Криво ми е што времињата пребрзо се менуваат...нашите родители на 50 години ни велеа-ееее,во наше време,а јас денес се приметувам на 20 и кусур години како го велам тоа И како ми фали.Искрено,жал ми е за денешниве деца.Најискрено.Некогаш си велам-страшно време дојде да не посакаш дете да одгледуваш..... Во мое време,игравме ластик,плочка.Жмурка,ехееее по цела вечер криење.Се собиравме цело маало,и организиравме концерти.Имавме и микрофон.Правевме кореографии,измислувавме цели сценарија и организација на тој настан.Ги каневме мајките и им наплаќавме 10 ден. влез.Но,кога некоја ќе немаше ситно,и велевме да почека да го прашаме директорот дали може да влезе и секако влегуваше без пари Доволно ќе беше ајвар или маргарин со вегета на парче домашен леб и фурај низ маало.Кај која ќе си игравме ,таа мајка ни даваше вакви вкусни лепчиња Супер Марио на нинтендо.Тетрис,која нервоза кога ќе се потрошеше батеријата.Па потоа ми текнува излегоа монтките од клуб 77 мораше да се купи Колку убави цртани имавме,сон.Секоја вечер заспивав откако ќе го изгледав мечето Ушко и ќе се напиев чаша топло млеко со мед или Несквик. Колку безгрижност имало во моето детство...... Eдит-Уште нешто морам да додадам-сега ми текна како кога доаѓаше септември моравме да си купиме тексас палтенце и фармерки во иста боја За наесен купував темна боја а на пролет светла Спојлер
Во мое време... не е многу далечно, но е поубаво од сегашното живеење на децата 1. имаше многу повеќе деца со кои го поминував пола ден 2. постојано игравме жмурка, ластик, народна итн 3.постојано возевме точак, прво рошули па покасно и ролерки
Повеќе од пола ден го поминував надвор,памтам мојте не можеа дома да ме приберат, игравме разни игри,народна,фудбал,кошарка,карти,возевме точаци,ролери.. едноставно незаменливи времиња беа, да не се секираш дали другарка ти ти го зела дечкото,или со кој одела незнам ти шо, денешниве деца се многу поинакви од нас, цел ден се на компјутер,од мали имат дечковци,се качват на штикли и се пуфлат нешто,одат по кафичи.. Деца останете си деца,зато шо ќе го барате то време,не се качвајте на штикли и не фаќајте одма дечковци,има време за то,цел живот кје бидиш со маж
Во мое време се носеа плетени блузи или џемпери, под нив бела кошула со големи јаки на крајот со чипка и јаките извадени надвор околу вратот. Во мое време се носеа хеланки со ластици на стапалата. Во мое време 501 чевлите, со „џамче“ напред и сандали лаковани беа „маст хев“. Во мое време знаевме што е точак и знаевме истиот да го возиме уште од 4-5 години, игравме криенка, народна, камај, кизија, „Дај ми ја друже војската“, игравме наставнички, мајки, докторки, игравме со кукли и барбики. Во мое време сите имавме светливи стегачи - а ла Касандра и ги носевме на чело . Во мое време сите имавме нинтендо и на секое купувавме нови дискети, ама сепак најмногу игравме Супер Марио и тенкови. Во мое време „Патика“ и „Бомбица“ беа хит слатките од „Америка“ што ги јадевме на секој роденден. Во мое време во мода беа споменарите. Во мое време правевме торти од кал и разни „специјалитети“ од земја, песок, камчиња, кал, струготинки (талаш) од дрво. Во мое време гледавме „Здраво Генијалци“, „Дајте музика“, „Опстанок“, „Мајмунето Алис“, „Авантурите на Симбад“ . Во мое време кога ќе заврнеше снег дома не се прибиравме. По цели денови бевме надвор, игравме, иако жива вода сторени од снегот, никако не сакавме дома да се прибериме. Во мое време ќејфови бевме кога имаше турнир во фудбал и кога одевме на игралиште да навиваме, Спојлер а пак ако победеа нашите се собиравме сите, и машки и женски, и со знаменца и пластични шишиња полни со камчиња ја прославувавме победата одејќи и пеејќи (читај-дерејќи) низ цело село - „Напред наши,....(името на другата екипа) се плаши„ Во мое време имаше едни како сладоледи, како чоколади, не знам што беа точно, однадвор беа со чоколадо, а внатре имаше како пена од јагода и нешто бело и како со зрнца од јагода, беа во розово ќесенце спаковани и тогаш ми беа највкусното нешто што постои. Во мое време јадевме сладолед „Бетмен“ и „Лолипоп“ и едни како грицки/чипси „Тако“ Во мое време ги слушавме Спајс Грлс, ХХЛ и обавезно гледавме Евровизија и Мис на светот, па после организиравме избор и за двете Спојлер на терасата кај едни комшии на баба ми, бидејќи беше повисока. Ќе се облечевме во некои алишта од вујна ми, ќе се „прекрстевме“ и почнувавме со глупирање, додека комшивките ќе се наредеа на оградата и ќе не гледаа, а ние занесени демек вистина на Евровизија сме Во мое време се беше поинаку и за мене поубаво.
