1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во мое време...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Saya, 13 септември 2011.

  1. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    856
    Допаѓања:
    899
    Пол:
    Женски
    Сакав да додадам во мое време сите деца бевме исти (мислам на тоа што кога ќе излезевме надвор не се двоевме како денешниве деца се двојат во групи по тоа кој има ај фон кој има лап топ или учи во некое приватно средно училиште) тогаш сите одевме во две смени во школо се сеќавам едвај чекав насабајле моите да заминат на работа за да станам и да си гледам имаше еден цртан не знам точно како се викаше ама го даваа секој ден во 7 и 30 убави беа тие времиња кога сите деца можеа да отидат на море а во денешно време некои не можзат ни до Охрид да одат,не седвме во кафичи знам дека во мое време баш се отвори Мекдоналдс и кога отидов за прв пат за мене тоа беше доживљај па уште хепи мил тоа беше незамисливо да се јаде од таму секој ден а денешниве деца ги гледам Мекдоналдс им е како за добро утро затоа и генерацииве што доаѓаат се подебели не се истрчани како нас им купуваат вода ние бре сме пиеле кај што стигнеме по фонтани и пак сме биле здрави и живи ама тоа е можеме само да се сеќаваме на тие времиња и вака да си споделуваме искуства извинете ако должев.
     
  2. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Во мое време сите надвор си игравме сложно и машки и женски а сега шетаќи по улица дете неможиш да видиш од шо се преоптеретени со компјутериве
     
  3. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Во мое време - првите 3 години на факс ги поминавме без компјутер, без телевизор, само со еден дискмен и звучници. Сега, сестра ми не може 2 дена да издржи без компјутер и интернет...абе ајде, кечап генерации :D (ова го мислам без навреда)

    Во мое време кога ќе отидевме на журка, на концерт, абе мераци, се знаеше кој оди по такви работи - вистинските љубители и почитувачи. Сега, тоа е нова мода. Човек не може на раат да си отиде на журка од децата што одат таму да бидат видени и да бидат “ин“, да се сликаат и да се стават на фб (да се во шема де). А да ги прашаш кои се тие што настапуваат - бледо ќе те погледнат :(
     
  4. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Во мое време, бев и сеуште сум изрод на генерацијата.
    Го сакам Гане Тодоровски и неговиот стил на пишување, ми стана стил на животот.
    ДОдека во трета средно се восхитував на Гарванот од По, моите врсници мисеа дека е истрипан дрогераш и алкохоличар. |(
    Сакам опуштени места, каде немора да се накинџурам во светљуцави работи, панорами де пичоре, и штикли.
    Обожавам уметници, и сакам да сум во нивна близина, гледаат далеку од носот, и го гледаат животот низ призма на уметноста, а не парите и моќта.
    Не сум во контакт со моите врсници, бидејќи не ме сфаќаат, а не ги сфаќам ни јас, така што не сме на иста бранова должина.
    Затоа уште еднаш, во мое време, бев и уште сум изрод на генерацијата.
     
    На Mishela и L-enna им се допаѓа ова.
  5. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    имам 17 само, и во мое време се беше толку патетично и бедно наоколу ,исто како СЕГА!
     
  6. Anet4e

    Anet4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    26
    Во мое време се носеа светкави бициклистички и тексас крати пантолончиња исечени од фармерки врз нив :)
    Во мое време ја бевме опседнати со сапуницата Касандра и собирање сликички од истоимениот серијал
    Во мое време се носеше КРЕМЧЕ фризура :D
    Во мое време се пеглавме со пегла за алишта( и патем косата пепел :D )
    Во мое време возевме ролерки (а јас пак многу ги сакаш ролшуите што ги немав :( )
    Во мое време носевме ТОПУЦИ-па еве ги сега пак,но измодифицирани :)
    Во мое време...има уште многу работи ама не ми текнуваат сега...Ќе се надополнам кога ќе ми текнат 8)
     
  7. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    во мое време си игравме сите деца на улица од утро па некогаш и до сред ноќ, мајките секогаш мораа да не викаат за ручек по неколку пати бидејќи не ни се оставаа игрите од што ни беше забавно и преубаво, и сите деца бевме исти без разлика на материјалната состојба, а сега? Кога ќе излезам во маало неможам да видам ни едно дете, незнаат што е игра, што е дружба, греота е
     
