1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во мое време...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Saya, 13 септември 2011.

  1. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Мислам дека е прилично јасна поентата. Не е важно колку години имаме, стари млади, едноставно некои работи ја обележале (или се` уште ја обележуваат) нашата генерација, правејќи ја посебна од секоја друга. Па да споделиме работи што се правеле „Во мое време...“:

    Во мое време бевме пресреќни ако касетата со игра од Битпазар пасува на Нинтендото.

    Во мое време на диво се фаќаше cartoon network.

    Во мое време наместо Аце Велики и Цар Самуил, на плоштад имаше слончиња и вовче.

    Во мое време хит серија беше Сансет Бич.

    Во мое време сите ја сакавме фризурата на Рејчел од Пријатели.

    Во мое време наместо боцкање на фејсбук, игравме љубовна фота/шише.
     
    На makgirl, shushu, Hipster и 23 други им се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Во мое време...
    - игравме камаи камаи, граница, жмурка и ластик
    - имаше Џандар збира на тв
    - идевме од куќа на куќа и по зграда и по име ги викавме другарчињата да излезат да си играме
    - сите ја знаевме кореографијата на 100% те Љубам и АСЕРЕЈЕ
    - идевме низ школски двор и дежурните викавме ПРВО ААААААААА на ЧАААААААААС!!!
     
    На Devoj4eTo7 и eleni23 им се допаѓа ова.
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    во мое време игравме граница пред зграда.. кај сме знаеле да искачаме од 7мо 8мо оделение како денешниве генерации..

    Или често мајка ми ке каже е во мое време ке ни дадеа по 50 денари и си цуцаш една кока кола цела вечер.. кај сме знаеле ние тогаш секое искачање по 500 денари.. :lol:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Во мое време трчавме по авиончето што пушташе летки и се деревме "Чичко пушти леееееееетки" од Црниче до Камени мост (еднаш се изгубив :lol: )

    Во мое време слушавме приказни по телефон и сметката пак не беше голема.

    Во мое време беше хит да се носат дреч зелени бициклистички :rofl:
     
    На Milobebence, Hipster, eleni23 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Во мое време се јадеа у велико падобранци во една најлегендарна и најдобра слаткарница во чаршија.

    Во мое време се викаше - дај да те залапам, ќе се фатиш ли со мене?, сакаш да идеме?, дај еден круг со BMX-от, ела со мене до горниот супер, ела со мене до долниот супер на снешко.

    Во мое време џвакавме хуба буба и чунга лунга, и се натпреварувавме кој ќе направи поголемо балонче. Хуба буба беше правата ствар :nod:

    Во мое време ти беше страв да поминеш низ Камени да не паднеш низ решетките доле во сувиот Вардар.

    Во мое време беше возможно да се шетнеш на Француски гробишта.

    Во мое време на задната врата на автобусите имаше кондуктер и место карти си купувавме пластични жетончиња.

    Во мое време Рамче од Топаана секогаш ме бранеше од лошите деца кога го поминував брдото одејќи во парк :D

    Во мое време идевме во МНТ и Метропол на Percussion Discussion журките и пиевме текили за 10 денари.

    Во мое време пуштаа само во парови :lol:
     
    На figgiMK, Sweety-Tweety, LivingGlam и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Во мое време ...

    ... да добиеш дискета за нинтендо на поклон беше вистинско богатство.
    ... секојдневните посети на тако званите ''флипери'' беше ритуал без кој не можеше да помине денот.
    ... станувавме рано секоја недела за да ги гледаме Туфи и Двојче со нивните генијалци.
    ... на Штрумфовите им немаше рамен цртан филм!
    ... ги гледавме и Сител Бамбини, убава емисија беше.
    ... се пријавувавме на квизовите како Плочка(одеше на А1 едно време), Тото (на Сител беше мислам) и ни стигаа огромни телефонски сметки. :)
    ... Дизниевите класици ги гледавме на видео-касети.
    ... слушавме детски песнички од Златно Славејче, Генијалците, Си-До.
    ... не поминуваше посета на црква за време на верските празници, а да не си купиме зашеќерени јаболка.

    Ех, убавини. :)
     
    На Divinebutterfly и zhap4e им се допаѓа ова.
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Во мое време после напишано домашно одевме со другарките да си размениме детска пошта.
    Во мое време да имаш касета од Златно славејче и Си-До беше врвот.
    Во мое време најголем престиж беше пејџерот.
    Во мое време се тепавме за чоколадни глувчиња од Жито Лукс.
    Во мое време беше хит да носиме плетени џемперчиња со крукџиња кожни на лактите.
    Во мое време најголема радост беа многубројните пристигнати честитки за Нова Година, а уште ако имаше некоја музичка на радоста и немаше крај.
    Во мое време за роденден се носеше тетратка (портокалова една ако се сеќавате), моливче и гума пеликан наравно :lol:
     
    На Thallia, eleni23, lolyta777 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Во мое време, татко ми купуваше протокалова бенетон дреч мајца, и ме викаа комуналец.. хух
    - кога одев како дете во Претор не будеа со песната "Бисер балкански",
    - игравме фудбалче,
    - се возевме на рингишпил,
    - постарите имаа по некој златен заб, ко на пример татко ми хахах...
    - малку имавме, многу вредевме..
    - возевме пони,
    - гледавме "Пипи длгиот чорап"..
    - превртував слики од турбо мастики и им ги собирав сликите на машките,
    - игравме силна војска,
    - по училница се редевме и игравме долга магарица,
    - камај камај,
    - грабни го стапчето,
    - ластик..
    - си пишувавме на ливче дали ќе ми бидеш девојка или дечко, заокружи...аххххххххххх!
    АХ!
     
