Во мое време,имавме време...За што? За се! Пред се за себе,за играње,шетање,учење,другарување,уживање... Денес се е толку френетично,со загубени вредности.. Во мое време се придаваше значење на малите работи,денес некој е задоволен ако добие мобилен за подарок јас бев пресреќна со ново тевтерче од детска пошта,со бомбоните кои мајка ми ќе ги донесеше од Краш по работа,со излетот за 1,2 мај...бесценети работи кои за жал нема да се вратат!
Браво за Saya за темава. Сите ние имаме некое МОЕ ВРЕМЕ на кое се сеќаваме со носталгија, за кои што мисломе дека е најубаво!!! Но, треба да се согласиме дека МОЕ ВРЕМЕ за секој од нас е периодот на детството, тинејџерските и раните млади години. Во МОЕ ВРЕМЕ игравме Народна, Нека бие - нека бие, Е-ма-е-са-са... Возевме ПОНИ, гледавме цртани филмови во 19:15 и во 22 часот бевме во длабок сон... Во МОЕ ВРЕМЕ се облекувавме во Центротекстил, НА-МА, Југопластика... Јадевме вистински кајмак и кашкавал, преубави виршли и паштети, ги сакавме највкусните Краш чоколади и Таково еурокремот ( не е истиот што го има денес!!!)... Во МОЕ ВРЕМЕ излегувавме во Ани и Бони, идевме на торта - Шарлота во Бисер (МНТ), шетавме во старата Скопска чаршија... Во МОЕ ВРЕМЕ се беше убаво, најубаво, но и денес сметам дека е МОЕ ВРЕМЕ со сите нови, современи убави нешта...
Аааааааах сега ја гледам темава така носталгично и се сеќавам за едно време еднаш Кога немаше фејсбук туку игравме надвор.. Кога понуда за пријател не значеше да се поминат милион тестови, да се покаже кој колку е полицемерен и има повеќе пари туку станувавме другар со секој што ќе изиграше партија жмурка или ќе се сменевме со две ливчиња или ќе се викневме онака.. Кога 10 денарката знаеше да не усреќи.. Кога не се понашавме лошо со нашите и кога мама ќе речеше собата за 5минути да е средена одма мораше да се почитува.. Кога собиравме ливчиња и салфетки.. Кога немаше поделба на класи.. Кога се радувавме на малите нешта.. Кога имаше другарство а не лицемерие и немаше мода за на школо туку секој одеше како сака и му е најудобно.. Кога излагањето по сончоглед и круг низ маало беше како идење усвет.. Кога несмеевме да мрднеме од маало и само таму се се дешаваше и никогаш не ни беше досадно... Затоа што никој со никој не се караше и знаевме да живееме живот.. Ах тоа време ми фали премногу
Во мое време трчав да стигнам дома за да гледам Наше маало. (Ми текна баш пред некој ден ги фатив на тв ) Само е еедно ееее едно е наше мааало... Исто така, во мое време умиравме да искочиме во Вулкан или Левел. Отворени беа до 12, но сепак, ти си бил на журка. Во мое време, седев цел ден надвор и правев торти од кал! И незаборавното, продавав стари работи од дома со другарками, бизниси Исто така, во мое време се правеа шатори од чаршави дома, и си замислувавме дека тоа е нашето најсигурно место.
Епа, сега е дел од мое време, но ќе кажам нешто за моето детство. Во мое време, го обожавав да го гледам Комесарот Рекс. Леле, сум полудувала по таа серија. Исто така Том и Џери сум трчала да ги гледам. После одевме со родителите и пријателите во Зоолошка, парк, луна-парк... кога се враќвме дома, обавезно си легнував во креветот на мама и тато и заспивав.
Ех да се врати моето времее детството тинејџерството ... Во мое време обавезно секое сабалје гледав Македонски народни приказни ,дедо ми секое сабалје ми имаше сварено чајче пред да одам на училиште и ќе дојдеше да ме викне за задно да пиеме да се стоплам пред да одам на училиште (ех дедо мој колку ми недостигаш да знаеш ) . Во мое време ги кубев прецветаните цвечиња и со нив си правев цветени креветчиња за куклите Игравме на улица криенка ,четка (игра со топка) ,раскажувавме приказни се смеевме . Во мое време немаше компјутери ,имаше но беа ретки куќите кај што имаше па затоа сите деца беа на улица до доцна Плачев кога мајка ми ќе викнеше по мене да си одам порано дома Во мое време одев кај баба ми на гости и останував повеќе од 2 недели ,ме учеше да плетам (си имам 2 шала сплетено иначе) научив како се сука баник И уште многу други работи се случуваа во мое време ,кои што за жал денешните деца неможат да ги доживеат сега
Ова е за сите што мислат дека нема дете кое не седи на компјутер преку убавите денови... јас едвај чекам лето да одам кај баба ми да излезам во населбата да се шетам со другарките таму. Заборавам на компјутер, на фемина, на се и си мислан за оа колку ми е убаво што сум надвор... А, кога дојде крај на летото, почавме и ежови да фаќаме. Поточно јас фаќав другите се плашеа... Летоооо врати сееееееее!
Во мое време се утепував од плачење за да ме пуштат на екскурзија,сеа внук ми го прави истото ама за да неоди
Во мое време........ се беше поинаку отколку последните 10 год иако имам 21 год мнг работи се сменети... Надвор си игравме криенка,брканици,ластик од сабајле до вечер и мнг мнг разни игри што веќе сум ги заборавила Се собиравме сите од маалото си правевме муабет,пеевме,игравме понекогаш за некои работи и сме се глупирале ама ете тогаш ни беше интересно одевме во школските дворови машки женски фудбал игравме па дома не се враќавме во цел ден дури мајките и ни се караа додека да не најдат каде сме.... Тогаш немаше компјутери,ретко кој имаше дома компјутер.... А сега има све интернет нема кој нема компјутери и откако излезе ФБ све оставивме зад нас,сега голем процент од децата незнаат да ги играат игрите како во наше време и да се дршат тие немаат детство ние барем тоа имавме неколку год јас фатив од тоа време колку толку,сега е све лицемерие и злоба ...Ама како велат, постарите све е до време , како дојде така ќе биде....
Ние сме од времето кога, чатот ни беше заменет со 500 бесплатни пораки хехех..motorola c115, siemens a52...и многу други !
ма најдобри ... се изнаседивме надвор и лете и зиме. Времето кочан ладно ние вртиме муабет сред чаршија као дома да сме на топло. Дечкиве денес тоа го немат осетено. Они увек се дома пред лап топ
ЕЕЕ да и тоа за пораките,воошто не се сетив на тоа...И имавме од оние старите телефони хаха...А сега децата уште од паѓање ФБ и тел со камери ова она селфи....Би сакала ова време да се врати барем уште еднаш...