Би сакала во 70ти и 80ти...Hippie times....Flower & Power...Make Love not war!! Го обожавам ова време...и баш би сакала тогаш да живеам да видам какое...кога сите се облекувале ретро...со долги фустани...баш баш ми се допаѓа модата од тоа време...
Би сакала да живеам во времето кога рокенролот бил најслушан стил на музика. Не само заради тоа што ја сакам рок музиката, туку некако ми се чини како во тоа време луѓето биле некако посреќни, помалку завидливи... А танцувањето било скоро задолжително И тоа замислете само колку е ЗАКОН да се танцува на рокенрол...самиот ритам едноставно те подигнува, не можеш да останеш рамнодушен Па и не мора да си нешто посебно добар во танцување, доволно е само да скокаш и да ја клатиш главата Башка, ми се допаѓа тоа што тогашните жени не се замарале толку за тоа како им изгледа косата, не ја пеглале и сл. Тоа не дека не сакале, ама немало сеуште тогаш преси И кога сите изгледаат така, со бушави коси, не постоело потреба од пеглање и фенирање...А сега, сите се средени, па мора сите како слепи овци да го следиме трендот Зошто ако излезам јас со непеглана коса или ако не ја фатам во реп, ќе бидам подвижна смешка за сите Не ми е ниту права ниту виткана, “златна“ средина(не е баш златна )
И јас би сакала во тој период да живеам... балови, преубави фустани, корсети, шминки...преубаво Мислам дека не би ми фалеле премногу новиве технологии Back to basics
mnogu bi sakala da ziveam vo vremeto na hipi dvizenjeto...vo vreme koga hipicite ne gi pocituvale pravilata,ziveele bezgrizen zivot ...edinstveno ne bi se drogirala Make love not war i den denes mi e zivotno moto [mod-kirilica:1b64wdlk][/mod-kirilica:1b64wdlk]
Мислам дека сум родена во погрешно време... отсекогаш сум сакала да живеам во античкиот период (Спарта, Троја). Ама секако да бидам жена, зошто маж некако хммм...НЕ! не би се борела за ништо на светот, само би носела убави бели фустани на една прерамка
Па што знам.. јас неможам да седам на едно место, како што веќе овде ми здосади па би се префрлувала од едно во друго време. Сакам да живеам на пример во 1850 и некоја жените што носеле такви слатки долги бели фустани и се шетале со чадори да ги штитат од сонцето и со долги ракавици^^ а мажите биле џентлмени. Само ме нервира тоа љубовниот живот како им тече, свршени се САМО 5 години у уште не ја допрел женава хахахах После кога почнал хипи периодот и периодот на бунтовништво, па коа се појавиле и емовците ии така негде од периодот од касните шеесети до касните осумдесетти. Понатака скоро исто ми е, и досадно..
Во времето на социјализмот, комунизмот некогашна Југославија.Кога владееше рамноправност,еднаквост,соживот,другарство,мир,слога братство и единство.Затеков од тој период малку и ми недостасува.Убаво минато време.
Во 17 или 18 век и јас сакам да живеам во замок да носам такви фустани балски и одоздола оние корсетине да ги носам мн ми се интересни
јас сакам да бидам родена во 2009 година да бидам мала бебушка,да ми купуваат се!..ама ете среќа или несреќа сум се родила 1992
Јас би сакала да живеев во 18 ти век, во времето кога владееле царици, кога се носеле тие раскошни фустани. Или мноооогу пред тоа, да живеев во тие готик замоците од 15 век, по можност Трансилванија, заедно со Гроф Дракула.
Јас би сакала да живеам меѓу период од 1960 год. - 1990 година Мислам дека тогаш е таа музичка ера и баш би сакала да и бидам сведок. Тогаш е периодот на квалитетната музика,рок музиката,поп музиката,диско музиката Би сакала да го доживеам тоа иако не знам колку било тоа присутно во Македонија.
Сакам да живеам во време кога сите ќе се раѓаат со полн мозок, учени, паметни, интелигентни и среќни. Да не мора да одиме на училиште
Сакам да живеам во 19 век.Го сакам стилот на живеење,на облакање - едноставно би сакала да се родам тогаш
Би сакала да живеам во ова денешното време. Во споредба со сите претходни времења најдобро е. Можеби нема многу финансии, но коа ќе размисли човек, па кога и ги имало. Никогаш не било се така сјајно. Но за разлика од другите времиња денес се живее многу поедноставно, ако некогаш требале месеци за една порака да стигне некаде, а не било ни сигурно дали ќе стигне, денес треба само да седнеш да ја напишеш таа порака и со еден клик таа стигнува на место кај што сакаш. Ќе рече некој добрите стари времиња - сите времиња се добри кога ќе му припаднат на минатото, секое време си носи свои нешта кои никогаш подоцна не се повторуваат.
можеби малку ке звучи лудо ама би сакала да живеам некаде во 17 век во Италија поголеми би ми биле шансите за подобар живот и за пронаогање на вистинската љубов