    На figgiMK, Divinebutterfly, marama и 6 други им се допаѓа ова.
  9. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    ...последниот денар го трошевме на детска пошта или штипчиња за коса...
    ...со недели не спиевме поради претстојната екскурзија низ Топташ...
    ...игравме мижитатара низ цело маало ,ангажман - за сите ,нема големи мали...
    ...на голем одмор се тепавме кој да игра на флипери во блиската книжарница...
    ...си ја делевме ужинката со другарчето на кое не му дале парички...
    ...ни значеше секоја ситница...
    ...имавме време за се...
     
    На Mhhm, crazylady, calliope и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Во мое време игравме народна, школка и ластик.

    Во мое време компјутер беше онаа сивата кутија кај мама на работа.

    На велико се менувавме со детска пошта, салфети а и тањирчиња крадени од родендени.

    Модата беше хеланки со искинати колена од трчање како мува без глава.

    МекДоналдс беше како Плаза за нас, а прави некој роденден таму мислиш свадба се спрема.

    Се готвеа специјалитети од листови, камења, цветови и не знам уште што.

    Мотото ни беше како на тројцата мускетари: Што има еден имаат сите.

    За нас, Карпошевци Лептокарија беше врвото на ноќните шеми, Коцка, Фонтана....
     
    На Mhhm, Hipster, MarchelineAmaru и 4 други им се допаѓа ова.
  11. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Во мое време(минатиот век ќе да беше):

    Игравме ластик(скокавме до врат,па и до велики),игравме плочка,џамија,народна,сакате ли војска...
    Одевме на ,,Наше Море,, на одмор.
    Имаше само неколку одлични во школо,ама имаше и мн.добри и добри...
    Во мое време станавме свесни дека марката е најпопуларна валута...
    Се излегуваше во Силекс,Метропол,Мусандра,Булевар,Змија...и ноќниот живот беше супер
    Се носеше петстокец со блузон пикнат во фармерките,патики од некој позната марка и на косата се правеше кремче.
    Има уште многу да се напише ,но на другите им оставам простор да се потсетат. :)
     
    На Mhhm, Ariel, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Чисто како асоцијација, ме потсети на една ствар - во мое време постоеше КОЦКА на плоштад каде што се одржуваа концерти и локални збиранки.

    Во мое време се плашевме од Љубе Лигавиот.

    Во мое време проститутките стоеја пред 26ти јули :lol:

    Во мое време постоеја стоковна куќа Мост, Илинден, а врв ми беше стоковната куќа во центар (сегашно Сити галери) каде што ја буљев огромната слика на Тито која се наоѓаше помеѓу први и втори кат :D

    Во мое време Ваикики, Бенетон, Наф наф и Риплеј беа поим за марка прве класе |(
     
    На Ariel, Mistery, lolyta777 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    во мое време, фала му на бога, не постоеше FACEBOOK!
     
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Леле, абре уште постои типов и уште се плаши ненамерно луѓе. А ние ја имавме и Румена е што приказни кружеа за неа..... :D
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.818
    Допаѓања:
    38.324
    Пол:
    Женски
    ...eдинствен филм на кој плачев беше Босилка.Да да и прееска го гледав и ми навреа убави спомени :)
     
    На palavoto.devojce, esperanca и zhap4e им се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Во мое време...
    * едвај чекавме да дојде зимскиот распуст и да гледаме Зимско рекреативна програма на МТВ1,
    * се будевме со Добро Утро Македонијо и втората доза од утринската програма (исто од Almighty ем ти ви) Ѕвон,
    * сокот за растварање ИноСпектар и оние чоколокуми бајаги ни ги пореметија здравите навики за јадење и млечните запчиња,
    * имаше видеотеки, филмови на видео касети 2+1 гратис и колективно гледање кај некоја душичка дома,
    * дремење на кругче, на форум, кај ес-еф или на црква,
    * долгоочекуваниот рок-фест како да е манифестација на ниво на оскари,
    * нинтендо, тетриз и скромните почетоци на PS1...
    :lol:
     
    На figgiMK, crazylady, lolyta777 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Во мое време
    -се гледаше Македонски народни приказни и Шенка и Ѓорѓи беа незаменливи
    -сите лудуваа по Дилан од Беверли Хилс
    -се надевавме на концерт на Бекстрит Бојс или Спајс Грлс
    -имаше редици и редици пред кината(Култура, Парадизо, како беа другите :wasntme: )за карта и многу добро памтам кога прв пат го даваа Титаник
    -се играа џамлии, ластик, народна, барбики, монопол, не лути се човече и се јадеше бурек во Ескимо
    -зимите беа мнооогу поладни
    -плоштадот беше со коцка и секогаш ми паѓаше нешто измеѓу
    -не одевме налакирани и нашминкани уште во основно

