1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во мое време...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Saya, 13 септември 2011.

  1. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878

    Леле да...пред некое време го најдов албумот...П.С. сеуште сликичките кои сум ги залепила на една врата од плакарот се присутни :D :angel:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Не сум нешто многу стара, ама морам да споменам дека во мое време ( бидејќи сега не сум видела нешто такво ) во 1 и 2 оддeление, редовно позади зграда си правевме Евровизија и Модна ревија :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Во мое време собиравме сликички од Млади Бунтовници и ги лепевме во постерот што го даваа за 15 ден. у Време :D
     
    На crazylady и MacaLove им се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Ооохохоо ... ухх :doh: во мое време имаше многу работи за кои вреди да се наврати мозокот назад. Најмногу имаше слобода, другарство, искрена љубов, блискост, безусловно помагање ... почит, воспитание, култура итн. Ова зборувам за вредностите, да, ги имаше ... но денес се поретко, се поретко ...
    Хмм од каде да почнам ... од она што секое дете го радува :)
    Мастики Стипи и Стела, Баззука, цигари мастики завиткани во обоена хартија па ги лапавме цели со се неа за да имала боја мастиката ... :D Чоколади табла Еурокрем па после Брацо и Сека, Волим те, ... двобојните мали кремчиња од Еурокрем со пластично лажиче кое дополнително ти го даваат на каса ... па после дојдоа оние фамозни Киндер јајца со изненадување внатре. Знам дома ги банкротирав купувајќи ги и собирав играчки Пинк Пантер, ден денес мајка ми тоа ми го клука над глава. :D Ова е само мал дел од она што го имавме скромно ама вредно за нас.
    Ех некој спомна фармерки, прво беа широките ко пумпарки во мода, па после дојдоа оние црни и бели, па настапија 501от ... еихх нив не можеше секој да ги има. Јас ги имав, едни ама вредни, знам сите се зјапаа во мојата секси задница вовлечена во нив ... и добивав коментари имаш најсекси га*е :lol: . Да и доста време носев титула за девојче, девојка на која најдобро и стојат фармерки. Ах тие фармерки и ден денес ми се слабост. Па Се појавија хеланките овие сега фамозните што ги носат, мене тогаш ми беа ок сега веќе не ... па јакните Монт и нив не можеше секој да ги има. Има уште многу од модата тогашна ама не може се да ми текне во моментов.
    Во мое време се дружевме многу игравме ластик, народна, лепчиња, џамија, жмурки, Камај камај или Стој стој ... долга магарица, правевме глупости со тегнење конец од крај на крај на улица, се возевме по лифтовите додека не заглавиме, фрлавме кеси полни вода од највисок кат долу на луѓе ... итн. итн. Многу игри имаше ... а и обавезно сите спортови од баскет, одбојка, до трчање атлетика ....
    Најважно се дружевме и женски и машки.
    Ехх потоа дојдоа првите љубови :$ ...
    Прво удварањето, те испраќа дома едно добри две три недели, па ако има нешто и ти се сложиш прво дур те фати за раче тоа значи фатени сте минс во врска ... А за да те бакне охооо тоа беше тешка операција да се спроведе ... Па кога таа фаза ќе се премине тогаш полека се чека наредна ... фаќкање од глава надолу кај градите и подоле :D ... е тука иде се полека па и со кавги понекогаш. Зависно како те фаќка ... Од кога и таа фаза ќе помине, тогаш се праксирате добро со лапањето и фаќкањето па полека со месеци и години може дур дојде сексот. :D Ехее тоа за да доживеете и да дочека машкото нели да ве скине богами доста пара патики или кондури ќе треба да искине. Е, ама тоа беше спонтана и постапна( во сто чекори :lol: ) љубов и најважно искрена.
    И во мое време имавме почит кон постарите ... не можеше секое детиште да контрира, да се лигави и да вреѓа, да се расправа со постар човек. Затоа генерациите од тоа време се многу подобри од денешните. (се извинувам за ова ама така е)
    Во мое време имаше толку многу нешта што во еден пост не можат да се искажат.
    Некој погоре постирал слика од Комодоре .... Во мое време мнооогу ретко кој имаше дома компјутер или знаеше што е тоа, ама затоа јас благодарение на мојот брат знаев и имав ... од Спектрумчето, Комодорето до првиот персонален компјутер ... вториот, третиот итн. Еден куп компјутери поминаа во мојов живот но не се врзав толку за нив, затоа што не можат тие да ми ја заменат реалноста. :)
     
