1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во мое време...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Saya, 13 септември 2011.

  1. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Во мое време сите се радуваа на Нова година и празниците кои што идат. Сите се спремаа како за слава.
    Ја нема таа еуфорија оваа година... Голема штета е тоа како ние самите полека-полека прекинуваме да се радуваме на ситниците, а самите тие прават целина. :)
     
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 1234girl

    1234girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    35
    ВО МОЕ ВРЕМЕ-си игравме крадци полицајци со брат ми..
    ВО МОЕ ВРЕМЕ-се криевме под маса..
    ВО МОЕ ВРЕМЕ-со другарките се сменвавме со детска пошта(п.с.една другарка еднаш ми ја украде ама си го доби и тоа многу-хахахахха)
    ВО МОЕ ВРЕМЕ-бев заљубена во еден Петар..
    ВО МОЕ ВРЕМЕ-си игравме докторки и улителки..
    ВО МОЕ ВРЕМЕ-многу сакав да се викам МАРГАРИТА па и така се претставував..
    ВО МОЕ ВРЕМЕ-не пропуштав да одам на КОЛЕДЕ..
    ВО МОЕ ВРЕМЕ-се лизгваме со санки и најлони..
    ВО МОЕ ВРЕМЕ-за прв пат имав свое превозно средство тако звани точак и најновото откритие подоцна ролери..хахаха сакам да се врати тоа МОЕ ВРЕМЕ..А не ова во кое се чувствувам како да сум паднала од Марс...за жал ..тие убавини беа во мое време..ова се времиња на надлежни генерации!!!!
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Во мое време немаше вакви теми :D
     
    На Lunaria и k.i.m им се допаѓа ова.
  4. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    во мое време децата си играа на улица ластик,а сеа од компјутер и фејсбук глава не кренале,во мое време децата не знаеа што е пудра и штикли а ове сега од 12 год мислиш 30 ,и после педофили,имало :?:
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Во мое време се занимавав токму со вакви работи,детска пошта,салфетки...
    Истиве ги собирав и сеуште ги чувам :)
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Во мое време немаше тие или оние, немаше машки или женски, немаше мали или големи - бевме ние и бевме деца

    Во мое време ги навиравме штиклите од мајките и колениците ни беа со модрици бидејќи сме паднале после обидот да заодиме

    Во мое време (ова малце поголеми :P ) организиравме драма: (некоја бајка принцот и принцезата и сл) и облекувавме фустани од мајките... Цело маало беше собрано и потоа родителите ни даваа награди за најдобра улога (50 денари беше максимумот) 8)

    Во мое време се „шминкавме“ кога ќе отидевме кај постарата братучетка и ќе ја молевме да ни стави кармин

    Во мое време имињата на симпатиите ги пишувавме во една тетратка на која и стававме „клуч“ (дупнати дупчиња и конче)

    Во мое време фрлавме кеси полни со вода од балкон, и се частевме сладолед ако на некој ми паднеше на глава :lol: 8)

    Во мое време (откако излегоја мобилните) цаарица беше ако имаше Nokia 33 10 :D
     
  7. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    17.687
    Пол:
    Женски
    Во МОЕ ВРЕМЕ собиравме детски пошти,салфетки,и на цела жештина на лето одевме да се смењаваме,игравме штркот бара боја,капетане капетане какво е морето,коцкана.ластик,правевме базенти на улица.се! и што е најважно бевме деца! а не сега како што прават децата седат дома на фб по сел ден и играат игри ама ништо нема позабавно од тие игри на улица :!: не знаат што е детството.се би дала сега да сум пак дете ама нема ;(
     
  8. anabelamak

    anabelamak Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    vo moe vreme izleduvav vo grad so 100 denari se vozev vo avtobus sverc :D se vrakav od junior zabava vo 11
     
  9. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Не дека јас сум престарена, ама во мое време или додека јас бев на 5, 6, 7, и повеќе години, јас трчав наулица, си играв , си правевме фестивали, претстави си игравме со барбики, а сега ништо од тоа децава седат дома пред комјутер играат некои глупави игри и имаат фејсбук уште на 6-7 години...страшно тоа е чиста пропаст!!!!
     
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Во мое време игравме јаже, ластика, брканица, криенка....

    Во мое време ни беа интересни игрите од нинтендо посебно супер марио :!:

    Во мое време се знаеше кој е родител а кој дете

    Во мое време најмногу седевме до 10 часот.....
     
  11. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Хммм многу работи се правеа во мое време што денешниве дечиња не ги прават.Не сум престара ама стварно е така :)

    Во мое време не се седеше на фб туку се шеташе на улица
    Во мое време не се играше кантер туку се играше граница,жмурка,брканица,ластик
    Во мое време секое лето се грицкаше сончоглед во неограничени количини и се раскажуваа страшни приказни
    Во мое време луѓето не беа толку лицимерни и толкави материјалисти

    Сметам дека животот порано навистина беше многу поубав :)
     
