1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во мое време...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Saya, 13 септември 2011.

  1. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Еве нешто од моето време т.е. од моето рано детство.

    Во мое време немаше некој кој нема тетрис - сите собрани и се натпреварувавме кој поголем рекорд ќе направи.
    Во мое време хит беа хуба-буба, особено оние со вкус на лубеница.
    Во мое време слушавме златно славејче, гледавме Ѕвон, а не ЕмТиВи уште 1во одделение и ќе ми зборат која била Ријана, а која Бијонсе.
    Во мое време сите заедно си игравме, а не како сега, ако си 1 година поголем како да си 10. Тогаш од 1година до 1ва средно - сите бевме деца и бевме заедно.
    Во мое време најголем хит беше нинтендото. Ах... ми фали тоа време. :doh: А најголем хит беше Супер Марио.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Во мое време се слушаше музика, музика со текст и вистинска мелодија. Музика за уши, за срце и душа. Во тренд беа рок, хард рокот, хеви метал, панк ... поп, стерео поп, брејк денс итн. Се слушаа Бон Џови, Металика, Скорпионс, ГНР, Аеросмит, Мо(а)тли Кру, Скид Роу, Ван Хејлен, Вајтснејк, Кисс, Деф Лепард, Мр. Биг, Поизон, Алис Купер ... Мадона, Мајкл Џексон, Џорџ Мајкл, Витни Хјустон, Мараја Кери, Селин Дион и многу други. Сите овие групи и изведувачи ги знаевме и слушавме благодарение на музичкиот канал MTV ... првите спотови ги следевме таму и ги снимавме на тогашните видео касети. Еден од најгледаните и најслушани и најобожавани спотови е

    http://www.youtube.com/watch?v=8SbUC-Ua ... re=related

    Значи ова од странската музичка сцена, од домашната или југословенската се слушаа Бијело Дугме, Црвена јабука, Хари мата Хари, Рибља Чорба, Прљаво Казалиште, Парни ваљак,Азра, Здравко Чолиќ, Викторија, Слаѓана Милошевиќ, Даниел Поповиќ, Оливер Драгојевиќ итн. итн.

    http://www.youtube.com/watch?v=IyawdmDZQoo

    Во нашава државичка Леб и сол, Меморија, Студени нозе, Мики Јовановски Џафер, Каролина, Ена Веко :D , Ребека, Угро ... и не ми текнува сега ама ги имаше доста, тогаш македонската поп рок сцена почна да се развива како посебна музичка сцена.

    http://www.youtube.com/watch?v=MdIDMzbvrf4
     
    На crazylady, zhap4e, Theodora и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Џули ме потсети :)

    Во мое време рапување значеше да го правиш оној walking man чекор на песни како Can't Touch This (ние ја пеевме Ќе частиш :^) :D ), Ice Ice Baby, и една песна која ја пеевме сите - Се успав сабајле, се успав сабајле, еврибади сеј опала! :rofl:
    Ај да ве видам дали ќе ви текне!

    Во мое време крадевме знаци од Волксваген коли и - рапувавме.

    Во мое време за роденденски журки едвај чекавме некој да не покани на сентиш или такозвани стискавац, за да може да се фатиме со симпатијата :$
    А роденденските журки беа токму така организирани, се канеа потенцијални симпатии.

    Во мое време постоеше изразот - тој ми е симпатија.

    Во мое време пиевме Кокта и Јупи. Јадевме Ногер Џог, Снешко или - оној сладоледот во средина со рум што беше, не ми текнува :?: Ама знаете за кој зборам нели? :)

    Во мое време на Молам? вицкасто одговаравме Дупе ти посолам! со контра реплика Ако ти дозволам! :D
    Евентуално.
    Коле. Кој Коле? Овој доле!

    Во мое време ултра посебно „кул“ беше да речеш - еве бе, се шлаам :D
     
    На Ariel, la-chicka, zhap4e и 6 други им се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски

    Исто детство сме имале. :inlove:
     
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Во мое време Македонија влезе во полуфинале на Европско првенство :o :wink: :P
     
