1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во чекор со Кардашијанс (Keeping Up with the Kardashians)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од innablood, 14 април 2011.

  1. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Плитки биле глупи биле... па и неможам да речам за некој дека е плиток кога наоѓа толку начини за да биде успешен во сето тоа што го работи. Факт е дека се успешни и дека прават пари... значи нема секс нема ништо, а за тоа првото "порно" на Ким знаеме дека не е кој знае што, а освен тоа такви видеа случајно пуштени на интернет има милион па многу ретко некој од таквите да дојде толку високо како Ким. Не сум некој нивни обожавател ама баш ме иритираат такви коментари глупи, дебели, грозни, а од друга страна штом овде или било каде некој коментира за некој , па и да дава детални анализи не за еден туку на 8-9 луѓе мора да си потрошил добар дел од своето време на нешто така плитко, бидејќи од случајно загледување за 5мин не можеш да процениш карактер на еден или 10 луѓе, а освен тоа сето тоа е шоу и никој не знае што се случува позади камери, дали Кортни и Скот имаат секс на пример. И како можете да кажете каква грозна мајка била Крис, жената израснала 6 нормални деца и со нејзината лакомост како што ја нарекувате им пружа на цела фамилија раскошен живот. Мене вака ми се баш нормално Американско семесјтво ( каде што семејните односи се малку поинакви од нашиве македонскиве, па може за тоа Крис ви изгледа чудовиште)
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Како можам поинаку да го гледам Keeping up with the Kardashians, освен на Е програма?
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Симни си ги. :)
    Има на замунда мислам од 1-5 сезона, еден торент само.
    Другите посебно.
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Lepa еве ти замена за замунда, ако немаш акаунт
    http://isohunt.com/torrent_details/2061 ... ab=summary
    http://isohunt.com/torrent_details/2531 ... ab=summary
    http://thepiratebay.se/torrent/5973725/
    http://thepiratebay.se/torrent/7322966/ ... _Season_6_[HDTV]
    Само од седма немам целосен торент ама изгледа не е уштe довршена.

    _
    Ја имам погледнато на Е! повеќе пати, ми текнува убаво на свадбата на Клои и Ламар, и на уште некои други, но си ја симнав пред некој ден ме интересираше за што се работи искрено. До 4та сезона сум, и првата сезона од Клои анд Корти тејк Мајами ја изгледав.
    Апла фејк ми се некои сцени, Кортни ми е убедливо најлигава, и најодвратна, Ким нај себична и нај ароганта од сите. Епизодата со бентлито ми беше врв на нејзиното лудило. Инаку никоја од нив не е ништо посебно убава без шминка, незнам каква шминка и какви професионалци имаат во нивниот тим,но си ја работат работата, алал да им е, се гледа огромна разлика и сите со шминка се како кукли, посебно сега во 4тава и во 3тата сезона, апла се познава дека имаат сменето шмикери дека порано некако не беа толку добро нашминкани. Ким во прва епизода беше како циганче, сега е пософистицирана. Облеките им се стварно топ, посено Ким и Кортни. Уствари тоа ми е накеко нај во цеиов серил облеката, инаку некој од нив не ми е посебно згодна, Ким и Корни се прениски, а и Ким со тоа гзот како желе и е, побогу што гз ќе да имаше
    Клои ми е најфина од сите, некако понормална и мила ми е посебно сега откако е со Ламар, среќна е и не е толку бичи. Убаво сте ја опишеле Крис, манипулативна, себична и се леда во доларчиња, убаво се смееше еднаш Клои, дека му е менаџерка и на Врус и зема и од него 10 посто, а спие со него, демек у стил како високо платена проститука е :rofl:
    Мене Брус не ми е толку лош,само таков е мирен не се екпонира многу, али мислам дека оне е ден од ретките во фамилијава кој не е безрбетник. Бил добар спортист, има два зладни медали на олимиада за Сад, тоа не е мала работа, има башка фирми, држи нели говори и мислам дека он ако не е он маливе ќе пропаднат, он се им праи.
    Само етпен е провидна фарсата за едно фино големо семејство, среќно и многу се сакаат сите, ако он не им е прав татко и се тоа,битно се ептен среќни заедно |(
    Да ги оставиш без камера едно пола саат ќе се испотепаа едни со други, посебно Ким, како најпопуларна ептен и има удрено слава во глава.
    А за нивниот коефициент на интелегенција, ве молам да не распараваме, нема врска со тоа што имаат направно милиони, американците се познати како дебилна нација, на дебили се палат и фрлаат пари и немојте да мислите дека шоуто е нивна идеа. Зад ова стои цела екипа продуценти, режисери, кои ја имаат смислено цела оваа приказна и земаат и тоа како добра пара од нивниов "живот", они се само актерите и преку ова се здобиле со уште поголема слава и ете плус сеја парфеми нивни имаат, линии за облека и тн. од кои дополнително црпати приходи. За тој речник посебно на Ким и Корнти-лајк после секој трет збор, у минус одат во интелегенција, за Клои незнам баш, некако попаметна ми изгледа од нив,а Роб ми е онака понормален, изгледа како да не се замара многу многу со нив.
    Децана Keндал и Кајли се за жалење, најголеми трауми ќе имаа од овој живот цел живот пред камери, тоа за мене не е нормално, кој што сака нека каже
     