    На crazylady, Divinebutterfly, Hopeful и 5 други им се допаѓа ова.
  5. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Во мое време:
    - собирав украсни салфети и сликички, a дуплите си ги меневме со децата ;
    - собирав постери од Џенифер Лопез, затоа што ми беше омилена пејачка ;
    - со маалските децата се собиравме кај нас и измислувавме кореогфраија на некоја песна и откако ќе ја научевме, ја игравме на патот ;
    - игравме најразни игри, како: ластик, јаже, народна, делфин делфин, штркот има боја, слика апарат, џамија, шарен варен боб, гоненка, криенка и уште многу други игри ;
    - игравме ракомет, фудбал и тенис со нога ;
    - си игравме на пејачки, манекенки, докторки, продавници, сендвичари, кафани ;
    - си игравме со барбики, кукли, мечиња и други играчки ;
    - се возевме со мали точаци, мотори, колички, ролери ;
    - се тепавме обавезно секој ден ;
    - кај комшиите одевме и се лулавме на лулашките ;

    Сигурно има уште многу друго што сме правеле, бидејќи по цел ден си бевме надвор, родителите не можеа да не извикаат дома да си дојдеме, па најчесто по надвор јадевме. :D
    Ех колку беше убаво тоа време. :x
    Да може да се врати. :nod:
     
    На crazylady, palavoto.devojce и zhap4e им се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Во мое време, времето на супер бинго со Игор Џамбазов, освен што дома сите фамилијарно се собиравме секој понеделник во 20 часот и тоа беше поголем собир дури и од неделниот ручек. Па нашите ќе купеа 10 супер бинга па си влечевме омилено, биравме среќно пенкало и оп сите играме ајмооо.
    И плус во мое време ги заебававме бабите и дедовците во маало, и им ѕвоневме за време на бингото за они од дома да се раздерат ГЛЕДАААААААААМ СУПЕЕЕЕЕЕЕР БИИИИИНГО!
     
    На crazylady, Divinebutterfly и mims-89 им се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Во мое време носевме патики најк со воздушни перничиња,
    - кошули со потпунки,
    - кремече фризура,
    - широки скејтерски фармерки.

    Најубав момент ми беше кога одев на роденден секогаш купував тетратки со моливчиња, гуми во боја, тефтерчиња. Имавме споменари и ни се потпишуваа скоро сите.
     
    На Phyramide, Annath и rossonerka им се допаѓа ова.
  8. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    130
    Во мое време фестивалите како Валандовскиот, Цветници, Макфест беа групно гледани и секој имаше своја песна фаворит. Првата песна на Каролина на Макфест "Мамо пушти ме" беше хит и секое девојче сакаше да ја пее на училишната приредба. Во мое време фраерка си ако учествуваш во "балет", а уште поголема ако ја правиш кореографијата на балетот. Во мое време престиж беше ако те одберат да пееш во хор, само главните пееја во хор :lol:.
    Во мое време имаше натпревари Кенгур и ако учествуваш во нив значи стварно си паметна/тен :).
    Во мое време се лижеше сладолед Снежец (или Ескимо како што го викаше дедо ми). Кога прв пат моите купија компјутер со системска им се фалев на сите дека компјутерот може да ја реши секоја математичка задача (толку се разбирав и јас од компјутери :D). Во мое време (до 5 одделение) дечко ти стануваше некој ако се договорите заедно да се возите на велосипед :lol:.
    Секое лето одев на гости кај баба ми и се собиравме во маалото после 17h и останувавме до 00:00h кога маалската фурна вадеше тазе топол леб, секој носеше од дома домати и сиренце и имавме групна вечера :lol:. Правевме претстави во маало со сите салтанати и влезници кои ги продававме за ефтини пари и на кои доаѓаа маалските фраери. Кога игравме мижаница, ако се криеш заедно на едно место со дечкото што ти се свиѓа значи дека и тој те сака :D.
    Во мое време игравме монопол, јамб и Не лути се човече.
     
    На Annath, Theodora и zhap4e им се допаѓа ова.
  9. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Во мое време...

    - едвај чекавме да падне снег, и да одиме да се лизгаме на тоа ридчето во парк (стариот дел од паркот), се разбира со црни ќеси за ѓубре :D
    - секој ден се играше на нинтендо и се цепаа нерви ако неможам да ја свртам играта :D
    - се мењавме со детска пошта, салфетки, покасно и самолепливи слички за некој албум (мораше цел да се собере :!: ) игравме школка, ластик, жмурка, штркот бара боја, продававме цвеќиња набрани од некој двор или позади зграда, "насадени" во канче од кисело млеко...
    - купувавме степ лајт кесички за сок, сипавме на рака и цел ден лижевме раце :D
    - од Касандра не се пропушташе ни една епизода, тоа беше нешто свето :tmi:
    - седевме по 5 саати на некои треви и ги беревме сите бели ради, им ги кубевме ливчињата и ги стававме во канчиња од кисело млеко за после тоа да ги фрламе кaкo конфети :D
    - обавезно секој си ги виткаше учебниците во украсна хартија, да останат по нови...
    - правевме пом-помс (незнам на македонски како да ги кажам) од ќеси и глумевме чирлидерки во маало... :D

    ......
     
