Ај за МВР не прашувам убаво објаснија зошто сакаат таму да работат и секоја почит девојки. Но било која институција државна? Зошто? Јас како Ариел ептен ептен ама ептен ми е одбивна таа државна администрација, абе трошка желба немам за да работам таму. Мене на последно место ми е државната администрација. Со чесни исклучоци за мене таму работат неработници кои само чекаат 1ви да земат редовна плата. Се она како не треба да се однесува работник постои кај државните службеници. Навистина ме интересира што ве привлекува таму?
Toa што секој месец имаш солидна плата,а во приватно ќе се отепаш од работа ,ќе одиш и викенди,никој нема да те ти даде слободни денови ни за празници,а платата е сачувај боже! Да,може се најголеми неработници во државните,ама барем не се мачат како јас што сум била во приватно,и да не се правиме -но денес ќе биде излишно да кажам -да сакам да се покажам во некоја фирма,да ме ценат,да ме фалат....Си кажувам за мене,и моето искуство.Мене моментално ми се битни парите а не да добивам 8000 а да работам по цел ден,со викенди.За жал реалноста е таа-барем кај мене.Ми треба солидна плата,со која ќе можам да живеам а не да преживувам! Може некој од вас зема добра плата со неговата струка во приватно,ама јас со мојата тешко,иако е ценета,не платена. Затоа со задоволство би работела во државно
Ах,Ариел не е се така розево во своја фирма. Прво,не е можно сама да си одговорна за успехот или неуспехот.Не постои човек што не сака да му успее бизнисот.Едноставно има и други надворешни фактори кои делуваат врз успехот. Друго,во однос на работното време,сигурно кога работиш за себе ќе остануваш најмногу на работа,имаш огромен товар врз себе.Не можеш да си шеташ по ручеци,а да работиш на далечинско ... И околу одморот,многу тешко ќе се организираш за да одиш на викенд,а камоли да истераш на раат еден 10 дневен одмор.Ова,барем првите неколку години. А,не е ни се така црно.Прекрасно е кога ќе видиш дека успеваш и дека не би ја сменила работата за ништо.Значи како беше рекламата ОСМЕЛИ СЕ... Ова не беше за да те демотивирам,туку да знаеш дека се има + и -
јас сум задоволна од фирмата каде што работам, солидан плата, викенд слободен, одмор (колку што јас ќе одлучам) храна на работа, добар однос и со газда а за колегите многу не се замарам. прекувремено работам во зависност од периодот и не ми прече. да сте ме прашале пред неколку години ќе ви речев фирма во која ќе имам солидна плата ќе бидам ценена ќе патувам итн. сега после само 2 години јас се презаситив од тоа сите оние амбиции за бизнис воман скоро и да ги немам бев и сеуште сум бизнис воман али веќе не го сакам тоа сега замислувам да работам во фирма каде што ќе преведувам книги, ќе читам и давам извештаи... но сметам дека тоа ќе ми остане само сон бидејќи никој нема да ме вработи во таква фирма немам таков факултет и сметам дека платата нема шанси да ми биде висока како сега ...
Епа драги мои,јас работам„државна работа“ и да ви кажам право освен платата што редовно ја земам и тоа што сум во струка има и многу други перипетија и намештаљки. Како викаат постарите-од државна чешма вода да пиеш и притоа солзи да лиеш.Да ти пука главата за државна работа. Толку многу гнасни работи се прават,се вработуваат неспособни ,се бркаат способни за да дојдат партиски активисти. Па неможе бре после 3 години да се намава некој кој покажал резултати,вреден,амбициозен,соодветен,само затоа што избрале таму некојси нов партиски диригент,а тој пак имал сестична која не работи,а ова место било баш како за неа. Така да нежалете многу за вакви државни места,има нешто што се вика добри меѓуљудски односи,а не постојано да сте под стрес.Подобро мала плата(немислам на минималец од 6000 ден),ама кога ќе отидете да има добра атмосфера,а не секој ден под стрес-дали ќе се појави уште некоја чичина,вујнина ,теткина невработена на која баш вашето место и одговара. Пу-пу скраја било од мене,иако и јас имав пред неколку години „ една активистка“ ,ама ја изедов за појадок-тужба брат,па незнаеа на која страна да се завртат.Потоа уште една тужба и оп -решење. Ама се до пензија ,ниту една државна работа на никој не му е сигурна од горе наведените причини.
