Ние во кафуле ја носиме скоро секогаш. Сега како што се летни бавчи надвор, ама толку трча и не се врти назад, мора да ја пазиш цело време. Не трча во кругот каде што седиш па за да ја гледаш, туку тргне да оди во еден правец и назад нема И затоа си пиеме кафе сам по сам, на смени. Во ресторант еднаш ја одведов и никогаш повеќе ( освен ако нема лулашки за деца ). Цело време трчаше, на улица излегуваше. Во место седнување никако. И си отидовме Со деца такви се излегувањата
Одиме и во ресторани, кафани и кафулиња. Често си седиме јас и тој на кафе навикнат е веќе оти од 9/10 месеци низ кафулиња сме си биле редовно друштво дури има и осет за да плесне келнерка по гз.
Штом не си горд зошто не му укажете на грешката и не го одвикнете од плескањето келнерки по газ? Во ред дете ти е, ама не е виновно тоа туку вие. Крајно непристојно и некултурно нешто. Без зборови сум.
Од кога се родени што се вели се надвор.. Не правел проблем големиов, дури ме прашува дали може да стане, да игра со други деца пример..сам го оставам дс порача кога ќе дојде келнер.. Тоа му изгледа како да е и тој голем За да не му е досадно и сами гледаме повеќе да сме во локали каде има соодветна забава и за него. Ретки се такви места во мојов град, посебно во зимо когс се затворени летните бавчи . Бебево до сега е мирно, ќе видеме понатаму Нормално ако плаче и не можсм да го смирам ќе го напуштиме местото.. Не се другите казнети да бидат вознемирувани додека си се на кафе или ручек /вечера
Почнавме да одиме. Саат и пол-два може да се седи и малото да биде мирно. Тамам ручек да се истера. Штом почне да 'дрнда' ,веднаш стануваме и заминуваме. Не е нужна игротека веќе.
Никаков помин со децава по кафани. да се покајаш шо си излегол. Арно пиша една феминка претходно...со деца само за дома.... А ми излегува, не дека не, така фамилијарно да си седнеме на ручече или вечера. Ваљда ко ќе бидат 8 одделение и ко нема да сакат да не дружат