  10. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Во мое време.....
    Си играв криенка!
    Си играв на ластика!
    Чекав да заврне снег да се лизгам!
    Се дерев на цел глас КОЛКУ ЧАВКИ ТОЛКУ ПЕТКИ!
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  11. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    22.487
    Пол:
    Женски
    Не дека сум престарела, имам 20 години, ама има некои работи за кои и јас велам дека се од "моето време" :)
    Во мое време, собиравме салфети и се менувавме со другарките од маало. Имав 2 кутии од чевли полни со разни салфетки и тоа Новогодишни, Велигденски, со цветичи, со Дизниевите јунаци, со балони и кловнови, абе од сите тематики :D
    Во мое време, исто собиравме детска пошта. Ми фали мирисот на ливчињата.
    Во мое време, игравме фудбал пред зграда сите деца од маало,и машки и женски, и мали и големи, баш сите!
    Во мое време игравме миждупка, гоненица, ластик до касно во ноќта :)
    Во мое време, на големите одмори во школо, се тепавме со школските кој да седне на лулашките во паркот!
     
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Во мое време имаше 20-денарка...
     
    На la-chicka, crazylady, Theodora и 7 други им се допаѓа ова.
  13. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    во мое време си игравме со кукли бебиња и правевме колачиња од бисквити и какао, наместо фб :)
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    И 5000ките беа почести :D
    Се сетив на уште нешто
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG]
    Кај мене дома редовно се пратеа серииве :D
    И може немаше скајп, фејсбук ама имаше
    [​IMG]
     
    На Elennaa, crazylady, Dushica-sk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Во мое време немаше Македонска Кошарка немаше ваква репрезентација која гази се пред себе :rock: .
    Мило ми е што тоа време помина :)
     
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Во мое време се носеа фармерки Mavi jeans, 501, а после во мода излегоа и Madoc фармерките со бели конци( тоа беше јак детаљ, демек ако не се со бели конци, ништо од фармерките).
    Во мое време масовно се гледаше Беверли Хилс, се пишуваа писма до Бренда да не биде тажна оти Кели и го украла Дилан, зошто нели Бренда е најубавата.
    Во мое време си игравме на продавачки, а листовите од грав ни беа пари.
    Во мое време ќе земвме тикви и ќе и м ја извадевме внатрешноста, па после ќе изрежевме очи, уста и нос, ќе пикневме свеќи и ќе ги ставевме на улица, а ние скриени ќе чекаме да видиме дали некој ќе се исплаши.
    Во мое време со децата од маало правевме приредби или избор за мис. Во 07.00 станувавме за генерална проба(леле у кој тежок филм сме биле). И имавме публика(обично бабите од маалото), па доделувавме награди, а главна награда секад ни беше лубеница.
    Во мое време едвај чекавме да почне цртаниот филм Летачки мечиња, Химен, Мечето ушко...
    Во мое време гледавме и Тропска горештина, Зимско рекреативна програна, Ѕвон, Бушава азбука...
    Во мое време сите ги обожававме New Kids on the Block (Њукид онд блок така ги викавме де), а посебно Joey.
    Во мое време ги знаевме на памет песните од Ена Веко. Омилена ни беше Келнерот, вака нешто идеше... Лежам болна, не јадам ни пијам сите мислат имам грип, еве ќе ти кажам ама никому ни збор скроз ме слуде еден чуден тип... Опс еве и видео најдов
    http://www.youtube.com/watch?v=vdwkjOnaGpA
    http://www.youtube.com/watch?v=vRRAgdJqVRQ
    Во мое време собиравме украсни ливчиња, салфети, детска пошта, читавме Развигор и Наш свет, се допишувавме со други деца од Македонијата наша, па си праќавме слики по пошта...
    Во мое време игравме плочка(кленџик), игравме ластик, криенка, Дај ми царе војници, народна, камај,глув телефон...
    Во мое време сите имавме споменар, а за лексикон па да не правиме муабет. Па се потпишувавме така цело одделение, нормални прашања каде си роден, колку години имаш, ама кога ќе дојдеше на ред прашањето дали мое да преминеме на love е тогаш братче сите пишуваме па - редно беше, јао кои патетики. И на крај обавезно потпис и споменарка во стилот на ,,жута дуња зелен бор, брзо чекам одговор,,
    Во мое време (ова малку покасно, ама пак одамна беше) најголем хит беше Нокиа 33 10 и рушење рекорди во змија...
    Во мое време... е убави времиња беа тоа
     