    На Juicy03 и Lepaaa им се допаѓа ова.
  5. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    ^Не се цел живот пред камери. :/
    Они снимаат неколку пати месечно и тоа по сценарио се снимаат реалните шоуа.
    :)

    Последната сезона не е довршена, затоа нема целосен торент.
    А ќе се снимаат и 8ма и 9та. :wasntme:
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    ^ Не мислев буквално дека цело време ги снимаат,знам како се снима и што се снима , туку од мали, колку години имаа во прва сезона 10,или помалку, се во некакви шоу, пред камери, и плус имаа дома шипка |( и си играа на шипката како ништо да не било, тоа за мене не е нормално.
    И ете ќе има и 8 и 9та сезона и којзнае уште колку, голем дел од животот им е снимам пред камери, изрежиран, а оние се уште малолетни, затоа викам дека е глупо. Ај овие постариве се полнолетни, ама они две некако ми се жалење, како да немале асално, нормално детство.
     
    На Anabelle му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886

    http://watchseries.eu/serie/keeping_up_ ... ardashians

    Oвде ги имаш сите сезони, пред некој ден се здосадив, штракав по првите сезони, леле Kим каква е, права циганчица, глејте трансформација само и све ќе биде јасно.
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Денес ја начекав епизодата кога Ким ќе прави housewarming party во нејзината нова куќа, т.е. ќе си зацрта дека гостите треба да ги соблекуваат чевлите, па ќе вришти како некој истурил капка вино, па како ќе ѝ направеле неред и ќе и се упропастеле белите теписи... :^)

    Добро глупердовска жено, ајде ако не затвори се сама во твојата совршено наместена куќа и не дозволувај никој да стапне, цркни во неа. |(

    Како ме вади од такт, јас не знам искрено што фино има во неа, има глупички, површни, плитки, но ФИНИ луѓенца, оваа е чиста злоба, па како си го прокламира OCD нарушувањето и очајната потреба за ред и чистота, мислиш секој ден е на колена чистејќи со ракавици и метли и џогери... :^)
    Некој искрено ќе поверува дека она ја одржува куќата, а не милион слугинки и чистачки?
    Тој маникир и таа шминка душо не стојат на тебе ако почнеш да гланцаш.
    Која малоумна хистерична сељанка. Права покондирена тиква.

    Ај што е глупа и плитка и површна и злобна и опседната со себе и суетна и самобендисана до бескрај и себична, освен таа нејзина лепота (што е патем прилично субјективна ствар) - кој би ја трпел покрај себе?
    Ете си најде капаче, Канје Вест е прилично глупав и самобендисан, two peas in a pod. |(
     
    На anuskaNESTLE, LilBaby, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  9. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Моето мислење е слично ко и на другите.

    Ким е најубава, али со тоа лигавотот зборење ми го качува притисокот. Башка што мислам дека е дебелка и мене не ми е секси, облини океј, али оваа има и за извоз оти е дебела! Да намали некое килце, тоа јојото од гз нема да и биде толку големо. И да, може татко им имал некој бизнис осет, и оваа може научила да си се продава себеси пред камерите, али глупа е до 100 и назад.

    Кортни, не ми е грда ко што викате, и она ми е убавка, иако е прениска. И далеку повеќе ми се допаѓа во однесувањето од Ким.

