Задоволен сум си од сегашниот животен тек, но би сакал да си ја „пробам среќата“ во древен Египет, во клуминацијата на нивното моќно царство, со сите тие пирамиди, сфинги, обичаи...
Има три периоди во кои би сакала да живеам и тоа: Пред буржоаската револуција во Франција , затоа што сметам дека тоа бил плоден,креативен ,волшебен период со многу тајни договори, страстни врски,ослооободен од тензијата на виртуелноста, период кога луѓето биле насочени кон сликарството , уметноста , литературата,поезијата ( нормално зборувам за буржоазијата , а не за сиромашниот народ , зашто се знае на сиромашниот му е тешко без разлика дали во 1012 или 2012); потоа периодот на 70-те од минатиот век или поточно летото 1969 година сите знаеме зашто нели ВУДСТОК и цел тој прекрасен период на хипи движењето ,кога децата на сонцето ( нормално дрогата би ја исклучила , а сексот и рокенролот ) уживале во тој невиден подем на рок музиката , па Џими Хендрикс, па Џенис Џоплин милина .... ; и периодот на Тито ,затоа што многу ми го фалат постариве, а баш сакам да знам каква би била таа т.н. утописка држава каде што има само радничка класа и страхопочитување кон врвот . Ова третиов период ми е само колку да видам дали навистина имало период кога немало толкав јаз меѓу луѓето (мислам на поделбата богати-сиромашни).
Југославија ... кога имало работа за сите, кога се давале социјални станови и кога можело да се шета низ цел свет, кога имало колку-толку поголема слога меѓу луѓето ... ах ... абе поубаво било времето ... трета светска сила не е мала работа ... дури и за Македонија како дел од неа иако не сме биле најпривилегирани... А единствено не се каам шо не сум живеела тогаш ( сум била премн мала за да се сеќавам ) затоа што не давале во црква да се оди ... а јас сум си многу по религијата и еднаш неделно да не отидам мислам немам мир
Јас би сакала да живеам во 18 век , кога многу работи не биле откриени , па којзнае можеби јас ќе откриев нешто Исто така би сакала да живеам во времето на Тито , како што велат поубаво се живеело тогаш
би сакала да живеам во 80 или 70 години, добро дел од 80 години и сум живеела бидејќи тогаш сум се родила но бев мала...
Баш и јас така сакам...многу ми се допаѓа ова време...а и времето на Марија Антоанета...но,и ссега е добро само да бев во друга држава..ах...
јас би сакала да се родев во времето на барокот. девојките носеле многу елегантни фустани, прекрасни... а и градбите од тоа време биле прекрасни, замоците, се ми се допаѓа од тоа време и многу често гледав такви филмови порано. сега за жал одамна немам гледано некој таков филм.
Јас би сакала да живеам во времето на Тито, тогаш сите биле рамноправни,сложни, богати, сите работеле по нешто по 7-8 деца во фамилија и можеш да одиш каде сакаш
Сакам во 21 век исто, само да се врати времето кога бев помала неколку години, кога не е застапен толку многу интернетот, и кога сите си седевме надвор на клупи жмурки, и разни работи, а не сега кога седиме на компјутери.. Знам дека ја сум зависна од интернет, но дефинитивно сакам да се врати времето кога сите си се дружевме, а не сега кога се делат на мали, големи, шмизли, дигнати, спуштени..
да имав временска машина би се вратила во периодот на романтизам кон крајот на 18 век.Тогаш жената била ценета,била вечна инспирација на мажот,се бореле да ја освојат,баш романтично Би живеела со вечните музички класици,ликовни уметници...Колку само луѓето биле поинвентивни во тој период,за разлика од денес кога се ни е дадено на дланка и црпиме готови информации. И многу би уживала во раскошните тоалети
Во ова во кое што живеам денес. Во минатото не ми се свиѓа поради тоа што нема ниедно време во кое не се војувало и слободата на жената била многу ограничена. Ми се допаѓа се што носи ова модерно време на живеење, а најмногу слободата и рамноправноста која ја немало во минатото. Од минатото најмногу ми се допаѓа Барокот. А би сакала да живеам и во иднината само не во таа ,,розовата'' на Баба Ванѓа
Би сакала да се родев барем десетина години порано, односно да имав сега триесет и нешто години. Најубавите години да ги поминев во време каде што има вистинско другарство, да слушам добра квалитетна музика и да живеам здраво. Навистина, денес животот е доста олеснет, но недостасуваат вистинските човечки вредности и оние мали нешта што ја носат среќата. Какво задоволство било да собираш пари за да ја купиш касетата на омилената група, додека денес со еден клик на компјутер добиваш што сакаш..кефот не е ист. Тие фамилијарни собири, блискост...денес се е извештачено Сепак, не жалам што барем моето детство го поминав надвор од дома, играјќи на улица, правејќи торти од кал, наместо да играм игри на компјутер
Би сакала да останам во времево во кое живеам, мене ми се допаѓа овој живот. Доколку веќе морам да одберам би одбрала античко време. Живот во Античка Македонија, Египет или Персија.