатите – нема тука никаква посебна филозофија или мистерија. Се сложувам дека за секоја акција постои и реакција – ова нешто е природен закон и важи за се во вселената. Ако некој е полн со омраза, завист, пакост и садистички се однесува кон своите подредени на работа, а можеби и со домашните и семејството, и ова претставува акција, можната реакција е дека никој нема да го сака и ваквиот човек ќе биде лишен од љубов во животот. Или па, дека ќе умре од некоја болест, која му е предизвикана од вечните негативни емоции и стрес кој му го претрпува организмот. Но, ако го удри кола на пешачки, ова не е реакција, т.е. казна, правда или карма – ова е само случајност и ништо повеќе.
Речиси со се' се сложувам дури и ова А уште поголем е бројот на оние кои прават добрини, само затоа што очекуваат дека ќе добијат нешто за возврат – што самото по себе е парадоксално. Мислата ми беше дека не е само причинско-последичен однос има и некоја ВИША СИЛА, не би да пишувам повеќе затоа некако ми е премногу лично. Тоа е единстевното со кое не се сложувам во целост. Инаку пишав да беше претходно 100% ќе ни се преклопуваа мислењата на темава. Ќе редактирам да се досикажам, правењето добро на еден човек не мора да значи дека тој човек ќе возврати (оние со поголема душа возвраќаат) може да возврати некој сосема трет. Не е поговоркава само за лошите теми, постојат и многу сведоштва за добри нешта кои се возвраќаат порано или подоцна.
Не би можеле да знаеме дали се се враќа, ете конкретно на некоја личност или да бидам поспецифична на бивши дечко или девојка, зошто нема да сме со него. Не верувам дека ако ти раскинал со лошо дека таа новата негова ќе му раскине него на ист начин. Човек најдобро е да се помири понекогаш со тоа што го снајде, даси го тренира мозокот да вели простено му е, простено му е иако не му дава душата, ама само така мир и спокој ќе си има и нема да мисли на минатото
Ne velam deka ne e taka kako sto tvrdis ama kolku sto e relevantno moeto tolku e i tvoeto objasnuvanje. Zasega ova prasanje e ostaveno na pretpostavki i filozofii, bez naucni dokazi ili bilo kakvi fakti koi kje go dokazat sprorivnoto.
Mislam deka da.Za nekoi raboti sum se uverila,no iskreno ne sum im posakala loso kolku I da me povredile.Neka im prosti Bog.
Порано или подоцна,да.Мислам дека сè се враќа и верувам дека постои карма.Само не сум од тој тип на луѓе да стојам простум и со скрстени раце ако некој ме повредил,а треба да вратам, па да оставам на кармата.Меѓутоа да, мислам дека сè се враќа и еден ден сите ќе го добиеме она што го заслужуваме
Кога станува збор за кармата, во старт е погрешно ако се зборува како за концепт на награди и казни. Целта не е некој да биде казнет од некого или нешто, туку тоа е - како впрочем и ти самиот кажа, едноставно дејствување на причините и последиците. Но дали ние ја познаваме душата на тоа дете во најситни детали за да можеме со сигурност да кажеме дека тоа е вака или онака? Кармата или законот на причина и последица се мошне сложени како што и човекот со својата душа е мошне сложен во своето чувствување, мислење, говорење и постапување - сите тие компоненти се енергии а ниту една енергија не се губи. Во предвид треба да се земат многу други меѓузависни законитости. Оттаму неблагодарно е да се влегува во поединечни случаеви. Тоа го може само секој самата/самиот за себе, за својот живот, доколку почне да работи врз себе. Во врска измислениот пример со тајкунот што го наведе би можело да биде во прашање следната можност: Душата на синот во некоја од претходните инкарнации богатејќи се и живеејќи лагодно а не внимавајќи како им е на другите на пр. лакташејќи и газејќи преку други (значи создавајќи одредени негативни причини), изградила врзаност за материјалното. По смртта таа изградена врзаност и тие негативни енергии душата не сакала да ги разгради, и желбата да се одржи непроменета состојба (понатака да се живее како богат) ја сили кон натамошно ново отелотворување во материјата. Поради духовниот закон сличностите се привлекуваат таквата душа ги забележува зрачењето на гените од оние парови кои имаат иста или слична вибрација а зачнуваат дете, кој слично како и душата се богати не водејќи сметка како им е на другите. Душата се инкарнира, станува син на богаташ - повторно има лагоден живот, но воедно потпаѓа т.е. страда поради „баш ми е гајле!„ односот на таткото - токму онаков или сличен однос како и тој самиот што некогаш изградил. Значи тој не е казнет од некого, туку тој, во крајна линија, самиот се вовлекол во такви околности. Доколку сега при тоа синот си рече „Ова боли. Ова не е во ред. Јас не сакам да бидам како мојот татко, мене не ми е сеедно како им е на другите.„ и при тоа тој позитивен став го спроведе во дело, тогаш се неутрализираат негативните енергии поставени во минатиот живот и без тој да знае за деталите што и како било некогаш. Тој додуша сè уште ќе го има истиот татко (другите не можеме да ги смениме, туку само себе си) но призмата низ која ќе ги гледа работите ќе доведе до серија на „случајности„ кои ќе направат тој да се чувствува подобро и на тој начин одбегне многу судбински удари кои би претстоеле доколку останал да се движи по старата негативна линија (на пр. задоволувајќи се со површности од типот еднаш се живее, животот не бил праведен па зоштоо би бил јас и сл.).
Koga togas se se vraka,mnogu luge pravat loso,mozebi ne ja dobivaat vednas kaznata,ama sepak na krajot kaznata i pravdata gi stignuva...se se plaka vo zivotot,dobroto se vraka so dobro,losoto so loso!!
@Bender Rodriguez се согласувам потполно со сѐ што си напишал, и морам да искоментирам - алал да ти е за недостатокот на мрза за аргументирани реферати дури и на ваква семе синапово стајл тема.
Имам примери дека во животот се се враќа, се се плаќа. Една комшика знаеше да каже какви се сите млади комшики. Кажуваше кој со кого се плетка. И каква казна доби? Ќерка и се сплетка со втор братучед и побегна со него. Женава и маж и пропаднаа во земја од срам. Одеа со наведнати глави. Оттогаш на женава не и текна да трачари. Инаку, комшиките ги правеше ороспии. Ќерка и се врати после некое време.