Маслинка у вода? Ауууу затоа ли нашиве мужи толку неодоливо и незаменливо се лапаат? Маслинка во чаша со вода, темперамент и адреналин, долги јазици, мх мх мх Мене во мое време другарка ми ме научи да се лапам. Овај, не дека ме залапа туку ме подготви пред првото лапање - ми збрца лижавче во уста и ми рече - ајде сега врти со тоа јазикот. И јас вртев Во мое време беше шема во лето да се искача на џуниор журки во Кока кола клуб кабрио во парк (сегашна Хавана). Зорица од А1 тука правеше некојси натпревар во танцување. И најдобриот пар добиваше гага викенд во Охрид. И јас овој мојов партнер го остаив со друга да отиде Скопјанки од моја генерација ќе се сетат - дека во мое време се искачаше и во Мјузик Гарден во парк. Таму сите бевме као демек андерграунд. Во мое време носевме широки ламбада и dirty dancing сукњи, ти се вртиш а некој друг одоздола ти прави на сукњата бранови
Еееееех колку ли само беше прекарасно...моето детство. * И јас играв џамлии, народна, џамија, ластик, жмурка.. * Игравме продавачки пред зграда, продавајќи дупликат сликички и салфетки, правевме торти од кал и после дома ме внесуваше мајка ми во раце, зошто бев како прасе, од глава до пети гнасна. * Градевме куќички од картонски кутии, едвај чекавме во маркетот да донесат нова роба и да им ги џапнеме празните пакети * На зима истуравме вода на снегот на удолницата кај зградите и се лизгавме со кеса, и едвај ќекавме да помине некој стар за сеир да пукаме * Од школо испраќавме писма на непознати другарчиња од други школи, и тоа до другарчето што има ист реден број како твојот во дневник. * Гледавме Мечето Ушко, почнуваа вестите и ние правац на спиење (во недела пак даваа Нинџа желки) * Слушав музика на грамофон, старите плочи од мајка ми и татко ми * Гледавме Династија, Клиниката Шварцвалд и Бољи живот (за возрасни беа тие), башка Беверли Хилс и Рокенрол клинци * Носевме 501 фармерки, бенетон и ваикики блузони, Монт-ки од Словенија спорт и тренерки Јаса за низ дома од братучедите * Јадевме шеќерни јаболчиња, шеќерна волна, шеќерна табла од Европа, и џвакавме Софти И Чунга Лунга Леле уште колку имам да пишувам, ама ај во друга прилика, да не биде ептен голем постов
Ех... Во мое време... Одевме порано на училиште за да имаме време да си поиграме во школски Си пишувавме пораки за вечно другарство во споменари и пополнувавме прашалници во лексикони Едвај чекавме зимски распуст за да одиме на лизгање на Кале Одевме на концерти во МКЦ, во сала голема колку нечија поголема дневна Излегувавме ПРЕД Бони, Ани и Пирамида Момчињата беа подготвени да те испраќаат дома преку половина град и да го пропуштат последниот автобус (па да си одат до дома пешки) само заради евентуалната можност дека ќе те бакнат пред влез. Ако „се смуваш“ со некој, значеше дека си фатила официјален дечко (златни времиња, не постоеше категоријата „мувач“) Слушавме Диско Селектор и чекавме спремни со касетофоните да снимиме нешто, а кога на сред песна ќе го пуштеа џинглот, тоа беше траума! За првпат пробавме хамбургер кога се отвори Камел. (Претходно синоним за сендвич беше сендвич со плескавица кај чичко Стоилко). Ќе си застанеш на ред најаден, па додека да ти дојде редот веќе ќе си огладнет Фуфо ја отвори првата пицерија во Скопје, во Аеродром. Трпеливо чекавме да се ослободи маса (затоа што имаше само 4-5 масички), а Фуфо ни раскажуваше за историјата на пицата. Верувавме во идеали. Ги голтавме книгите на Кундера, Момо Капор и слични наши идоли, слушавме на плочи како Раде Шербеџија рецитира „Не дај се, Инес“ и се убедувавме дека никогаш нема да работиме од 7 до 3, дека ќе бидеме покул од нашите родители, дека прво ќе го прошетаме цел свет, па после се друго, дека никогаш нема да престанеме да се дружиме...