Јас би во Амбасада, преведувач, толкувач, што било од тој калибар. Убави паричиња, ќе ми дадат некој чиче како Ерван Фуере, бурето со винце и шетај го цел ден наоколу, па преведувај му што му треба, мераци. Не е некоја тешка работа, чиста работа си е, си имаш одмори, платени придонеси а да не спомнувам какви се не бенефиции имаат сите вработени во амбасадите, од лекување во приватни клиники до платени трошоци за секакви тракатанци. Би работела и во некоја издавачка куќа, мамата нивна има да им ја ..... Не само како преведувач, ами и како лектор, па белки и нацијава ќе ја описменам малку од малку. Па да видите какви книги ќе излегуваат и дали ќе имаат грешки во нив или не. Се разбира за убави пари сето ова, инаку нека шетаат неписмени. И на крај, заради сиот спокој, живци и одмор, би работела и во училиште. Не зимаат којзнае колкави пари, ама имаат одмори, распусти, викенди, се тоа средено и платено. Всушност, мислам дека ако живеев некаде на друго место, ќе одев на Педагошки факултет, и би работела со деца. Само тешко ова дека некогаш ќе предавам некаде. п.с. Се согласувам со Хипица, ако малку повеќе се истакнеш на факултет, имаш големи шанси да останеш таму. Имам некоја надеж и овде, непотполна ни е катедрата, фалат професори, па да, зошто да не. Се разбира дека би останала да работам таму.
Само на шала....Роске еве ти го и одговорот на прашањето, сама си си кажала убаво... клати врата+земи плата=државна администрација (плата имаш секој месец загарантирано и тоа мин. 300 евричи, може ќе касни ден-два ама со сигурност ќе ти биде исплатена, си имаш здраствено и пензиско осигурување, потоа трудничко, а и тие се поголеми колку ти е поголема платата нели, имаш годишен одмор кој мора да ти го дадат, плус и си го цепкаш-може нема баш да ти одовара терминот ама ќе се прилагодиш, секој викенд ти е слободен, не работиш за време на држ. празници, а тие се` повеќе и повеќе ЌЕ се множат, и да не го заборавам најважното-добиваш решение, а не договор на 1,3,или 6 месеци.....има, има предности држ. админ.,па не за џабе секој сака да биде буџетар). Е сега колку ќе работиш, зависи кој и каде те поставил. Имаше и еден скеч на К-15 баш за ова, ама искрено ме мрзи да го барам Ако бирам каде би работела само МВР (СВР) доаѓа во предвид или евентуално ЈО. Ама немам вујко владика
Би сакала да работам во Триглав осигурување, во централата во Словенија Или пак, да бидам осигурителен брокер... Ама во поинакви пазарни услови во нашава Македониичка...
Мој близок човек работи во државна институција и ми вика од државно да бегаш. Секојдневно се расправа со неписмени сељаци, што ги мрзи да работат, влегле со пратиска книшка, си имаат грб и си ги ладат буквално. Не им е гајле, ти ќе мораш да ја работиш и нивната работа. Се менува влада одма вработуваат нови, тебе те деградираат. Работиш од јутра до сутра, никој не ти го цени трудот (не викам дека е сјајно и во приватно) ниту па можеш да напредуваш. Местенки од колеги, сопки и желби да докажувње еден куп, ама ај докажи дека си во право... Јас лично од дамна сакам да работам на аеродром или во банка. Едно време имав планови за ,,сам свој газда,, сакав или сметководствено биро или невладина организација, ама има време за мене.
Е да си ми жива и здрава за напишаното,ова се надоврзува на предходниот мој пост. Секаде каде што е вмешана политиката(а каде не е) е жива мака од 1-ви до 1-ви ,од плата ,до плата. Точно,не се работи за викенд,за празници,одмор ти следува,ама кога ќе ти дојде неспособен за шеф,па ти му ја бркаш неговата работа ,а тој дава интервјуа како он го завршил проектот по „долги испитувања на пазарот“ ти оди да го ѕвекнеш меѓу рогови. Ама ајде,никој не ми е крив што сум си одбрала таква струка и што пијам вода на државна чешма. А колку ќе беше поубаво политичарите да се занимаваат со реални проблеми,а не со кадровски прашања ?
