Изгледа во смоки се паѓаа, не ми текнува точно.. Битно ги имав многу. Знам си игравме нешто како,на маса се става едно што ќе биде превртено од страната кај што е нацртан покемонот и ти со твоето кругче требаше на ќошот да го притиснеш и ако успееш од прва да го свртиш на страната кај што е нацртана топката победуваш Којзнае дали беа наменети за тоа ама битно си се забавувавме
Ги чувам сите до едно Ех,колку бевме хепи и безгрижни Инаку ,во мое време тој што прави роденден во диско беше ВИП до наредниот негов роденден ( и јас бев во шемата ,да не останам покусо ) Се шеташе деноноќно низ целата населба за да се собереме СИТЕ ,се викаше од порта на порта кога некој го немаше во вообичаениот термин (а не ко сега ,довговори на Фб или по мобилен ,за мене нема филинг јбг) Да ,се играше Дама - Кавалер , Пипни - Стој ,Мижитатара секојдневно ,ко групна терапија ни беше ,па Нека бие ,нека бие ,Чија е војска ...Полно друштвени игри ,некогаш завршуваа со плачки ,некогаш без инциденти... Во мое време ние се тепавме со секој еден кој има побрз јазик од мозок - така ние си ја браневме честа наша детска ,а овие денешниве тепалка на филм да видат - после два месеца ќе спијат со мајките в кревет од УПЛАВ Ах ,да ,после тепачката имаше задолжително одење на кавга од страна на родителот на истепаното дете
ме погоди ха,ха исто така јадевме слатки во слаткарницата Корзо и онаја наспроти чинарот и онаја наспроти Мецофорте ! Во дисконо Палас одевме од 20 до 22 ако имавме срека и до 24 часот.Наплажа одевме до Горицине пешки или со Пони се собиравме во паркон пред киноно со поглед наезеро цел град го вртевме пешки , а некогаш знаевме со гратскион за Струга да го свртиме од забава ! п.с. ај додај уш нешто не митеквит !
Во мое време најмногу со девојчињата од населбата си игравме мајки мајки, си правевме колачи од кал, парфеми од рози или трендафил. Еххххеее колку само имаме миженка играно, барканица, зграпчи го стапчто и лебаци да не заборавам. Колку само салфети имав купувано и собирано, уште си ги чувам дома. Моментот кога викаш од надвор: Мамо направи ми сендвич! Јадевме по улица.... Редовно си крадевме овошје од комшиите, не дека дома немавме туку нивното беше послатко . Ах да се вратат тие денови
Во мое време јадев секој ден киндер јајца само за да ја соберам цела колекција од овие играченца. иииии ја собрав
Во мое време се пееше Ени мени сени Сени чоколада Бур бур лимонада Ме потсети авторката, секоја чест за потсетувањето на она што се правеше во мое време... ајде дали ќе ви текне што си пеевме ко мали http://www.crnobelo.com/zabava/evergrini/9416-se-sekavate-na-shiri-shiri-veseli-peskiri Само ја заборавила Ало мало свири мандолина Доктор прави операција Срце чука рум дум дум
^Од небото до земјата, златна куќичка. Во куќичка: цар, царица, принц, принцеза Аш баш тоа ти, ики, мики, граматики, зец. Ааа неможе, неможе таа пребројана е .
Е не можам, морам у нов пост - уште еднаш се натажив прво па се изнасмеав на најдобрите коментари Ајде повелете. http://www.crnobelo.com/zabava/evergrini/9357-rodenite-vo-80ti-i-90tite-pamtat На ова сигурно мора да ви текне
Во мое време - игравме криенка,штркот бара боја,морнаре и ред други улични игри и се лутевме кога нашите не викаат да се прибереме дома одоварајки им "Уште малце". Во мое време - се возевме со точаци низ маалото наместо да играме ГТА или Кантер Страјк. Во мое време - со нетрпение очекувавме да ја гледаме новата епизода од Abrazame muy fuerte за да видеме дали конечно Марија Дел Кармен ќе дознае дека Кристина и е мајка. Во мое време - збиравме салфети со најразлични бои и дезени и се фалевме кои колку имал. Во мое време - кога надвор времето беше лошо забавата ја наоѓавме во играњето "Не лути се човече" но на крајот тој што загубил сепак се лутеше. Во мое време - брзавме да си дојдеме од школо за да гледаме Покемон и Дигимон. Во мое време - пишувавме споменари кои строго ги држевме под "клуч" наместо да лепеме статуси на Фејсбук. Во мое време - 10-те денари кои ни ги дале баба или дедо претставуваа вистинска радост и трчавме да си купиме чоколатца со ликовите од Касандра Во мое време - единствен начин да слушаме музика беше стариот касетофон и игравме на песнички од типот Никола,Никола нешто чудно ми се случува,што е тоа знае мајка ми и мама ме подучува.
