Работа од соништата: Обединети Нации, УНИЦЕФ или УНЕСКО. Имам соработувано со УНЕСКО три години преку низа проекти, па подоцна и работев во нивното представништво во Скопје и дефинитивно сакам пак!
Јас мислам дека во ниту една од поголемиве поарно ќе ви биде да не посакате да работите зошто мајки плачат после тоа. Принцип - 3 месеци договор до бесконечност, не се надградуваш никако и тапееш на една позиција. Кога ќе поминат години, а ти не си видел аир, веќе ти е касно да преминуваш во сосема друг сектор или пак јово од ново, не ти е така сеедно. Или најбедниот момент, трејни некаде повеќе од година и на крај завршуваа со - извини, нема отворено работно место, работиме со загуба, мора да кратиме од овој сектор или искуство на познаник - не покажа добар перформанс, а он ДВЕ години како трејни за минимум храна и превоз рмба... Особено важи за банки (не дека сум им се настрвила на банките, ама освен ако не работиш бек офис друг сектор, надвор од тие досадни и затупувачки банкарски активности, како човечки ресурси, маркетинг, семетководство (о да, крати влата, зимај плата и бог си, нема, нема семинарче, се сменил закон некој), некој опасен шеф на некои од кредитирањата (до кој се доаѓа само по неколку основи и при тоа работата е најстресна и најнеблагодарна на свет)). Јас посакувам да работам во својата фирма. Еден ден. Со канцеларии какви што си ги замислувам и со прекрасна атмосфера. Ако не е тоа, сакам во една друга компанија надвор од тука, ама за тоа друг пат
Смени си ја желбава, од искуство ти кажувам. Кога си доаѓам сум уморна ПСИХИЧКИ а не физички. Кога би нашла во друга болница работа со трчање од тука би си отишла. А до тогаш ќе си трпам
Колку сум изморена, не посакувам никаде да работам. Ајде, уште 29 години, па пензија Шала на страна, во Македонија нема фирма во која би сакала да работам, освен во оваа во која моментално работам. Следен чекор би бил да си отворам нешто мое, што било. Не би можела да се замислам на друго место. Сепак, се надевам дека тоа нема да биде толку скоро. За 10-тина години, здравје.
Имаше до 31.8.2012 проектна канцелариjа коjа работеше 3 или 4 години, финансирана преку MDGIF. Канцелариите им се наоѓаа заедно со тие на UNICEF и UNDP. Ако сега те интересира нешто поврзано со UNESCO можеш да се обратиш во Националната Комисија за УНЕСКО при Министерството за култура.
Добро, таму имаше само една вработена, ама не е претставништво, различно е. Знам за комисијата, само мислев да не сум пропуштила нешто во меѓувреме. Баш видов дека ги нема на страната на ОН во Македонија. Не дека посакувам да работам таму, само ме интересираше. Обединети нации, не, благодарам.
Некаде каде што најмногу би можела да се остварам во струка. НБРМ, некој од телекомуникациските оператори или банка.Секако приватниот бизнис е најпримавлив и најпожелен, само малку тешко кај нас...
Сакам да работам во било која институција поврзана со културата, на пример директор на градска библиотека. Од мала ги сакам книгите и продолжив во таа насока. За жал, состојбата во државата ни е катастрофална па ретко кој ја има среќата да работи по струка. Работам во државна институција и воопшто не се вклопувам тука, уметничкиот поглед на свет ми се замати, мотивација никаква, критичност ми фали а не послушни палтрончиња. Едвај издржувам со психата.