Леле паника ме фаќа кога ќе помислам на работа Интервјуа, нервозни шефови , намуртени колеги .. Абе јас ќе си отворам своја софтверска фирма, веќе и партнери најдов, само да дипломираме Ќе си водам свој бизнис како Јасминка Не озбилно, најмногу сакам да си имам своја софтверска фирма, и да работам со странски компании и проекти. Или пак да шетам низ Европа и да работам на различни истражувања
Мојата желба како мала да бидам стујардеса ја заборавив низ времето. Јас не сакам да работам во државна администрација. Мислам дека премногу сум амбициозна за такво нешто, тешко таму напредување... Можеби сега размислувам така но... Гледам што се случува, и знам колку се битни работните односи. Spoiler Кога одев на пракса каде што беа сите "на ратна нога" буквално ми се плачеше кога ќе си дојдев дома, од негатвно расположение и интриги. Сепак не сакам нервозата утре да си ја пренесувам дома (како и да е, неизбежно е). Исто така не сакам да работам како било каков агент (како осигурителен, агент за продажба и сл.) Не ме бива да му "Продадам" памет на некој и точка. За тоа мислам дека треба да си посебно талентиран. Сакам креативна работа,и каде што се работи во тимови. Маркетинг агенција би било одлично, но не тука во Македонија. Како и да е, кој каде му е среќата.. А и од желба до реалност има голема разлика, но треба да се стремиме да си ги исполниме соништата.
T-MOBILE опната со бела кошулка,вратоврска ,тесна сукна или пантолом ии добра шминка фуфица зафуфена сакам да сум ,или газдарица на некоја модна агенција или модна куќа лелеллелел сонувам бладам по овие работи ......и последно своја книжара да имам али тоа од хоби пари таму нема на жалост.
Јас сакам да работам во Икона, онаа во центар што е. Ја обожавам книжарата, секогаш кога поминувам од таму се лепам со носето на излогот. А може и во Матица не би ми пречело, или во Три во гтц. Скромна сум, знам.
Банка. Да, тоа е мојот сон. Претпочитам Комерцијална, Шпаркасе, може и Стопанска ете. Би сакала и во осигурителна компанија, или пак некоја друга солидна приватна фирма, некоја позната, државно и мене ќе ми биде на последно место на листата на желби, т.е. не ми е ни желба, напротив, само ако се мора сепак во реалноста никој ниту ја бара нашата желботека, ниту нејзе наместо CV ја даваме, туку способноста да ја завршиме работата која ќе ја работиме.
Низ моиве малку години можеби сменив милион желби, ама последниве неколку месеци мислам дека ја донесов вистинската одлука, прашање е само дали ќе успеам, треба многу труд, ама барем знам дека вреди. Неинвентивна и некреативна каква што сум, на крај памет не ми е свој бизнис или било каква работа која си бара создавање. Единствено нешто во кое стварно се пронаоѓам е образование, секоја друга идеја која ми се сврте во глава воопшто не ми е привлечна. Во план ми е да сјебам 4 години учејќи и да останам на факултет, да се надоградувам постојано, постдипломски, здравје докторат, и до некоја моја 40-та да станам професор на факс. Па мислам нема поубава работа, стално си сонувам со отворени очи дури сум и нетрпелива да почнам од негде. Филолошки wait for me Spoiler Кога сме веќе кај тоа, малку ми е нејасно, како идат тие работи со станување демонстратор, асистент итд? Треба да имаш јак просек нормално, ама како те бираат? Од факултетот те бираат, изјавуваш желба или што? И што е конкретно работа на демонстратор/асистент? Кој се разбира ептен би била благодарна за една ЛП.
Па со оглед на тоа што студирам би сакала да работам или во Управа за јавни приходи, или во Државен завод за ревизија или во Н.Б.Р.М. Скромно нели ? едит: паралелно би го продолжила бизнисот на мајка ми, и нормално проширување на истиот
Кога го прочитав насловот, веднаш се сетив на Т-Mobile, T-Home, Алкалоид, Џонсон Контролс, ЕЛЕМ, банкиве.. Нормално дека имиџот не е гаранција за пријатна и здрава работна атмосфера, тоа зависи од многу фактори, но ете, се надевам дека некој ден ќе бидам дел од некоја од овие компании
И јас како и Doozy, ептен се замислувам во некоја креативна работа, како на пример амбасада некоја, преведувачка некоја насока а на крај на краиштата и во некое училиште како професор..сепак тоа ми е професија...Башка и работата е динамична а сепак опуштена, си имаш време и за работа и за одмор... Само што кај нас, во државните институции особено, мислам дека ме се цени многу квалитет туку старите добри ВРСКИ....тако је другови и другарице, ама можеме да си замислуваме, нали?