Во 60те. Почнал на големо цутот во Југославија и развивање на државата. Многу нови можности за работа, убави плати и придонеси, мирен, спокоен живот без стрес и грижа. Се наоколу се градело. Решено стамбено прашање од државата имале или ако не сите можеле да си приуштат да изградат куќа. Автомобилите почнале да идат на сцена, моторите исто, кои се купувале со пола годишна плата. Евтини артикли по маркети, квалитетни брендови... Слободна можност за шетање низ југословенските простори и евтино летување во Грција. Безбедност. Кај ќе оставиш нешто, таму ќе најдеш. Ниту криминал имало, ниту кражби, ниту страв на вечер да си дојдеш дома. Имало искрени скромни пријателства, луѓе со ведар дух спремни да помогнат на комшијата, луѓе спремни за промена, со елан во себе, со желба за прогрес. Баба ми и дедо ми го проживеаа својот живот од тие години па на даље и мислам дека имаа релативно мирен и спокоен живот со многу среќни моменти. Скромен, но добар. Единствено штета би ми било за сета таа добра музика која ќе ја немам одма на дланка, туку ќе треба да чекам со декадите да доаѓа. А да, и тие манири на луѓето тогаш, damn, that was hot.
80тите. Шо знам зашо.. Од шо иам слушано најубаво детство имале, вака така, и вака општо убав ми е бројот 8.
60тите, 70тите, преубав животот за младите бил тој период, особено добра музика, стил, се ценеле вистински вредности во животот.
Ги уби овие генерации после распадот на Југославија, транзицијата, кризата. Убаво детство и младост, ама тапа живот во средни години кога највеќе требало да ствараат. Буквално пропадната генерација која не можеше да фати чекор со модерниот живот.
80тите ме привлекуваат, и тоа страшно. По се буквално, почнувајќи од стилот на облеката која ја носеле па до стилот на тогашнната архитектура...
Некаде пред 2 века за да го почувствувам животот во Османската империја. Само колку за споредба со денешното време.