Нај пријатно се чувствувам во друштвото на сестра ми Само таа ме разбира иако понекогаш се закаруваме за глупости (кои траат од 5-7 мин)
Нај пријатно ми е во друштво на мојата плавушаа Ја обожавам, не дека е плава, ама секогаш знае добро да ме расположи и насмее, но знае и да помогне со некој совет ( до душа не многу често ) Би можела и цел ден да сум со неа.
Пријатно се чувствувам во друшвто на моите блиски луѓе, оние кои ме разбираат и секогаш се тука за мене, оние на кои можам да им кажам се, и од нивна страна да добијам добар совет. А тоа се моето семејство, најдобрата другарка и дечко ми.
Нај пријатно ми со една од моите најдобри другарки и со една не толку добра другарка, но таа секогаш ме разбира
Најдобрата другарка - со неа можам да разговарам буквално за се, да се смееме како нездрави, да плачеме, да се тешиме една со друга, да се советуваме, да озборуваме... едноставно никад не ни е досадно. Дечко ми - доволно е само да ме гушне и да заборавам на се што ме мачи... со него дури и тишината е пријатна...
Скоро со сите од моето друштво. Сите се секогаш позитивни и насмеани. Сите се знаеме доволно добро, за да знаеме како функционираме, па никогаш не ни е досадно.
Секогаш се чувствувам пријатно кога сум во друштво со некој кој знае да ме расположи и насмее. Било да е семејството, дечко ми, другарките. Се на се, во друштво со ведра личност
Многу дружељубива особа сум, па не можам да се ограничам во чие друштво се чувствувам пријатно. - Во друштво на сите оние луѓе кои ми се драги и со кои имам заедничка тема на разговор.
Најубаво си минам во друство на моите дома од мало до големо,забавни и отворени за сите теми ептен интересно ми е а онака со другарки и другари,незнам но секогас ми е забавно независно каде и со кој секогас од самата себе ми зависи а богами и нивното разполозение зависи од моето но во глобала е позитивно во поголемиот дел од времето
Се дружам со многу луѓе и можам да кажам дека со поголемиот дел од нив дружбата ми е пријатна.. Најмногу се отварам и се чувствувам пријатно со блиските другари и другарки
Внуците мои мили! Наивни фацки кои ме ,,напаѓаат,, со милион прашања и милон желбички на кои треба достојно да одговорам! Сонциња мои најсакани!
Во друштвото на сите мои блиски луѓе секако... Ма да во последно време се фаќам како ми е по фино да седам со нови позитивни ликови, ми прија таа нова енергија веројатно
Со моите малечки братучеди кој морам да ги учам различни игри нели јаас сум поголема во години а во душа помало детенце од нив И секако во друштво со моите сакани другарки-чачорки што си ги викам јас