    Клои ми е најсимпатична од сите, најприземна ми е некако, бар не се разведе од Ламар во рок од 3 дена. |( Братов и не е застапен мислам многу, изгледа не го интересирааат многу камериве.
    Тој Скот ми е прав скот во тие костумчињата, лигуш исто во зборењето, и не знам што видела Кортни во него, 100 пати ми е поубава.

    Брус таткото, е управуван од мајкава, памтам во една епизода што гледав, не му даваше да си купи човекот хеликоптерче или нешто такво. :D Мада, далеку подобар родител ми е од Крис.
    Крис, многу добро тело има жената за нејзини години, за тоа секоја чест. Родителството и е слаба страна, ем си вади пари од децата, ем ја боли уво за нив.
    Последнава епизода што ја гледав, некако чудна ми се виде, оти целото внимание беше посветено на тие двете помали, Кендал и таа другата на К, не ми текнува на името. И оваа Крис сакаша роденден да и прави на еднава (мислам Кендал) на Бахамите. :o
    Оваа и викаше дека не сака, па не сака, не сака ... А оваа упорно ја тера бре, лелееее!!!

    Тие две најмалите, пак ми се посебна прича. оваа Кендал ми е убава, може уште повеќе ќе се разубави, али таа другата, ццццц, е таа ми е прилично грдичка. Не знам како се погодила дотолку, али ич не е убава.

    Се на се, ги гледам кога ќе ги фатам. Типичко снобско семесјство со пари од Америка, и мизерно ми е како на крај на епизода они сите се смируваат, се е океј, они се најјака фамилија. Иди бегај бе!
     
  10. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    Почнав скоро да го гледам шоуво и еве што заклучив..
    ким бог да чува. глупа глупа ко точок. арогантна, самобендисана, плитка, злобна, премногу стегната, сериозна.. не ја сакам ич и + толку многу лигаво зборува што оди на живци.

    Кортни ми е најубава. жал ми е за тоа крис како се однесува со неа, но успеваат да најдат заеднички јазик и арни се.

    Клои е супер. најсреден живот има од сите. понекогаш знае да се однесува како дете, ама за разлика од ким е петка.

    Роб.. немам гледано многу епизоди со него и немам некое мислење, ама ми изгледа како прибран дечко, што си ја сака фамилијата. нормален е. :)

    овие двете малечките да не е татко им би пропаднале. кендал ми е убавка оваа другата не.

    родителите се.. брус е супер татко. значи супер, за сите се грижи подеднакво, за сите се интресира на сите им помага. крис манипулаторка невидена. само за парите и славата и е гајле, тоа го покажа уште кога сакаше да си го смени презимето во кардашијан. и не знам зошто ама ми стои како да повеќе си ги сака овие ким кортни и клои отколку кендал и кајли мислам.

    крис, дечкото на кортни. треба да внимава на однесувањето малку спрема сите членови, навистина не му чини и да намали со пиењето, но свака му част за сите коментари што ги кажува за ким, ме смее до солзи.

    ете, толку имам да кажам. :)
     
  11. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    A не знам дали сте приметиле каква е улогата на Cкот во шоуто и воопшто во животот на Kардашијанциве (ова као Индијанци). Cамобендисано лигле кое ја користи фамава да се декларира како модна икона, party animal и дрско копиле.
    Jа стварно не знам како може воопшто Kортни да биде со него, ја стварно не знам. A ко ќе видиш ни она не е поарна, може се лонче и капаче на некој начин. :D

    Cе пијанчи до сабајле, нема секс со жена му, детето еднаш во раце не го кренал, и што работи? :^)
    Oтвара ресторани, и се појавува за да ја отвори вечерта во некој клуб, со Kими иста професија имаат. :D
    Jас дури мислам, пардон тврдам :!: дека со Kими ќе бидат најсовршен пар, јајце на јајце, толку исти карактери имаат, можат да се спојат, чак и мислам дека ја симпатиша!
    Hедораснато копиле летнато во облаци, еднаш паметам во една епизода најми асистент кој го тераше гаќи да му купува пази, и не му го најде моделот кој што го сака и му се проку*чи и дечково нормално си замина. Hеколку дена после случката го вика дечково на кафе, му се извини демек и му рече пак да работи за него, дечково поштено го одј*ба му рече дека е егоистичен и арогантен идиот, и не сака ништо со него да има. A фино момче беше, помало геј, а толку посветен и лепо васпитан, кај најде за Cкот да работи му се чудев. :D

