Зависи од расположение. Дружељубива сум, така да обично со сите ми е пријатно, ама затоа имам моменти кога никого не можам да поднесам, дури ни моиве дома. Периоди.
Во она друштво каде што ме прифајќаат како личност, и исто така каде што мојот карактер е прифатен како-таков
Не сум многу дружељубива, но во друштво на моите пријателки, најблиски. Со нив можам се да зборнам, да избегам малце од реалноста, што ми годи.
Во ова прашање не ги вклучувам членовите на семејството.Секака дека тоа ни е примарно. Пријатно и опуштено се чувствувам во друштво на старите и добро познати пријатели. Нема ништо подобро кога сте прифатени со сите ваши доблести и маани и кога во иста мера ги прифаќате и другите што ви значат.Па,никој не е совршен нели???
Во друштво каде што можам све и сешто да кажам,каде што ке се почуствувам опуштено,без оној притисок ако кажам ова дали ке ми замерат итн,значи небитно ми е дали ми се најдобри пријатели или сега сум ги запознал,ако има позитивна енергија,ако ни оди муабетот,хуморот и сум прифатен таков каков што сум,тогаш во тоа друштво најубаво се чуствувам.
Најпријатно.. има таму две-три девојчиња со кои и 2 саата да седиш и да си мчиш пак ќе ти биде пријатно.. ejj да не го забораам бураз, се караме се тепаме ама пак крвта вода не еxaxa..
Во тоа друштво кое секогаш е расположено за муабет, знае да се насмее, знае да цени другарство, а тоа не се многу...2-3ца.
Со двете другарки од детството. Со нив секогаш сум опуштена, зборуваме за се и сешто. Се зафркаваме често. Со нив сум слободна, не внивам да не кажам нешто погрешно. А кога сум некаде на кафе со школските, премногу молчам. Едноставно не можам да дојдам на ред да кажам нешто, и секогаш ме прекинуваат додека зборувам, или никој не ме слуша, и така одлучив да молчам. Сега ме молат да прозборам, ама тоа е, навика ми стана да молчам.