Во мое време- собиравме тасо жетони, ливчиња од деска пошта, салфетки, па подоцна ливчиња со касандра, албуми со самолепливи сликички. Имаше еден голем како постер со диносауруси. Се убив од плачење за да ми го купат. Во мое време- јадевме маргарин со вегета, ајварче со сиренце, кремче во туба, сладолед во чашка со играчка во посебни прилики и сладолед на точење секој ден, како и пиевме боровници и лимонади. Во мое време- игравме ластик, жмурка, граница, народна, штркот има капа боја и многу слични игри. Во мое време- речиси сите имавме тетрис и нинтендо. Во мое време- станувавме во сабота во 7 да гледаме цртани на ЕДО и гледавме цртани на картун нетворк и секогаш од оние рекламине фантазиравме... ах да го имав тоаа... Во мое време- да имаш топуци беше нешто многу фраерско, како и ѕвонарки. Во мое време- не беа копјутерите популарни. Првиот го добив кога бев 6-7 одд и си играв карти и пинбол. Во мое време- живи радости ако ти дадат 10 ден за флипери. Аххх што убаво си се потсеив, уште да можеше да се врати!
Во мое време имавме симпатии во 6-7мо,а не е*ачи! И јадевме лепче со вегета,пипер и масло или лепче со шеќер,какао и вода Погледнете го и ова http://www.crnobelo.com/zabava/evergrin ... setite-ako Аххх спомени...ми недостига сето тоа!
Во мое време не седевме на компјутер трудејќи се да бидеме возрасни,седевме надвор и си го живеевме детството. Во мое време,се прибиравме само околу 4 саат,за да јадеме,да изгледаме Дигимон,Драгонбол,Покемон и надвор да си ја прераскажеме епизодата. Во мое време се остававме на нинтендо,растевме животинчиња на чибичан,игравме џамлии на ќар,жмурка,граница,камај камај. Во мое време крадевме лубеници од чичкото со тракторот,пиевме вода од црево после партија фудбал. Во мое време џепарацот што варираше од 10 до 50 денари го трошев на смоки и мастики,се мењавме со стварите шо се паѓаа у смоките и сликичките од мастиките. Го собиравме секој албум,праевме гаражи од камчиња и дрвца,цел град. Се враќавме дома со одрани колена и крвави лактици. Ги чувавме и храневме маалските кучиња,гаѓавме со пиштоли на дијаболи. Во мое време децата беа... деца. И моето дете ќе биде дете,ветувам.
Живи радости беше ако собереш 50 денари за роденден и си купиш Dove сладолед, го ливкаш пред сите, зошто е еднаш во сто години можноста!
Хуба буба да џвакаш беше луксуз ... А фраер си ако носиш петсто кец , во мое време живеев за сликичките од оние сериските на Касандра и најголема радост беше кога ќе си купев нови . А не кога ќе ми лајкне сипматијата слика или ми искомнентира еј маче баш си секси . И да моја генерација одеше по паркови на сред бел ден за да игра фудбал и се лизга на тобоган а не да прави деца . И не се пикавме во кафулиња кај што одеа барем дупло постари од мене туку игравме криенка , дама , лебаци , ластик ... Иии немавме компијутери ни нет ни врагови иии знате што супер ни беше
Во мое време наместо ајде на чет беше ајде надвор да играме жмурка . А сега 10 годишно дете кажува ахх дами се враќаат годинитее Тоа е веке овие деца не знаат што е тоа детство..
во мое време-времето на моето детство си игравме сите сложно на улица,игравме ластик,со топки,собиравме детска пошта,салфетки,навечер седевме во маалото до кај 10 часот се беше убаво,сите се радуваа на детската смеа што се слушаше... а сега не постои такво нешто веќе како што тргнала младинава се плашам и воопшто да имам дете,сите на компјутер,фејсбук,се враќаат после полноќ а уште одат во петто шесто одд,уште не завршиле основно а веќе носат штикли,миничи, имаат дечковци и односи,глумат возрасни девојки над 20 години ццц немам коментари повеќе јас сум премногу разочарана а верувам и многу други...
Во мое време новигодишните пакетчиња беа по богати и повкусни. Па лижавчиња бастунчиња, па елкички, вкусни дедо мразовски чоколадца како лампиончиња за на елка, стојат неколку денови додека онака со сласт не им се настрвиш, па и хартивче да го излижеш. Еееее убави времиња беа тоа.