Во времето на барок, рококо, ренеснасните стилови во историјата на уметноста. Жените биле дами во долги и големи фустани, а мажите кавалери. Имале и прекрасни балови под маски, кои за жал денес ги нема. И јаделе колачиња ко во филмот за Марија Антонаета. Едноставно...Убавини...
Во 18 век, кога луѓето се возеле со кочии, кога жените носеле долги и големи фустани, кога мажите биле големи џентлмени, времето кога се одржувале баловите под маски. Би сакала да прошетам низ палатите, во долгите фустани..барем за момент.. Спојлер
Кога немало компјутери и не било се до фејсбук. Сега сите се опседнати со апарати, телефони и скапи работи. Ако не си богат не те ни приметуваат, не си ништо битно. Тешко е да најдеш сега вистински пријател искрено..
Темата баш како за мене. Би сакала да живеам во антиката, среден век(само да видам колку глупости и тешкотии си правеле луѓето) и барокот(го обожавам стилот на творење градби уметност итн..) и ренесансата
Средношколка кога бев. Ме фаќа носталгија за глупостите, за училниците, за професорите... за бегање од часови или „ослободување“, јадење од Фурна, кафето во Фибо, или обавезното одење чаршија после часови.
Би сакала да живеам во 16век,во 60тите,во времето кога Клеопатра била фараонка хаха би сакала да ја видам како изгледала, во времето кога бил жив Александар истотака да видам како изгледал хаха....во времето кога мајка ми и татко ми биле тинејџери за да видам како било кога се излегува некаде и општо нивното секојдневие,би сакала да живеам во времето кога баба ми била малечка...