Во мое време, покрај се споменато во претходните постови се излегуваше на РИНГИШПИИИЛ и таму се фаќаа првите дечковци, уствари јас уште до 4-то одделение излегував бидејќи имав комшики поголеми неколку години од мене. Тие излегуванки беа всушност прошетки и седење на трева покрај рингишпил. А машките од комшии кои беа неколку години постари, тинејџерчиња ни викаа да штипкаме женски за гзиња а тие демек трчаа да испадне дека биле они (или обратно беше ). На рингишпил се вртевме додека траеше една песна, обично се вртеа синан сакич драгана миркович и други од јужни ветар . Пред да почне рингишпилот да врти се заплеткувавме за да после се одмотуваме и фрламе и кршиме нозе. Прво имавме излез до 8, па 9, па 11, 12 итн . А голем секс паѓаше во колите кои беа паркирани во близина на рингишпилот , имаше доста воајери, и така, тоа би било околу рингишпилот. Во мое време ми премрзнувале нозете од студ и снег, веќе со години ми недостига тој снег. Еден период беа модерни хеланки со туника, мартинс (ги купив ми помина меракот и мислам дека уште ги чувам скоро нови, црни), па се сеќавам после беа модерни некои панталони широки шарени без врска. Ова детство сега не може ни да се спореди со нашето. Ми недостигаат деновите поминати играјќи ластик со другарките, жмурка (криенка) уште кога бевме копиљаци, не имаше повеќе возрасти во маало и сите заедно игравме, игравме челик, џамлии, народна, кини гаќи, некоја брканица со отклуч заклуч , плочка, скокање на јаже, брза географија (опасни бевме географија благодарејќи му на наставникот, малце беше зезнат тип ама не тераше да учиме многу за сите држави, главни градови на сите земји беа за двојка а за 5 можете да претпоставите) Во мое време се купуваа сокчиња газоза на слави (мора да се сеќавате на нив) и како мали ги клункавме и се прскавме со содата, во школски двор купувавме лижавчиња петлиња и карамелизирани јаболки. Во мое времеее..... незаменливо беше што и да кажам, нема да се повтори за жал.
Детството го живеев слично со доста претходни генерации и покрај тоа што не е толку далеку моето време и кога ќе споредам како живеат децава на 7 годишна возраст и како живеев јас - небо и земја разлика...Како ми завршуваше детството и како растев, мислам дека така почнуваше да се менува времето...барем детството го проживеав, онака баш олд скул. Моето време беше крајот на минатиот и почетокот на овој век, воедно и милениум. За разлика од моите родители и семејство кои имале многу поразлично време од денешново, а и од моето, сепак и тие се согласуваат дека детството ми беше „спасено“ онака во последните мигови на пропаѓањето на тие стари времиња...Што се правев тогаш? * Собирав детска пошта и салфетки што многу се каам што ги фрлив пред некоја година. Се менувавме од типот на: еве ти едно убаво ливче за 5 твои пообични. Истото важеше и за салфетките кои секогаш кога одев на гости морав да си соберам една неизгужвана макар и најобична. Многу ги сакав, МНОГУ! * Редовно играв Нинтендо, имав дома едно и си го чував како очите и покрај тоа што скина конци. Супер Марио на Нинтендо кога ќе се вратев од надвор. * На видео-касети ги имав омилените цртани и никогаш не преболев што ми беше расипана „Заспаната убавица“ и дали само еднаш ја имав гледано. Уште не можам да преболам за таа касета. * Аудио-касетата на Џемо Биљбиљ иако моите не ми даваа некој ми ја купи зошто цело маало ја имаше и да не останам само јас. На системот кој примаше само касети ја слушав и моите не ми обрнуваа многу внимание само ми викаа дека збори глупости, а многу па го сфаќав, смешно збореше . * Веќе кога добив систем со цд-иња почнаа да купуваат децата од Аеродромското мое маало цд од Бајага, Каролина, Тоше и покрај тоа што беа скапи и не ги ни слушав и моите знаеја дека нема да ги слушам, плачев и ги терав да ми купуваат за да не останам покуса. Шема беше тоа. * Купував Степ-лајт прашак (Пирамида спомнала Цедевита) во разни бои