    На sweetyears, bobby.pin, x.Daisy.x и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    И јас затеков од убавото време ееј игравме криенка па џамлии се до прва година,колку ли ни бесе интересно, се маскиравме и 20 деца од маало крадевме сливи од блиските маала оти насето маало бесе заститено со закон 8) ... симпатии?еееј ја бев главна типка у маало бе сите мене ме сакаа :rock:
    кај да ги спомнам и претставите сто ги правевме со некои чудни ревии џоа манекенки па спонзорства збиравме и никогас нема да ја заборавам првата мегјумаалска војна со домати и кесиња со вода па кога му ја пукнав главата на тоа едно дете оти ја со камења мавав ц ц ц абе лудории..
    ех тие времиња лелее духови се повикуваат на големо абе ние цели продуховани , си игравме на вести :fubar: импровизирана кутија демек телевизор и стоевме џоа будали читаме вести и тоа какви вести?на стојанка комсивката и се отели кравата хихи колку сме се смееле
    цртавме сонце кога ке заврне па си имавме посебни ритуали како оние индијанците сто у круг трчаат http://www.google.com/imgres?q=american ... 9,r:1,s:61

    многу убаво детство
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Во мое време во Охрид постоеше наспроти Чинарот старата На-Ма (кратеница од Народен Магазин) тоа беше огромна, повеќеспратна продавница баш за мешовита стока од текстил, играчки, садови и апарати за домаќинство до скоро се‘ за едно домаќинство. Кога бев малечка се чувствував како да влегувам во некој посебен свет баш во На-Мата бесконечно трчав низ преполните рафтови и сакав да се пикнам во секое ќоше и да видам се‘ од тој возбудлив, шарен свет, како да бев за момент Алиса, а На-Мата мојот свет на чудата.

    Во мое време еден период купувавме од продавници со бончиња кои им ги даваа на родителите на работа.

    Во мое време родителите од работа носеа цели пакети пилиња, риби и се купуваа половинки од свинско за во замрзнувач од тие големите правоаголни-сандаци од Горење кои ги полневме до врв. Сега ни со пиперки не успеваме да пополниме простор.

    Во мое време еден од најсреќните моменти во детството ми беше додека бев на зимување Бунец-Маврово со децата од училиште мајка ми ми јави дека дома стигнал Краш пакетот кој се добиваше со пополнет албум со сликички од „животинско царство„.
     
    На Lolipop23, La.Reina.Del.Sur, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    [​IMG]

    Во мое време се утепувавме од играње со жетониве!
     
    На rossonerka, thinkerbell, Elennaa и 6 други им се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Во мое време се грицкаче Читос и Череза :D
    Во мое време имаше и еден барби флипс, чоколадирани смоки беа тие уствари .... ми фалат.
    Во мое време се џвакаше Вриглис Спеарминт и Џусифрут :D
     

    Прикачени фајлови:

  11. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Во мое време секој месец имавме лектири и ги раскажувавме во тетратки.
    во мое време до 16 години се играше пред зграда.(за разлика од сега што ќе полудан во оваа тишинаа)
    во мое време се јадеше само еднаш во денот(од зафатеност) и тоа месени тиганици кај баба мммммм
    во мое време се беше поразлично од сега. :P
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  12. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    У „мое“ време

    .. обожавав да идам со баба ми во Стоковна, да јадам американски крофни од плоштад, и додека она работи на каса, јас да возам тротинет. Тротинетот не беше мој де, туку од Стоковната, ама јас имав привилегија да го испробам. Не само него туку и сите други играчки. Имаше еден злобен чичко, и најчесто чекав тој да си замине, па тогаш да стартувам. Ќе му ги памтам мустаќите засекогаш. Се мушкав во магацините и ги пробував штиклите, стоев на каса и играв продавачка.

    ..оо, дали сум имала и 5 тогаш?! :?:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Во мое време