-Јас ја памтам “Дајте музика“. Си ги снимав емисиите на касета, во тоа време бев главна во маало зошто имав преку 100 касети. Немаше цртан филм што го немав, ама за жал татко ми се реши од мојата толку сакана колекција. -Дефинитивно најубава детска програма ми беше “Во светот на бајките“. Со сестра ми, седевеме секоја сабота пред телевизорот на дедо ми(кој патем имаше 7 канали) и чекавме да почне, па заедно на глас ја пеевме целата песна, која и до денес ја знам. -Имав колекција од детска пошта, и во различни пликоа ми беа сортирани ливчињата со барби, животни, јадења и корици. Собирав и салфетки, кога одев по родендени и прослави задложително си одев дома со неколку. -Израснав со “Наш свет“ , а нешто подоцна сите читавме “Тин Шема“. Од списанијата сечевме слики и правевме споменари, кои кружеа меѓу нас и ги полневме со љубовни смс-пораки. -Најфраерски беа бициклистички со сукња одгоре, сукња-панталона, а после шема беа ѕвонарките. Што пошироки доле, толку пофраерски. - Во маало се играше жмурка, и играа сите, од првооделенци до полуматуранти. Ластик, народна и бугарска беа задолжителни во 6 саат пред зграда. Секогаш се слушаше некој како се дере: Мамооо, ај направи еден сендвич со кечап!! И после 15 минути, сите седевме на работ на улицата и јадевме сендвичи со кечап, притоа изгледајќи како да јадеме човечки органи. -Љубовно шише беш хит по родендени. -Сами си правевме лулашки на дрвото пред зграда, со јаже и перница. -Супер Марио беше најголемиот јунак. Подоцна и Херкулес, заради истоимената серија на Мтв.
Во осмо одд. кога се местевме во 21 часот пред Мусандра одевме колективно цел клас на излегување, и веќе пред време се знаеше кое девојче со кое машко ќе влезе, зашто како што некој погоре напиша - пуштаа само парови. Излегувавме со 200 ден. и си поминувавме топ. Немаше избор меѓу илјадници работи, туку се сведуваше помеѓу кремот од Агроплод, Ципирипи или оној на Таково. Ниту едно од дечињата на улица не ги викаше мајка му и татко му во одбрана при караница. Во спротивно ќе испаднеше лигуш и мочко. Се' се решаваше на лице место, меѓу децата. Машките играа со џамлии, а лично јас ги изгледав Нинџа желките едно 4 пати во кино во малото градче. Ќесите со грицки и бонбони патуваа од прво до последно седиште за време на екскурзија. Ех, ме фати носталгија. Што убаво ни беше порано.
