Во 80-те и 90-те ! Прво затоа што музиката од тој период е нјадобра а исто така и ми недосига времето кога технологијата не беше застапена некако поубаво и посреќно се живеело.
Египет бејби. Тоа е тоа. Или евентуално 70тите, да дувам, да се бранам за женските права, да одлепувам на Д Дорс и да оргам на полна месечина.
Во среден век по можност да бев припадник на спротивниот пол ќе го минував времето во некое алхемичарско дувло во потрага по каменот на мудроста дури ја апсорбирав цела испишана литература во меѓувреме дури се крчкаат состојките на огнот, бидејќи тогаш можело да исчиташ се‘ создадено од човечкиот генијален творечки дух во текот на еден просечен живот, со оглед на мојата природна склоност кон баксузот ќе се родев ко жена и ќе завршев ко спалена вештерка на клада или ќе се угушев од претесни корсети и претешки кринолини и премногу пудри во комбинација со премногу конформизам и извештаченост која сугерира скромност која се барала од припадничките на мојот пол. И праисторијата ме фасцинира онака со минимално парче крзно берам бобинки и лековити тревки и ловам риби со огромни димензии во некој кристално чист поток со зашилено орудие и правиме планови цело племе за престојниот поход на север за лов на мамути од кои ќе падне добра залиха на храна плус крзно плус маст за готвење. А писател номад кој трага по приказни во егзотични предели би била енитајм без исклучок, .
2100 тогаш се ке биди измислено и сигурно полесен би бил животот,а и можи нема да треба да се мажиме ха ха ха ха
Дефинитивно во 80тите, најубавиот период за мене. Многу ја сакам музиката од тој период и воопшто начинот на живот.
Во бремето на Тито,сериозно по она што моите го раскажуваат за тоггашните години едноставно сакам да сум била на нивно место!
Дефинитивно во античко време јас сум голем вљубеник во историјата особено во античката а стариот Рим ми е вечен интерес едно време бев толку преокупирана со тој период што по цело време само за тоа читав и истражував.Инаку имав една професорка што велеше дека сме среќни што живееме во ова време затоа што во минатото човечкиот живот вредел многу малку ама јас не се согласувам со тоа, денес пак човечкото достоинство вреди многу малку...(барем тоа што остана)
Во времето на хипиците дефинитивно! Хипиците тежнееле кон ослободување од општествените ограничувања, одбирање на свој сопствен пат и наоѓање нова смисла во животот. Интересен бил нивниот начин на облекување и дотерување, што ги правел хипиците лесно и веднаш препознатливи меѓу себе, па како такви служеле како симбол на нивното почитување на правата на индивидуалецот.Многу имам читано за ова и родителите ми имаат раскажувано!
Мојата најголема неостварлива желба да живеам во 18-19 век Дефинитивно преубаво време за живеење (барем така изгледа )
Го знаете филмот The Duchess? Е во тоа време сакам да живеам. 18ти век. Ги сакам фустаните кои ги носат. Самите декорации и распределби на мебелот. И да, сакам во Англија. Се би дала за 18ти век.
Јас сакам во времето на моите родители ,поточно да сум се родила некаде пред околу 40 години.Е тоа било време.Лугето биле по блиски , биле сложни имало повеке пари од сега , ги имало оние игри како брканица ,жмурка ....
Би салака да живеам во времето на моите прадедо и прабаба..ме интересира како било во нивно време кога не ги имала овие работи во кои ние уживаме...аа исто така би сакала да знам шо ќе биди во иднина така да би сакала да живеам и во минатото и во иднината
16-17 век во црнобелиот раскош од долги готски фустани и руси фризури во локни. Времето на романсата, подемот, оргиите, изразената поинаква сексуална ориентација, големата љубов која копнеам да ја почувствувам во сегашниов живот. Или барем ако не толку назад, 70-80 тите. Најдобро време. Полно спомени, дружење, ефтини продукти, алкохол и рок