ставав на рака , го лижев и потоа сите ја споредувавме бојата на јазикот а рацете ги миевме, само јазикот требаше да е во боја. * Го добив првиот компјутер хмм во 1 или 2 одд. Пентиум 3ка и среќна бев. Иако имаше само најобични игри, секогаш седнував да играм, ама не претерував да не го расипам Децата од маало што немаа компјутери некогаш им давав да седнат да поиграат. * Повикувавме духови во темница, се помочувавме од страв и секогаш ко за беља завесата се мрдаше. Уште не ми стана јасно тоа. И боље. * Игравме ластик, скокавме на јаже, игравме народна, камај-камај, „Сакате ли војна?“, жмурка, граница и останати такви игри, играв тетрис за кој им ја извадив душата на кутрите ми родители да ми го купат. * „Жаде“ старата верзија беше хит тогаш. И други некои серии кои ги гледав кога ќе дојдев дома, ако ги фатам од типот на: „Никогаш нема да те заборавам“ со Есперанса плавата, „Касандра“ и Ранду и подоцна веќе „Млади бунтовници“ беа хит. * Го гледав Бингото на Игор Џамбазов и му помагав на тетин ми во заокружувањето зошто тој редовно играше и секогаш кога ќе му отидевме на гости Бинго-ливчиња гледаше. * Ја игравме Макарена и од ХХЛ - 100% те љубам. * Носев трегери (омилените со Мики Маус зелени), комбинезони-тексас и останати тексас-парчиња, кломпи носев имав и на штикла едни, бициклистички обавезно и имав едно полу-маиче со ептен гол стомак само градите што ги немав ми ги покриваше као демек и најфраерско беше. Носев и топуци бели со циклама, ми викаа дека личам на Миа Колучи. * Имав наочари за сонце и окалките им беа во форма на срциња пластични црвени, најубави. * Имав и БМХ и еден ми украдоа сино-бел, аеродромски! Од пред куќа Потоа имав и брзинец, после долго користење на услугите на БМХ. Имав и на 4 години ролери црно-жолти за 4тиот роденден ги добив од чичко ми и тогаш за првпат почнав да возам ролери. Имав и едни зелени пластични ролшуи, но играчки беа ама ги возев и нив, само еднаш мислам дека. * Гледав Сител Бамбини, одев и учествував на еден маскенбал еднаш, едвај го натерав татко ми. * Весник за 5 денари можев да си купам! * Во чипсовите секогаш се паѓаше награда, во едни имаше и танга-гаќички награда, секогаш ќе купев цела низа 10 чипсови за 100ка и барем во 2-3 од нив ќе ми се паднеше купонче за 1 чипс гратис, или во кафето 50 денари. * Секогаш добивав честитка од децата во сандаче за Нова Година! Праќав и јас! Од дедо ми и баба ми, секогаш што свири, убав текст и големи честитки и + пакетчиња и пари. Од родителите, пардон од Дедо Мраз пред врата случајно наоѓав подароци баш кога ќе ги снемаше двајцата. Од нив не сакал да дојде сигурно. * Славев родендени во МекДоналдс и + дома претходно, пресреќна бев! * Ако имаш маица од Бенетон си главен! * Македонски народни приказни на МТВ1 секогаш кога ќе фатев ги гледав, особено го сакав Царот, знаете на кој мислам веќе Го сакам назад тоа време, многу убаво ми беше!
Ги заборавив и разменувањата со постери, салфетки, детска пошта, поштенски марки и значки. Имаше и допишувања со непознати другарчиња - одвај чекав да одам на пошта да го пуштам новото писмо, и во меѓувреме, да не има нова детска пошта да си ја збогатам колекцијата. Прв компјутер со кој што сум се „сретнала“ беше Комодоре 64 (тогаш имав некои си 7-8 години), и само едно дете од друштвото имаше таков, па понекогаш неколкумина ќе се заберевме кај него дома, демек да играме игрици. Имавме и Нинтендо, омилена ми беше Супер Марио, ама смеев само за зимски или летен распуст да играм. Хоупфул ме потсети на тие чевлите 501, колку беа тогаш „модерни“ поточно да речам популарни, а сега паѓам од смеење кога ќе се видам на слика со нив Кога се одеше на плажа или на некој подолг пат, задолжително на репертоарот во колата ни беа или Ристо Бомбата и Кучешка Тенија или Студени Нозе - и задолжително се возевме со отворени прозори и пеевме на глас Немаше ролери - имаше ролшуи (колку пати само сум ги одрала колената...)