    со парите (читај: десет денарче) што ќе ни ги дадеше некоја љубезна тетка купувавме од продавниците чоколадни велигденски мали јајциња, чоколадни монети, тврди ама вкусни мастики од по 1 денар...
    [​IMG]
    [​IMG]
    најголема трагедија и нервирање паѓаше кога по трети пат ќе ни се паднеше дупликат од сликичка од животинско царство, фифа или барби албум,
    најголемиот престап што го правевме беше крадење зелени сливи и кајсии од комшијата,
    начин на кој „заработувавме“ пари беше продавање на мали пластични чашички полни со мед и парчиња лешници кои сите тетки комшики со задоволство ги купуваа,
    најубави парфеми беа оние што ние сами си ги правевме од вода и листови од ружа,
    тетоважата која ќе ни се паднеше во мастиките Дракула или Чунга Лунга или некоја друга, ги лепевме на бицепсите и тогаш во маало бевме „фаца“
    на денот на вљубените во школо правевме кутивче со налепени срциња каде што стававме анонимни пораки од типот: „Ја сакам Ана!“ или „Дарко + Елена“...
    правевме кореографии на Макарена, 100% те љубам, Од нас зависи и други...
    кога имаше многу снег, она купче каде што беше натрупан сиот исчистен снег го правевме како игло-куќарка, па еднаш и не поклопи,
    фраерките носеа розеви влечки што свиркаат кога газиш на нив, па така низ цела населба фрчеа свирчиња „циу-циу-циу....“ или патичиња кои светкаат кога газиш на нив. Патичињата се носеа 24/7, мераклиски, освен навечер кога игравме жмурка, за да не не издадат светлата :!:
    ѕвер беше оној кој ќе успееше да најде некое екстра скришно место за жмурка како на пример гранка на некое густо дрво или под некоја кола,
    кога жмуревме и на крајот на броењето викавме: „Пу барам, кој е позади мене, лево-десно, горе-доле, стоп не игра!“ за да спречиме секакво манипулирање.
    се мењавме со сликички и жетони од Покемон и Дигимон и си замислувавме како чуваме малечки покемончиња што не бранат, како Пикачу,
    се нервиравме кога после брзање дома сме пропуштиле една епизода од Мечето Ушко, Бушава Азбука, Здраво Генијалци, Умни Глави, Покемон, Кариџ (јас си го викав Ступид Дог),
    најсвет предмет беше безбојниот алкател телефон на татко ми, кој имаше безбојни сликички кои обожавав да ги разгледувам,
    [​IMG]
    си игравме домаќинки со стари канчиња во кои праевме манџи од вода и кал со триста тревки, сендвичи од листови и цветови и после божемски ги јадевме, и имавме пластични играчки како храна кои ги викавме јаденчиња
    [​IMG]
    [​IMG]
    на коледе носевме голем ранец, две торби и уште неколку ќеси за сваки случај и ја шетавме цела населба и се натпреварувавме кој ќе собре најмногу чоколатца и парички,
    шема беше да се возиме со тротинети,
    најнова мода беа зелени хеланки со црвени цвтчиња, розева блуза со барби, пуфкасти ташнички и сл,
    секој одговор во лексиконите на прашањето: „Дали имаш дечко/девојка и кој/а ти е?“ одговорите беа: „Имам, што ти е гајле кој е!“, а на прашањето „Што ќе кажеш за крај?“ сите пишуваа: „Бај бај мразам крај“ заедно со некое срценце со громче или стрела,
    рапери беа оние што се сликаа со прекрстени раце и црн цвик на глава и викаа ВАЦАП (what's up?)
    од секој роденден земавме по 2-3 салфетки за нашата колекција и од книжарите купувавме детски пошти, а оние кои имаа најмногу детски пошти и салфетки одма ги сметавме за богати,
    (малку подоцна кога бев поголемка) шема беше Мирц и сите собиравме пари и идевме кај Чиче Мирче на интернет на пола саат (10 души, секој по 5 мин) и на сите им пишувавме асл плс?
    (исто подоцна) наместо фејсбук, сите имаа piczo или hi5 накитени со 348239482952398572 шарени слики,
    имавме посебно означени места како на пр. мочално место – кај што вршевме мала нужда (понекогаш :$ ) кога не мрзеше до дома да одиме,
    правевме дупки стапици во школо и кутии стапици со лепче за врапчиња, со врвче само да го потегнеме врвчето кутијата да го фати пилето
    [​IMG]
    паднатите млечни заби ги фрлавме на кров и викавме: „Нати страчко коскен зап, дај ми страчко златен зап!“
    кога некој не повтараше, пеевме: „Повтарачки папагал, јаде го*на од канал!“ при што следеше реплика: „Ен, два, три, тоа си ти!“,
    во школо на слободните часови игравме пикадо, ден ноќ, кукавицо каде си,
    кога некое немирно дете од забавиште или школо ќе спомнеше нешто безоразно, а најбезобразен поим беше
    дунда
    сите останатите се клештевме тивко,
    се чудев како Дедо Мраз го собрало во нашиот тесен оџак па секогаш имав своја теорија – дека држи диета пред Нова Година. :!: :D
    едвај чекав нова година најмногу ради подароците и пакетчињата...

