Ме интересира во кое време би сакале да живеете ако сте можеле да бирате или ќе си останевте во нашиот прекрасен 21 век. -- Јас сакам во 1987 да се родам!
a sto mislis deka ke bilo porazlicno ako si se rodila 5 godini porano? bas me zainteresira ih...ja bi sakala da ziveam vo vremeto na TITO !! imale rabota i pari siteeeeeeeeee
Во времето на Марија Антоанета. Нормално, како благородничка, не како слугинка де. 18-от век , делот кој се фокусира на уметност, архитектура, мода, музика и скандал Сметам дека е многу возбудлив период, преубаво. А... ако народот нема леб... ќе им дадеме колачи
Јас да се надоврзам на претходниот пост,бидејки слично мислење имам,па би сакала да живеам во 15 век,во времето на една уметност во која живееле,твореле големи уметници,па и поради општествените прилики во тоа време,иако тогаш повеќе го користеле умот отколку сега,во денешно време во кое се ни е на дофат,се ни овозможено,ама за жал ретко го употребуваме мозокот како што треба.Мислам до каде е дојден светов сега,само е далеку од совршенство,далеку во правилното остварување на своите цели.Така,тогаш би живеела,инаку интересна тема и претпоставувам дека скоро секој човек размислувал на оваа тема
Отсекогаш сметав дека сум родена во погрешно време (без претерувања) 60-ите.... или подобро 80-ите. Ете тоа е вистинското време за мене. Не сум за далечни релации.
во време кога твоите ќе ти одределе за кого ќе се мажиш(а ти бирале добар ) и завршена работа.а не тука живци треба сега да искинеш пред да се скрасиш
хаха па сакам да сум се родела во 2086 коа се ке биде понапредно коа ке можат други да учат место мене хахахахха
би сакала да се родам во времето на александар македонски во античка македонија, да ја осетам храброста, јачината и убавината на тоа време, старите античи градби, палатите.
Секако дека би било различно. ** Иначе порано сакав да живеам во 15 век, ама по гнасен и не хигиенски период немало. Нормално така не било во палатите, дворците, замоците
да ама ако си еден од хетајрите на александар инаку другите живееле сиромашно по работеле по ниви исто важи и за атина не било се мермер како што се мисли
17 - 18 век во Англија да носам долг фустан и да потекнувам од благородно семејство... и да ме побара принцот за жена
ок може али мислев да се осети храброста јачината борбата па може и не било сјајно али некако ме воодушевува антиката, не сум за оние лигави времиња
Во Dark Age некаде околу 9 или 10 век, во времето на витезите! Нормално да си имам еден витез за мене! тогаш се умирало за чест, за љубов.....не сега ни се шетаат копуци, наоколу и ти викаат Ам...нема работа!.......