У времето на хипи покретот. Ќе пуштам пак коса,ќе турам ленонки,некоја цветна марама на тиква,све ми боје лепо стоје,ќе распалам џгаре,ќе пеам Кумбаја и ќе се оргијам со ќелави женски со виснати сифони што паѓаат у транс!
Во времето кога го имало онај пин уп изглед. Кога носеле црвени кармини и се шминкале само со креон и маскара хахах исто така сакам да живеам во иднината значи по 300 години да видам како ќе е
Хмм, доцни 70ти и рани 80ти. Од пуста желба за тоа време, Брилијантин едно 3000 пати го имам изгледано и секогаш си воздивнувам. Кои шмекери биле момците, алал да им е! Исто така, не би било лошо да поживеам во она време што многу од вас го посакувате како што читам - 17ти, 18ти век. Балови, дворци, раскоши, недозволени љубови, прикриени страсти, внатрешна бунтовност..
Во 19 век... Оттсекогаш сум мислела дека сум родена во погрешно време и сметам дека не сум за ова време бидејќи не подесувам неправда... Сакам да живеам во времето на Оливер Твист (но не како него ) Да бидам дама на некој господин кој има кочија
Баш размислував во кое време сакав да живеам, но сфатив дека сакам да живеам токму денес. Со мажи од минатото, 18-19 век. Мислам дека тогаш мажите повеќе ги почитувале жените, биле поголеми љубовници и џентлмени... па да си ги донесеме нив од тогаш! (Шала)
Јас сакам да сум живеела во првобитното општество, кога немало политика, класи, разлики меѓу луѓето. Го сакам периодот на матријархатот, кога жената има голема вредност.
Не знам! Во некое многу поназад каде во мода биле разбушавени коси со налик на шеќерна волна, јас гарант најмодерна ќе бев, барем не ќе мачев маки како сега дури го средам ова косиште
Би сакала да живеам во 70,80 ,90те. Тогаш кога сите се дружеле. Тогаш кога немало компјутери. Тогаш кога скоро сите имале бушави коси Тогаш кога немало мн лицемерство,љубомора,користољубиви луѓе. Тогаш кога жените ги раѓале децата во штали. И тогаш кога имало мн мн ама баш мн повеќе љубов и разбирање од сега!!
Би сакала да живеам во времето на познатите воини како што се Хектор, Ахил, Парис.... иако е време на војни, имам огромна желба да го доживеам тоа време
Дефинитивно дека би сакала да живеам многу години поназад,кога жените носеле од тие широките фустани (преубави ми се),кога сеуште се возеле со кочии, и кога мажите дефинитивно биле поголеми џентлмени
Во 70', 80' и 90 - најмногу поради музиката, ама и поради многу други нешта, тогаш имало подобар живот. А и во времето кога имало балови и грофици и сл. х)