1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во мое време...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Saya, 13 септември 2011.

  1. deckoto

    deckoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    138
    тешко, тешко...но барем ние сме ја почувствувале убавината на детството а ова денеска, е катастрофа не знааат за свое детсво бидејќи и го немаат за жал....
     
  2. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.961
    Допаѓања:
    134.784
    Пол:
    Женски
    па ние додека не се напраевме цели песок не си идевме дома :D а коа ке се приберевме едвај успевавме да се истушираме од шо ни се спиеше

    а ова беше врв у техонологијата у тоа време
    [​IMG]
     
    На Valerin и Lile_05 им се допаѓа ова.
  3. Lile_05

    Lile_05 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Немаат детство нема ни да имаат, ни генарациите кои сега идат,никогаш а овде наоѓам вина и во родителите детето штом почне да збори одма ФБ, па слики па се глупираат малите по фб сепак мали се а сето тоа по вина на родителите тие го допуштиле тоа...Јас искрено тоа на мое дете кога ќе имам еден ден не би му го допуштила тоа барем до 12 -13 год иако сметам дека и тогаш е мало за некои ствари....
    Ние и снешковци правевме, се мававме со топчиња од снегот а тие сега игрички на нет....
     
  4. deckoto

    deckoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    138
    тетрис, нинтендо-дискети, триста чуда и врагови....а што викаш тоа слики ставаат од деца, само што родени страшно да ти се смучи кога отворам почетна на Фб и слика некоја ставила слика од бебе и надолу 200 коментари од типот, (срце, душа најубава, најмило на баба) :punch:
     
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.961
    Допаѓања:
    134.784
    Пол:
    Женски
    па реално толку им е богат и речникот, и не само на бебињата туку и возрасни меѓу себе. Па сите тетки/баби што имаат фб бетер се од тинејџерите и со слики и со коментари.
     
    На deckoto му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lile_05

    Lile_05 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    ЕЕЕ само колку дискети имав баш пред некој ден ги најдов и се сетив и салфети собиравме имам дома околу илјада и уште ги чувам сите имавме хоби, некои си сликички албуми лепевме исто слики....ее шо уб беше...
    Од овие слики што ги стават на фб малите деца мнг раб се случуваат... Педофилија,силувања, исчезнување на мали деца,лажни профили....
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lile_05

    Lile_05 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Пааа дааа тоа така е .... Од лајкови живеат собираат лајкови ајде лајкни ми слика коментирај ми...Па се лутам една на друга некоја имала помалку некоја повеќе....литат срциња на сите страни,дечковции па оваа така била облечена па онаа па и јас сакам така и 300 чуда....
     
  8. deckoto

    deckoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    138
    тоа е за жал таква е реалноста....
     
    На Lile_05 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.961
    Допаѓања:
    134.784
    Пол:
    Женски
    И сите истово го зборат а никој не превзема мерки да се смени нешто, за жал, секоја чест на исклучоците кои малце ги има.
     
    На Lile_05 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Во мое време си имав тефтерче и во него си ги запишував телефонските броеви :lol:
    ако го изгубиш остана без ништо.
     
    На angelche16, anina, molikaMk и 2 други им се допаѓа ова.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.073
    Пол:
    Женски
    Во мое време имавме време за чувството расположение...
    Знаевме дека постои граница меѓу детството, младоста и зрелоста. Ги почитувавме и применувавме вистинските животни вредности кои создадоа од нас самостојни личности. Се дружевме и се љубевме низ пеколното лето и снежната бура, а часовникот не го доживувавме како моден додаток кој со секој фрлен поглед кон него ни создава морници по телото.
    Чекоревме спокојно со огромна насмевка и тогаш кога времето ни беше ограничено. Не знаевме што е динамика на денот, ама пак знаевме да се препуштиме на задоволството предизвикано од семејниот собир.
    Не постоеше популарна дијагноза ( стрес) од која страда целата популација. Имаше нешто што се вика безгрижен живот исполнет со многу разбирање и сигурност насекаде.
    А имаше и простор за човечност во секој од нас.
     
    На Mhhm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Каква тема. :lol: Можам до сабајле да пишувам, тоа не дека богато детство, туку дека стар, па имам многу „мои времиња“ за различни приказни. :)

    Во мое време, деновите ги поминувавме на улица, дома лице не ни гледаа. Преку лето и ноќите ги минувавме надвор. Преку ден фудбал и кошарка, приквечер брканици, здрвен дедо, жмурка, флертови и такви преморени седевме на посебни „скришни“ места и муабетевме, се смеевме и зафркававме. Едноставни, а пребогати времиња.

    Посттинејџерските времиња, вклучуваа титкање, зашто пари за смс или повици немаше, ама едно титкање не може да замени ни реферат со три тагови на Фејсбук денес, зашто носеше со себе многу емоции тоа титкање, зашто знаеш дека некој дома седи и мисли на тебе, зашто знаеш дека некому си битен.