  12. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што, сум генерација `96, уште сум си маленко. Но, сепак радосна сум, што си го проживеав детството, не си го поминав пред компјутер. Малку се помучив, ама најдов некои сликички од некои играчки од „мое време“ кое и не е многу далечно.
    Обожавав да си правам балончиња, а тек кога ќе ми се спојат две.. радости.
    [​IMG]
    Јојо.. Врска си немав како се игра. Само го влечев конецот.
    [​IMG]
    Со сестра ми, многу често игравме домино, само што на нас ни беше направено од картон.
    [​IMG]
    Тиих, па кога ќе си купев ласер, па ќе светев по децата..
    [​IMG]
    Ова ми одеше страшно на живци, никако неможев да му ги турам сите.
    [​IMG]
    Овакви исто така имав еден куп, ама врска немав за што служат, и си ги редев по регали, како украси.
    [​IMG]
    Нормално, нинтендо..
    [​IMG]
    Брее, и за јаже колку ме биваше, сега 3-4 дали ќе направам..
    [​IMG]
    Е за плочка, не ме биваше, признавам. Неможев никако да ја потрефам бројката.
    [​IMG]
    Монопол нормално, ама незнаев како се игра, па секогаш бев банката.
    [​IMG]
    Е богами, ни за вртимушки не ме биваше.
    [​IMG]
    Ееее, имав 3 пиштоли на вода. Пау, пау, пау.
    [​IMG]
    Колку само сакав ваков тротинет. А имав зелен со три тркалца.
    [​IMG]
    На ова обожавав да цртам, само многу беше зафркнато бришењето.
    [​IMG]
    И ова чудо, кој го измислил, алал да му е.
    [​IMG]
    Лего коцки..
    [​IMG]
    Имав еден куп слагалици, ама махер бев за губење делчиња.
    [​IMG]
    Ова дури и сега знам како да го направам. Ко ќе ми текне што имиња ставав... (муво-серка, дива свиња..)
    [​IMG]
    У холахоп, ми немаше равен, па ко ќе почнев со 3-4 да вртам. Ганг ганг ганг.
    [​IMG]
    Оваквиве ги јадев во рок од една минута.
    [​IMG]
    Пих маме32, еден куп игри, а 2-3 дали се уклучуваа.
    [​IMG]
    На чудово, никогаш нема да му ја сфатам финтава.
    [​IMG]
    Чипичан. Како кучето мое, нигде немаше друго, поголемо од кифла..
    [​IMG]
    Кога го добив првиот вокмен, на коњ бев.
    [​IMG]
    Добра работа е ова..
    [​IMG]
    А богами, и за ластик бев дупка.
    [​IMG]
    Си го добив за нова година, којзнае каде е сега..
    [​IMG]
    Секогаш му го давав на татко ми, да ми го склопи, а јас си го јадев чоколадото.
    [​IMG]
    Тие беа од прилика играчките, да не се пофторувам со другите.
    Игравме штркот бара боја, ластик, жмурка, цигари, ати мати колико је сати, граница, расипан телефон, долга магарица, плочка, барбики, кукли, не лути се човече.
    Пуштавме „змајови“ направени од ќеса, и конец, и трчавме по трева.
    На телевизија имаше Наше маало, бушава азбука, светот има 8 страни, умни глави, Зоки Поки, за сите деца, шарени чадорчиња.
    Собиравме салфетки, детска пошта..
    Во мојата населба имаше Жито Лукс, и секој ден јадевме чоколадни глувчиња.
    Пеевме, чичко пушти летки. И колку птици толку петки.
    Игравме со песок, ливчиња, што се не.
    Слушавме песни од Елена Ристевска, Биба Додева, Дарио, Сашо, Тамара Тодевска, Андријана Јаневска, Лила Филиповска, Маја Вукичевич, Мартин Вучич, Ребека.
    Се деревме: Мамооооооооооооооооо! И ќе излезеше на прозор, да ни даде 10 ден.
    Имав мобилен со бонбончиња внатре.
    Се сликавме за спомен, не за фејсбук. Се каравме со децата ако ѕиркал во жмурка, а не дали не тагнал.
    Снимавме евровизија на касета.
    Лижевме степ.
    Не ми текнува друго, ќе дополнам кога-тогаш. :wasntme:
     
    На elinela, Sanniii, Abby и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    ^Буквално сите поставени од Елена :lol:
    Ќе додадам уште некои ситници:

    Албуми со самолепливи сликички. Голема љубов ми беа, мхмх мераци :D Особено албум што најмногу го сакав и најмногу успеав да го пополнам беше овој од Симпсонови, што се немаше во него, холограми, изгреби-мирисај..
    [​IMG]

    Детска пошта :sun:
    [​IMG]

    Фамилијарна дружба со Монопол :)
    [​IMG]
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.431
    Допаѓања:
    17.049
    Не дека сум голема ама мене во 2009 ми купија компјутер тоа ќе ти дојде на 10/11. Не сум голема, сеуште сум дете знам, ама многу работи се променија од тогаш до сега. Ластик бев најјака. Хулахоп не знаев многу да вртам, ама и јаже растурав. Во маало прва имав ролери, и ептен возев (сега одново се учам). Монопол брат ми никогаш го немам победено, ама знаев да играм. Не лути се човече, секогаш губев и се лупев, за мене името не важеше. Нинтендо играв многу, па еднаш брат ми не ми даде да играм и му ги исеков каблите. Прва од децата у маало научив да играм хант (брич). Да правам ептен големи палати со коцките, и клевканичка (плочка) ептен знаев. Салфети колку само имав, некои уште ги чувам. :D
     
  16. Jessie-J

    Jessie-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    61
    Во мое време по цел ден бевме надвор :D
    Во мое време крадефме цреши.
    Во мое време не ни беше важно како сме дотерани :)
    Бевме поразлични од денешните деца..
     
  17. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Во мое време се викаше црцорење а не твитање, и беше својствено исклучиво за врапчињата под балкон.
     
    На mims-89, Juicy03 и Yipman2 им се допаѓа ова.
  18. KatWonderland

    KatWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    даа омилена ми беше а и сеуште ми е. :D
     
  19. KatWonderland

    KatWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Во мое време се играше ластик,жмурка,брканица,играње со џамлии.Крадењето на црешите откај комшијата.Немаше седење на фб туку се бркавме надвор и нејќевме да се прибереме дома а сега е обратно.
     
  20. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски