1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во која фирма посакувате да работите?

Дискусија во 'На работното место' започната од rossonerka, 6 февруари 2012.

  1. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    И јас нешто од областа на маркетингот, по могучност скромно некаде, во Т-Мобајл, ОКТА...
     
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Никогаш не ме возбудувале работни места во државна администрација, ама баш никогаш. Јас лично сум една болно амбициозна личност (што баш и не е за фалење) и сум сигурна дека мене таму не ми е местото. Во животот многу ми значи успехот и напредокот во работата, сум во постојана борба за подобрување и усовршување, а тапкањето во место, додека некој друг оди напред благодарение на дебели врски и партиски линии, само би ме уништило.

    На кратко за нашата администрација...

    Не ја сфаќам поентата на тоа да земаш пари секој 1ви додека нервите си ги јадеш од досада или се дебелиш дома во кревет барајќи жртви лешинари како себе за кафиња на кеј? :^) Не сакам никој да ме сфати погрешно, но во човечката природа е тој да се бори за да опстане, да работи и да напредува. Каде е напредокот во нашата администрацијата? Или, ако "мојата" партија дојде на власт, а јас полижам нечиво валкано влакнесто газенце, можеби ќе ме стават некаде повисоко? :^) :puke:

    Или спротивно на тоа (имам близок пример за ова), се утепуваш од работа, одиш прв, а си заминуваш последен, сите зависат од тебе, делиш канцеларија со неспособни и неписмени, а зимаш иста, можеби и помала плата од нив која не претрпела никакви промени последниве 20 години? Единствениот бенефит (ако можам така да го наречам) од сето тоа е "важноста" која ја дава општеството на тоа е дека работи во државна администрација, за што искрено до сега немаме видено некаков аир.

    Се враќам назад на темава :)

    Нажалост кај нас работничката класа е сведена на работници и без'рбетници, од кои на едните им е смачено од тоа што се утепуваат од работа, а на другите што се утепуваат од досада. Секоја чест на оние исклучоци кои со сопствен труд и знаење успеале да се снајдат или барем пробуваат, го работат она што го посакуваат, успешно раководат со сопствен бизнис и чесно и одговорно си ја заработуваат секоја пара. Не секогаш парите се мерило за успехот, но ако ништо друго се добра награда за успешно завршена работа. И не секогаш "познато" име е знак на добра работа и задоволни работници.

    А за себе... Јас сум задоволна од сегашниот избор на професија и работа, која и покрај тоа што е различна од мојата стручна определба, сепак има допирни точки и целосно ме исполнува. И не е важно името зошто нели не е "звучно", не е важно тоа што е во сопственост на приватно лице, важно е тоа што трудот и работата се ценат, а вработениот се мотивира, пред се финансиски. Во моментов тука гледам добра прилика и можност за напредок (што секако не значи дека доколку ми се пружи подобра ќе мижам, но конкретна фирма не можам да наведам од причина што не знам), а во иднина се надевам ќе успеам да отворам и сопствена.
     
    На Tam4yy, kolovoz, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    21.753
    Пол:
    Женски
    3та година сум на Англиски јазик, здравје догодина се надевам дека ќе дипломирам. Се мислам дали веднаш да одам на постдипломски студии во Ск, ама се уште не сум определена во која насока да бидат истите.
    Ианку, пред да се запишам на факултет воопшто не размислував дека еден ден ќе треба да го работам тоа што ќе го учам. Знам, смешно звучи. Од мала знаев дека ќе се запишам на овој факс, и иако бев одлична ученичка и немав проблем со ниту еден предмет, сепак англискиот ми лежи на душата некако :)
    Она што го вели Дузи, дека ако се истакнеш додека студираш имаш големи шанси да останеш како асистент па и повеќе на факултетот. Не се сложувам со ова. Барем кај нас во Штип, на мојот факултет сите професорки се чичини, теткини и сл. т.е. со дебели врски пикнати таму, иако дел од нив не беа ниту дипломирани кога почнаа да работат. Знам дека сум еден од најдобрите 5 студенти во мојата генерација, тоа го покажувам со резултатите а и знаењето, но не се надевам дека ќе останам да работам таму, иако би сакала нормално.
    Преведувач или толкувач во некоја амбасада, па зошто да не. На крај, во училиште, или пак сопствено да си отворам за јазици.
    Сепак, посакувам да не останам во оваа држава. Уште сега барам начин да заминам некаде настрана, затоа што таму и повеќе ќе работам, но и повеќе ќе го ценат мојот труд и знаење.
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Во моја фирма, каде сама ке си ги подредувам работите како мене ми одговара, каде ке работам колку сакам и ке заработувам колку вредам. Моментално неостварливо тука ама здравје Боже, имам некои планови ;)
     
  5. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Во овој момент, мислам дека би се замислила само во некоја преведувачка куќа. Нешто што ќе ме исполни до максимум. Секако, никако не би застанала тука. Би го усовршувала толкувањето, па понатаму би работела многу поинтензивно со толкување.