  8. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Во мое време...
    -наместо на компјутер по цел ден,игравме жмурка,кошарка,фудбал и со џамлии
    - седевме до 21:30-22:00,а не до 00:00
    -главно место за излегување ни беше куќичката која што сами сме ја направиле,а не по дискотеки
    -искачање ни беше до кино и назад,а не шлаење по улици низ град
    -пари трошевме само на мастики,бомбони и чоколатца,а не на облека
    ........ :lol:
     
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    На Someonespecial и Foreveryoungiwannabe им се допаѓа ова.
  10. MorganMonroe

    MorganMonroe Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2013
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    42
    ... се играа жмурки, џамлии, ластик, се скокаше со јаже пред зграда...
    кога ќе речеа мама и тато нешто, тоа беше закон!
    се почитуваа учителките и професорките во школо!
     
  11. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.416
    Во мое време си игравме на улица крижи мижи и крадци и полицајци :rofl: мераци беа тоа, мерацииииии !!!!!!!!
     
  12. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    во мое време :D :D до 16 год уште игравме ластик,горенка миженица,топката на место,дама калавер,гоненица а сеа мачки нема по улиците не па деца колку значи се смениа времињата,не дека јас сум многу голема ама ете на 15-16 год тоа сме играле а сега по форумов читам само за секс и дали трудни биле па почекајте малку се во свое врем ,има време и за секс и за деца чување и за се,ама напредни деца напредни генерации ова компјутериве кој ги смислил алал да му е :lol:
     
  13. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    го додавам и Зимскиот град од Бунец и ...
    брат ми секогаш ми држеше ластик за да играм ...
    имавме ПОни, а сакавме БМХ..
    имавме сајзер( пошто мојте мислеа дека е убаво да напредуваме во некоја активност),
    бевме главни на домашниот телефон - секретарка елемент..неможеш да имаш приватност па го тегнеш телефонот од една соба до друга ... ако недај боже татко ти се јави ги ремети другарките на велико..
    Во мое време сите бевме Штрумфети и носевме кломпи со Штрумфета!
    Пишевме писмо до непознато другарче...
    не зборевме за политика него кажувавме ВИЦОФИ....
    дома имавме 1 ТВ само ....
    на физичко носевме бела маица и црвени шорцеви со БЕЛА чарапа..
    игравме и гледавме Игри без Граници !!
    жмурки на топка или народна ...
    Запознававме другарчиња во АС( Авто камп Струга) зошто камповите беа повеќето на фабриките или преставниците на фирмите каде нашите родители работеа..
    Патувавме со ПАСОШ на кој не ни требаа ВИЗИ ...
    Славевме матура во нашиот град зошто имавме забрана да патуваме надвор од дршавата( Нато ја нападна ЈУ)..
    Полагавме и Матура за влез во средно но и полагавме испити за да влеземе на факултет...
    Во мое време 80% од лугето се самопрогласуваа за националност за да можат да влезат во државна квота на Факс...
    Во мое време крадевме креди за да цртаме коцки и да играме во дворот...

    и последно ВО мое ВРЕМЕ поимот ДРУГАРСТВО беше ВИСТИНСКИ, ИСКРЕН, и РЕАЛЕН!
    од мене толку сега за сега .. но гледам дека и повеќето од вас живееле во мое време , па да не се пофторувам мнн мнн
     
  14. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    EEEE,јас си играв со кукли до голема.......ама “било је то некад давно....на брдовитом Балкану“....Ех :(
     
  15. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Ееех, тогаш, колку работи беа поинакви. :D
    Во мое време се гледаше Сител Бамбини,
    Собиравме дезенирани, шарени, украсни салфети (кои btw сеуште ги чувам),
    Игравме жмурка, потера, ластик и слични улични игри,
    Градевме куќи за барбиките,
    Гледавме Умни глави, Здраво генијалци, Дајте музика,
    Возевме велосипед и тоа со еден збор слободно можам да кажам беше ДЕТСТВО.

