1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во среда на 3-ти февруари, протестен марш под мотото „Јавна соба е кривично дело“

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 29 јануари 2021.

  1. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Темава беше наменета за корисни информации во врска со протестот, ама мислам дека секој што ќе се заинтересира и ќе сака да присуствува, само ќе се предомисли откако ќе прочита тука.
     
    На Purplelilac, sunshinebabe, Stephen Amell и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Со еден ден што ќе се постигне?
     
  3. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    1.737
    Со еден ден се почнува ... се охрабрува.Има девојќи кои се жртви на нив потешко им е да излезат заради тоа што се чуствуваат осудувани.По самите коментари како на форумов се осекат обесхрабрени..Затоа дајте подршка оптимизам.Верба и чекори за големи промени.Жените уназад имаат многу постигнато во тоа поле и ви препорачувам да го погледнете филмот за Форд фирмата во друг контекст е ама е за изборување на правата на жените.
     
    На sunshinebabe, LadyD, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    10.630
    Пол:
    Женски
    Од овие 571 што ставиле на евентот дека ќе одат, според моето досегашно искуство од одење на други протести е дека ќе дојдат нешто повеќе од 10% од нив или околу 70 луѓе, а со толку не може ништо да се направи, но ако го земеме во предвид фактот дека има 1100 што кликнале дека се заинтересирани ајде да кажеме 100 луѓе максимум да има....
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.437
    Допаѓања:
    1.449
    Некој претходно спомна дека законот си бил добар. НЕ Е!
    Многу од законите се застарени, направени пред интернетот да има вакви размери. Може е смешно да се расправа на оваа тема знаејќи дека некои места уште немаат водовод и канализација, ама мора да се оди паралелно со работите.

    За оние кои пишуваат дека све си било ок или дека е од партија или не знам што и алудираат на тоа дека СКРАЈА БИЛО некој...ЖЕНСКО да мисли со своја глава и да излезе на протест за нешто што го засега - нека не одмагаат со такви коментари. Има доволно проблеми за да замараат сега и со тоа. Ако е организирано од некоја партија - може ќе биде и попосетен. Навистина не ми е гајле која партија ќе го организира ова, се' додека дојде до некакви резултати.
    Знаете колку промени немаше да бидат направени ако не стоеја организации зад нив? Знаете дека тој протест нема да биде за нив туку за твоите најблиски? Зошто мора да те заинтересита само откако ќе се случи такво нешто на некој твој најблизок, а сметај на тоа дека и веќе се случило ама зошто ти си таков/таква, тие не ти кажале за да не бидат осудени од твоја страна?

    Не ми се верува дека и за ваш добробит, за општо добро би одбрале да не присуствувате на ваков настан... Едноставно не можам да прифатам дека не можете да погледнете подалеку од партиските задници и излезете да направите промена.

    За оние незаинтересираните: шо барате да коментирате кај шо не треба и ако не ве интересира.... Од толку теми специјално на оваа се закачивте.


     
    Последна измена: 31 јануари 2021
    На Purplelilac, WildMk, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Нели веќе вчера министерот за (нашата јадна) правда се сретнал со жртвата Ана, ќе има наводно законски измени за вакви демначи ....
    Маричиќ на средба со една од девојките-жртви на групата „Јавна соба“ (makfax.com.mk)

    Слабо ќе има одзив овој протест од куп причини. Народот едноставно е апатичен за сѐ што бара конкретна акција и неќе да мрдне со прст.
     
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    20210131_081533.jpg
    Да го видам сега вашиот страв, кога сапунчето ќе ви падне, манијаци:)
    tenor.gif
     
    На sweet-cherry, Annath, Ugly Duckling и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.584
    Кога протестите се во работно време, бидејќи се најавени, сите вработени еден саат пред протестот се ослободени од работа да си одат, заради нивна безбедност. Пред празни згради ќе стоите. Како божем невладините да не знаат ова.
     
    На fana, Stephen Amell, tinka-mace и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Самер, изгледа не се разбираме, па ќе се обидам да појаснам.
    Jас сум за протест. Од старт пишав дека е потребен, уште лани кога временски целата операција на јавна соба траеше речиси една недела.

    Ова пишувам зошто имам чувство како да мислите дека сум против оваа идеја, бидејќи навистина не сум. Но, фактите се тие. Драгана Дандаревска и Ирена Цветковиќ не се луѓе кои излегуваат во пресрет и може да се носат со олкава одговорност. Не можат они ,,да бранат жртви" кога се лицемерни јагниња во волчја кожа и се под закрила на сега актуелната партија.

