Во чест на Femina

Дискусија во 'За форумот' започната од Lux, 21 ноември 2010.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.342
    Пол:
    Женски
    Сите сме информирани дека Фемина прослави една година од нејзиното постоење,па еве јас не само како модератор,туку и како форумџика сакам сите да направиме еден мал гест,чисто онака овде на форумот да го прославиме тоа.
    Најголема заслуга имаат нашите администратори ,кои го овозможија постоењето.
    Најголема благодарност до сите нив, им испраќаме честитки и уште поголеми сили за целосно реализирање на нивната замисла.Ви посакувам уште многу години дружба и постоење.
    Сега по повод една година од постоењето,би можеле да направиме еден мал гест,кој би ги израдувал нив,а верувам ќе биде интересно да се прочитаат искрени стихови посветени на целиот сајт или само на форумот.
    Да постираме, можат да бидат измислени (што е и најубаво),преправен текст,рефрен со ваши реченици или некоја ваша идеа преточена во слика,ама не да е преоптеретиме темава со слики од интернет,зборувам за слики кои ќе бидат ваше дело.
    Еве ова го напишав
    Отварам пребарувач
    http://www.femina.mk
    куцнувам.
    Пред компјутер сум,
    на фемина седам и
    постови си редам.
    Корисни статии читам,
    убавина,мода,новости,занимливости,
    кафенце пред тебе,љубов,здравје,
    и не бери гајле.
    Диети и фитнес,рецепти,
    брак,забава,кариера и семејство,
    ќе најдеш се на едно место !
    Од слики и музика,
    хороскоп,временска прогноза
    награди,звездички,форум
    фемина е нашата дијагноза.
    Чатувања,дискусии,игри и анкети,
    теми,пораки,вицови и цитати
    секој може во нашето оро да се фати.
    Фемина,дел од нашето секојдневие,
    не треба за тоа посебно уверение.
    И можам непрекинато
    до утре вака,
    секој кој не е член,
    ќе му биде мака.

    Една година со нас,
    ние со неа,
    ве очекуваме сите вас!
     
    На Katerinceee, moliv4e, Foreveryoungiwannabe и 23 други им се допаѓа ова.
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Благодарение на овој сајт многу девојки(и машки) добија помош, Увидоа дека не е само кај нив се црно,дека постојат и други луѓе со проблеми,благодарение на овој сајт научивме да се опуштиме да зборуваме да советуваме да прашуваме,Благодарение на администраторките читаме преубави поучни статии,добиваме на време точен и прецизен хороскоп, се забавуваме,се тече во најдобар ред,благодарение и до модераторките кои форумот го држат строго се оди како што треба.Од кога се зачленил на фемина верувам дека секој барем малку се променил,нема некој кој не нашол тука утеха,не му била пружена рака за помош,нема некој кој не успеал да се насмее и да се пронајде во многу приказни.Благодарение на овој сајт запознавме многу мили и драги луѓе.Нека биде со нас уште многу години и сето тоа време нека биде најубав и најпопуларен исто како и до сега.
    :)

    нема рима .. ама сепак е мое смислено. :)
     
    На PrettyWoman и Lux им се допаѓа ова.
  3. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.468
    За нашите сакани администратори
    :)

    Thank you for being simply the best
    How you do it, we'll never know
    A magnificent administrators, yet one of the guys
    Never the boss, yet controlling the flow,

    You are kind, free, caring,
    Groovy and wise.

    The world is a better place
    Because of people like you
    Who take the time to do nice things
    The way you always do.
     