    Ех, ама нема веќе...А денес , никое дете не сака да го проживее детството.Ниту пак има вистинско пријателство. Такви се денешните модерни времиња.....Модерни и извитоперени. |-) Но тука веќе не можеме да смениме ништо. Сепак, мило ми е што јас некогаш сум била дете и имам спомени од тие денови, кога проблеми не постоеле и се било полесно. Преубав период...
     
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    [​IMG] :)
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
  18. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    игравме крадци полицајци најмногу! игравме сардини :D
    прајвме торти од кал..
    се тепавме со братми кој попрво да играт на нитендо :lol:
    не се прибирав за јадење туку со сендвичот враце истрчувавме на улица 8) собиравме салфетки и албумчиња со сликички :D
     
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Во моето детство немав ни фб ни андроид апликации но бев многу среќноо дете

    Легнував рано и веднаш заспивав бидејки бев изморена од трчање и од играње по улица и дури дојдев дома легнам и веднаш засппијам
    Станував рано но сепак одморена и убаво наспиена
    Нај вредна паричка за мене беше 10 денари отидам во продавница и по пола саат разгледувам што да си купам бидејки ништо не ми се јаде но сепак да ги потрошам сепак на крај пак ке беше степ или сончоглед.
    Нинтендото беше мојата едниствена занимација дома , кога не излегував надвор седев и си играв а новите дискети беа за мене најголемиот подарок што мисЛев дека човек може да ги добие.
    Како накит и додатоци имав модринки по цело тело од бесните игри и трчање, и тоа ми беше најголемата болката разбиените коленца!
    немав мобилен но затоа пак од терасата се довикуваме сите да се договреме за играње и верувајте по убаво беше тогаш немаше опција ИГНОР!
    Кога за роденден ке ми дадеа пари јас се лутев посакував да е некоја играчка, парите не ми значеа ништо за разлика од сега ако им однесеш играчка или облека не го прифакаат за поклон ако нее ПАРИ .
    Денот немаше да биде завршен ако мајками не ме плеснеше по газето , а јас и бегав на улица колку што ме држеа нозете и ја провоцирав да ме мава а сега ? Родителите живи се дераат а тие само си се затворат во собата и не реагираат се праат како тие да го имаат авторитетот!
    Детската пошта ми беше нај вредните ВРЕДНОСТ НА ХАРТИИ..
    Секој ден таткоми ми купиуваше и бев пресреќна како автомобил да ми донаса дома и ден денеска се уште ги чувам.
    Точокот не го оставав никогаш по цел ден се возев , сега тоа е заменето со скутери за жал .!
    Понекогаш се тепавме со другарчињата и се каравме и верувајте тоа беше нешто многу сладко , сега тоа го нема бидејки и не излегуваат немаат причини да се скараат за топка или кој поведил ., сега постои ФЕЈСБУК БЛОК !
    КОГА БИ ИМАЛА ШАНСА ПАК ДА БИДАМ ДЕТЕ НИКОГАШ НЕ БИ ГО ИЗБРАЛА ОВОЈ НОВИОТ НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ Т.Е НОВОТО ДЕТСТЦО КАДЕ ШТО ЗАСПИВААТ СО ПЕСНА РАКЕ ПУКЕ РАКЕ ШЛАКЕ А НЕ СО ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ, И КОГА ПО ЦЕЛ ДЕН СЕДАТ НА КОМП А НЕ НАДВОР ПО УЛИЦИТЕ !
     
  20. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    38
    Денешниве генерации немаат детство, имаат фб.
    во мое време се играше жмурка џамија граница ластик
    коа потпораснавме немавме фб и не се боцкавме а сепак секогаш бев блиску до симпатијата и секогаш знаев кај што прави и не ми беше потребен евент за да дознаам кај ке иде..мада не идевме многу у град..ќе се соберевме на 'кругче' и таму бевме главни до 12 седевме надвор и тоа беше премија да те пуштат до толку
    а сеа денешниве на 16г више се пораснати во 2навечер се враќаат од град, женските више на 15г се спремни за мажење и више го имаат најдено ВИСТИНСКИОТ..страва..не сум многу постара од нив ама ова што се случува сеа го немаше во мое време..фалат тие времиња...