Сега ми текна, тогаш беше и чудно некој да нема монтка и јас имав, машки/женски сите монтки носевме и да не беа чевличињата немаше да се знае кој што сме од далеку, а не денес децава мислам на помалите на машки и женски се делат и не дај боже да видиш девојче облечено во нешто како за машко, другарките веднаш ја нарекуваат машкуданка и ред други слични зборови. Ништо не е како што беше...
Во мое време станувавме пионери/ки со црвена марама, Тако тортица и „Хеј Словени„ во позадина. Во мое време се носеше „шлем или пајнца„ (округло шишано со шишки напред) фризура во пионерскиот период, подоцна излезе надалеку прочуеното кремче чиј подолг период на тапирање во вис даваше појак ефекАт . Во мое време се навиваше за „Црвена Ѕвезда„ или „Партизан„ и постоеше крвно непријателство меѓу спротиставените фанови. Во мое време се носеа црвено-сино-белите хулахопчиња за девојчиња. Во мое време се играше на фудбалчиња и една од омилените тинејџ активности беше да го бодриш симпатијата дури игра флипери или да одиграте пикадо заедно. Во мое време имаше домашни журки на кои пиевме домашно вино помешано со Кока-Кола. Во мое време пред да излезе вокменот луѓето носеа касетофони на рамо , слушаа касети, а кога излезе ЦД-то служеше ко украс во автомобилите најпрво . Во мое време тепавме саати играјќи на гемчиња и Тетрис пред да излезе Нинтендото и да го научам врвното разочарување кога Супер Марио наместо да доскокне ќе се стрмоглавеше во некој амбис . Во мое време се работеше во ДОС ОС и имаше огромни флопи дискови со смешно мала меморија. Во мое време скокавме на гранџ музика со мартинси - Нирвана, Прл Џем, Рејџ Агејнст д машин и итн и рапувавме во бициклистички на Ем-Си Хамер, Салт н Пепа и Ена Веко . Во мое време врската беше дефинирана со „ќе се фатиш со мене?„ и дечкото требаше да е „џек„. Во мое време собата мораше да ти е излепена со огромни постери од „Браво„, да имаш лексикон во кој е потпишано цело одделение, мораше барем еднаш да си се допишувал со непознато другарче. Во мое време лапање се тренираше во чинија со мастика, а сексуалната (само)едукација беше дел од лично импровизирачко искуство и имагинација. И на дечкото му требаше вреееме за премин од една на друга база. Во мое време на фиксен ги прегревавме слушалките за смешно мали месечни сметки. Во мое време јадевме југословенски прехранбени производи и се облекувавме со облека и обувки од југословенски фабрики, но затоа пак без виза ЈАТ ќе не одведеше на било кое место од светот. Е, сега бабево ќе ги извади очилата, ќе ги подзабрише солзите во аглите на очите со штиркано шамиче со навезени иницијали и носталгично ќе се смешка.
Во мое време, зборувам за основно, сите со душа чекавме физичко и ниту едно единствено детенце не отсуствуваше. Бела маичка и задолжителните шангајки од пазарче и она ЗДРАВО! на крајот од часот ни причинуваа најголемо задоволство. Главен декор во детските соби ни беа постерите (од под до плафон, ако најдеш слободно место на ѕидот еве на , а на макетите од ОТП работевме сите дома - мама, тато, цела компанија. Кога поблиска комшивка правеше ајвар, сите мајки и' доаѓаа напомош, додека ние плескавме народна пред дотичната гаража, додека не' не викнат да ја излижеме шерпата на крајот со топло лепче. Рдонините од Тетово задолжително ми носеа кутија со коцки шеќер (некои се' уште го прават тоа) , а ние за возврат купувавме наполитанки Јадран. Убави времиња...
