Во 80-тите, дефинитивно. Сепак, среќна сум што живеам денес затоа што можам да одбирам од се по нешто.
Би сакала во 60-тите во времето на рокенролот или пак 70-тите во времето на хард рокот. Музиката според мене има големо значење, имала голем удел како во модата така и во стилот на живеење
18-19 век Англија или Франција, да носам балски фустан, да пијам чај и да уживам во вниманието на некој лорд
во 1500 година,и пред тоа.Времето на преубавите грофици, и лордови. Во времето кога тие биле високо интелегентните жени, кои читале книги, свиреле клавир, etc, etc ...
Уффф страшно ми се допаѓа цел тој период од ренесансата кога се носеле оние преубавите фустани со најсекси корсети .... Ухххх на моменти си помислувам дека во претходниот живот сум живеела во тој период и сум била некоја грофица па затоа сега толку многу го сакам тоа време
Секој период си има свои невољи. А јас и онака навикнав на овие на овој. Добро ми е тука,се трудам да си го најдам своето место под сонцето
И јас сејм Да бидам од благородничко семејство..богата и уважена..и преубава и супер паметна и сите лордови грофови и слично да ме сакаат за жена многу желби јас...навистина сакам да сум се родила тогаш...прекрасно време,барем од тоа што сум учела и гледала таков впечаток имам.
vo vremeto na matrijarhatot (koga zenata vladeela)ne vikam i sea deka ne vladee ama sepak togas bi sakala hh
интересен избор, али голем е ризикот да те обвинат за вештерка многу големи стеги од црквата, не би издржала. Јас би сакала 18-19 век. Во времето кога романтизмот се појавил како правец, би била позната и многу контроверзна писателка. Ах, јас не припаѓам во овој век.
Би ги избрала 60-тите. Освен тогашниот lifestyle ми се допаѓаат и парчињата облека. Едни од моите омилени,а можеби и најголеми стилски икони се од тоа време. Многу ме инспирира модата во тоа време. А не ни чудно што се враќа:
КОга би имала таква моќ да можам да се вратам назаад во времето и да живеам тогаш би го одбрала Париз,и крајот на 19-0т век ,градот на светлината,елеганцијата и уметноста,времето на импресионизмот и експресионизмот во уметноста,би живеела во некое скромно граѓанско семејство, како млада независна девојка која оди чекор пред времето,би уживала да се шетам низ тесните калдрмисани сокачиња и старата препознатлива архитектура а би се релаксирала на бреговите од Сена..баш како на сликите од познатите сликари од тоа време Mане,Моне,Лотрек,Матис...
Дефинитивно 60тите до 80тите тука во екс ју просториве... модата, музиката, животот, безбедноста што ни ја зборат по дома... едно 40 години порано значи... и таман