    Толку ми текнува... беа тоа убави времиња! :inlove:
     
    На MarchelineAmaru, Divinebutterfly и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Во мое време ова беше хит!
    http://www.youtube.com/watch?v=5JD6ejml ... re=related
    А ако се распишам и за другите работи....
    Се собиравме во групи да правиме скара,да гледаме звезди,да крадиме јаготки или друго :lol: да играме игри и да збораме до 3-4 сабајле,собиравме детска пошта и салфетки,мајките не облекуваа(кога бевме мн мали),гледавме убави цртани филмови,игравме на улица секој божји ден,купувавме по некоја игра за на компјутер,секој ден пеш низ муабет се враќавме од училиште,па имавме симпатии и ги бркавме,особено низ корзо :lol: ко ќе се види некој симпатија и се тргнува по него :D или си среќна ко ќе го видиш неколку пати после 10 круга вртење :D нели сите треба да си ги видат симпатиите :) јадев лепче со пипер,вегета и масло или маргарин и мармалад, си правевме белегзии со нашите имиња,носевме "прцлиња",користевме spice girls malizia дезодоранс(патем мн ми недостига,мн беше убав),собиравме постери и читавме ТАА,Другарче,Кидс,М&М и други...Многу работи...Можи наредно ќе се надополнам... Ми недостигаат тие времиња!

    П.С. И ние игравме домаќинки,собиравме се живо од дома од зачини и стари прибори,или банка со лисја од дрво,или лекарки и друго...
    А ви текнува на ДАМА КАВАЛЕР???
     
    На crazylady и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  15. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Во мое време правевме манџи со песок, вода и ливчиња. Жестоко се натпреварувавме чија манџа ќе биде ‘највкусна‘ иако никој не се осмелуваше да проба.
    Во мое време рипавме на ластик до уши. И кога ќе успеевме тоа беа радости, како да си го допрел врвот на Ајфелова.
    Во мое време правевме бункери, палевме оганче и си праќавме писменца. Сеуште се живи тие грмушки и сега плачат за бункер.
    Во мое време се мислевме 5 саати во продавница што да купиме за 10 денари. И најчесто завршувавме со оној сладолед од праска од Делта, прав како стап. Пинокио ми се чини се викаше.
    Во мое време игравме вистина и предизвик. И тоа право на 1вистина другите сите предизвици, вистински огнени момчиња хаха
    Во мое време облекувавме кратки сукњи за да идеме во кафиќ во маало или во соседната населба, и пиевме безалкохолен коктел, на кој му се преливаа боите - за само 50 ден.
    Во мое време бегавме од часови, за да отидеме кај некого дома, да си правиме палачинки и лом во кујната, и на крај да смислиме апсурдно оправдание за лажење на класната.
    Во мое време се штипевме за раце, и никој не смееше ни да се осмели да писне од болка, кога ќе го видевме симпатијата, се разбира покрај она, еуфоричното - ЕНЕ ГО ЕНЕ ГО.
    Во мое време седевме на касетофон по цели попладниња, чекавме да ни ги пуштат песните, да ги снимаме на касета и да се правиме, фраерчини со вокмените, на клупа.
    Во мое време игравме кент, позади зграда.. и секогаш победувавме, и тоа без знак!
    Во мое време се џиткавме од лулашки во лисја и бевме најсреќни на цел свет.
    Во мое време се потпишувавме во влез, со искинати листови од дрвја, скришно, да не не видат соседите. И не смеевме да ставиме + помеѓу своето име и тоа на симпатијата, туку стриктно И.
    Во мое време се идеше во Елемент на џуниор, и дома бевме во 12.
    Во мое време титките се викаа пилотки, и страшно се замаравме меѓу себе, без да се почувствуваме замарани.
    Во мое време знаевме да му го пронајдеме бројот на симпатијата и да му пратиме анонимна порака, или да му вртиме и да ќутиме..
    Во мое време се санкавме без усул, додека не ја искршивме санката..
    Во мое време пеевме во маало, и само 3 нежни девојчиња, правевме бука како за 12 души. Без капка алкохол.
    Во мое време.. пушевме скришно евтини цигари на кејот на Вардар, за на крај сите да останеме страстни непушачи.
    Во мое време.. научивме да читаме со Касандра и Игнасио, научивме да пееме со Златно Славејче, научивме да фантазираме со Се плашите ли од темнината, научивме да навиваме со Игор Џамбазов со Супер Бинго
    Во мое време чекавме К-15 и се смеевме гласно и искрено, иако не им ги сфаќавме форите :)
    Во мое време седевме надвор на -10 со 3 џемпери, термо чорапи и доолги монтки, за пак да се мрзнеме и пак да ни биде убаво..
    Во мое време кисневме по цели денови надвор, а наминувавме само да земеме сендвич и пак назад
    Во мое време пораснавме со Џамија, жмурки, Оган, Граница, Делфин, Шуто, Мижи баба, брканици и што ли уште не..
    Во мое време си смислувавме тајни симпатии за да ги правиме постоечките симпатии љубоморни
    Во мое време фаќавме вошки во градинка и пренесувавме на цела фамилија. Јас фатив и во 6то одд, и пренесов на цело маало.
    Во мое време... сеуште е мое време, драги мои, и знам дека ќе можам да набројам уште 50тина ставки за да им ги кажувам на моите деца, внуци, а веројатно нивните клонови ќе ме слушаат, стаени на аутоматик. :)
     