    Ќе ми текне уште нешто :)
     
    На Mhhm, Hipster, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Кино Центар, кино Вардар 1 и Вардар 2 и легендарното кино Напредок во чаршија - у је! Срамотилоци! :rofl: Кога поминував од кај тие постери, многу ми беше срам пред татко ми и се правев демек не ги гледам :lol:

    Извинете што се убацувам во темава 3 пат, ама многу ми е убава :clap: Сите ве читам со восклик ко мало дете кога ќе добие шеќерна волна ^_^

    Во мое време си стававме цедевита или некое такво чудо на раката и го лижевме пред зграда. Потоа си викавме - дај да ти го видам јазикот.

    Во мое време дури и кога немавме фиксна одпрвин, чудесно успевав да ги најдам другарчињата пред зграда и не моравме да се договараме неколку дена однапред. Ќе искочиш под балкон и се дереш - Марјааааааан, ааааааајде да си играаамееее! :lol:
     
    На Ariel, Gea, Li0ness и 4 други им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Во мое време имаше општонародна бара у мое НЛо будало :P мое насеље. Се лизгаш до долу на г’з, си подаваш рака на другарче за нагоре... сите со осмех пред зграда, прашина од мал прст на нога до брада, па идеше општоколективно мавање по задник. Секој добиваше подеднакво, немаше трте-мрте во тоа време.
    Сусамче, шеќерно петле...
    Сладолед Снешко...
    Кукла што збори и пее, макар пеела на германски. Ма, што те брига. Сите сме го обиколиле девојчето, ко орлиња, со фаца :o свемирска е куклава, вау! :clap:
    Се мењавме со ливчиња, ама фраерки беа оние со тефтерче со ливчиња, тана-на!
    У мое време и љубоморевме на Босилка :D сите сакавме да сме како Босилка.
    Колективни прошетки имавме околу зградите на нашите љубови и си ги замислувавме децата со нив, што ќе работиме. Ух, мајка и татко :D беше професија.
    Вајкики се гледаше (глумецон од Очајни домаќинки-ех мажулето на Сузан, љубавникот на ледената кралица, уште е секси бре ццц), Ник Слотер, Американски нинџа, Нинџа желки, Фреди Кругер... и што ли не.
    Трст-виа Скопје јуху... од тогаш идејата за посвојување се роди. ццц
    Сателитската беше :clap: не секој имаше аааа!
    У мое време мислам почна да се месат пиците во градов. Брза пица на мајка ми памтам :wasntme: со пиперка :D требаше години да поминат за да пробам пак пица. Бљак!
    У мое време добиваш најголемо пердашење ако играш позади зграда на паркинг. Собиралиште беше клупата пред зграда и сањаш да пораснеш за да седнеш на клупата подолу во друштвото на средношколците и факултетлиите :^) ги мразев братучедите мои од Охрид, увек седеа таму и фраери изиграваа ма ајде. Јас и брат ми до 19 саат надвор, а нив никој не им вика пф!
    Подоцна па Мирц, ау, ау! Каде бевте вчера, во интернет кафе на мирц.
    Каде излеговте, пред Аха :D на минус 10 степени со јакни наоблечени, важно под јакните дотерани, убави, демек да те видат сите... а виделе само јакна и измрзната фаца... ама колективно ѕенѕање пред Аха ццц ок и многу други такви места имаше.
    Ај, доста е.
     
    На figgiMK, Hopeful, esperanca и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Во мое време уште по Охридон имаше коцка и немаше толку туристи и кафичи.
    ... игравме ластик и билии, а главно собиралиште ни беше бавчата во маало.
    ... се јадеше сладолед од кај Горичан и шампити од Корзо.
    ... се собиравме на Ѓупски и дремевме таму дури не ни досадеше (а во меѓувреме сеир се фаќаше, кој со кого е, кој која ја бендисува, кој која ќе ја праша да се фатат и кога :D а бе планови се правеа на големо).
    ... се грицкаа семки и се кажуваа вицови во нечиј двор под лозницата.
    ... се испраќаа километарски писма во детските и тинејџерските емисии и се радувавме ако ни го прочитаа писмото на телевизија.
    ... се читаше Росица, Другарче, Наш Свет и Политикин Забавник, се гледаше Бушава Азбука, До-Ре-Ми, Македонски народни приказни и Опстанок, секако задолжително Мечето Ушко пред спиење (и кога ќе се појавеше саатот за вестите, време беше да се спремаме за кревет).
    ... се носеа шишки и кремчиња, се користеше гел за коса, и сите бевме во фармерки петсто кец и маици со некој огромен натпис :lol:
     
    На Keanu_R.Wick, figgiMK, Hopeful и 5 други им се допаѓа ова.