Форумџика на годината

Во среда на 3-ти февруари, протестен марш под мотото „Јавна соба е кривично дело“

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 29 јануари 2021.

  1. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Првото демек тоа што ќе кажеш Не не значи дека смее да те чепне а последново демек исто како да ги поддржуваш силувачите ако не реаѓираш и затоа силувач си и ти. А второво не го сфаќам
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Првата слика - последниот збор е ,,да" и има извичник.
    Второто дека непостапувањето по нечија пријава е соучество. Се однесува на МВР и ОЈО на кои не им е гајле за жртвите кои пријавуваат.
     
    На theowndemon, sunshinebabe, IRBBB и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Ana789

    Ana789 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Ако овие ти се нејасни и не ги разликуваш извичник и буквата “р" тогаш не знам што да ти кажам освен дека никогаш не е касно да си го подобриш вокабуларот, а и познавањето на азбуката. Со среќа.

    Иначе сум многу задоволна очекував многу помал излез.
     
    На Summerbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  4. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    3.609
    Пол:
    Женски
    Некој од далеку да го види ќе мисли "р" дека е, btw не е моја сликата другари ми ги праќаат и се бунат од хамерите и каква поврзаност имаат со протестот.
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Како смее девојче да излезе пред сите со таков вулгарен збор, девојчињата треба да се прибрани, културни, да не привлекуваат внимание, излегувај со вакви слогани и после жали се кога некој те силувал, епа тоа ти е, кога велиш Преку пи*кава, значи им даваш инфо на силувачите дека имаш пи*ка, да не се залета некој да те силува мислејќи дека имаш пи*ка, а испадне дека немаш, па залудно трошел време на тебе.






    :*::*::*:сарказам:*:е:*::*::*:
     
    Последна измена: 3 февруари 2021
    На Regina.Phalange, theowndemon, CameliaMiller и 34 други им се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.532
    Пол:
    Женски
    Нареден пат се надевам уште помасивно, се надевам дека се охрабрија сите девојчиња на кои им беше страв да излезат.
     
    На theowndemon, CameliaMiller, sunshinebabe и 28 други им се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Дали сериозно требаше да ви ги објаснуваат паролите како на првачиња? (facepalm)

    Инаку, браво жени! Се надевам дека протестот ќе направи некоја промена.
     
    На Regina.Phalange, theowndemon, sunshinebabe и 16 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    И јас.
    И се надевам дека и уште протести ќе има.
     
    На Purplelilac, Summerbaby, OmniaVanitas и 2 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Најбитното да ви го кажам:

    Вака ја сакам Македонија.
    Си ја сакам државата, ама кога народот се бори за своите слободи, како што е и во Химната.

    Денес се чувствувам како патриот.

    И без разлика каква ќе биде иднината, денес рековме 'НЕ!'


     
    На IRBBB, Lollipop_123, Summerbaby и 2 други им се допаѓа ова.
  10. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.823
    Пол:
    Женски
    Се надевам нема да заспијат после ова, туку ќе има уште повеќе и со подобар термин. Жално е за монструм да се протестира, а за ова да седиме мирни. Не нема! Споделете дел од сликите по социјални мрежи, да знаат луѓево дека имаат поддршка, зошто секако ќе бидат пљукани од сељаци. Да знаат дека за некој се херои. Да се охрабрат уште повеќе. Не ми е гајле кој и како ќе ме таргетира, ама и нема да дозволам некој тене да те таргетира. Стојам позади секоја од вас што денес излезе, на секој муабет против тебе, на секој твит полн со фрустрации, на секој пост објавен на фемина полн со омраза. Ти го движиш општеството, троловите го троват.
     
    На sunshinebabe, IRBBB, Ambrosia и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Ana789

    Ana789 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    И јас се надевам дека нема да остане на само еден протест туку дека ќе е само почеток ова се' дури стварно не видиме некоја промена во закони или казни.

    Мнозинството беа бар на изглед вака помлади девојки студентки или средношколки (што е супер) што значи дека ако се организира протест надвор од работно време уште поголем излез ќе има.
     
    На Purplelilac, Summerbaby, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  12. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Треба секој ден зошто спие ЈО и мора некој да ги притиска. Уште чмае во предистражна постапка :@

    А ова е исповед на адвокатката Марта Гусар од протестот
     
    На BloodElf, Purplelilac, Ana789 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Како што стојат работите моментално, ако ти снимаш разговор помеѓу тебе и соговорник е кривично дело. И на ова мора да се работи. Како може да се прибираат докази кога не смееш да снимаш?
    Се надевам дека овој протест ќе се прошири, зошто почнаа да излегуваат многу случаи на злоставувања. Се надевам дека е и резултат на сето ова и дека се охрабриле да пријават во полиција.
    Најголем проблем останува неказнувањето. Дури и да сака некој да пријави, има многу случаи каде насилникот си шета слободно и не само што жртвата се плаши за себе, туку и се обесхрабрува зошто нема последици за сторителите.
    На многу работи мора да се гледа...
    Најважно е што почна (иако, за жал, мораше да дојде прво до ова).
     
