Најпријатно се чувствувам во друштвото на една другарка и другар..Секогаш се шалиме ,делиме совети,правиме интересни работи..
Најпријатно се чувствувам во друштво на позитивни личности...Секогаш насмеани и расположени за забава Мразам луѓе кои што целото време седат и уста не отвараат Муабетот најмногу ми оди со мојата ретардирана сестра и другарките
Уживам во друштвото на сите роднини, по некоја чудна случајност скоро цела фамилија и од на татко ми и од на мајка ми страната имаме доста сличности, заеднички интереси и лесно можеме да пронајдеме заеднички јазик. Особено со едната братучедка која е само една година поголема од мене - идентични сме. Исто така уживам кога сме цело друштво собрани, и машки и женски, над 20 души , а најмногу со мојата најдобра другарка.
Дефинитивно најмногу уживам во неговото друштво. Така ни тргнал муабетот,што 7 дена и 7 ноќи да зборуваме нема да ни биде досадно. Исто така и во друштво на тетка ми.
Искрена да бидам, се повеќе уживам да сум сама Ми фалат слободни мигови, слободна мисла и денгубење со себеси. А пријатно ми е со сите, друштвена сум, не ми сметаат со саати ни празни муабети со другарки, ни долги вечери со дечкото, ама пак одвреме навреме, се кријам и си барам засолниште
Се чувствувам пријатно со било кој што се знаам подолго време. Со кого се гледам често, и со кој имам заеднички теми на разговор. Не ми е пријатно со штотуку запознаени луѓе, како и со некој со кој сум се дружела порано, па не сме видени со години, па сега кога ќе се сретнеме најпоставувано прашање е: Што има ново? Пријатно ми е со луѓе со смисла за хумор, да не биде целиот разговор сериозен, како и да знаат да се шегуваат на своја сметка. Со ваквите најубаво ми е, слични си сме Тоа би било малку општо кажано, да не речам неименувано.
Во друштво на моите блиски, дечко ми, другарките, колегите од факултет и луѓе кои не мора којзнае колку да ги знам или да се дружам. Едноставно, пријатно се чувствувам ако околу мене има насмеани луѓе и весела атмосфера.
Во друштво на дечко ми со кого можам да разговарам за се Во друштво на сестра ми која е тука секогаш за мене и многу ја сакам Во друштво на една прва братучетка која многу ја сакам и на која многу и верувам И во друштвото на една другарка..многу пријатна и добра личност на која можам да и кажам се и која може да ми каже се
Најпријатно се чувствувам во друштво на маж ми и керка ми И на една колешка на работа -стално изведуваме глупости! Ма со сите ми е убаво и со вас девојки во друштво и со комшии и со родители....со сите ама баш со сите-сакам дружбааааа многуууууууу
Во друштво со мојата цимерка и бест френд веќе 9 години. Можам да мислам на глас, да пеам на глас, да плачам и смеам на глас, да ми го разбере погледот, да ме расположи... едноставно има хармонија во просторот Исто, многу сакам да си седам со сестра ми и мајка ми седиме како три другарки и го коментираме животот. Убаво се чувствувам и во негово друштво, кога заедно сме излезени јас и тој, бидејќи имаме неисцрпни убави теми. Што е најважно, се осеќам удобно, не згрчено, напнато. Тоа е најважно.
Најмногу со дечко ми,незнам најубаво ми е,имаме многу теми за мубает,после него другарките/другарите..седењето на кафе после школо или пак ке избегаме на еден час или два [spoiler}или цел ден не идеме нашкола[/spoiler],оговарањето на тие што се прва година,муви без глави не ние дека сме биле поарни ама ај..после со сестра ми,а сме излезени го гледаш цел народ се крстит, јас и таа сме едно две ретардирани другарки кој не видел,знае Spoiler ако сме сестри,никој не знае пошто ич не личиме ни една иста црта немаме
Најубаво се чувствувам во присуство на мајка ми, сестра ми, братучетка ми и другарка ми. Значи со еден поглед се разбираме, многу добро ме познаваат и секогаш се тука за мене. Со нив ги делам и тажните и среќните моменти, се` знаат за мене и се единствените што никогаш не ме изневериле. Имам и уште една личност што неодамна се појави баш ненадајно во мојот живот, али онака како прачана. Таа ме извади од една бездна во која си тонев безнадежно и често добивав шлаканици за освестување. Е таа е мојата свест, која физички е доста далеку од мене, ама духовно е во мене. Ја чувствувам како дел од мене, исто како сестра ми. Толку е смирана и чиста, права светица. Нема шанси да не ја засакаш. Премногу ја сакам и во нејзино друштво би си седела по цели денови.
Во друштво на некого што го почитувам, ценам, што има што да ми каже, кој има слично размислување, со кого секогаш имам што да зборувам и така натака.
Во присуство на пријателите и семејството нормално, ама постојат две мали сустества толку кревки и мили сто ми се топи дусата само кога ги гледам. Моие внуЧиња. Ги обозавам. Толку се невини и незни , имаат прекрасни сини оЧи , а колку само обозавам кога се припиваат до мене и се гускаат. Ми ја исполнуваат дусата и ми пренесуваат огромни колицина на позитивна енергија. Срциња.