    На Katerinceee и Lux им се допаѓа ова.
  4. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    Фемина нашата најдобра пријателка
    место каде што ја споделуваме нашата радост и тага
    место каде што можеш да дознаеш многу за модата,здравјето,љубовта,храната...
    место каде што можеме да стекнеме многу пријателки(и по некој пријател)
    место каде што можеш да побараш совет и добиеш одговор за најбрзо време
     
    На Shania и Lux им се допаѓа ова.
  5. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.341
    Форумот на Фемина е место со орда жени, кои несебично се поддржуваат и си помагаат, заедно се радуваат, сочувствуваат, знаат и да се подскараат, но секогаш кога на некој му треба нешто, сите се тука. И порано имам напишано, дека на форуов се има изградено богатство од корисни мислења, од кое може многу да се научи, и јас лично се чувствував како 100 факултети да имам завршено, кога ги читав сите теми на форумов. Не се сеќавам која форумџика имаше напишано, сите членки да си носат флуресцентно F на челото да се препознаат :) и баш си замислив, колку сите би си помогнале меѓу себе и во реалниот живот ако се препознаат, а мислам дека веќе се имаат склопени и убави пријателства.
    Секоја чест, и најубави зборови за форумот на Фемина, како и до креаторите, и сите одоржувачи на истиот. Стихови, кога ке ми дојде инспирација :) :f:
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    „Фемина“

    Фемина е нашиот сајт мил
    со форум како јаготка на фил,
    на кој по цел ден седиме
    и разни коментари и мислења редиме.

    Разни статии има,
    сите членови ги прима.
    Место за разговор и комуникација
    многубројни игри од каладонт до асоцијација.
    Во Фемина за секој има по нешто
    со милион теми, треба да се снаоѓаш вешто.
    Женски теми,
    убавина, мода, љубов и секс
    неможеш да станеш без да прочиташ се’ на екс.
    Кликаш понатаму,
    диети, фитнес, рецепти и здравје
    семејство, кариера, новости и забава.
    Чет, теми, цветчиња и ѕвезди
    избор за форумџика на годината
    кај ќе приметиш
    откако Фемина настана
    била една година помината.

    24/7 присутни сме на неа
    голема самодоверба ни влеа,
    меѓусебно совети си даваме
    по некоја слика или видео „маваме“.
    Секој сака по нешто да каже
    па и да праша
    за се има одговор Феминаката наша.
    Оценки за аватари и потписи се редат
    иако сите за десетка вредат.
    За „другата“ наука гатања има
    фантазијата се ослободува во лето и во зима.
    Образование, уметност, литература
    секоја филозофија си има посебна структура.

    На Фемина сите еднакво вредат
    и Феминките за помош не штедат.
    Свадба, брак, бременост, бебе
    во секоја приказна, секој си се пронаоѓа самиот себе.

    Тука си поминуваме забавно и диво,
    зачлени се и ти, за подоцна да не ти биде криво!






    *Момент на инспирација :)
     
    На Lella, Foreveryoungiwannabe, baby19 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    238
    Ја сакам Фемина!

    Ја сакам Фемина мила,
    секогаш знае да ми даде сила.

    Кога пред компјутер седам,
    на Фемина по некое мислење редам.

    Боја на цветче не ми е окупација
    иако на некоја знае да и биде инспирација.

    Фемина е сајт за сите девојки фини
    и интересот за неа никогаш нема да ми помини.

    Фемина има место за сите,
    со Фемина едноставно супер ни минат дните.

    Форумџики драги совети на сите им подаруваат,
    секогаш се расположени да другаруваат.

    Ајде повелете сите,
    немојте да одложувате,
    затоа што со Фемина
    вие животот си го продолжувате.

    Фемина на секој љубов и подршка му дава,
    и ова скромно песниче
    е напишано во нејзина слава.

    :$ :$ :$
     
    На Gordana10, Emilija и Lux им се допаѓа ова.
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.770
    Да ја немаше, ќе требаше да ја наоѓаме
    да ја измислиме оваа страничка женска.
    Скриено катче, таинствено ќоше
    само за форумски игри, за чет и за песна.

    Дајте Фемина, дајте Фемина
    овде не сме на час,
    може да пишува кој колку сака
    колку го држат прсти!

    Катче за сите девојки и жени,
    страничка обична, едноставна, скромна
    каде што никој за женската врева нема да рече
    ПРЕСТАНЕТЕ, ДОСТА!

    Дајте Фемина, дајте Фемина
    овде не сме на час,
    може да пишува кој колку сака
    колку го држат прсти!

