Во среда на 3-ти февруари, протестен марш под мотото „Јавна соба е кривично дело“

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 29 јануари 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    24.956
    Допаѓања:
    194.304
    Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба, од Министерство за внатрешни работи до Јавно обвинителство – институциите кои треба да нè заштитат од насилство, но очигледно не го прават тоа.​

    -Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство.
    -Бараме соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени.
    -Бараме и инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик.
    -Бараме соодветна грижа за жртвите од надлежните институции.

    Неколку приведени членови и санирање на штети нема да нè замолчат. Будно ги следиме институциите и бараме сеопфатни решенија за превенција на родово базирано насилство.

     
    На Purplelilac, Limpan, Ivan4e04 и 23 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    24.956
    Допаѓања:
    194.304
    Јас ќе присуствувам.
    Ко обично.
     
    На mira.mira, Purplelilac, Ketchup и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    1.098
    Ајде сите кои ке присуствуваме да напишеме коментар за тие тие кои се мислат и стравуваат да добијат подршка
     
    На Purplelilac, WildMk и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    10.085
    Допаѓања:
    128.132
    Пол:
    Женски
    Јас сакам, сега досадвам по другарки за друштво зато немам ништо сигурно пишано. Камо сите "да" да речат. Возојте работат така? Да поминам и таму.
     
    На Purplelilac, Ugly Duckling, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    24.956
    Допаѓања:
    194.304
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.819
    Допаѓања:
    42.810
    Пол:
    Женски
    Сакам да присуствувам, ако можам да се организирам некако со некој, бидејќи сум далеку од Скопје.
     
    На Purplelilac, theowndemon, Ana789 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    24.956
    Допаѓања:
    194.304
    Скопје има 800.000, белким има доволно свесни, па да не мора од другите градови да доаѓате.

    А може и во секој град да организирате.
    Контактирајте ги Медуза.

    *повеќе за во оваа тема е постов
     
    На Summerbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  8. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    597
    Допаѓања:
    2.375
    Пол:
    Женски
    Ќе присуствував, ако немав испити за полагање. :?:
     
    На Ladyy* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Саат време. Со разбистрена глава побрзо се памти после.
     
    На Purplelilac, WildMk, Summerbaby и 7 други им се допаѓа ова.
  10. arabella_

    arabella_ Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2020
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    А да ургираме да се премести од 17 часот протестов?
    Голем број сме во 14:30 на работа..
    Или за викенд, не би било подобро што знам
     
    На mira.mira, JuLleE и M&M им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    8.459
    Допаѓања:
    80.803
    Прашано е, таргетирале да биде во работно време за да ги видат оние во институциите

    Стварно, или сте за, или не си барајте изговори. Активизам не е нешто што бира време или метеоролошки услови.
     
    На Purplelilac, СуперДевојка, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  12. arabella_

    arabella_ Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2020
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Не зборував само за мене, голем број се тоа време на работа.
    Ќе видам , ќе пробам да земам слободен ден ако има кој да ме смени, сега за сега не знам за сигурно.
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  13. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    597
    Допаѓања:
    2.375
    Пол:
    Женски
    Тука во право си, ама многу ми е далеку да трчам од еден до друг крај.
    Петок да го ставеа таманка да им се унистеше викендот во собрание.
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  14. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    10.199
    Пол:
    Женски
    Ќе спомнам на другарки да дојдат да не бидам сама.
    Дај хамери да направиме со натписи.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    2.494
    Допаѓања:
    29.697
    Пол:
    Женски
    Ако има некој заинтересиран да направи онлајн пренос (live stream) на ју тјуб, за да може сите кои не се во можност за физичко присуство да дадеме придонес со вклучување и пишување коментар во знак на поддршка.
     
    На tamche995, Purplelilac, BeYourself и 20 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    8.459
    Допаѓања:
    80.803
    Одлична идеја:)
     
    На IM.TMKQ и friendy им се допаѓа ова.
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    6.654
    Допаѓања:
    30.853
    Пол:
    Женски
    Еве да прочиташ :)
     
  18. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    872
    Допаѓања:
    1.927
    Пол:
    Машки
    Не одам. Не ме интересира воопшто.
     
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    19.370
    Не одам зошто овој протест е од ,,непрофитните" организации кои излегуваат еднаш на десет години само колку да кренат медиумска фама, експонираат за да лапнат некој денар плус и секое чудо да го завршат за три дена.

    Кога ја видов листата, Медуза, LGBT, ми пропадна сиот ентузијазам и желба за поддршка, заедништво и спонтаност.

    Прокопајте малку на нет, и може ќе сфатите колку од нив се во background политички инфилтрирани, и колку у приватен живот им чуе Ѓурга за жените во Македонија и нивните права кога се силувани, обесправени и кога бараат било каков тип на згрижување и заштита.

    Се додека овој народ нема црпка за спонтано соединување надвор од жмронските и ездеовските игри, овие наводни протести без никаков жар, агенда и иницијатива од луѓе лешинари ќе ми навредуваат интелигенција.

    Со среќа нека ви е.
     
    На Leat, magnolija09, Traveler91 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    24.956
    Допаѓања:
    194.304
    Леле колку сум изненадена!
     
    На Purplelilac, MeowMeow, Stephen Amell и 11 други им се допаѓа ова.