    На cresa-jagoda и Angie1432 им се допаѓа ова.
  14. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Ќе заспијат, само тоа може во нашава држава.
    Дајбоже да грешам.
     
  15. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Доцна се вклучувам ама од денешниов протест најмногу бев задоволна што околу мене имаше и некои мажи и некои од нив со хамери.Малку но големи луѓе. Нечии браќа,другари... но вистински Мажи Браво за нив! А за девојките кои уште се во групата за сеир гледање и па и што уште пишуваат на темава.. Жал ми е за вас. Вие сте навистина за жалење.
     
    На sweet-cherry, MeowMeow, smile:) и 15 други им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.094
    Пол:
    Женски
    На theowndemon, CameliaMiller, WildMk и 30 други им се допаѓа ова.
  17. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Имаш девојки што за другите девојки викаат дека ,,глумат жртви", дека сами се криви што се сликале голи и по бикини, аМа КаЈ оДеЛа сО фУсТаНчЕ, сАмА сИ гО бАрАлА, и истите тие се изреволтирани и се гадат и уште ја напаѓаат девојката што напишала пичка.
    Тоа е се' што треба да знаете за Македонија. :puke::D
     
    На Regina.Phalange, theowndemon, CameliaMiller и 25 други им се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.532
    Пол:
    Женски
    Мутуално е гадењето, ич нека не се секираат.

    Мораше за нешто да се фатат, како инаку да си ја оправдаат омразата што ја имаат кон сопствениот пол?
     
    Последна измена: 3 февруари 2021
    На theowndemon, CameliaMiller, Summerbaby и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Ana789

    Ana789 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    " 14 годишна е зрела за ебење", "се ебе ама мора прво вечера", "дали некој има детско порно", "курва", "испуши ми го"... и многу многу други вакви коментари и во групата, а и по социјалните мрежи од возрасни мажи (дури со жена и деца на слика). Сељаци на инстаграм кажуваат како е можно да не' ни смета да сме истепани ако сакаме kinky секс. Од овие коментари не им се згади на дамиве ама од тоа што некоја напишала пичка готово им се слоши. |(

    Времето кога бевме мирни, тивки и апатични заврши нема враќање назад. Општеството мора да престане да не' пика во некој калап што си го има смислено за идеалната жена која е безгласна и субмисивна на неправди.

    Секоја жена може да е тоа што сака и каква што сака. Јас сакам да бидам силна и гласна, и мене како и на девојката на сликата исто искрено преку пичкава ми е од второграѓанско третирање во земјава и запнување за семантики на постерите, додека манијаци, педофили и силувачи шетаат слободно и неказнето.

    На хамерите се запнаа еј да не ти се верува. Изгледа некои жени блиските мажи во животот си ги најдоа во групата па сега по секоја цена кај девојките се бара вина.
     
    На Regina.Phalange, theowndemon, Leat и 20 други им се допаѓа ова.
  20. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Вчера, за првпат мислам во историјата на државава пуштивме глас за родово базираното насилство.
    Во меѓувреме на македонските сајтови:

    Канал 5 ударна вест: Убавата Захариева „жали“ за ветото, што ли ќе каже кога ќе ја види книгава од 1851?
    Плусинфо ударна вест: Апасиев го нарече Димитров американски шпион, а тој возврати: Ти си инквизитор од средниот век
    Вечер ударна вест: Бучко договорил - Бугарската национална телевизија ќе се емитува во Македонија
    Република ударна вест: Мицкоски - Македонија со владата на Заев и официјално е „хибриден“ режим кој е „најкорумпиран“ во Европа
    Црнобело ударни вести: - Револтирана девојка ја критикува Ким Кардашијан: Како навистина изгледа долната облека од нејзиниот бренд?
    - Личност која ѝ ги разносува новите чевли и уште 8 необични работни места во палатата на кралицата Елизабета
    - Столб на паркинг во кој сите удираат со возилата, има „свој“ фејсбук профил
    - Вест за протестот: not found

    Еј, да пишеш цела статија за факинг столб, а да немаш ни збор за марш на жените во државата во која живееш, за проблеми кои се реалност на сите што ќе се родат со вагина, треба да си дно првин од човек, па потоа од новинар. Овие другиве па со главна вест Апасиев му рече на Димитров, а тој му врати ми се нов левел на мизерија. И да, баш бевме засекирани за бугарската телевизија дали ќе се емитува, навечер баш заради тоа не можам да спијам. Исто, историското прашање дали македонското потекло се спомнува во 1851 има посебна важност за жените кои живеат 170 години потоа и се справуваат помалку или повеќе со истите проблеми како и тогаш.

    Не уште 1, туку 101 протест треба да направиме додека се отрезнат господава.
    Сепак, мило ми е што на денешниот имаше излезност и барем од некаде се почна.
    Огромно БРАВО за секој кој упати и се уште упатува поддршка за секоја една жртва на ова шовинистичко општество во беззаконие. Се надевам дека и понатака нема да стивне бунтот, зошто сега е вистинското време да го избришеме стравот и да си го побараме основното право на безбеден живот кој го заслужуваме.
     
    Последна измена: 4 февруари 2021
    На theowndemon, Leat, dayla и 20 други им се допаѓа ова.