Пријатно се чувствувам со семејството. Со моите најдобри пријателки зошто знаеме да се насмееме како луди, да потрачариме и да испиеме кафе. Ма супер друштво ми се. Со дечко ми. Тогаш се чувствувам сакано. Особено кога ќе се изгубам во неговите прегратки и мирисот од парфемот. Те сакам да си знаеш. И да не заборавам, пријатно се чувствувам во друштво со Вас феминки, кои знаете да помагате и да го исполните денот со смеа. Ви благодарам.
Се чувствувам пријатно кога го минувам времето со било кој член од семејството. Но кога цела фамилија е соберена на куп срцето ми е преполно... таква сум јас обожавам големи фамилии Инаку, има неколку луѓе во чие друштво се чувствувам самоуверено и убаво... потенцирам НЕКОЛКУ (можам да ги избројам на прстите од едната рака) порано имав една другарка која постојано ми набиваше комплекси. Би ја сфатила ако се обидува да ми помогне укажувајќи ми на мои лични грешки и недостатоци, ама во текот на една ноќ таа ми кажуваше 100 работи кои кај мене не функционирале нормално... Не е добро! Наместо да си ја поминам вечерта убаво таа со само една забелешка успеваше да ми го уништи расположението... Си ги собрав парталите и збогум од нејзиниот живот. Не сме скарани или ништо слично само се оддалечивме.. Сега ми е супер! Нема кој да ми кажува дека мајцата што ја носам е мајца за курви уфуугуг
Најпријатно се чувствувам во друштвото на семејството, фамилијата, едноставно моето срце е исполнето, целосно кога ги слушам постарите членови како зборуваат за нивната младост, а како другите внимателно ги слушаат и понекогаш ќе се вмешаат и тие во темата, како најмалите, моите внучиња трчкаат наокулу сакајки да привлечат внимание, дури и ги обожувам и "расправиите" за политиката и денешното општество и начинот на живот, едноставно обожувам кога сите сме собрани. Исто така најпријатно се чувствувам и во друштво на другарките, со нив можам да бидам искрена и опуштена. И убаво ми е кога сум во друштво на нови карактери кои не ги знам па проценувам кој каков е, често знае да ме излаже првиот впечаток, но интерсно ми е кога запознавам нови луѓе и кога сум во нивно друштво.
Со моето семејство,со дечко ми ,семејството на дечкоми,со другарките,колешките и дел од мојата поширока фамилија
Во дрштво на семејството кога сме зберени сите заедно јас, мајка ми, татко ми и брат ми. Можеби заради тоа што ретко имаме вакви средби заради тоа што брат ми е на факултет во Скопије Исто така пријатно се чуствувам кога сум со другарките. Кога ке се береме онака сите 5 на некое топло место ии ке се расприкажеме за се. И сите се уозбиломе ии ги решаваме проблемите. Кој што го мачи.
Имам тесен круг на пријатели. Со оглед на тоа дека сите кога тогаш си ги покажуваат вистинските лица. И најпријатно ми е кога сум со тоа одредено друштво. Друшто во кое што и да кажам нема да бидам погрешно сфатена. Друштво кое е тука за мене секогаш кога тоа ми е потрбно, а и јас за нив секако.
Со дечко ми, со сестрите, со една другарка и со еден другар...се на се петорица со нив сум секогаш најслободна
Обожавам да сум во друштво на двајцата родители. Секогаш се смеам додека стомакот не ме заболи Со 2-годишната братучедка многу сакам да се лигавам, срцка е , а од другарките со 1-2 најмногу се опуштам и најпријатно ми е
Во семејството, и со братучедка ми која ми е како сестра и имам голема доверба и опуштеност кога сум во нејзино друштво