    На Divinebutterfly, Theodora, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  17. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.959
    Допаѓања:
    11.551
    Пол:
    Женски
    Бев најголема фраерка во маало кога моите ми купија патики што светкаат кога одиш.
    Игравме камај камај и се местевме да се паднеме со симпатијата.
    Обавезно се собиравме со точаци и вртевме кругчиња.
    Радости беа кога ќе купевме сладолед во чашка со тие играчињата одоздола, па ги собиравме.
    По цел ден надвор бевме, мајките ни носеа сендвичи.
    Имавме кореографии за 100% те љубам, твоето писмо моја библија и тоа прилично добри.
    Во споменарите имавме стандард песнички како „Петелот пее, магарето рика, излези (име), симпатијата/дечкото те вика“ , или „Јас сум шеќер ти си мед, заедно сме сладолед“.
    Со душа чекавме да падне снег и улицата кај мене прибидејќи е малку надолна ја правевме лизгалица. Кои плачки беа кога татковците ќе ја изринеа едната страна, затоа што колите им се лизгале.
    На коледе идевме сите и поголемите им ги придржуваа торбите на помалите.
    Правевме торти од секакви видови на песок и земја, а мене специјалитет ми беше сокот од ружи :)
    После нинтендото, врвот ми беше чипичан.
    Кога татко ми првпат купи мобилен (што беше поголем од денешните фиксни) беше херој 8)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Тоа мое време беше негде пред 13 години кога имав отприлика 4/5 годинки :lol:

    Во мое време, најпопуларен беше чипичанот и главно се слушаше музика на касетофон.
    Во мое време се денсаше на 100% те љубам.
    Во мое време ги гледав сликите од бебе како во тоа едно село бидејќи немаше ВЦ ме бањале во тенџере.
    Во мое време ме викаа чичкалица(бидејќи бев мноогу слаба)
    Во мое време по цели денови бевме на улица и никогаш не ни беше досадно. Се враќавме до дома само за да земеме сендвич и со се сендвичот директива пак на улица.
    Во мое време кога ќе паднеше снег летавме со кеси под гз на стрмните удолници, а кога ќе се вратев дома седев на печката под прозорецот и се топлев, чувствував како душичката премрзната ми се враќа на место, гледајќи прекрасна зимска идила низ прозорецот.
    Во мое време, најубава торта беше Кал тортата зачинета со листови, дрвца и цветови подготвено специјално од нас.
    Во мое време си фурав дреч портокалова со шарени букви бенетон маица.
    Во мое време, кога добивме компјутер со брат ми, врвна игра ни беше Маник Минер 8)
    http://www.youtube.com/watch?v=F7khL9Ms4ow
    Во мое време се плашев од интернет иконата мислејќи дека ако ја кликнам ќе ни отидат парите.
    Во мое време имав некои чудни суштества (играчки мали пластични) што се паѓале од смоки или којзнае од што, ги собирале брат ми и братучед ми па јас ги наследив, и ги крстив: НиниДиши и брат му на Нини Диши - близнаци само различна боја, татко им ЉАндрљТ(бидејќи имаше гитарче), Џанџи Џунџи и тако даље. И ден денес им се смеам на имињава, којзнае како сум добила инспирација да ги крстам вака :rofl:

    А, да. И со мама редовно си купувавме ливчиња и си игравме супер бингооо со Игор Џамбазов тогаш дуга косица имаше :lol:
     
  19. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Во мое време одевме на ексурзија низ Југославија :(
     
    На mims-89 и julie77 им се допаѓа ова.
  20. bobby.pin

    bobby.pin Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    29
    Во мое време:
    * Собиравме детска пошта и салфетки
    * Купувавме сликовници
    * Гледавме Мечето Ушко, Штрумфови, Грашковци па и оние приказните на МТВ 1 што ги даваа оние анимирани приказни како во книга што се вртеа и на секоја страна по некоја сцена имаше ( ден денеска кога ќе ги дадат ги гледам)
    * Дизниленд ни беше омилена дестинација
    * Купувавме шеќерни лижалчиња од пампурот и мноогу други работи.