    Сегде ни велат НЕ ОВА, НЕ ОНА
    НЕ ВАМУ, НЕ ТАМУ, НЕ ВАКА, НЕ ТАКА.
    Ако сме женски, тука сме главни
    овдека вреска кој колку сака!!!!

    Дајте Фемина, дајте Фемина
    овде не сме на час,
    може да пишува кој колку сака
    колку го држат прсти!

    Дајте Фемина!
     
    На pink4ever, Emilija, Lux и 4 други им се допаѓа ова.
  9. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.008
    Итно ви треба совет, ве мачи проблем, сакате да се испразите ?

    Единсвеното решение за вашиот случај е форумот Фемина кој се наоѓа на десната страна од истоимениот булевар Фемина.
    Овде ке најдете идеи, текстови, вицови, мебел, фризури, облека и се што ви треба на вас и вашиот дом. Форумџики од сите возрасти и незаборавна забава.

    Влезот е бесплатен
    Ве очекуваме
    forum.femina.mk

    сакав да изгледа како реклама за тв, па незнам баш дали испадна :rofl: :$
     
    На al-vik му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.050
    Допаѓања:
    48.313
    Пол:
    Женски
    Јас во чест на Фемина немам намера да пишувам песна, туку сакам да кажам нешто од срце.

    Овој форум ми ги прошири хоризонтите, очите ми се отворија за многу работи, за кои досега сум била слепа. Животот е значително полесен кога имаш каде да си ја отвориш душата, да знаеш дека има некој што ќе те сослуша и секогаш е тука за добронамерен совет и помош, како што се сите прекрасни девојки тука кои ми помогнале кога сум била неодлучна, ме советувале кога сум имала проблем и едноставно ми биле рамо за плачење.
    Само сакам да се заблагодарам на админките што ни подариле ваков подарок, што ни овозможиле тука една прекрасна дружба. :f:
     
    На pink4ever, Gordana10, Marence.D и 2 други им се допаѓа ова.
  11. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    122
    Иако сум понова на оваа страна
    за кратко време сфатив дека фемина нема маана.
    Интересни информации за сите
    за поопуштено да ни минуваат дните :)

    Убавина и мода е првата статија
    со убавите информации, во модниот свет не пратија.
    До неа е веднаш статијата љубов и секс,
    содржини кои те тераат да ги прочиташ на екс :)

    Диетите и фитнесот ни помагаат на нас
    каде за здраво тело да бараме спас.
    Рецептите ни помагаат во изборот на вкусна храна,
    а здравјето на живот без маана :)

    Од областа на семејство и кариера има содржина
    која влијае врз нашите одлуки во иднина.
    За новостите први дознаваме,
    а и забава за слободно време има, признаваме :)

    На форумот совети постојано се даваат
    да се нервира некоја девојка, феминките не оставаат.
    Мислења има во секое време и за секој,
    без корисни совети не си заминал некој.

    Фемина е страна со најдобрите информации
    достапни брзо и лесно за сите генерации!!!
    :)

    Ви посакувам уште многу годинки успешно постоење!!!!!
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.825
    За најдобрата страна Femina
    Една грижа од мене се скина
    кога ја открив Femina
    Неверојатно добра страница за жени
    која со позитивна енергија плени
    Решенија за твоите проблеми добиваш
    за полесно во животот да се пробиваш
    Мислења и совети на други делиш
    со тоа кон подобар човек да станеш целиш
    Досадно ти е? што да правиш нема?
    не грижи се секогаш има онлајн да те дружи некоја жена
    Имаш некој проблем? не плачи
    сподели го ќе добиеш совет кој многу ќе ти значи
    Кафе муабети,забава дружење шема
    ваква страница никаде на светот нема

    ах има уште многу да се пишува
    Што би правеле ние без неа?
    Да ни е жива и здрава уште 100000 години уствари нека ни е вечна :) :inlove:
     