Во мое време игравме ластика(имаше една игра во која сите се во ластикоти кажуват кој ќе јаде кој ќе јаде и ќе истропаш глупости па сите треба да скокнат од ластикот а кој последен ќе остане односно ќе се заплетка ќе јаде ),народна,боден дедо... Во мое време имавме непознати другарчиња и се допишувавме преку писма...едвај чекав да пристигне писмо за да пратам ново Во мое време за роденден се носеше тетратка и пенкало Во мое време игравме карти,вистина или предизвик а не на компјутер по 24 часа Во мое време гледавме цртани на Картон Нетворк откако ќе го напишавме домашното Во мое време се менуваше салфети и чинии(хартиени од родендени)! (псст....уште ми сројат на таванот ) Во мое време си правевме јадења од земја,камења,цветови и уште што не....па дури и продававме Во мое време беше тренд да имаш плејстејшан мислам така се викаше...многу се играше на него! Во мое време ни даваа продавачите жвака цигара од по 1 ден. ако се сеќавате Во мое време немавме компјутер...ми го купија дури во 6 или 7 одд. и си игравме карти на него Ако се сетам на уште нешто ќе дополнам.Инаку ми недостасуват тие времиња!
Имам само 18 години а страшно ми фали периодот од пред 10 години . - Го обожавав мирисот на детската пошта , големата колекција салфетки . - Во мое време позади зграда глумевме кувари , правевме торти , салати , хамбургери . Нормално дел од состојките беа камењата, циглите , калта , песокот , тревите . - Во мое време под терасите на приземје знаевме да си постелиме черги ( од оние со 100 бои ако се сеќавате ) , да донесеме перници , ѓезвиња , кукли .. и да си доаѓаме една кај друга на кафе нели? - Во мое време сите се деревме од пред зграда . Мамооо дај ми 10 денариии !! - Ти дадов . - А бе уште 10 , за мастика и лижавче , те молааам .. па добро не ми даваај... ( и со спуштена глава си одам ) - Тогаш се чекаше вечерта за да играме на сред улица жмурка на топка . И нормално знаевме да избегаме повеќе отколку што сме се договориле . Кога сме веќе кај ова , сум издржала 3 саати на дрво качена за да не ме плукнат , не можев да дозволам да ме видат - Да не зборам колку беше интересно до касно да седиме со големите и да ги слушаме што зборат за женските Касно беше до 1 саат , 2 максимум . А големите беа средно или факултет - Во мое време сите сакавме да имаме свои пари . Затоа често знаевме да се собереме сите деца од зградата и да ги чистиме влезовите . Друг начин на заработка беа изборите што ги одржувавме . Ги каневме сите родители и да се пофалам , 2 пати победив и бев мисица на нашата зграда
Mалце за мувањето, кое беше таму тема во мое време(да не се надоврзувам за детските пошти, лстик,плочка,вис и компанија) во мое време, кога некој ќе се народно кажано муваше позади зграда, цело друштво се собираше и Sиркаше , во мое време, некои дури и на маслинка во чашка вода се учеа како да се 'лапаат'.... процес и елемент беа секој викенд од 21 до 00, и ако му се допаднеше на некое типче, тој страмежливо ќе го пратеше другар му да те праша дали би се мувала со него
во тоа мое време кога бев малецка се знаесе кој е сто а сега се е исто не се знае кој е дете а кој возрасен
А B2 го заборави За мување иначе никако директно . Преку другари или другарки обавезно тоа иде И сама нема шанси да те пуштат другарките
Во мое време по цел ден бевме надовр со децата од маалото Во исто тоа мое време немаше разлика во години, секој со секого си се играше Во мое време Се собиравме во влезови и си игравме семејства Во мое време Најинтересно што ми беше да се играм со машките и да изиграваме нинџи за да си го “спасиме“ маалото Во мое време секој си имаше по некоја симпатија од маалото Во мое време секој со секого ке се степаше, ама утредента пак заедно си се игравме Во мое време навечер безгрижно ке игравме криенка позади зградата Во мое време со другарчињата бркавме духови хахахахахаа Во мое време си се качувавме на сите дрвја и гаражи . Ехх барем еден ден да се вратам во тоа мое време . И мисс дем
Во мое време највеќе сакавме да седиме и да ги слушаме мубаетите на "големите" .. жмурките, плочката,вртењето со хулахоп без задолжителни секоја вечер, едно чоколадце знаеше да измами насмевка, седењето до 12 часот по полноќ беше реткост и најголема среќа, тоа карање за салфетки и детска пошта кој имал повеќе.. Во мое време штиклите ги носеа само големите девојки вулкан левел папаја беа секој викенд од 21 до 23 и често ќе дојде некој и скришно ќе те праша "Сакаш да се запознаеме?" или пак "Би се мувала со другар ми?"