    Нооо...... Околностите се малку поинакви, за жал. :?: :|
     
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Само што го видов насловот, веќе знаев како ќе изгледа мојот одговор. :D
    МНР или некоја амбасада, значи било каква фукнкција поврзана со меѓународно право, нек биде и министер, нема да се пожалам. :D Да не бидам после ко А.Милошоски што го лажел детето секој ден дека работел на аеродром, мислам дека беше. :rofl:

    Искрено, едвај чекам да почнам да работам, да заработувам свои пари.
    Да можам да си купам тоа што го сакам, без да штедам пари со недели за да купам нешто. :|
    Не е се розево кај нас, јасно е. Т.е не е ни приближно до розево, нијанса измеѓу црно и сиво. Алал нека им е на тие што го работат тоа што го сакаат, дали по струка или среќата ги послужила. Или пак со тек на време го засакале своето работно место.
    Ми текнува, кога праев CV по пракса во средно, и те како ми беше импресивно. Епитети, додавања, чуда, врагови. Сум се наредила со чинови, арно ама идам кон тоа. :D
    А сега дали ќе одам целосно или ќе залутам негде, не знам. Само сакам чесна работа која ќе ми овозможи за мене и семејството нормален живот, во нормални услови. Де бре, одамна веќе ништо не е нормално.
     
  7. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Па не е фирма. но може во ОН, Унеско..Шала настрана...
    Сакам да работам некаде каде што имам шанси да напредувам, да изградам вистинска кариера, не мора да биде кој знае што, но нормална плата, добри услови итн. Ако имам шанса би заминала од државава.....Сакам да си дозволам еден поинаков живот, кој ќе ми биде исполнет, да можам рекреативно и културно да се издигнам, да посетам многу нешта, да почувствувам еден поинаков начин на живот од Македонскиов...Што знам..Ако даде Господ можеби ќе стигнам далеку... 8)
     
  8. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    Со оглед на тоа што ќе дипломирам на Електро за брзо време, работа во ЕВН, ЕЛЕМ или МЕПСО не би дошла лошо :)

    Во секој случај би подразмислил и доколку некој од форумот ми понуди да се вклучам во семејниот бизнис :angel:
     
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Во било која каде што има почит и фер однос кон вработените, каде има можност за напредување и надоградување, каде се почитува работно време, празници, годишни одмори, каде се плаќа прекувремена работа и се цени трудот реално...Во таква фирма би работела било што, затоа што си ги знам способностите и знам до каде може да стигнам...А не во фирми каде знаеш дека и да си 24/7 достапен за нив се' што ќе добиеш е тапкање по рамо, пофалби одвреме навреме на некој состанок и наговестување дека на добар пат си да си го зацврстиш моменталното работно место...
    А напредување? Пффф...
     
    На Hopeful, maca99 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ^ А кој не би?
    Ама за жал додека тоа сам не го осетиш на кожа нема да го знаеш. Или евентуално некој да ти каже, иако искуствата и советите на другите се секогаш добродојдени но секој си е индивидуалец посебен и поразличен може мене една работа да ми е перфектна, а тебе да ти е шит најголем.

    Збориме пред се за избор на фирма и занимање, име, струка, позиција. Не општ одговор, зашто секој го посакува она што ти го напиша.

    Инаку се сетив да ми го поставевте прашањево пред 3 години ќе ви одговорев дека во Макпетрол или Алкалоид сакам да работам, добро сеуште ми се тие фирми на список не дека не.
    Во Макпетрол пратив CV на еден оглас, нормално не добив одговор а и воопшто не го очекував искрено.
    За Алкалоид чекам и за Пивара чекам :D
     
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Абе не ми вреѓајте државни институции, и државна администрација.
    Јас не би да работам на шалтер или да сликам за пасоши, јас сакам конкретно одредени позиции кај кои постои можност за унапредување.
    Сигурно нема одма да ме пратат да барам акредитација за дипломат во некоја земја, ќе се бафтам таму со внатрешна кореспонденција, ќе бидам некое аташе. А додека добијам титула дипломат или амбасадор има да изедам уште многу фурни леб.
    Или во МВР, нема веднаш да ми дадат пиштол и значка, ќе се помачам малце, ќе изигравам некој потрчко, секретарка, заменик на заменикот на заменикот на помошникот на инспекторот.
    Е сега она клати врата земај плата е точно, но јас нејќум да се мафтам по цел ден по ходници, туку сакам динамика, а во овие две професии и да нејќам има динамика на претек.