    Подобро да прекинам одма, ќе нема крај инаку носталгијата. :tmi:
     
    На Bender Rodriguez, N.Kety, Mhhm и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Капетане ме изнасмеа со Здрвен дедо :lol::lol::lol:
    и јас имам да пишувам до сабајле ама намерно не почнав.(fingers)
     
  14. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Vo moe vreme odevme peski od centar do K.voda vo skolo (Boris) edvaj cekav golem odmor simpatijata da si ja vidam, da jadam nesto od kaj Sune I posle casovi simpatijata da me isprati do avtobuska..ubavi vreminja :inlove:
     
  15. Tove Lo

    Tove Lo Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    419
    Ех..во мое време..најдобро ни беше,колку сум била глупа тогаш сакавме да пораснеме а сега се каам и сакам да се вратам таму каде што единствен товар на грб ми беше да не ме плукнат на жмурка,мама да ме пушти повише од 10 часот навечер да седам со другарките и тоа на 15 метри од мојата кука ,каде што единствена мака ми беше да отворам чупа -чупс лижавче,каде што најголема нервоза ми беше кога ке ми се паднеше иста сликичка во тие мастиките со тетоважа ,каде што глумевме госпоЖи со мастики цигари,каде што трчав ко луда без глава да не ме фатат на штркот бара боја.Во наше време после играње надвор ке се истуширавме а нозете ни беа бетер од циганчиња прљави се разбира мораше да има некоја будала пр. јас што трча со папучи хахаха каде што после туш имав за јадење еден убав голем сендвич кои си го јадев безгрижно си гледав цртан и ке си легнев..тоа време е тоа време за кое сите би сакале да имаме моќ да го вратиме,ама сепак сум свесна и да имавме моќ да го вратиме не би бил како оној првиот пат затоа што еднаш штом пораснеш никогаш повеќе нема да бидеш она наивно дете чисто без совест ко солза.
     
    На Mhhm, Lile_05 и Ketchup им се допаѓа ова.
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Во мое време поинаку цветаа розите, гладијолите и перуниките. Пролетта ги обуваше растенијата во ново руво, и вдахнуваше посебен жар на лицата на луѓето.
    Во мое време, се вееа балончињата дувнати од кругчето, придружени со милион искрени детски насмевки.

    Го паметам сладоледот со бои на виножито кое секое пладне одевме да го купиме со моите другари, особено пред квечерина. Пред месечината да ни биде единствена водилка кон скришните места кога игравме мижи - татара. А единствена преокупација ни беше дали ќе успееме да најдеме доволно добро скривалиште.
    И сеуште ми одѕвонуваат зборовите ,,Нема криење по други улици, само во нашата''...

    Паметам, дека во умот секогаш чував лето. Период во кој никогаш не биле повозбудливи патувањата.
    Како вчера да беше.. Јасно ја гледам мајка ми седната на предното седиште во црвеното ауди, со очила, розов шешир, цигара и книга. Среќна и подготвена за патување.
    Паметам колку убаво и` се вееше долгата кадрава коса, додека татко ми возеше со полна брзина, а од радиото ечеше некоја рок балада. Најчесто, омилената, од Rolling Stones - Angie, за која мајка ми постојано го прекоруваше, во знак на љубомора, бидејќи татко ми на времето имал некоја другарка англичанка со такво име.

    Дури и сега пред очи ми прелетуваат сликите на синото бистрило во недоглед, и сонце, чиј фокус го отсликуваше златниот пат кој се наоѓаше во средиштето на морето. Осцилациите, брановите кои ме поткреваа нагоре и правеа да се чувствувам како да се наоѓам на врвот од светот. Додека во носот сеуште ми се протега солилото на водата, песокот и лежалките.
    Си` помислувам, тоа беше пејсаж за кој вреди да се живее.

    Ги паметам дури и оние шарени шољички, добиени на подарок од нашите пријатели од Кина, кои баба ми ги колекционираше во висечите.
    Го паметам звукот на косилката, и чкрипењето на минијатурната лулашка, која дедо ми секој Ѓурговден ја ставаше во нашиот двор.
    Дури и` утрата ги паметам. Особено мирисот на чај со планински мед, кој чинам дека никогаш не се ширел со толку силен интензитет за да ги дразни сетилата.
    Паметам среќа...
     
    Последна измена: 23 март 2015
    На Anabelle.Amorette, Lile_05, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Ulove

    Ulove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Неможам баш да кажам за моето време но можам да кажам за пред едно 5 год.
    Беше многу подобро,немаше вакви телефони и некои како сеа искомплексирани леле не ми го чепкај да не ти падне...А тогаш се знаеше ќе ти купат нешто ново и ќе се пофалиш и сите заедно се радуваат со тебе...

    а воедно како што кажуваат пак дедо,баба,мама,тато
    порано било многу подобро имало живеачка...
     
  18. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Вo мoе време се е дoзвoленo :D
     
    На the drummer му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
  20. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Lugeto bea podobri sto e najvazno.Sega ovoj nacin na zivot gi napravi sebicni,ljubomorni na tuga sreka i uspeh a srekni na tuga nesreka.Ne bese vazno dali sekoja den na uciliste/rabota go nosevme istoto od vcera.Sega ni vo prodavnica nemozes da otides vo istite alista a da ne te izogovaraat.Mladite imaa pocit kon postarite.Ne ne interesirase novata tehnologija ni koj ima ponov i poubav mobilen,tablet...Se bese poednostavno,poubavo..mi nedostiga toa vreme. ;(
     
    На QueenElizabeth му/ѝ се допаѓа ова.