Кога би сакала да им најдам НЗС на сите луѓе во чие друштво се чуствувам повеќе од пријатно и едвај чекам да ги видам секојпат кога ќе договориме средба - тоа би било позитивната енергија која зрачи од нив. А не се малку тие луѓе. Оно сите имаме лоши денови јас велам, но и тие кои имаат лош ден не зрачат негативна енергија - ама има луѓе кои едноставно ве цицаат ко вампири и што и да правите, тие нема да бидат ниту расположени, уште помалку позитивни и едноставно чуствувате дека ви е непријатно во нивно друштво - дури и дека ве истоштува нивното присуство. Имам неколку такви во животот и искрено многу ми е жал што не можам да им помогнам но и не можам многу од моето време да им посветам. Све ова друго - удри на весеље. Пријатно ми е во друштво на мајка ми, на моите роднини, на моето мало прцле кога ја земам од градинка. Во друштво на моите пријатели, стари, нови, од детството, од градинка, од средно кога имаме собиранка, од основно, од факс...сите си ги чувам како капка роса на дланка и ги негувам пријателствата. Во друштво на еден актуелен младич Дури и кога не зборуваме 200 на саат, тишината ја исполнуваме со воздишки и допири и тоа ми е сосема доволно за да се чуствувам повеќе од пријатно. Па и во друштво на неколку феминки, знае да падне ептен добар муабет, смеа, лезетско седење, што и да е Има многу луѓе во чие друштво се чуствувам пријатно. Понекогаш знам да се чуствувам пријатно и кога сум сама со себеси. Кој не знае да се поднесе себеси, не може да поднесе и други луѓе. Сума сумарум, не се жалам, и вака и онака, секогаш ми е убаво
Нај пријатно се чувствувам во друштво на позитивни луѓенца(а тоа се најчесто оние кои не се замараат со небитни ствари и фактички нема што да ги изнервира) и дечко ми(дури и кога е нервозен и нерасположен )
Со луѓе кои многу тресат смешни глупости, како некои пријатели и нормално.....ТАТКО МИ-Господарот на глупите глупости П.С и ја се изнатраскав глупости во постов, ќе да сум на татко ми
Се чувствувам пријатно во друштво на луѓе со позитивна енергија со забавен и интересен дух,луѓе кои можат да ми парираат во разговорот..........
Најмалку од се што сакам е да му се наметнувам и да му се пикам на некој од проста причина што несакам мене некој тоа да ми го прави . Собрани сме другарки , правиме муабети за најразлични теми , кога одеднаш некој ни ја крши идилата и улетува во муабетот.Е тоа неможам да го сватам . Колку и да се чуствувам пријатно јас со другарките и другарите , сепак постојат и некои работи за кои несакам да зборувам со никој што е надвор од семејството . Значи , пред домашните сум најслободна и најпријатно ми е.
Јас најпријатно се чувствувам кога сум заедно со една братучетка со која бевме многу блиску но сега поради ГЛУПОСТИ ( се подразбира ) не сме толку блиски. Исто така ми е убаво во друштво со дечко ми.. и со братучетка ми која е помала од мене 4 години..
Се чувствувам пријатно со личности со кои можам да разговарам слободно. Со некој со кој можам да разменувам информации. А не да ќутам цело време. Било да се родители, роднини, пријатели, познаници...
најпријатно се чуствувам во друштвото на : брат ми... кој секогаш е тука за мене да ми помогне,и да ми даде совет,со него се чуствувам најсигурно другарките...која од која поодлепени,бисери паѓаат на секое отварање на устата братучетка ми..ОК девојче е она хехе и толку се ....
Во друштво на позитивни личности. Сакам луѓе со кои ќе можеш слободно да поразговараш на секоја тема . Не секам луѓе што молчат
Со тој што ти е најблизок,нормално да ти е најубаво и најпријатно.Значи дечко ми,мама,систерот и една другарка со која ни одат доста трачевите И баба ми и дедо ми може да ги сместам.Уживав и во друштвото на татко ми,најмногу.Признавам,најмногу и ми фали,а после него ете се зближив повеќе со мајка ми,апорано неговото друштво и муабетот повеќе ми пријаше......
Па нормално најпријатно се чувствувам во друштво на најблиските, со оние кои можам да си зборнам слободно за се што сакам, со оние што си имам заеднички теми за разговор. Тоа се дечко ми, другарките, мајка ми, татко ми и сестра ми, најубаво ми е во нивно друштво секогаш се тука за совет, да ме расположат и да ме насмејат
Во друштво на луѓе кои карактерно ми одговараат , кои размислуваат исто или слично како мене , другите , со другите се трудам да најдам нешто заедничко , ако го нема , тогаш ги избегнувам .
Со моите дома ми е најпријатно, муабети од цара до стопана, сите сме си многу поврзани, и секогаш знаеме добро да се шалиме и да има со часови муабет. Со моите најблиски другари и другарки секако, тие се слични намојот карактер и ми одговараат и ми прија нивното друштво исто така.
Во друштво со луѓе со кои нема да зборам за дегенски работи од типот времето денес, што има ново, глупости и злонамерно оговарање, ова она... Главно тоа се друштвото, мајка ми иако знае да ми стапне на живец, дечко ми исто така.
Во друштво на најблиските другарки и другари, во неговото друштво, во друштвото на мајка ми, баба ми.. Кога сум со нив, нема досадни, тажни и депресивни моменти. Поседуваат ненормална позитивна енергија која што и те како знаат да ја пренесат. Муабетење без престан, смеење до солзи. Е, во нивно друштво се чувствувам најпријатно.
Во друштво на пријатни,весели,друштвени и комуникативни луѓе! За среќа такви се моите дома,моите драги пријатели,колеги, со кои одлично функционирам и секогаш со нив ми е пријатно да бидам!