    Што се тиче ДБК ауфф, поготово шпионажа и контраразузнавање, таму има со осмех од 6 до 6 да идам на работа, па макар ме испратиле во Земунски клан.

    Не е лоша дравжна функција, а и не сум јас крива што имам афинитети кон професии кои се во државно покровителство.

    И заборавив уште една важна институција Собрание на ЕУ или Европска извршна комисија, пратеник или комесар. Здравје Боже ќе влеземе и ние во ЕУ па на овие позиции ќе имам можност директно да мешам прсти во меѓународна политика :inlove: .

    Дефинитивно постдипломски запишувам меѓународно право!
     
    На rak4estip, JuLleE, nela.oh и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Искрено, најмногу би сакала да работам во библиотека, на ова работно место би одела на работа со летање и би била најфината библиотекарка(да, го можам ова ]:) - за скептиците)...

    Што се однесува до мојот образовен бекграунд - од економски карактер, би сакала да работам некоја најмонотона работа, од типот книжење на бесконечни редови бројчиња на пи си, се‘ што не вклучува интензивни контакти со луѓе, бидејќи од истиве на претходните работни места, нималку не се усреќив...

    Јас сум елеганција, да де и тоа, ама и скромност во движење, па и во мирување :emo: ...
     
    На anneyy, Magnolija, rossonerka и 4 други им се допаѓа ова.
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски

    А јас би сакала да сум и’ колешка на Теодора. :D

    Навистина, работата таму е баш од соништата.

    Втор избор ми е антикварница, некоја навистина голема и прекрасна, во која се застапени и стари, први изданија на ретки книги.

    Првото сонување ми е невозможно, немам книшка. :devil:
    А второто... ќе почекам некој да отвори таков рај, јас немам можност да го создадам сама. :|

    Моите соништа за работни места никогаш не биле засновани врз практичност и желба за заработка, знам дека така не се напредува за жал, но работење со пари, банки, сметки и слично за мене би било убиствено.
     
    На Ana.Jones, Magnolija, rossonerka и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    ^^Ух, и јас би да работам во библиотека... а да си отвориме една приватна ние трите? 8) Ученички на Протуѓер де :D и само квалитетни и проверени дела ќе држиме, и по некој чик-лит, да имаме со што да ја привлечеме широката читателска публика.
    Да, сон ми е да имам своја книжарница и тоа ептен кафе-книжарница, каде што луѓето ќе може да ги читаат книгите (не мора да ги купат), со кафе и ќе се дискутира за одредена книга. Имаше некои обиди во Скопјево за такви книжарници, ама не заживеаја. Не сме таков народ.

    А настрана од сонот, реалноста е сосем друга... јас би да си имам своја ординација, успешна се разбира, каде што ќе доаѓаат сите, и младо и старо и мало и големо, и нема да се плашат од мене. Можеби и ќе бидне таква ординација, само кога... Кај друг не би работела, оти во нашата професија и тоа како владее робовладетелство.

    Инаку, ако имам можност, патот под нозе и правец Middle East. Слушам дека било одлично таму за стоматолози 8)
     
    На blond, Magnolija, Hipica и 6 други им се допаѓа ова.
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Во било која, каде јас ќе сум газда. :D
    Па макар и пред банкрот да е, моја да е! :lol:
    (Ќе ја спасам од банкротот :wasntme: )
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Дополнувам: и Англиски Центар не е на одмет :D
     
  17. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    368
    Би сакала да работам во Стопанска банка, нзз зошто ама мн ми е симпатична ххх :rofl:
     
  18. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Опседната сум со технологијата и информатика:)
    Во Македонија сакам да работам во некоја голема компанија како Дуна компјутери, а за во странство добро би ми дошло HTC или Apple. Исто така сакам да сум една од Anonymous, да си хакирам сајтови и сервери на познати фирми, а после тоа си следува или затвор или една добра канцеларија во FBI(а со тоа и бришење од живите :D)
     
  19. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Алкалоид, фитофарм, галафарм...не пребирам многу, многу. ;)
    Позиција-испитување и контрола на лекови.
    Скромна сум, не велам не... :rofl:
     
    На iHeartVintage му/ѝ се допаѓа ова.
  20. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    3.769
    Пол:
    Женски
    во фабрика за производство на храна Европа,Свислион,и др.... :D