    Не можеме сето тоа да го игнорираме и да речеме пу пу не важи, битна е само каузата. Бидејќи уште побитно е кој е креаторот на таа кауза.
    А, креатори се луѓе кои само држат говоранции на трибините, а притоа не преземаат ништо за да се поправи целокупната ситуација поврзана со родовото насилство веќе една деценија.

    Инаку, се одјавувам од темата за да не ви пречам и да може да се договорите.
     
    Последна измена: 31 јануари 2021
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Нема врска ова. :)
    Законите ги опфаќаат сајбер булингот и криминалот, но не функционираат според протоколот.
    Не е толку проблем теоријата за правни регулативи, колку самото неприменување на практичниот дел.
     
    На JuLleE и 6th sense им се допаѓа ова.
  11. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Значи се мислам што и како да пишам да се искажам убаво, без да бидам погрешно сфатена.

    Прво да кажам дека сум со поделено мислење за овој конкретен протест, што е многу ЛОША стартна позиција.

    Од една страна, се согласувам со членките дека сите невладини кај нас се сепак владини. Делува ко да бирале ден и време кои најдобро ги саботираат револтот и иницијативата на девојките и жените за да сменат нешто. ЗНААТ од старт дека ќе има мала излезеност, ама очигледно масовноста не им е битна.
    Имам за учење не е добар изговор, ама летање од работа при ваква невработеност ги става жените во позиција да бира да има права, ама да нема пари за егзитенција или обратно. Тоа е она што боде очи, бидејќи може лесно да се избегне ситуацијава.

    Ама, дефинитивно која може, треба да излезе на протестов. Како ќе помине, ќе помине. Нема ништо да смениме само со овој еден протест, затоа сметам дека треба да има повеќе протести.
    Е за тие можеме и треба сами да се организираме во ден и време кој секоја може да излезе непречено.
     
    На Purplelilac, Annath, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.584
    Така де, ако сакала некоја ќе излезела од работа. А у работно време не смее.Плус треба да знаете додека рашковски беше генсек дека донесе одлука за администрација во однос на дрес код, постирање на социјалните мрежи (и надвор од раб време) и делување против владата надвор од раб време. Имам најмалку 3 помагани одговори на дисциплинска за ФБ статус.
     
  13. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Не се обесхрабрувајте, излезете доколку можете. Девојки, средношколки, невработени...
    Со маска на лице никој ништо не може да ви каже. Оние кои можат од работа да излезат униформата може да ја покријат со џемпер, палто, ионака е ладно надвор.
    Во претходните постови читам членки кои упорно “изгледа” како да сакаат да го саботираат овој мирен и оправдан протест.
    Не мора нешто и нам да ни се случи за да почнеме да размислуваме и реагираме. Имаме женски чеда, братучетки, внуки, комшивки, другарки на наши деца. Нив да ги заштитиме.
     
    На smooch, Purplelilac, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.726
    Пол:
    Женски
    Било каков протест е подобра опција од седење дома. Кој сака да дојде е добредојден, кој не сака нека не доаѓа. Толку е едноставно.
     
    На Annath, Ugly Duckling, ivi1987 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.065
    АмИ ко така и на ЗЗ и на Маричиќ да им помагаш сега.
    Разбирам за што збориш, ама ова не е против влада, ова е против насилство врз жени.
     
    На Annath и WildMk им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.584
    Јас ви кажувам дека треба да се помести саатот на протестот ако сакате девојките да видат дека имаат поддршка од многу. Вака 100 жени, се премалку заради грешен тајминг у лош организатор кој зима пари за ова.

    Треба масовен протест, не агенда.
     
    На honey.11, noteforself, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Џабе сет 'револт' што го искажавте по социјалните мрежи, ако кога ќе дојде до потреба од реална акција, сите имате некое 'објаснување' зошто нема да излезете.

    Факт е дека постои огромна апатија и дека мнозинството чекате друг да ви ја заврши работата.
     
    На Ugly Duckling, Summerbaby и Biljarkata им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.211
    Пол:
    Женски
    90% од изговорите тука ви се невалидни :!: Sorry, ама ако не можете да излезете од работа, може да земете одмор, слободен ден итн... мислам, за викенд у Грчка се земаат слободни денови, за ова не може? Не е важно толку или?
     
    На Summerbaby, Biljarkata и WildMk им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не го реков ова да не ми се вдаат... Доста ми беше вчера...

    Фала ти што го кажа за мене (y)
     
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ден од одмор за протест? Нема грешка. Толку е тешко саат да се смени? Еден протест ли ќе е во годината, може уште 5 ќе има, 5 дена од одмор, ахам.
     
    На black-angel му/ѝ се допаѓа ова.