    На crazylady, MarchelineAmaru, SexyLady и 2 други им се допаѓа ова.
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Во мое време за мене најголема трагедија беше да се видам со изгребано колено!
    Во мое време се развиваа филмови, немаше мемориски картички и независно дали си убава или грда сликата излегува и се става во албум за слики кој се покажува на секој кој ќе дојде на кафе-муабет! :D
    Во мое време се гледаа Здраво генијалци и сите кои пораснаа со нив градоначалникот на Битола го знаат како Двојче!!
    Во мое време да се има барбика оригинал беше луксуз, а тој што ја имаше беше главен!!
    Во мое време тој што ја знаеше азбуката во прво одделение беше, ехе, интелектуалец! :rofl:
    Во мое време баба правеше најубави колачи со јатка оревче на средина и такви колачи ниедна друга баба не знаеше да направи!
    Во мое време се носеа опинчиња!
    Во мое време не се гледаше дали си помал или поголем. Битно беше да се дружиме!
    Во мое време мама не знаеше да готви! 8)
    Во мое време се правеа манџи од песок, кал и земја и нашите кукли беа пресити од нив!
    Во мое време се скокаше на јаже и ластик!
    Во мое време се слушаа касети на касетофон и тоа исклучиво детски песнички!
    Во мое време...па кое мое време, сега е мое време, ова требаше да биде во Како мала... :lol: :lol:
     
    На BoaVista, Divinebutterfly и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Во мое време им бев cheеrleader-ка на Работнички и ги бодрев со пуфките :rofl:

    би ги извадила и денес, мајке ми
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Во мое време. И денешново време е мое време, секако. Како што напишала White Angel, ова може да се нарече ,,Кога бев мал/а,,, но нејсе.

    Во мое време мојот десерт за денот беше 1-2 пакетчиња Олипс, по можност црвени, ма да и жути не одбивав. Секако и Мамбо ми беа на мени. Во мое време беше кул ако те пуштат да играш жмурка навечер. Ноќната жмурка беше привилегија, а воедно и задоволство. Во мое време ( колку сме биле луди! ) собиравме дијаболи по пат и ги продававме со една другарка 20 за 20 хаха :D Тоа за нас беше ќар. Сега 2000 не ми се доста. Во мое време учев да возам точак без помошни (кога дојде ред и за тоа) и право по удолница на газ.(не сфатив дека педалите служат за движење) Во мое време се имаше симпатиии, понапредните муваа. Во мое време правевме палати од песок и вода т.н торти. Правевме и кули од карти кога се немаше што да се прави, а и богами интересно се пополнуваше времето дома. Правевме бункер некаков си од вреќи и некои дрва за да се потпираат истите во ноември месец! Баш се сеќавам, имаше магла надвор ние во бункерот собрани неколку деца и као играме карти внатре. Веројатно тоа ни беше прибежиште од домашните проблеми. Имавме свој свет, кој подоцна нели беше срушен. Во мое време ги меревме улиците што би се рекло уз души попреку. Во мое време имаше многу повеќе движење, рекреирање (посебно летно време) за разлика од денешниве деца на таа возраст. Компјутер не сме имале, таму негдека на 14 години го имав првиот. Дотогаш уживав надвор, уживав во природата, во зеленилото, уживав што сум дете, безгрижно и невино. Ма има уште милион работи во мое време, за кое обожавам да зборам. За жал, не може никој да го врати. Во секој случај, прекрасни спомени!
     
  19. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    If you remember this, you are cool
    [​IMG]
    Превземено од 9gag :D
     
    На Elennaa, Smilly, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски

    Абе не се паѓаа овие во смоки? :D Или грешка сум јас. :angel: