Овој период во кој живеам сега не ми се допаѓа. Најмногу заради безбедноста. Мислам дека не сум безбеден во оваа држава, а и било каде во денешно време. Насекаде терористи. незнаеш кој носи бомба под блузата и да ти експодира. Во иднина мислам дека би било бетер од ова, така да не би ја сакал иднината. Во Југославија не, затоа што многу се поделени мислењата на луѓево и незнаеш на кого да му веруваш дали било добро или не. Би живеел во минатото. Некаде во 1.800-тите години, во Англија.... Во САД, но незнам кои години биле актуелни каубојците и индијанците. Би живеел во малите каубојски градчиња.
Во сегашно( се почувствував испровоцирана). Во сегашно, бидејќи животот е еден и е краток, ама сладок. Не би сакала да живеам во ниту едно друго време, во ниту една туѓа кожа, на ниту едно друго место. Само овдека и сега. Арно!
Или 14-15 век Ирска, Велика Британија, Полска, Австро - Унгарија (Витез некој ) или 16-17 век централна или јужна Америка (Конквистадор) или 70-ти на 20 век Англија
70s of course! мада, порано сакав во минатото,сега, откако се здружив со технологиите.. будуќност сакам.
Во Титова времена... Поим за социјално општество- безгрижност, еднаквост, социјален мир , работнички права....
Иднината е толку неизвесна, што не можеме да претпоставиме како би се живеело после многу, многу години, а далечното минато ни е практично непознато, освен информациите со кои располагаме од историјата, така што не може реално да се спореди со денешното време и да се направи разлика.
70-80тите. Ја обожавам музиката и стилот од тие години. Мислам дека ептен би се вклопила во тој период.