Vo 1920! Го обожавам овој период. Гламур, лукзус, забави Или периодот на XVIII век, ала Мари Антоанет стил, ама да бидам дел од аристократите , оти тешко на другите
Во времето на Султаните во Османлиската империја, да бев некоја моќна султанка Или во барокот кога се носеле раскошни фустани, па да бев ќерка на некој гроф и да имав некоја забранета љубов за која ќе се пишувале романи.. Ех фантазии
Во денешницава. Научен напредок, подобрено здравство, релативно малку војни... не е се` толку страшно.
Инаκу тии, свесна ли си што збоρуваш? Знаеш ли деκа во светов во моментов вρие од војни? Знаеш ли деκа во моментов илјадници луѓе се пρашуваат дали ќе останат живи и се κρијат по сκρивници, гладуваат? Или во Маκедонија е сега миρна ситуација па κој го боли за останатите дρжави во светот. Сега е поопасно во денешницава бидејκи повеќе се водат студени војни со заκани и пρитисоци, или за тебе војна пρетставува бомбандиρање со нуκлеаρκи или оние битκите на оκупатоρите со κопја што си ги читала во κнигите по истоρија. Абе девојκо не си ни свесна што се дешава по светот!
Не, јас немам телевизор дома, па затоа не сум баш информирана. Зборот ми беше дека во повеќе подрачја и нема многу немири. Никогаш нема да се воспостави целосен мир, зашто секогаш има некој со спротивни мислења. Сметам дека војните на Блискиот Исток се со големи надворешни влијанија и несредени односи, но тоа и не е во темава. Сепак, колку болести се намалени, па и искоренети, хигиената е подобрена - иако сеуште има заостанати земји, но има и хуманитарна помош. Поголем животен век, зголемена образованост итн. Од друга страна пак, има и нови болести, финаниски кризи, зрачења, природни катастрофи и што не. На крајот на краиштата, животот никогаш не бил идеален.
Во 1988 би сакала да се родам, за да го поминам детството во деведесетите и да го дочекАм новиот милениум.
Средина кон крај на 1800-те. Го обожавам тој временски период, културата, литературата, уметноста, архитектурата, модата. И да прецизирам: тој временски период, во Лондон. Доказ за мојата блага опседнатост со тој период е и фактот што на матура бев со фризура и фустан кои го доловуваа тој период (не оние тртлестине пуфкави фустани со огромни корпи, туку оние кои паѓаат уз тело и одзади малку се влечат).
Париз 20тите години, златните на Франција. Тогаш бил економскиот бум, тогаш после Првата Светска војна, во Париз почнале масовно да се населуваат, таму избрале катче најпознатите уметници и писатели, таму се случувале најубавите џез забави и таму биле најдобро облечените девојки. Се живеело боемски и хедонистички, се забавувале до бескрај, опуштено, љубовно, романтично... „Париз е единствениот град во светот каде што умирањето од глад се смета за уметност’’, цитат кој го прочитав некаде и само оние кои се вистински уметнички души ќе го сфатат, затоа ништо повеќе на светот не би сакала од тоа да се родев таму и во 20тите да бев веќе доволно зрела за да живеам со полни гради.Ах Париз...