    На Gordana10 и Lux им се допаѓа ова.
  13. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    891
    Орелски крилја как' да си метнех,
    И на наша Фемина да си прелетнех!
    На наши теми ја да си идам,
    Да видам Билката, форумџики да видам,
    Да видам дали цвеќенцето и тамо
    Весело угревјат, како и вамо. ^^
    не е нешто посебно:$
    :*
     
    На Lella, Elennaa, dancing.queen и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    877
    Пол:
    Женски
    ме насмеа!!! :D
    и ми се допадна :)
     
    На Avril.09 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Кога девојката остави се друго,
    недовршено
    и преку нетот дојде
    на Фемина постови да реди,
    лицето и се измени,
    веѓи се кренаа нагоре,
    на усни дојде насмевка.
    Не беше девојката родена со друго да се замара,
    со друго да се замара,
    тук беше за на Фемина да се одмара.
    Прва година помина цвеќенце сино си доби,
    втора година поминува до розово ќе оди,
    трета година девојката розовото ќе го заслужи.
    И ноќе кога месечко нетот со свила го покрива,
    девојката тивко на него, Фемина ја пребарува.
    На Фемина постови да пишува, постови да пишува,
    омилена феминка да станува!

    Ленка од Кочо Рацин станува Фемина од WhiteAngel
     
    На dancing.queen и Lux им се допаѓа ова.
  16. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.932
    Најголемата феминискичка партија, Фемина!

    Ах, како јас не сум ја видела оваа тема,
    се скрила скришно, нели, па сега ми глуми шема..
    Длабоко категориите ги прочепкав и те најдов јас,
    сега песничка за Фемина ќе напишам в час.

    Се прашувате, како ова патување на Фемина почна?
    Можеби не се надевавте, но ова е приказна сочна и крволочна. :evil:
    Се започна од интересните статии за љубов, за мода
    и од тогаш сфатив дека другите сајтови на Фемина можат да и носат вода.

    Корисничко име, тоа што ми текна, прво в ум што ми прелетна.
    Пасворд исто така, лесен, да го запаметам и да можам да го напишам со една рака. :!:

    Прв пост, неискусна бев сеуште. Прашав за бубуЉици нешто, но како и секој не се снајдов вешто.
    Проучував, читав и часовите тука ги поминував,
    да можам полесно да се снајдам , да бидам важна нели..:смајлиштосепрчи:
    Ноо сфатив дека тоа од ниедна друга не ме дели.

    Сите сме си исти, другарчиња, па макар и виртуелни,
    што има врска тоа, сепак сме си верни.

    Мислења си пишуваме,
    набљубудаме,
    дискутираме,
    знаења прошируваме,
    толкуваме,
    сонуваме,
    среќен роденден некому посакуваме,
    а можеби и се заљубуваме,
    се испразнуваме,
    бесот си го кажуваме, но најбитно од се
    ние се почитуваме! :*
     
    На Lux, Smilly, Monna.Monna и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    8.873
    Пол:
    Женски
    Розево катче во розева боја,
    тука има присутност моја.
    Со интересни ликови,
    секој поминува убави мигови.
    Различни теми има за секој
    и по некој совет да му дадеш на некој.
    Добиваш совети разни,
    а постовите на феминките никогаш не се празни.
    Убавина и мода е место,
    кое што го отвараме често,
    згодни моми и по некое момче ќе видиш
    и без здив ти ќе бидиш.
    Диети и фитнес на диеталците им помага,
    а храна и пијалоци им одмага.
    Совети, калкулатори, калории и вежби
    ќе сретнеш и по некоја успешна сторија,
    ќе се запише во страниците на феминската историја.
    Натпревари заедно бурно следиме,
    а коментарите од прва рака ги редиме.
    Семејство, рецепти, здравје и кариера
    тука се руши секоја бариера.
    Љубов и секс не читам
    во другите теми побрзо итам.
    Форумските игри за потполнување време служат,
    тие се лек за досада што низ форумот кружат.
    И како за крај
    фемина е тука за секого секогаш, знај! :wasntme:
     
    На Lella, Foreveryoungiwannabe, Lux и 2 други им се допаѓа ова.