80tite.... mn. slicno kako OzzyAngel shto opisa Mn. gi sakam 80te i stilot na oblekuvanje <3<3<3 ( sega e toa vo moda ^^ )
19 век, дефинитивно. Не знам зошто толку го сакам тој период, веројатно затоа што отприлика тогаш почнале да се раздвижуваат со нови идеи, мислења... Па тоа фустаните, па па па. Би да живеам во тој период, ама како некоја грофица, затоа што животот на обичните луѓе и не бил нешто најдобар. А иронијата е, што сигурна сум, дека со моето чудно здравје, којзнае дали би ја преживеала 10тата година, во тоа време зборувам. Море, најарно ми е сега, ај да не филозофирам.
Би сакала во 70тите или пак 80тите. Мислам дека тогаш животот им бил многу поинтересен од денес. Интересно ми е како се облекувале тогаш, музиката ..
Би сакала да се родам во времето на ренесансата, во времето на Вилијам Шекспир, Жан Жак Русо, Микеланџело, Пабло Пикасо.....да носам од оние елеганти и широки фустани, да живеам во богато семејство и еден витез за мене - А инаку ме фасцинира времето на фараоните, би сакала да се родам и во тој период во Египет и да бидам позната владетелка и убава жена како Клеопатра ( многу гледаме филмови )
Јас 70те и 80те. Најмногу ми одговара тој период Или евентуално во иднината, каде сите ќе бидат паметни како јас, ХА! :geek:
Викторијанска Англија, благородничко семејство се разбира. Го обожавам овој период - Англија на прво место, фустаните, косетите, локните, самиот начин на живот, грандиозноста, луксузот, женственоста, гламурот. Па баловите, организирањето, дотерувањето, спремањето, чајанките - дали со пријателите или во прудружба на добра книга, па семејното собирање на вечери или ручеци со огромна количина на храна и вино. Кочиите, влечени од коњи - има ли нешто повеличенствено? Уредувањето на домовите, архитектурата, градбите. Фасцинантно. Флертот, страста, љубовта - многу поразлично се сфаќале во тој период. Волшебно, многу волшебно. Ахх, им завидувам каков живот си живееле.
Ммм во античко време или пак во првата половина на 20-тиот век е тоа било револуционерно доба, од 50-тите па наваму и не би избрала баш да живеам, некако не се интересни тие периоди, иако на моменти сакам да се вратам во 90-тите, тогаш се ми изгледаше некако супер кога бев дете и светот и луѓето
Голем љубител сум на историјата, и затоа кога би можела да бирам во кое време да живеам, би го одбрала кое било освен нашево време 21ви век и поблиската историја 20ти век. Значи СЕ од 19ти век па надолу
19ти век. Но само поради една причина. Би сакала некој изум, некој новитет јас да сум го открила. и 20ти век. ( поточно 60ти и 70ти ) Да се борам за правата на жените, за мир во светот, со уште многу млади луѓе. Да уживам со диско песни, да гледам позитивност и надеж некаква.