Леле, вртиш низ темава и те пука инспирација: -се лижеа степчиња у велико па недела дена после те пече јазик -низ класови, а и пошироко кружеше голема тетратка такозвана лексикон која сите ја пополнувавме. И обавезно последно прашање беше Имаш ли прашање за мене?, а на крај еден свиткан лист со одговори на кој пишува Не ѕиркај!!! -маалските кучиња беа милениче на цела населба со креативни имиња како Црни, Бели и Џеки -на секоја екскурзија не будеа со песната Устај војско зора је!. Дополнително се делеа дипломи за најчиста соба на која сите беа посебно горди -во недела навечер задолжително се гледаше Бинго и Во погрешно време -комуникацијата беше заснована на дерење под балкон посебно во ноќните часови како на пример: Ајде домааа!!! Мамо бе ај уште 5 минути!!! (после 15 минути) Ајде дома!!!! Еве мамо за 5 минути доаѓам!!!! -камај-камај беше игра со пукање со стапчиња и воена стратегија од типот Иди му отпозади -една санка кружеше меѓу 50 деца, а додека чекаш тераш лизгање со кеса -јадевме покемон смоки и собиравме слагалица од која едно делче за жива глава не се паѓаше -дополнително огромни суми на пари дававме за сликички за да го собереме албумот. Не е битно кој, се живо и диво собиравме од Барби до НБА кошаркари
Во мое време после школо се цртавме пред телевизор и гледавме МС СМС во исчекување некој да не поздрави и да каже дека не свиѓа фрчеа пораки лелеј Во мое време се утепувавме од јадење глувчиња во жито лукс. Во мое време беше доживљај роденденот да го славиш во Шехерзада. Во мое време славев роденден кај Луси Во мое време моите ме носеа секоја вечер во парк кај фонтана да возам ан тие џипчињата и моторчињата Во мое време секоја недела се собиравме кај другарче пред куќа во 8 сабајле и идевме до средно водно. Во мое време ги гледавме од тараса големите како играат лапни стапче на улица. Во мое време бегав кога некој ќе ми намигнеше и ме зезаше Во мое време одевме колективно на зимување и летување цело одделение. Во мое време се облакавме од токсик, косите си ги шишавме само на темето да штрчи тоа ко палма... незнам као да ви опишам хаха беше многу дебилно, со оглед на тоа што имам виткана коса лол. Во мое време Спајс Грл и Бекстрит Бојс беа хит, да не зборам на зимување коа се рокаше Фанки Џи во Шуламина Во мое време да имаш џибичан беше врв у кариера.
Во мое време гледавме „На детски начин“, се јавувавме и ако добиеш награда прашок за милкшејк те гледаа како цар у маало.
Во мое време -игравме ластик, жмурка, и скокалица. -до 8 одделение не размислував за дечко и бев пресрекна што ми купија велосипед бидејки поминав одлична. -Нинтендото беше ин. -се броеа на прсти оние кои имаа мобилен телефон. -се броеа на прсти оние кои имаа компјутер и интернет. -во мојот град шема беше интернет клуб Феликс каде што правеа најубав милкшејк од зелено јаболко -До 2 година гимназија ме пуштаа да излегувам до 11 а не како денешнава младина која не се прибира дома до 4,5 саат... -Имав чипичан. -Родендени се славеа во Шар Планина слаткарницата и се носеа за поклони исклучиво тетратки пенкала моливи и гумички. -Не се замарав за шминка и за тоа каква ми е косата и дали се вклопуваат боите во кои сум облечена. -Не испуштав епизода од Светот на Бајките и Дајте Музика. Е тоа беше моето време кое нема никогаш да се врати.
Во мое време се седеше по цел ден на улица, од јутра до сутра, да не се прекине играта и мајките од дома ни правеа сендвичи од крајчето на лебот за да јадеме надвор.Секој што ќе излезеше со таков сендвич од дома, сите се цртавме околу него и викавме: „Дај еден гриз“!!! Кога ќе ни запаѓаше дожд, со креда цртавме сонциња на улицата (ваљда сме сметале дека се работи за некаков тип енергија или сипатичка магија), мислејќи дека на тој начин ќе влијаеме врз природата и дождот ќе престане. Во мое време сите баби плетеа пуловерчиња со натпис Шарам-барам. Тогаш се појавија првите технички моливи и чинеа една титовка и беше посебно задоволство да се има такво чудо во кутивчето.