    Kортни . . . literally најде донатор на сперма, со кој спие кога она сака, се појавуваат во јавност тројцата како хепи фемили кога она сака, ќе ги отвори портите во нејзините одаи кога она сака, не му дава детето на дибекот погоре ни да го држи, тоа има 3 не знам колку години уште во раце го држи го разгалува. Hе се ни мажи со него, нити пак има намера а ни желба, освен да и донира сперма во период кога она сака, дури го натера Cкот да ја плесне за да направат дете што ќе биде размак од Mејсон од 2 години. :x Cамо глејте ја епизодата во Бора Бора кога се од новата сезона, и све ќе ви биде јасно.

    Mејсон е светла тачка во ова свето тројство, ма го обожавам детенцево, секогаш ме засмејува. :sun:
    A Kортни го облекува феноменално!
    [​IMG]
     
    На Sanniii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Гледам секаде се зборува за овие и баш вчера на програмата Е! ги загледав и некако не се лоши не знам која епизода беше само знам дека Ким во таа епизода си направи ренген снимка на задникот :lol:
     
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Клои и Крис (ваљда така се викаше) ми се многу незрели, како врска на тинејџери ми е нивниот брак, мислам дека се сакаат, ама дефинитивно треба да пораснат малку :)
    Ким е мноооогу лигава, аман значи како можеше толку, нема да заборавам една епизода кога рипаше во вода со дијамантски обетки, па кога Крис ја фрли во вода кмичеше и он и беше крив што едната ја изгуби |( Жено, кај си тргнала со скап накит ако веќе кмичиш по него, зашто не можеш да си приуштиш нов нели :^)
    Мајка им ми е многу интересна, да не речам и најубава меѓу сите нив иако е многу постара, а маж и ми е срце и алал да му е на живците што ги има со толку жени :D
     
  14. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    На Клои мажот е Ламар. Мене па баш ми се најреални од сите како пар, барем од тоа што може од тв да се заклучи се сакаат и се најнормални од сите. Таа се пресели во друго место за да биде со него, а Ким паничеше за една кутија алишта шо сакаше маж ѝ да ја донесе кај неа дома. За третата ич муабет не праам, на 30+ не знае уште што сака во животов, колку деца ќе ги тера онака многу ме интересира.
     
    На attias, Juicy03 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  15. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Цела фамилија испрофитира од една досадна порно снимка..Колку и да ги мразам и колку и да ми се одвратни,површни и лигави морам да кажам секоја чест за нив.Нашле начин и успеале, си го живеат животот.Толку пари буквално од ништо..
     
    На Special.Someone му/ѝ се допаѓа ова.
  16. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    А уствари како станале познати Кардашиан семејството? Пари имаат за извоз и безделничат по цел ден |(
    Пуста досада, ги гледам, шо да прам :D
     
  17. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    ^ Таткото на Ким и Кортни бил на време познат адвокат. Подоцна пак се прославија со порно снимката и ете ги, сега ги има кај да се завртиш. Напорни се веќе!
     
  18. Juicy03

    Juicy03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Ги гледам понекогаш на Е!, омилена дефинитивно ми е Клои, најприземна ми е некако. Факт е дека не ја заслужуваат сета фама која се крена за нив.

    ЕДИТ: http://brkajrabota.mk/showtime/trach/17 ... go-prodala :x
     
  19. attias

    attias Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    13
    Јас да ви кажам воопшто не ги сакам.. Па да почнам:
    -Крис имаат повеке од доволно пари да си живеат удобно и да им го посветат времето на децата.
    -Кортни незнам за неа, само ме изнервира кога почна да собира купони................. :@ :@ :@ :x :x
    -Ким ми е убава ама незнам зошто се раведе од крис, убаво им тргна
    -Клои ми е најнормална... Мислам дека стварно го сака ламар.... :?:
     
  20. demilovato4ever

    demilovato4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    220
    Од сите ненормални можам да ја издвојам КЛОИ како нормална ,можеби не е најубава .. мене ми е Ким најубава ама Кимберли = Ким е најодвратно створение , со сите се кара и само менува некој црнци , што и фалеше бе со Крис ? :@
     
    На Ivi05 му/ѝ се допаѓа ова.