А сите што го избрале викторијанскиот период го занемариле фактот колку често или поточно колку ретко се бањале луѓето во Англија тогаш . Јас би сакала во Втората светска војна да живеам , тогаш и се пишувала судбината на денешниот свет .
Само да се врати времето кога немавме компјутери,мобилни,интернет кога имавме детски игри,и гледавме само МТВ,дајте музика,пепелашка,снежанаитн..,а не долина на волците и што ти знам Може изгледа затупавувачко ама барем во убаво време сум раснела,и ми е страв како би раснеле моите деца,гледајќи ги денешниве.За вечера пиевме млекце,или јадевме ајвар и сиренце.Денес секој ден се со тостови и хамбургери Имавме почит кон родителот,доволно да те погледнеше и ќе си легнеш на брашното.Денес,се дрзнуваат а ги препцујат бе Па и родителот му се плаши на 6 годишно дете,ете и тоа доживеав.Несмее да му писне
Хм. Ако можам да патувам низ времето што би се рекло, или да можам да одлучам во кое време да се родам би одбрала тоа да биде 100 години напред или пак во 19 век.
Во Титово време -имале пасоши кои вределе повеке од денешните европски -сите биле еднакви -за секој имало работа -и да имало повеќе демократија, ова денес нашето е само нашминкана демократија, секоја будала може да излезе на ТВ и да збори што сака. -имало држава со салам фудбал , образование , наука, музика, индустрија
Сакам да живеам во 50тите со Џин Кели, Мерилин и мачкести наочари и марами и точки! Сакам 50тите! Сакам џез музика! Сакам жени со облини, со тесни струкови во широки сукњи! Златната ера на Холивуд, воедно според мене најубавата музика и филм!
Дефинитивно од 60-80. Тоа се годините кога не преовладувала технологија, која ни ги испи мозоците. Флерт, заведување на вистиснкаи начин, доживување на природата, хипизам, сетоа тоа на едно место..
Во времето кога се носеле широки фустани и елегнатни фустани. Во 19/20 век. Во некоја др земја се разбира
Јас сакам во Стариот век,во Египет и да бидам некоја владетелка Исто така сакам и кога бил жив Елвис Присли,да го видам и да му одам на секој концерт
Не би сакала да живеам во ниедно друго време освен денешново - 21 век. Кога малце подобро ќе размислам можеби би сакала да живеам и во иднината од причина што ме интересира за едно 200-300 години каков ќе биде светот..што ќе се смени на подобро а што на полошо. Не би сакала да се вратам во минатото затоа што знам што се случувало и едноставно не ме влечат тие дамнешни времиња.
убаво е ова време во кое си живеам сега,можеби да сум 2-3 години постара (хехех па сега да имав завршено факултет), инаку од друга страна не би сакала да живеам во друго време-среќна сум си во ова време