Мислиш "Погрешно време". Големи и мали ми беше една од најомилените играни серии, дури и јас бев статиста во една епизода. После тоа ги обожавав "Во светот на бајките", "Втората смена", "Белото циганче", "Салон Хармони", "Девојките на Марко", "Опстанок". Интересна ми беше и серијата "Умни Глави" во која исто така бев статист али во повеќе епизоди
Што убави детски серии имаше порано. Сите ги имам гледано. Омилена ми беше во светот на бајките. И ден денеска кога ќе ја слушнам таа песна се враќам во детството. Мислам дека и денеска треба да бидат попродуктивни и да продолжат да прават такви серии.
Една од омилените ми беше. Се сеќавам со колкава радост и задоволство ја гледав. Тогаш квалитетни работи можеа да се видат, а не како денес ужас.
Иако сум од генерацијата кога во мое време престанаа да ги даваат овие серии али сепак ги стигнав некои , се сеќавам на наше маало, во светот на бајките и чудовиштата во нашиот град.Бев ептен малечка али сепак овие серии останаа во моите сеќавања како дел од убавите моменти од моето детство.
МРТВ ги поштував и порано ги поштувам и денес. Беше и остана најдобра програма на која не даваат глупости. Додуша денес и не гледам многу телевизија, но секогаш кога ќе пуштам, најдобрата програма ми е таму. Одсекогаш ги давале најдобрите серии, цртани, емисии...
Ех ,со какво внимание чекав да почне во Светот на бајките,посебно колку ја сакав песната..до ден денешен знам да си пуштам некоја епизода на јутуб и да си гледам, се навраќам во детството на некој начин
Тоа беа златни времиња. Растев во годините кога се емитуваше култниот детски серијал, а песната ми беше симбол за сладок сон. Се уште ми одекнува текстот во сеќавањата и понекогаш знам да се вратам во детскиот живот низ епизодните случки на јунаците. Имаше долга листа на серии од овој тип кои ги одбележаа спомените на повозрасните генерации, како, Чук чук Стојанче, Дајте музика, Наше маало, Големи и мали, Здраво генијалци... Жалосно што приказните со поучна содржина останаа само дел од некогашната архива на медиумите, а совремниот начин на живот постави поинакви текови на социјализација далеку од дидактичките вредности, па денешните деца растат и учат од улогите во Прељубници, Долина на волците, Езел, Румелија и низа турски и индиски шунд.
Јас како во сон се сеќавам на овие серии, бидејќи бев околу 4-5 години. Ама ја обожавав и уште ја обожавам песната „Во светот на бајките“ и една друга имаше нешто „Нани мило нани нани, светот има 8 страни, четири од нив се светски, а четири само детски.“ Леле уште се сеќавам.
Леле на погрешно време како се имам смеено...бата Жиле се викаше еден со црна коса така долга и брада? Луѓе мои,како ме смееше во една епизода кога се криеше под маса и еднаш ко разговараше со еден и го прашува дали да го отепам да му го раскрвам носот,другиот му рече не бе ќе го зафркнеш тепихо..така нешто беше...се имам смеено со оваа серија,а и големи и мали некое време ја гледав и светот на бајките сум ја гледала да не ја заборавам никако Сега има серии со наслови од типот на:Солзите на баба ти,Прости,Фала ти,Не се предавам,Долина на волкојте,Мајки и ќерки,Татковци и синови,Седум братучеди...абре 190 денари плаќаме за МРТВ..една серија барем така да имаше нешто...ама прво нека остари малечката невеста па ќе се отвори видикот за нашата филмско-сериска иднина...
Еве гледам Опстанок на мрт. Ах ми се разбранува душата. Многу чувства со само една серија. се присетив на детските денови кога татко ми ја раскажуваше епизодата од Опстанок. Тоа ми беше домашна работа по македонски јазик. Си велам себе си убаво ќе беше јас да имав сега детенце на кое ќе му ја раскажував епизодата. Сеуште гледам македонски филмови и новите колку и да не се добри мене ми се добри. И тие ми градат спомени но од некое друго време.