Оууу јас би сакал да работам во фирма со научно/истражувачка дејност. Која ќе биде флексибилна, да има терен како и лабароториски истражувања. Доколку не тоа би сакала да им имам мое фотостудио.. кое би изгледало како антикварница, не сакам како овие модерни бели, светли студиа..нешто што би ме потсеќало на минато..
Оди помогни ми околу завршните сметки , се зезам... Јас би сакала финансова инспекција, не за друго туку колку да се обидам да ја сопрам машината за перење пари и да им го скријам Ариелот
Имам некоја желба за новинарство или пак уредничка во некој магазин. Па сега или ова или во библиотека.
Никаде! барем сега за сега... Како прво, ниедна професија доволно не ме привлекува. Да ме плаќа некој за моите парталави амбиции (оние кои се поврзани со финансии и работа), за дебатите во себе, разговорите кои зафаќаат се, а не водат никаде, прочитаните книги и неуморното трагање по којзнае што, ќе бев милионерка. И парите ќе ги користев за да го правам истото, само на некое попријатно место. Би можела да бидам библиотекарка, ама после некој месец знам дека и таа работе ќе ми здосади. Ех, има периоди кога сакам да работам како докторка, да работам во банка, да пишувам нешто битно на компјутер и да бидам нешто битно во некоја голема фирма, да си отворам сопствен бизнис, па дури и да работам како професорка во факултет, ама тоа брзо ќе помине. Си знаев јас како мала, кога ќе пораснам ќе бидам писателка. Па макар и да си останам на лимунаткестото пишување од пред некој месец. Ќе пораснам, ќе се оправам, времето и околностите ќе побараат да си ги средам амбициите.
Google! Инспиративно, креативно, повеќе од пријатно место за работење. По можност во Фриско! Oh yeah! Барем на година дена, ми звучи како ок идеја У суштина се замислувам на инспиративни места низ светот, во областа на дизајнот, маркетингот, ПР. Работа со луѓе ми е во крв. Признавам, дека најтешко е да работиш токму со луѓе, но работата е затоа пак интерактивна и динамична. Би сакала своите идеи да ги презентирам на места каде што ќе го ценат тоа а нема да го сфаќаат како конкуренција туку како дел од тимската работа. Нешто у социјалистички стил као - заедно сме посилни а кај што нема сила - има барем журка! Сакам средината да ме инспирира а не да ме тапша по глава ко даска на главата на мачорот Том. Сакам да сум дел од тим на будалетинки која од која пооткачена и попаметна да можам да научам и да црпам понатаму инспирација. А истовремено сакам да се чуствувам слободна како птица. Да им дозволам на моите идеи да летаат. Или пак во сопствено студио за организирање на настани, журки и разни специјални events. Нешто што не ми е далечно ни сега. Сакам да сум задолжена за продукција на насмевки и солзи радосници, смеа и вистински мигови за паметење. И да, сонот ми е потоа, после работното време, да соберам парталите, да тркнам до некое локално студио за модерен балет, да си се испотам на саат време, да тркнам на пивце и на лабав џез, на жежок хот дог покрај морето, езерото, реката, мочуриштето, локалната бара, што и да е - леѓен нека биде, на чаша винце и вечера седната на меко перниче. Едноставно да сум во метропола, која ми нуди десетици можности за урбано живеење. Соновите се за да се сонуваат - а некои од нив и за да се исполнуваат. Што да не?!
Јас навистина не можам да се замислам на моето идеално работно место. Стварно ме замисливте Лошо е да немаш соништа, ама на мене ми е страв да сонувам. Веќе извесно време. Мислам дека сеуште се пронаоѓам себеси. Којзнае, барајќи се, изгледа се изгубив. Кога се запишав на факултет, си замислував огромна лабораторија јас и епруветките. Ама сега кога речиси го завршив и кога ставија некои демонстратори кои не знаат името да си го напишат ми се повраќа. Тоест само ми се грчи желудникот. И сум тажна. Мојот сон падна во вода. Ок, би сакала да работам и во Алкалоид. А од каде да најдам луѓе, тоест врски, тоест богат роднина кој има некого таму. Кога се запишав во средно, иако не бев сигурна дека тоа го сакам, излезе добро. Со љубов го учев тоа што еден ден требаше да ми биде пракса. Одев на обука за новинарсво, во секој случај да видам дали ќе ми се допадне. Ми се допадна. Го земав сертификатот. Во меѓувреме бев и на работилница за фотографија. Ми се допадна. Ми изложија неколку слики. И готово. Цртам ногу убаво. Добив 1 во место во 8мо одд Без врски . Одев и на натпевари по математика. Обавезно си носев дома некое книжуле си признание, диплома. Отсекогаш сум сакала да пишувам. Но, никогаш не сум го земала моливот и да напишам нешто. Многу далеку заминав барајќи се. И не се пронајдов. По се изгледа ќе треба да се вратам назад. Само читам и пијам кафиња. Уште се барам себеси, а времето ме гази.
Во фирмата ЦАРИНСКА УПРАВА . Тоа ми е желба уште од мала и уште не ми е поминала, би сакала да работам на царина, не знам ама многу ми се допаѓа, ама тешко да ми се оствари таа желба, па кој знае
Аххх, колку посакувам да работам во некоја филхармонија, ама си ја утнав професијата Неисе ќе останам само посетител. Со оглед на тоа што го учам би сакала да работам во некоја фабрика каде што има производство. Макстил, Тутунски, Џонсонс Контролс, Џонсонс Мети .... Ма немам одредено место каде што сакам да работам, само барам мотивација, можност за напредување и коректен однос на надредените.
Било каде,само сакам мојот вложен труд да биде соодветно платен и да работам со луѓе во вистинска смисла на зборот.
комуницација со јавновност,Vip, во Холидеј Ин или некој друг хотел,би сакала да работам на царина,Комерцијална банка...