А кога сме кај кутивчињата, тогаш се појвија и оние кутивчиња на дугменца со магнет, стиснеш и само се отвара (колку само клоцав и рикав да ми купат) :geek: Во мое време се собираше „Детска пошта“ и секое денарче се трошеше за миризливи тевтерчиња. Во мое време денарот се викаше динар, а ние бевме претпоследна генерација титови пионерчиња и со црвена марама околу врат и капа на глава дававме заклетва. Во мое време се одеше на одмор во Тиват во 7 смени.Секое сабајле не будеа со екс ју хитови и миниравме креветчиња на спрат. Во мое време....толку многу нешта се случуваа на кои се сеќавам како да беше вчера,ама сега тие времиња ги доживуваат http://www.youtube.com/watch?v=T6iztzMG0vo
Во мое време игравме ластик, да бие да бие топката и уште еден куп други игри на кои не ми текнува во моментот... Во мое време беревме детска пошта, салфетки и маркици.... Во мое време испраќавме писма на непознати другарчиња од друго училиште... Во мое време правевме храна од кал, тули итн и ја продававме Во мое време гледавме Бинго, Дајте музика, Во светот на бајките, Нинџа желки... Ех, како ми недостига тоа време
Во мое време беше премија да носиш Јаса (Yassa), и сите сакаа да ја пробараат мојата тренерка. Во мое време од 8 саатот сабајле слегувавме пред зграда и игравме карти, се возевме со точаци, возевме скејт и игравме „ас-брас-трас“ Во мое време бев единствена која играше со сите машки, „так-так“ и „на прва“ (нешто како криенка само што еден шутираше најсилно што може и дури да ја најде топката другте треба да се скријат) Во мое време едвај чекавме конак, за да се изнаиграме долга магарица. Во мое време гушкање имаше само кога некоја другарка прави роденден. Во мое време сите се шишаа кратко (како печурчина) а јас паметњакович коса до под г’з Во мое време се тепавме кој прв да влезе во библиотека. Во мое време компјутерот беше машината која ја добив поклон од Америка пред 15/6 години, и сите деца ѕиркаа од пенџере за да го видат новиот изум...Бевме први кои имаа компјутер дома. Во мое време цело лето го минувавме на плажа, обично одевме на „Ајван плажа“, „Сараиште“ или „Канео“. Во мое време јадевме „кифла со кремче“ Во мое време да имаш детска соба само за тебе беше врв... Во мое време беревме салафетки, детска пошта и најлончина. Во мое време ѕиркав од балкон дали глупавиот „Стојко“ ме чека пред скали, и ако беше тука излегував преку подрум...
Леле како заборавив, во мое време Комодоре 64 беше врвен компјутер, а pacman најиграна игра. Спојлер И во мое време ручекот обично се состоеше од тоа што се наоѓа дома, ставено во крајче и јадеш пред зграда додека играш ластик..
во мое време игравме игри на улица,не на фејсбук, викавме чичко пушти летки на секој авион и хилихоптер што поминуваше ,крадевме сливи,праски,грозје,цвеќиња,цреши,јаболки..од комшиите и бевме горди ако не не фатат игравме љубовно шише,мечето ушко да не го заборавам убаво беше..
Во мое време MTV беше навистина музичка телевизија. Во мое време VHS касетите ги силувавме со постојано преснимување филмови и музички спотови. Во мое време на родендените игравме танго со машките со напред испружени раце и пола метар минимум растојание меѓу нас .
Во мое време, ако немаш маска за први април, во основно, се маскиравме во металци По брза постапка, рез-два на фармерките петсто кец, со понкалце HM, демек "хеви метал", разбушавуваш коса и готово си за на парада
Леле темава Во мое време постоеше само МТВ (Македонска телевизија!) и имаше еден и пол канал / Прва програма и Втора (демек) програма на која немаше ништо за гледање и ја исклучуваа во 9 навечер. А на Прва апсолутен хит беше Мечето Ушко Носевме конзерви Кока Кола од Грција, па ги сечевме од горе и во нив чувавме моливчиња, пенкала и сл. Ги редевме како украси, а конзерва добиваше само најдобрата другарка .
Ви текнува ли на албумов и песничките?Уште го имам дома И многу други албуми, леле колку беа популарни.Во тетратка пишував кои сликички ми фалат, кога ќе си разменев со некој, бришев бројче по бројче