Хм би сакала доколку сум во можност да работам исклучиво во своја фирма,конкретно своја игротека или градинка.Доколку не ми се оствари тоа имам и втора варијанта .Можеби во некоја маркетинг агенција каде што ќе си има ред и мир,редовни придонеси,убав работен однос и мирна работна средина.Не ќе е на одмет и некоја банка,всушност поважно ми е какви услови ќе има во фирмата одколку која е.
Икеа, совршено решение на моите факултетски проблеми, штета што сеуште немаме претставништво овде, ама таман додека завршам може и ќе одима.
Во Deloittе. Преамбициозно или не, ќе видиме што е скроено наскоро Иако повеќе ме интересира работа поврзана со креативност, така да нешто како дизајн на ентериер за мене би била идеална работа, но струката ми кажува Ашлинг друг е твојот пат.
Не е фирма ама сепак. МВР, така повисочка функција.Животна амбиција, и ќе ја исполнам макар последно да ми е...
Сакам да водам сметководствено биро, и тоа ми е сон (кога веќе морам по струка да одберам). Да го сменам прво шупачкото име на бирото на татко ми, и му ги преземам клиентите. Веќе имам замислено како сакам да го уредам, и одвај чекам диплома да добијам. Единствена работа што ме мачи е што нема да имам голема социјализација, со колешки, тантара пантара, затоа што би работеле ние двајца, плус сигурна плата. Инаку би одбрала Алкалоид или банка.
Дефинитивно се повеќе размислувам за своја фирма.Сега за сега е само идеја но никогаш не се знае, може да стане и реализација
Гугл. Тажно е оваа креативност да остане неискористена максимално. Или нешто подостапно еве нека биде во фирмата на татко ми, или на граница. Се, само не мојата струка аи аи аи... А ако одиме по мојата струка, судија без двоумење.
Нема да работам, ќе работат за мене. Желба ми е да имам работно место во супер-дупер кул канцелариите на Google! Околината и ентериерот има многу големо влијание врз мојата креативност, колку поразиграна просторија толку поголема продуктивност имам. @anuskaNESTLE Од листата прв е T-Mobile, па AEK, PricewaterhouseCoopers и Алкалоид. И да не е во никоја од наведените, сакам да вложувам максимално во идното работно место, да работам со супер тим и секако целиот мој труд да не биде залудно вложен проследен со тапшање по рамо, туку вреднуван и наградуван.